Многу пати до сега го критикував “Државниот завод за статистика“ ... дека не работи како треба ... дека некои други агенции излегуваат со бројки а ДЗС мудро молчи ...
Сега имаме ситуација во која Државниот завод за статистика во април годинава - спровел ... анкетата за употреба на информатичко-комуникациските технологии ... Сајтот на ДЗС не работи како треба па информациите ги наоѓав само преку КЕШ меморијата на интернет ... или од весниците ...
Во првиот квартал од 2007 година мобилен телефон во Македонија користеле 67,7 отсто од вкупното население на возраст од 15 до 74 години, компјутер употребувале 40,9 отсто, а Интернет 29,7 отсто од македонските граѓани. Во истиот период, според анкетата за употреба на информатичко-комуникациските технологии, спроведена од Државниот завод за статистика во април годинава, 76,9 отсто од домаќинствата во Македонија користеле фиксна телефонска линија, 78 отсто мобилен телефон, 47,1 отсто имале приклучок на кабелска телевизија, 33,2 отсто персонален компјутер, а 16,5 отсто пристап на Интернет од дома. Од домаќинствата кои имаат Интернет пристап, 45,7 отсто користеле модем (диал-уп), 16,2 отсто мобилен телефон со теснопојасно поврзување (ВАП, ГПРС), а 3,2 отсто користеле ИСДН. Преку технологиите ДСЛ, АДСЛ, Интернет користеле 21,0 отсто, преку кабелски модем 20,8 отсто, преку мобилен телефон 1,2 отсто, а 1,5 отсто преку друго широкопојасно поврзување.
Како и да е ИП (интернет пенетрацијата) мрда од мртва точка ... тоа радува ... Дали се бројкиве реални ?? - е тоа е друго прашање ... ДЗС е познат штимач на бројки и треба да вложи доста напори да ја врати изгубената доверба ...
3 comments:
драго ми е што го читам постов кај тебе :)
Пред година ипол кршевме копја за пенетрацијата на твојот блог и на блогот на р-Еволуција ... :)
На тапоглавците од МТ им сугериравме(Интернет Македонија) уште тогаш да направат пакети како што направија сега ... Но тие опиени од профитот кој го правеа во телефонијата - рецка не ни удираа ...
Сега кога само за година дена изгубија над 100.000 фиксни линии - се сетија дека и интернет е производ кој се продава ...
За ниската пенетрација во МК еден од главните виновници е МТ кој форсираше дијалап интернет ... Последни во Европа сме кои имаме толкав енормен број на корисници на дијала интернет ...
Диалап интернет за мене не е интернет ... тој е добар само да пратиш и да примиш меил ... а понудата на интернет е одамна со барање на брзини за бродбенд ...
Ок, државата ни ... прави стратегии ... имаше и таков предлог за стратегија на бродбенд интернет ...
И наместо да интервенираат во поставување на мрежа за носеше на интернет ... тие шуруваа со МТ ...
да се сложувам
Post a Comment