Се слушаат гласини дека Србија може набрзо да добие кандидатски статус за ЕУ ... веројатно за да омекне ставот на Србија према Косово ...
Брисел - Италијанскиот премиер Романо Проди деновиве побара Србија да добие кандидатски статус, по брза патека, ако ги исполни условите што се бараат од неа. Дали е тоа фер спрема Македонија, кога е постојано под притисок да ги исполни стандардите на ЕУ? .
Се погласни се ваквите шпекулации ... а за нас се вели дека стално влегуваме во нови невољи со решавањето на барањата на Албанците во МК ...
Дорис Пак вака коментира за нашите проблеми со приемот во ЕУ:
- Проблемите на Македонија се познати, како и постигнувањата.
- Најтешка е ситуацијата во судството, борбата против криминалот и корупцијата, како и околу административниот капацитет, кој треба да биде подобрен.
- За проблемот на кохабитацијата таа вели: Тоа е проблем што не сакам да го видам во Македонија. Многу често претседателот и премиерот не се од иста партија. Гледајте ја Хрватска. И тие не се од иста партија. Тие мора да работат за доброто на земјата, да престанат да се критикуваат и да се навредуваат меѓусебно.
- Зошто е толку спор процесот на ЕУ интегрирањето на МК, пак вели: Не можат да судам однадвор. Но, вие загубивте време поради меѓуетничките проблеми. Се' уште го исполнувате Охридскиот договор и секогаш има нови проблеми во врска со тоа во парламентот, меѓу најголемата опозициона партија и Владата. Вие имате проблеми со кои не се соочуваат другите нации. Прашањето за еднакви права на Албанците во Македонија е големо прашање. Тоа беше прашање и во 1992, 1993 и во 1994 година... Ние од Европскиот парламент уште тогаш велевме - внимавајте, погрижете се Албанците да станат рамноправни граѓани на земјата. Потоа, видовте што се случи, а сега го имаме Охридскиот договор, кој беше потпишан од сите и треба да се исполни. Но, од друга страна, јас секогаш велам дека и Албанците треба да останат во рамката на Охридскиот договор и да не бараат повеќе од тоа што го предвидува тој. Така, двете заедници во Македонија имаат своја одговорност за напредокот и треба да работат заедно, без да ги претвораат сите проблеми во меѓуетнички.
No comments:
Post a Comment