Тајниот агент Џејмс Бонд - 007 има “дозвола за убивање“ издадена од владата на Англија ... Но во светот на “глобализационата сегашност“ неколку светски супер сили имаат “дозвола за убивање“ на цели народи ... Можат да рушат Влади ... Да си нарачаат одредено убиство ... и се само затоа што се најмоќни и најбогати ...
Најновото фалење е дека “убиваат еколошки“ ... демек ке те убијат но нема да ја загадат еко средината ... Уствари се се сведува за борба за територии ... Им треба територија “незагадена“ од “нецивилизирани народи“ ... Се прави да изгледа дека се води борба за “човекови права“ (вакви борци за “човекови права“ имавме во последната војна кај нас во РМ ... На сите ни е јасно дека тоа беше борба за територии, но ...) а всушност е борба за територија или некоја стратешка суровина ... нафта да речеме ...
Еколошко убивање ... најголемата хипокризија за која сум чул во последно време ... А да, да не заборавам истите тие имаат право кое сами си го доделиле - да продаваат на кого сакаат оружје ... Ако се осмелат другите да им се умешаат во “бизнисот“ - заработуваат етикети дека се опасност за целиот свет (оски на злото, да речеме ...) и се изолираат од останатите држави ... Да не заборавиме да се подсетиме дека најголема заработка се остварува од оружје ... Просто е - кило оружје е поскапо од кило злато да речеме ... Да не споменувам дека со новите технологии “големите сили“ го подјармуваат останатиот свет ... на кого му даваат да се занимава со прљави технологии ... Тука во ова подјармување - да го споменам и светскиот банкарски поредок на чело со ММФ и Светска банка ... Најлегален начин на подјармување на цели народи и држави ...
No comments:
Post a Comment