Пред некој ден прошетав во Скопје ... Беше пријатна мирна есенска вечер ... со релативно високи температури ... Шетајки низ центар видов доста контрасти ...
Пред некој ден прошетав во Скопје ... Беше пријатна мирна есенска вечер ... со релативно високи температури ... Шетајки низ центар видов доста контрасти ...
Секој инвалид носи свој трагична стаорија ... Сите сме осетливи на немоќта на инвалидите ... Во последните дваесетина година светот особена искажа внимание кон инвалидите ... Се прават секакви напори да им се ублажи животот и овозможи што понормална живеачка ... Се усвоија стандарди во градежништво - за подобар пристап на инвалидите ... и за нивно самостојно движење ... Се унапредија помагалта за инвалидите ... Се донесоа скоро во сите држави безброј закони за подобрување на животот на инвалидите ... Се направија параолимписки игри специјално за инвалидите ...
Но ке завршам како и што почнав ... Секој инвалид е приказна за себе и кога ке чујам релативна добра приказна во која е учесник инвалид - како што е и написот во денешен Вест: Можеме да бидеме и секси и посакувани ... или кога ке изгледам некој филм со тема инвалиди ... секокаш ме обземаат емоциите ...
И инвалидите се луѓе ... да помогнеме сите да се чуствуваат нормално ...
Уште од времето на далечната историја кога кримилналот се појавува во организирана форма имаме мртва трка помеѓу криминалот и полицијата ... Имам осеќај дека скоро секогаш криминалот е во предност ... незнам зошто е тоа така ...
Индивидуалните способности на поединецот (криминалец де ...) и неговата машта - здружена со користење на врвна технологија даваат предност на криминалецот.
Полициите по светот се спремаат за користење на врвна технолофија за откривање на криминалот .. таканаречени форензичари ... тоа се специјалисти кои се силно ценети ... кои со помош на хемиски и копјутерски методи и користење на утврдени постапки знаат секое влакно чие е ... гледаат она што не се гледа со голо око ... Лупата на инспектор Поаро е одамна заменета со современи справи ... Верувам дека по западните служби овие индивидуалци се високо платени луѓе ...
Во недостаток на вакви специјалци полицијата често ангажира докажани криминалци кои се “остручиле“ во своите области ... во областа на обивање на брави ... а во последно време - особено во областа на компјутерскиот криминал ... особено во кримналот со кредитни картички ... Големи банки ангажираат секаков вид на докажани копјутерски криминалци “хакери“ - кои имаат за задача да пробијат во системот ... Веројатно затоа толку млади се трудат да постигнат светска слава пробивајки заштитни зони и шифри на големи банки и моќни воени системи ...
Во нашата држава конечно стигна врвна суперновата опрема што ја доби Крим-техника во МВР, вредна четири милиони евра, форензичарите го подигнуваат водењето истраги за тешки грабежи, силувања, тероризам и други тешки дела ...
Но загрижува информацијата дека: Фалат информатичари во Крим
"Информатиката е нервниот систем на оваа служба. Но фалат информатичари, како со високо така и со средно образование", вели првиот човек на Крим-техника Мирослав Ушлинковски. Вртоглаво расте и компјутерскиот криминал, криминал преку Интернет, со кредитни картички, со фалсификување на жиро-сметки, банкарски суми, објаснува тој... "Иако Македонија врие од ваков кадар, сепак, заинтересираноста за работа во Крим-техника засега е мала оти, поради скромните плати, не сме конкурентни", вели Ушлинковски . ...
Верувам дека се во прашање платите на вакви стручњаци кои секаде во светот се на цена ... и со плата од 300 до 500 евра вакви стручњаци не можат да бидат задоволни ... Зголемете ги платите на ретките стручњаци ... за да ги имаме тука во Македонија ...
Ова е изгледот на новите Лични карти и дозволи ... Со издавање на новите обрасци ке се почне од понеделник ... Цената за Лична карта е 190 денари а на Возачката 280 денари ... Сликање на лице место - при аплицирањето ...
Затоа пред да вадиш лична карта правец кај стилиста и фризер ... :) Аплицирањето ке биде со закажување ... на бројот 0800 192 92 ...
Следејки ги извештаите по весниците и другите медиуми во врска со “бојкотот“ на новинарите ... во денешен Вест во написот “Медиумите ја бојкотираа Владата“ ... го прочитав ова:
Груевски: Што е ова?
Откако новинарите и снимателите ја напуштија владината дебатна сала, камерата на телевизија "Телма" останала вклучена и го снимила следниов дијалог:
Груевски се врти накај вицепремиерот Зоран Ставревски и му вели: "Што е ова ?..., изгледа дека задоцнивме. Добро, ај да го истераме за македонска? (МТВ). Не, не". Некој од министрите прашал: "Во колку беше закажано? Во 12,30 часот. Јанкуловска рекла: "Не, не знам дали е за тоа?".
Го шпиубура ли некој од неговите блиски министри ... Од каде на Вест информација за што шепотеле Груевски и Министрите ... ??!
Ретко кога критикувам написи по весници кои се однесуваат на било што ... но овој напис на денешен Вечер ... “Музејот ве посетува вас“ ...
Замислен да го промовира случувањето на “Музејот на Македонија“ - кој организира манифестација "Европски денови на културното наследство", а насловено како "Музејот ве посетува вас" со цел да се мотивира публиката да го посети овој музеј кој се наоѓа во Старата турска чаршија. ...
Оваа акција е надоврзување на претходната "Знаеш ли каде е Музејот на Македонија", која започна во месец мај, по повод Ноќта на музеите.
-Со цел културното наследство да се приближи што повеќе до пошироката публика, Музејот ќе претстави дел од своите содржини на еден поинаков начин и на необичен простор, во исто време потсетувајќи ги граѓаните на Скопје на Феудалната Кула како значаен дел од недвижното културно наследство на нашиот град.
Овој објект беше одбран за презентацијата бидејќи соодветствува со овогодинашната тема на "Европските денови на културното наследство", велат од Музејот на Македонија.
Еве уверете се самите ... скоро цел текст од весникот Ви го пренесов ... само не и сликата ... која уште повеќе збунува ... Каде е манифестацијата ?? ... Во Музејот на Македонија или во Феудалната кула - на која Феудална кула ?? се мисли ... веројатно на онаа пред “Домот на армијата“ во Скопје ... кој е преуреден за презентација на Мајка Тереза ...
Го посетив сајтот на Музеј на Македонија ... надевајки се дека ке најдам детали за изложбата ... ама или јас не гледам или на сајтот нема таква информација ... Се прашувам зошто служат сајтови ако на нив не може да се најдат информации за активностите на матичната куќа ... Голем делови од сајтот се сеуште во фаза во изработка ... Сајтот сигурно не е црква да се прави неколку години ...
Ако некој ја знае точната локација на изложбата нека пише во коментар ... Самиот ке појдам на изложбата веројатно како што сватив од написот во Феудалната кула пред “Домот на армијата“ во Скопје ...
Едитирано ... Одкога го дознав вистинското место на случувањето а тоа е:
Феудалната или Беговската кула е кула во центарот на СкопјеДомот на АРМ. Таа спаѓа во посебен вид станбена архитектура која истовремено служела и како одбранбен објект. во предворјето на
Заради одбранбениот карактер во долната зона има помал број прозорци и посебен вид отвори за пушки. Единствено на последниот кат има благо издадени балкони од дрво, т.н. теферичи. За греење на кулата биле направени две огништа сместени во ѕидовите на првиот и вториот кат. Третиот кат се затоплувал од оџаците кои поминувале низ него. Скалите кои водат низ кулата се сместени во дебелите камени ѕидови чија широчина изнесува 1,45м.
Изградена кон крајот на XVII век и во почетокот на XVIII век. Висока е 14 метри со квадратна основа 7,5м х 7,5м. Во почетокот на XX век била сопственост на скопското семејство Кулели. Денес во неа е сместена спомен собата на Мајка Тереза, родена во Скопје
По немилите настани во кои учествуваа парламентарци и нивни активисти од ДУИ и ДПА ... со немирите и инцидентите во и пред Собранието ... ДУИ се повлече во Мала Речица и смисли дека треба повторно да го бојкотира Собранието ...
Се надевам дека овојпат меѓународната заедница нема да наседне на овој повторен трик на опозиционата ДУИ - на која напуштањето на парламентот и прејде во навика ...
Од друга страна има мислења дека ДУИ па и СДСМ ова го смислија за да се укочат процесите на интегративните процеси во НАТО и ЕУ ... Ако е тоа вистина ДУИ го разбирам (им помина во навика - стар план кој го тераат ...) но СДСМ навистина не ги разбирам ... Нивната желба за власт треба да ја потиснат до следните избори а сега да бидат конструктивна опозиција ... Вака се провидни ...
На закажаната прес конференција на Премиерот Никола Груевски - на која требаше да присаствува и дел од Владата на Груевски ... новинарите бојкотираа ... во знак на протест поради физичките напади врз нивни колеги во парламентот и од полицијата.
Груевски попладнето на прес конференција соопшти дека во врска со претепувањето на припадник на медиумите се преземени сите мерки, што може да ги преземе една држава.
Во врска со тој случај петмина полицајци се суспендирани, од кои еден командир и поднесена е една кривична пријава, ...
Значи сепак под притисок на јавноста Внатрешната контрола на Полицијата пак проработи ...
Ако е вистинито дела полициските „Алфи“ претепаа камерман на Алсат ... додека тој се трудел да си го заработи лебот ... тогаш нешто смрди во полицијата ... тепачите/от под итно треба да бидат казнети ...
Смешната теза на Грците дека можат да ни наметнат име полека губи на здив ... Се заморија сите пријатели на Грција со слушањето на аргументите на Грција - во врска со името ...
Иако многу малку пати сум искажал симпатии за Председателот ни - господинот Бранко Црвенковски ... вниманието и симпатиите ги заслужи со последното обраќање на Генералното собрание во ОН - иако со исклучитолно лош англиси и делумна сплетканост ... Председателот ни, храбро застана на бината на ОН и јавно го кажа она што го мислат сите Македонсци ... дека “Мојата земја е и ќе остане Република Македонија“.
Симпатии заслужи и претседавачот на 62. Генерално собрание, Срѓан Керим ... кој го најави Црвенковски - како председател на Република Македонија ... И одкако беше опоменат од грчкиот Амбасадор Џон Мурикис ... повторно застана во одбрана на своето право - како ке го нарекува својот Председател на својата држава ...
Браво за дваицата ... Целиот спор со името ја кошта многу скапо Македонија и Македонецот - во поглед на економијата ... Но долгорочно гледано немаше друг пат - од патот на одбрана на нашето право да се нарекуваме онака како самите се чуствуваме ...Заради потреба на мојата фирма имав потреба од улугите на Централен Регистар на Република Македонија ...
Се чини дека ова е фабрика за пари која го пони буџетот на РМ ... Македонија со стварање на вакви институции се чини прави двојно прибирање на пари во буџетот ... Имено оваа институција е финасирана од Буџетот на РМ ... но истовремено наплатува за своите услуги ... Нели е тоа двојно оданочување ...
Зависи што ти треба 200 денари, 350 денари, 400 денари, 500 денари, 1200 денари, 1700 денари, 2.000,00 ден, 3.000,00 ден, 3.500,00 дентоа се вообичаените тарифи ...
ТАРИФА НА ЦЕНТРАЛНИОТ РЕГИСТАР НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ...
ТАРИФА за изменување и дополнувањe на Тарифата на Централниот регистар на Република Македонија ...
ТАРИФА за изменување и дополнувањe на Тарифата на Централниот регистар на Република Македонија ...
Замисли издавање информација 200 денари ... бре мајката ...
Сајтот им е горе доле во ред но секојпат може и подобро ...
- Имаат важни законски прописи на сајтот ...
- Дадени се сите обрасци ...
Има полно примедби ... Најпвин на дел од шалтерите странката непотребно се ведне за да ја чуе информацијата ... Груевски вети дека граѓанинот нема повеќе да се наведнува за да комуницира со државниот службеник ... Но еве во централниот регистар на пооделни места граѓанинот сеуште се наведнува ...
За дел од информациите што е се потребно немаат спремено пишано ливче ... туку диктираат што е потребно - непотребно губење на време од двете страни ...
Мислев да ги критикувам и за пополнувањето на ПДФ онлајн обрасците ... веќе имаат критики ... Централен регистар и PDF ... но сега видов дека имаат некои подобрувања во тој дел - па критиките ке ги одложам - по пробувањето ... веројатно критиките на misos и сугестиите на GoodBytes помогнале ...
Абортусот ке испадне виновен за намалување на наталитетот на Македонсецот ... Деновиве се излегува со податоци - дека бројот на новородени деца во Скопје и Македонија е близок до бројот на абортусите ...
Во 2005 година во земјава официјално се регистрирани 6.436 абортуси, а многу поголема е бројката на дивите абортуси. Тоа значи дека на секои 100 породувања имало по 28 абортуси. Бројката на абортусите што се прават диво е многу поголема.
Поради тоа не зачудуваат ни сознанијата дека бројот на раѓањата во земјата се доближува до бројот на абортусите. Во Скопје овие два параметра -раѓањата и абортусите - се речиси изедначени, потенцира д-р Мирослав Темелковски, претседател на приватните гинеколози, кој, сепак, немаше податок колку од абортусите се прават на црно во приватните ординации.
Имам само две примедби ... Сметам дека тука човекот непотребно се замешува во природните процеси ... Од друга страна незнам зошто е дозволен легален абортус без да се добие подпис од таткото на детето ... Ако стварањето на човечкиот живот е спој помеѓу маж и жена - зошто само на жените им е дадено право да одлучуваат за животот на нешто што е спој на љубовта на мажот и жената ...
Интерсно би било да се дознае распоредот на националната структура на аботусите ... Се чини дека Македонките повеќе се одлучуваат за абортус ... а ова директно го загрозува наталитетот на Македонецот ...
Мажите се полни со верба во себе воклоку првороденчето е машко ... А жените се полудени по своите синови ... Односот на снаата и свекрвата е во голема мерка зависен од љубомората која мајката ја има кога некоја друга жена ке го преземе во свои раце ... или нозе :) омилениот син ... Тоа е мит ... но во секој мит има помалку вистина ... Теоријата и праксата како да добиеш женско или машко дете се полни со совети ... незнам ако сакаш син корист ја оваа поза, во тоа време ... мисли на тоа и тоа кога водиш љубов ... Науката се замешала во оваа работа и во специфичен лабараториски процес ги двои сперматозоидите на машки и женски - па ја оплодува жената по нејзина/нивна желба ...
Мит меѓу народот е и дека женското дете е туѓа среќа - среќа на некоја друга куќа каде тоа покасно ке се пресели ...
Сметам дека ова се непотребни мешања во нешто што самата природа го регулира одлично ... Скоро е идеален бројот на мажите и жените ... со мала предност на женските деца ...
За крај една шега ... не е важно какво е детето - важно е да е машко ... :) :)
Лично подеднакво бев среќен кога имав и женско и машко дете ...
- Зависност од независтноста ... 8 Септември, 2007 ... Добра пародиа на тема син или керка ... Оксиморон браво ... ми личи на преставување на вистинска приказна ... многу блиска до тебе ... или се лажам ... :)
Од вчера навака нашите професионални гледачи на парламентарниот театар - нема да имаат потреба да одат да гледаат бокс или некоја од борилачките вештини ... ова може од вчера да го гледаат на собранискиот канал ... веројатно ова беше само загревање пред рундите на тепачки кои следат ... на истиот или на некој друг сличен “ринг“
Нема потреба веќе да се учат вештини на водење војна по шумите - ке мора да се учат други тепачки со користење на раце, нозе, глава, лакт, колено ... Ке мора нашиве пратеници да ги научат осетливите точки каде лесно се нанесува бол ... стомак да речеме, врат, груди, око ... Оние што се бореа по шумите добро истренирани се покажуваат дека не заборавиле да се борат и тоа почнаа да го практикуваат и во законодавниот дом ... брука невидена ...
Власта и опзицијата наместо дијалог во собраниските клупи - фотељи де ... почнаа да разменуваат тупаници и вербални закани ... Се појавија дури и резервни групи за подршка и извлекување на пратениците ... наоружани до заби ... Ако некој се осмелува да носи калашњикови на паркингот на законодавниот дом - тогаш што останува за неговиот дом, неговата шума и таканаречаената од нив “нивна територија“ ...
Околу законодавниот дом синоќа вриеше од оружје и од сумњиви типови ... законодавниот дом беше обседнат од специјалните единици за брза интервенција ...
ЗАКОНОДАВНИОТ ДОМ БЕШЕ НАПАДНАТ ОДВНАТРЕ ... Исто како што беше нападната и Македонија ОДВНАТРЕ ... истите играчи ... истите фаци ...
Од собраниската амбуланта излегуваа луѓе со чалми на главите ... беа напаѓани дури и жени ... среќа немало деца во Собранието ... Нема да ме чуди следните сесии на собраниската дебата да почне да ги следи CNN ... Тикерите на странските агенции сигурно се полни со вести и убави слики од тепачката ... Ке им се посреќи на фоторепортерите ...
СРАМОТА ... БРУКА ...
- Тепачка у Парламент ... 29 Јули, 2006 ... Некако предосеќав дека ке имаме тепачка и во нашиот Парламент - пишувајки го постот Тепачка у Парламент ... мирисаше на тепачка ... се осеќаше во воздухот ... Буре барут сме бе вистина ...
Ова го тврди и опозиционата СДСМ која преку својот председател рече дека - “ова се очекуваше“ ... “за се се одеше на ѓон“ ... и се разбира ја обвини позицијата за случката ... без никаква самокритика ...
Првиот парламентарец во оваа ситуација не се снајде - даваше изјави како да е пред или после некоја важна театарска представа ... Скокаше и правеше гримаси - не му доликува ...
Од друга страна некако како ова сценарио да е крајна одбрана од нашиот скорешен прием во НАТО и релативно позитивниот извештај за ЕУ интеграциите ... оние кои несакаат да не видат интегрирани во НАТО и ЕУ ова им е аргумент и оружје ... тепачки и кавги ...
Се заоштрува внатрешната контрола во Полицијата на МК ... Не дека досега немало внатрешна контрола ама не биле транспарентни ...
Време од денеска во написот “Казнети 120 полицајци за шест месеци“ ... дава бројки од извешкај колку се казнувани полицајците од Внатрешната контрола и кои се причините:
Во првите шест месеци од годинава добиле вкупно 440 предмети во кои биле посочени неправилности извршени од страна на вработени во МВР и 35 поднесоци од граѓани што сметале дека кон нив била употребена прекумерна физичка сила.
- 258 случаи биле неосновани,
- 44 биле без исход, односно немало доволно докази за да се потврдат или отфрлат наводите во преставката,
- 14 биле делумно основани, додека шест предмети се уште се разгледуваат.
- Во другите 118 случаи каде што било утврдено дека поплаките и пријавите на граѓаните биле основани,
- против 104 полицајци било предложено поведување дисциплинска постапка,
- 82 службеника минале со намалување на личниот доход,
- 70 овластени службени лица биле предупредени,
- 24 биле прераспределени на друго работно место,
-а 72 припадника на МВР биле суспендирани од работното место.
Во врска со поднесоците за прекумерна употреба на сила само шест биле оценети како основани. Во три од случаите биле поднесени посебни извештаи до надлежните јавни обвинителства и против овластените службени лица било предложено поведување дисциплинска постапка, а во другите случаи било предложено да се поведат дисциплински постапки и да се намали личниот доход на службеникот.
Значи транспаретност и во полицијата ... веројатно е ова пријатно да се знае дека и полицајците кога ке погрешат се казнувани ...
Wimax интернет решението беше максимално одложувано со старт во МК ... Две години траеше АЕК предтендерската и тендерската постапка ... Се чини дека со ова АЕК работеше за сметка на МТ ... т.е. во корист на продолжување на монополската позиција на МТ ...
- WiMax - ТЕНДЕР ... 6 Декември, 2006
- WiMax - Цена за концесија ... 24 Март, 2007
- WiMax место MaxADSL ... 27 Февруари, 2007
- WiMax - со намалени цени за концесија ... 23 Мај, 2007
- 30.08.2007 - Најповолни понудувачи за FWA WiMAX
за 6 региони ... Соопштение на АЕК ...
Одлука за избор на најповолни понудувачи за доделување на одобренија за користење на радиофреквенции од радиофреквенцискиот опсег 3,4-3,6 GHz за фиксен безжичен пристап, за шест региони во Република Македонија.
Во првиот, Регион 1,кој ги опфаќа градот Скопје, општините Илинден, Петровец, Зелениково, Студеничани, Сопиште, Чучер-Сандево и Арачиново, за најповолни понудувачи се избрани:
1. Друштво за телекомуникации и услуги НЕОТЕЛ ДОО, Скопје,
бул. Кузман Јосифовски Питу, бр. 15, Скопје
2. КОСМОФОН АД Скопје,
бул. Кузман Јосифовски Питу, бр. 15, Скопје
3. Друштво за комуникациски услуги ИСТЕЛ ДООЕЛ, Скопје,
бул. Кочо Рацин бр. 14/4-7, Скопје
Во Регион 2, во кој спаѓаат берово, Виница,Делчево, Зрновци, Карбинци, Кочани, Лозово, Македонска Каменица, Пехчево, Пробиштип, Свети Николе, Чешиново-Облешево, Штип,Кратово, Крива Паланка, Куманово, Липково, Ранковце и Старо Нагоричане, за најповолни понудувачи се избрани:
1. Друштво за телекомуникации и услуги НЕОТЕЛ ДОО, Скопје,
бул. Кузман Јосифовски Питу, бр. 15, Скопје
2. Друштво за комуникациски услуги ИСТЕЛ ДООЕЛ, Скопје,
бул. Кочо Рацин бр. 14/4-7, Скопје
3. Друштво за продукција и интернет услуги МАТЕЛ МК ДОО, Скопје
ул. Вера Јоциќ бр. 10/1-4. Скопје
Во Регион 3, во кои спаѓаат градот Велес, како и оштините Чашка, Градско, Росоман, Кавадарци, Неготино, Дeмир капија, Струмица, Радовиш,, Конче, Василево, Босилово, Ново Село, Гевгелија, Валандово, Богданци и Дојран, најдобри понудувачи се:
1. Друштво за телекомуникации и услуги НЕОТЕЛ ДОО, Скопје,
бул. Кузман Јосифовски Питу, бр. 15, Скопје
2. Друштво за комуникациски услуги ИСТЕЛ ДООЕЛ, Скопје,
бул. Кочо Рацин бр. 14/4-7, Скопје
3. Рудници и железарница УСЛУГИ АД Скопје,
ул. 16-та Македонска бригада бр. 18, Скопје
Во Регион 4 кој ги опфаќа градовите Битола, Прилеп, како и Демир Хисар, Крушево, Долнени, Кривогаштани, Могила, Новаци и Ресен, избрани се:
1. КОСМОФОН АД, Скопје
бул. Кузман Јосифовски Питу, бр. 15, Скопје
2. Друштво за телекомуникации и услуги НЕОТЕЛ ДОО, Скопје
бул. Кузман Јосифовски Питу, бр. 15, Скопје
3. Друштво за комуникациски услуги ИСТЕЛ ДООЕЛ, Скопје
бул. Кочо Рацин бр. 14/4-7, Скопје
Најдобри понудувачи во Регион 5 кој ги опфаќа Охрид, Струга, Дебарца, Вевчани, Кичево, Македонски Брод, Другово, Зајас, Осломеј, Вранештица, Пласница, Дебар и Центар Жупа се:
1. КОСМОФОН АД, Скопје
бул. Кузман Јосифовски Питу, бр. 15, Скопје
2. Друштво за телекомуникации и услуги НЕОТЕЛ ДОО, Скопје
бул. Кузман Јосифовски Питу, бр. 15, Скопје
3. Друштво за комуникациски услуги ИСТЕЛ ДООЕЛ, Скопје
бул. Кочо Рацин бр. 14/4-7, Скопје и
најдобри понудувачи во Регион 6, во кои спаѓаат Тетово, Гостивар, Теарце, Јегуновце, Желино, Брвеница, Боговиње, Врапчиште, Маврово и Ростуше, се избрани:
1. Друштво за телекомуникации и услуги НЕОТЕЛ ДОО, Скопје
бул. Кузман Јосифовски Питу, бр. 15, Скопје
2. КОСМОФОН АД, Скопје
бул. Кузман Јосифовски Питу, бр. 15, Скопје
3. Друштво за комуникациски услуги ИСТЕЛ ДООЕЛ, Скопје
бул. Кочо Рацин бр. 14/4-7, Скопје.
Предходно беа доделени и фрекфенции со важност за цела МК ...
Доделени двете лиценци за WiMax технологија ... 23.07.2007
Cosmotelco Грција и Nexcom Скопје, Република Македонија, им ги врачи одобренијата за користење радиофреквенции наменети за фиксен безжичен пристап (WiMAX) за работа на територијата на Република Македонија, со важење од 10 години.
Би сакал да им се посреќи на сите компании што ги добија лиценците ... но се плашам дека технологијата на која се засновува WiMAX интернетот полека застарува ... и дека АЕК и Коста Трпковски значително допринесоа да се одржи монополот на МТ
Антички кочии никнуваат низ нашава Македонија ... По одкопаната ритуална античка кочија на еден овоштарник во Делчево (пронајдена од диви копачи кои сакаа да ја истргуваат) ... за што досје направи Арвена-Милозвучна де ... во постот “Киксовите на медиумите видени низ призмата на Погребната кочија - Делчево“ ...
На темата Бугарски пасоши пишував повеќе пати но највеќе во постот “Бугарски пасоши“ ... 3250 пати е прочитан и има многу коментари ... сеуште се посетува и често се коментира ...
Како треба да се гради односот кон својот пасош ... пасошот на матичната држава - ни покажува бугарската политика во случајот на Кирил Пендев - кој своевремено имал извадено и МК пасош ... (како директор на Балканска банка во Скопје (сегашна УНИ банка). Пендев кој се кандидира за кмет во БГ го врати МК пасош - бидејки во БГ политичка сцена може да учествуваат само БГ граѓани кои имаат само еден, се разбира БГ пасош ...
Само во нашето Собрание имаме барем неколку парламентарци кои имаат осем македоски и бугарски пасоши ... веројатно некој има пасош и од друга држава ... Чинам дека и кај нас треба да се воведе практика дека не може да учествуваш во политичкиот живот на Македониаја воколку имаш и пасош од друга држава ... Се работи за можен конфликт на интереси ... Која држава застапуваш во парламентот ако имаш и бугарски пасош да речеме ...
Дека интернетот ствара зависност пишав на повеќеместа (линк 1, 2, ...) Но дека потребата од интернетот може да ја победи потребата од сексот - не би ми паднало никојпат на памет ...
Но на некои американци им текнало да испитаат дали потребата од интернет може да ја потисне потребата од секс ... И види чудо дошле до заклучок дека:
Дваесет отсто од испитаните признале дека помалку водат љубов токму поради интернетот.
Студијата ја спровела рекламната компанија „ЈВТ“ од 7 до 11 септември годинава. Од 1.011 испитани возрасни Американци, околу 15 отсто изјавиле дека без интернет можат да издржат само еден ден, неколку дена биле прифатливи за 21 отсто, а цела недела без глобалната мрежа можеле да издржат само една петтина од испитаните, пренесуваат светските агенции.
Луди американци - кај нив се е можно ... Кај нас не верувам дека интернет би победил потреба од секс ...
Во светот на корупцијата и криминалот каде имаат удел и МК политичка елита - има многу случаи кога “службите“ и полицијата имаат собирано доказни материјали за коруптивни и криминални дејанија ... За вакви видео касети зборува Александар Дамовски во својот денешен напис во време “Ќе им здосади ли?“ ...
Во ера кога главна пречка и кочница за нашето ЕУ интегрирање е корупцијата и криминалот во нашата држава и администрацијата ни - оваа Влада и Груевски се обидува на повеќе начини да се справи со корупцијата и криминалот ...
- Ја ангажираше Моника Маковеј за советник во областа во која таа има постигната светска слава ...
- Почна да лови криминалци и корумпирани административци ... навистина со ситни риби во мрежата ... навистина со непотребен организиран публицитет и присуство на јавност во истрагите каде се кршат одредени граѓански слободи и права ...
- Се обидува сама да прибира докази за коруптивни дејанија преку современи техники и технологии ... случајот со цариниците, полицијата, лекарите, професорите и судиите ...
- Открива матни зделки со државни фондови ... тутун ... нелегални и матни приватизацции ...
Но, се ми се чини дека некои крупни риби - кои ги имаат замешано прстите во крупни коруптивни скандали ... ке останат повторно недопрени ... Зошто ?? ... Веројатно е тоа преќутен или директен договор на досегашните партии кои се менуваа на власта - главните актери се оставаат на мира ... Не е во прашање џентелменство ... во прашање е тоа што Спартак го спомна во еден пост ... каде во коментрар рече “.. А да не ги има во скутче останатите?..“
Во тој пост не продолжив со коментари ... но сега јавно се прашувам - со што се се имаат обезбедено поранешните носители на врвовите на власта за да остануваат негибнати и јавно да прашуваат А зошто не ме уапсивте? ...
Не сум стучњак во областа на правото а не особено во областа на правосудната постапка ... Дали се видекасетите доказ во судска постапка ... и дали има процедура на легално прибирање на доказен материјал ... Или сите овие таканаречени докази во форма на видеокасети и аудио записи се нелегални бидејки се стекнати во вонправна постапка ??
Имам осеќај дека круциалните докази против крупните играчи во МК корупција и криминал во кој се умешани и поличарите се чуваат за да се стават во фиока и бидат средство за одбрана - кога сегашната власт ке биде во опозиција и ке послужат како орадие да не се изнесува нивниот прљав веш ... во стилот ... ако кажеш ти за ова ... јас ке кажам за она ...
- Бивш Премиер на РМ прашува - А зошто не ме уапсивте? ... 15 Септември, 2007
- МОНИКА МАКОВЕЈ - стручњак за крупни риби ... 28 Јуни, 2007
- ЦРНА ЛИСТА ... 13 Јуни, 2007
- Спектакуларно апсење .... мито 200 евра ... 31 Мај, 2007
- РЕФОРМИРАНО ЗДРАВСТВО - без пари ... 6 Април, 2007
- КОРУПЦИЈА во ПОЛИЦИЈА и ЦАРИНА ... 24 Февруари, 2007
- “КУРТО и МУРТО“ ... 9 Декември, 2006
- Невинашце - О.К. ... 25 Јуни, 2006
- Катастар ... 24 Јуни, 2006
- Корупција во судствто ... 12 Април, 2006
Погледнете ја фотката ... која Утрински ја дава за друга потреба ... За мене тоа е голема парламентарна брука ... Еко организациите на МК треба да го подигнат гласот дека некој ги сече македоските шуми за да блокира политички процеси во МК ... Слушнале ли парламентарцирте и организаторите на Парламентот дека постојат компјутери ... Аман сто пати го потенциртам ова е-Собрание е одамна усвое заклучок во собранието ...
Добро и е-Влада е истотака усвоено па и ден денеска - иако пред Владата се упрчени лаптопови често гледаме дебели материјали како стојат пред министрите ... за што пак на нив им служат лаптоповите ??! - ако не ги користат ...
Дека силата е во младата популација тоа е јасно на сите што се бават со соцолошко-политичка проблематика ... Тие се тие кои најгласно го искажуваат својот протест - воколку бидат засегнати ... тие се тие кои ги носат револуционерните движења ...
Добро со младите често успешно и се манипулира ... Веројатно поучени од тие манипулации кај нас - кои се случуваа и во нашето политичко миље ... нашите млади долговреме се одсутни од домашната политичка сцена ...
Во еден постар пост “Зошто Македончето Ќути, Трпи, Трае...“ пробав да си појаснам - зошто Македонецот ќути трпи и трае ... Во последната реченица од тој пост - употребив сентенца “Студентите, кои насекаде во светот се движечка сила на сите протести, во земјава не покажуваат никаков интерес своето наталожено незадоволство да го изразат отворено“ ...
Еве сега во специфичната “јајце р-Еволуција“ каде младите го искажуваат својот протест се гледа дека само младите се способни толку енергично да го искажат својот протест кон нештата кои им сметаат ... Сетете се само на случувањата од минатата година во протестите во Франција ... и таму истиве млади луѓе го носеа епитетот на бунтовници ... Смешни се пробите на сегашните “одговорни“ - дека ке ги казнуваат директорите на школите ... Младите како и повеќепати до сега ке ја добијат својата битка ... бидејки силата извира во нив самите ... Проблемот требал да се предвиди и со младите да се работи многу порано ... сега е доцна ...
Вакви силни протести во МК имаше последен пат со случајот на Педагошката академија ... и Филип Петровски ...
Значи способни за бунтување и изразување незадоволство се само младите ... Затоа во сите системи и се обрнува посебно внимание на потребите на младата популација ...
Се слушаат гласини дека Србија може набрзо да добие кандидатски статус за ЕУ ... веројатно за да омекне ставот на Србија према Косово ...
Брисел - Италијанскиот премиер Романо Проди деновиве побара Србија да добие кандидатски статус, по брза патека, ако ги исполни условите што се бараат од неа. Дали е тоа фер спрема Македонија, кога е постојано под притисок да ги исполни стандардите на ЕУ? .
Се погласни се ваквите шпекулации ... а за нас се вели дека стално влегуваме во нови невољи со решавањето на барањата на Албанците во МК ...
Дорис Пак вака коментира за нашите проблеми со приемот во ЕУ:
- Проблемите на Македонија се познати, како и постигнувањата.
- Најтешка е ситуацијата во судството, борбата против криминалот и корупцијата, како и околу административниот капацитет, кој треба да биде подобрен.
- За проблемот на кохабитацијата таа вели: Тоа е проблем што не сакам да го видам во Македонија. Многу често претседателот и премиерот не се од иста партија. Гледајте ја Хрватска. И тие не се од иста партија. Тие мора да работат за доброто на земјата, да престанат да се критикуваат и да се навредуваат меѓусебно.
- Зошто е толку спор процесот на ЕУ интегрирањето на МК, пак вели: Не можат да судам однадвор. Но, вие загубивте време поради меѓуетничките проблеми. Се' уште го исполнувате Охридскиот договор и секогаш има нови проблеми во врска со тоа во парламентот, меѓу најголемата опозициона партија и Владата. Вие имате проблеми со кои не се соочуваат другите нации. Прашањето за еднакви права на Албанците во Македонија е големо прашање. Тоа беше прашање и во 1992, 1993 и во 1994 година... Ние од Европскиот парламент уште тогаш велевме - внимавајте, погрижете се Албанците да станат рамноправни граѓани на земјата. Потоа, видовте што се случи, а сега го имаме Охридскиот договор, кој беше потпишан од сите и треба да се исполни. Но, од друга страна, јас секогаш велам дека и Албанците треба да останат во рамката на Охридскиот договор и да не бараат повеќе од тоа што го предвидува тој. Така, двете заедници во Македонија имаат своја одговорност за напредокот и треба да работат заедно, без да ги претвораат сите проблеми во меѓуетнички.
Многу пати до сега го критикував “Државниот завод за статистика“ ... дека не работи како треба ... дека некои други агенции излегуваат со бројки а ДЗС мудро молчи ...
Сега имаме ситуација во која Државниот завод за статистика во април годинава - спровел ... анкетата за употреба на информатичко-комуникациските технологии ... Сајтот на ДЗС не работи како треба па информациите ги наоѓав само преку КЕШ меморијата на интернет ... или од весниците ...
Во првиот квартал од 2007 година мобилен телефон во Македонија користеле 67,7 отсто од вкупното население на возраст од 15 до 74 години, компјутер употребувале 40,9 отсто, а Интернет 29,7 отсто од македонските граѓани. Во истиот период, според анкетата за употреба на информатичко-комуникациските технологии, спроведена од Државниот завод за статистика во април годинава, 76,9 отсто од домаќинствата во Македонија користеле фиксна телефонска линија, 78 отсто мобилен телефон, 47,1 отсто имале приклучок на кабелска телевизија, 33,2 отсто персонален компјутер, а 16,5 отсто пристап на Интернет од дома. Од домаќинствата кои имаат Интернет пристап, 45,7 отсто користеле модем (диал-уп), 16,2 отсто мобилен телефон со теснопојасно поврзување (ВАП, ГПРС), а 3,2 отсто користеле ИСДН. Преку технологиите ДСЛ, АДСЛ, Интернет користеле 21,0 отсто, преку кабелски модем 20,8 отсто, преку мобилен телефон 1,2 отсто, а 1,5 отсто преку друго широкопојасно поврзување.
Како и да е ИП (интернет пенетрацијата) мрда од мртва точка ... тоа радува ... Дали се бројкиве реални ?? - е тоа е друго прашање ... ДЗС е познат штимач на бројки и треба да вложи доста напори да ја врати изгубената доверба ...
МНР реши да казнува и наградува МК Дипломати ... Одкако пред извесно време им зададе прецизни задачи на МК Дипломатите - дека треба месечно да остваруваат незнам колку средби ... и дека треба да носат инвеститори во МК ... МНР по извесен период пресви лист и ги казни оние Дипломати кои не си ја извршиле својата задача а ги пофали оние кои ја извршиле ...
Казнети се - Атанас Вангелов, амбасадор во Будимпешта, Виктор Габер во Канбера, Добринка Тасковска во Хаг се најдоа на списокот на амбасадори казнети со намалување 10 проценти од платата поради неиспраќање на тримесечниот извештај за тоа што сработиле на полето на економската дипломатија, додека исто намалување на платата доби и амбасадорот во Рим Љупчо Тозија поради испраќање нецелосен извештај за својот ангажман за привлекување инвеститори, стратегиски економски партнери и зголемување на извозот на Македонија. Вршителот на должноста амбасадор на Македонија во Шпанија Даница Ружин, поради својот нецелосен извештај, поминала со опомена иако таа е единствениот наш дипломат таму.
Наградени се - тројца македонски дипломати се наградени поради својот „економски ангажман“ и тоа генералниот конзул во Истанбул Игор Попов за „носење“ на „Шише Ѓам“ - произведувач на стаклена амбалажа од Турција да гради погон во Македонија, потоа амбасадорот Самуил Филиповски во Словенија поради големата економска активност и влез на компанијата „Петрол“ на македонскиот пазар, како и Илија Исаиловски од амбасадата во Москва за зголемениот извоз на македонските вина во Русија, постојан контакт со „Гаспром“ и „Лукоил“, како и за најавата за затворање на клириншкиот долг на Русија кон нашата земја.
Од една страна сум за казни и награди на сите што работат или не работат ... Би ме радувало да видам дека се казнети и некои што се со ВМРО провинциенција или наградени некои што се со сегашна опозициона провинциенција ...
“Суена Македониа“ би бил вистински предлог за евентуално ново име на РМ ... ова име одговара на стварната состојба и е одраз на политичките суети на носителите на нашата извршна власт ...
Председателот и Премиерот ни - јавно се канат меѓу себе ... ама проблемот е кој кај кого ке дојде ... тоа е проблем на нивната суета а за МК-граѓанин представува одложување на ЕУ интегративните процеси и изолрање во едно гето во кое сме предолго време ...
Премиерот и Председателот ни - се суетни ... Македонците го јадат стапот ...
Тајниот агент Џејмс Бонд - 007 има “дозвола за убивање“ издадена од владата на Англија ... Но во светот на “глобализационата сегашност“ неколку светски супер сили имаат “дозвола за убивање“ на цели народи ... Можат да рушат Влади ... Да си нарачаат одредено убиство ... и се само затоа што се најмоќни и најбогати ...
Најновото фалење е дека “убиваат еколошки“ ... демек ке те убијат но нема да ја загадат еко средината ... Уствари се се сведува за борба за територии ... Им треба територија “незагадена“ од “нецивилизирани народи“ ... Се прави да изгледа дека се води борба за “човекови права“ (вакви борци за “човекови права“ имавме во последната војна кај нас во РМ ... На сите ни е јасно дека тоа беше борба за територии, но ...) а всушност е борба за територија или некоја стратешка суровина ... нафта да речеме ...
Еколошко убивање ... најголемата хипокризија за која сум чул во последно време ... А да, да не заборавам истите тие имаат право кое сами си го доделиле - да продаваат на кого сакаат оружје ... Ако се осмелат другите да им се умешаат во “бизнисот“ - заработуваат етикети дека се опасност за целиот свет (оски на злото, да речеме ...) и се изолираат од останатите држави ... Да не заборавиме да се подсетиме дека најголема заработка се остварува од оружје ... Просто е - кило оружје е поскапо од кило злато да речеме ... Да не споменувам дека со новите технологии “големите сили“ го подјармуваат останатиот свет ... на кого му даваат да се занимава со прљави технологии ... Тука во ова подјармување - да го споменам и светскиот банкарски поредок на чело со ММФ и Светска банка ... Најлегален начин на подјармување на цели народи и држави ...Бивш премиер склучил договор со странска државна компанија, што е против Уставот. Поради тој противуставен договор државата мора да плати отштета од многу милиони долари.
Има ли уште мистерија околу "Окта"? Има. Зошто бившиот премиер уште не е на суд?
Е тоа е мистерија и за Љубчо Георгиевски. На сета беља доаѓа во ТВ-емисија, на сите им соли памет и уште прашува: А зошто не ме уапсивте?
Навистина зошто ??
За АЕК и Коста Трпковски (сега веќе екс директорот на АЕК) пишував повеќе пати ...
- АЕК повторно спие ... 12 Април, 2006
- Фуере за Монополот на МТ ... 28 Април, 2006
- Сега само се чека да проработи пазарот на Телекомуникациите во МК ... 16 Мај, 2006
- Мимикријата на МТ ... 27 Јуни, 2006
- АЕК се пробуди ... 28 Јули, 2006
- AEK ... 19 Септември, 2006
- AEK - го минира развојот на интернет комуникациите ... 1 Декември, 2006
- Информациското општество и новата Влада ... 10 Декември, 2006
- АЕК vs. ТЕЛЕКОМ ... 14 Декември, 2006
- АЕК сепак ќе биде сменета ... 8 Декември, 2006
- АЕК - скап украс ... 27 Декември, 2006
- ГОЛЕМАТА СЕСТРА – не надгледува ... 21 Април, 2007
- ВЛАДАТА - решила да се справи со своеволието на МТ ... 26 Април, 2007
- ИНТЕРНЕТ - Кога ќе имаме поевтин и подостапен ? ... 15 Јуни, 2007
Коста Трпковски како да работеше во полза и интерес на МТ ... Или тој знае нешто повеќе од нас ... или ... Владата реши уште на почеток да го смени но по силниот притисок од ЕУ во полза на независноста на регулаторното тело Трпковски куртули ... Владата се одлучи да измени закон за да може да го смени ... Сега можеме да очекуваме серија кривични пријави ... во мода се ...
Утринава гледав еден стар филм од пред 40-тина години ... Учествуваа легендите на филмската ЈУ сцена ... Мија Алексиќ (Цуле ...) ... Миодраг Петровић - Чкаља ... Ѓуза Стоиљковиќ ... Павле Вуисиќ ... Повеќето од глумците се легенди кои не се веќе меѓу живите ...
Во филмот кој е снимен во далеките шеесети - се работи за една државна и една приватна фирма ... кафеана ... Се смени управителот и веднаш почна да прави “РЕОРГАНИЗАЦИЈА“ ... која се состоеше од вртење на истите маси во круг ... прераспоредување на оние кои му се умилкуваа на шефот ... од шофери во шефови за набавка ... од чистачки во секретарки ... од келнери во шефови на смени ...
Ме подсети филмот дека ние од педесетите навака сме стално во некоја “реорганизација“ ... само различно се вика тоа ... се менува дури и Уставот ... демек нечинел ... Една Америка има устов кој не е променет 200 години ... Сега дури и ЕУ прво сака да не реорганизира па да не прими во нивно друштво ...
Судбината ни се вика “реорганизација“ ... колку човечки судбини се упропастени во овие реорганизации ... колку системи кои работеа успешно се упропастени во таканаречени реорганизации ...
- Reorganizacija ...
Министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски - очекува најпозитивен извештај од ЕК ... особено за постигнатото во економската сфера, борбата против корупцијата, организираниот криминал.
Уште едно тапшање по рамо од ЕУ за Македонија ... или има нешто поконкретно ... ??
Се почести се тепачките меѓу младите МК девојчиња - кои се однесуваат на нивните бивши или сегашни дечковци ... Девојчињата сега се тие кои го водат орото ...
Едновреме - во мое време ова беше незамисливо ... навистина имало по некое кубење за коси - но тепачки и полиција немаше ... Дали денешните машки се помлитави од некогашните или влегуваме во еуфорично амазонско расположение на нашата женска популација ...
Во Македонија по традицијата опозицијата има навика да плаче ... да кодоши ... да кочи ...
Додека ВМРО беше опозиција подплачуваше - ги кочеше процесите ... Но сегашнава опозиција на чело со ДУИ и СДСМ се покажаа вистински плачковци ... и кодоши ... А нешто не им е по кејф плачат ... кодошат и тужакаат кај меѓународниот фактор ... по медиумите ... во стилот како кога некој на разгаленото дете ке му ја земе играчката на улица а тој одма оди кај таткому или сеедно чичкому ... вујкому ... и плачеки со слинав нос вика .... еееееееееее ми, ми, мимиииии ја зема играчката ...
А процесите стојат во место ... од вакви плачковски работи - губи Македонецот и Македонија ...
У мое мало никој не ги сакаше тужи-бабите и плачковците ... а кодошите беа доживотно жигосувани - како “тастери“ никој рецка не им удираше ... беа отфрлани од сите ...
Немам право да советувам две големи партии во Македонија - кои моментално највеќе плачат и тужакаат ... но ...
ДУИ ги разбирам и им се дивам ... добро инструирани ја тераат варијантата која ја играат упорно веќе 70 години ... Но СДСМ не ги разбирам ... премногу е мала Македонија за да трпи такви кочниони процеси ... тие кочејки го ВМРО - се кочат и себеси ... нека турат прст на чело - кој добива од ваква нивна политика ...
Значи ке се одпуштат 700 сегашни вработени ... Дали е ова само пробен балон за да се види како ке реагира јавноста ... По разградувањето на Нова Македонија како јавен сервис со историско значение за Македонија ... разградувањето на МРТВ е истотака опасност да се разнебити историската база на фоно и фото документација за македонската историја ... од значение дури и за македонскиот национален идентитет ... Снимките и фоно документацијата се непроценливо богатство ...
- МРТВ ...
- МРТВ се гледа ли крајот? ...
- МРТВ - претплата ...
- БЛОГ и САЈТ на МРТ ...
Вечита е борбата меѓу централизација и децентрализација ... Што е подобро ?? Па така и со Клиничкиот центар ...
Се ми се чини дека се прават реформи само за да се расчисти со партискиот кадар од предходната партија ... и да се удомат на моќни места луѓе од владеачката партија ...
До кога ??
- ООЗТ - тизација на Клинички
- РЕФОРМИРАНО ЗДРАВСТВО - без пари ... 6 Април, 2007
- МОЌНИЦИТЕ - во бизнисот со лекови во Македонија ... 31
Март, 2007
- Операција во гаќи ... 16 Јуни, 2006
Мојот професор по Историја Томислав Маниќ - испеја една многу убава песна “Црвени рози за вас мадам ...“ ... и секојпат кога ке видам многу рози ми асоцира на поклон за некоја дама ...
Но пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не мислат така ... тие собрале доброволен прилог и купиле 37 црвени рози и како икебана му ги предале розите - на својот Председател, за да му го честитаат 37 роденден ...
Што ли ке му купат кога наскоро - за два три месеци ке се породи ... се надевам среќно и здраво, младата премиерка Госпоѓа Груевска ... која е во блажена состојба повеќе месеци ...
Во 2002 година ни се случи резил во Виена - кога амбасадорот на ОБСЕ во Виена Александар Тричковски, бил претепан од шоферот во мисијата Владо Сарафов ... (знае некој како заврши скандалот ... ??)
И оваа година се повторува сличен резил ... овојпат МК Амбасадорката во Хаг изела ќотек од вработениот во амбасадата М.Г. - кој се изнервирал и физички ја нападнал абасадорката Добрила Тасковска ... предходно расправајки се за гарантнте писма што требал да ги добие од неа ...
Многу големи мажи праќаме по амбасадите - рака дигаат дури и на жени ... одат ли тие на лекарски пред да се испратат по амбасадите ... или пак ова е последица од шарениот состав на амбасадите по политичка припадност ... ?? ... па со вакви пресметки “кај ОК коралот“ си праќаат меѓусебни пораки ...