Search This Blog

Wednesday, January 31, 2007

НАЦИОНАЛЕН ИДЕНТИТЕТ

Изразот Национален Идентитет е составен од два збора. Национален (Нација) и Идентитет. Бидејки го разјаснивме поимот Нација – сега да го разјасниме поимот Идентитет.

Идентитет - identity (Latin identitas=ист=повторување на исто , A = A)

Оановно значение на зборот идентитет е во поимот на повторување на исто.

Во психолошка смисла идентитет е трајно осеќање на севкипноста и посојаноста на личноста и покрај промените во неа и околу неа (Личен Идентитет). Осеќајот на идентитетот се формира во детството, но посебно во текот на адолесценцијата – кога настануваат најголеми кризи на идентитетот. Кога личноста си поставува сама на себе прашања како “кој сум јас“, “одкаде сум“, кои се моите стремежи ...

Во социолошка смисла на зборот ... Постојат разни видови на идентитети (расен – полен – професионален – култулорошки – политички – и национален). Идентитет тука се означува како припадност на определена група, професија, раса, политичко движење, нација.

Постојат два блиски поими – но сепак различни (енички и национален идентитет)

Етнички идентитет произлегува од поимот за Етничка група (од грчки, ethnos, "народ") - (engl. ethnic group) и означува одредена група на луѓе – кои делат заеднички идентитет на темел на иста култура, традиција, религија, историја, јазик, етничкото потекло ...)

Етничките групи делат заедничко потекло во континуиран тек на време – т.е. ја делат историјата и иднината на еден народ. Ова се постигнува со генерациско пренесување и примопредавање на заеднички јазик, институции, вредности и традиции ...

Во политичка смисла главна разлика меѓу етничка група и Нација е во тоа што етничките групи немаат суверенитет. Но историски земено поимот на етнички групи е многу постар од поимот на нација – кој е придобивка на поновото време ...

Идентитетот воопшто и националниот идентитет се динамички категории ... се менуваат интерактивно со текот на времето ... значи не се статични ...

Врз основа на разни видови на патриотизам и национализам – на ниво на етничка и национална свест, осеќаите, желбите – во процесот на етничката и националната идентификација настануваат:

* Индивидуален идентитет – е етнички и националн идентитет со кој поединците (луѓето) се поистоветуваат, своеволно - со некоја етничка група или етничка заедница или нација – ги прифаќаат нивните вредности, нивните правила, политичкиот поредок – изразуваат лојалност према неа ...
* Групен идентитет – е етнички национален идентитет со кој некоја етничка група – своеволно се поистоветува со некој етнос или нација, ги прифаќа нивните вредности, традиции, правила, организација ...
* Колективен идентитет – настанува кога помалку или повеќе целото население се поистоветува со некоја етничка заедница или нација – се конституира етнички колективитет (етнички заедници) или национални колективитети (нации).

Внатре во некоја национална заедница - во нејзината политичка заедница или национална држава – ако во една нација е доминантен еден етнос – настануваат:

* Општествени идентитети – во многу подрачја внатре во националната заедница како: јазик, култура, политика, вера, ...
* Етнички идентитети – се прави разлика меѓу идентитет на колективен етнос (етничка заедница како колективитет) и етнички идентитет со кој поединецот или групата се поистоветува со конкретниот етнос, заедница.
* Национален идентитет – и тука имаме идентитет на нацијата како заедница (национален колективитет) и национален идентитет со кој поединецот или некоја етничка група/народ се поистоветува со одредена нација ...

Врз основите на политичкиот систем и неговиот правен и политички поредок – секој народ го организира целокупниот јавен живот... На овие основи настануваат модерните нации – дури и нови национални колективитети и од тука национални идентитети ... Овој процес особено се случува во епохата на модерна ... која е воедно и епоха на модерното гаѓанско општество ... епоха на модерните нации во кој период имаме највеќе процеси на старање на етнички и национални идентитети ...

Стварање на македонскиот национален идентитет е процес кој се одвивал највеќе во 19 век во процесот на таканаречената национална преродба ...

Патот по кој мина македонскиот народ од своето будење па до полната национална афирмација беше толку сложен, што е многу тешко да се спореди со националното будење на кој и да е народ на Балканот. Од пробивот на капитализмот на почвата на Македонија, па до формирањето на македонската нација, македонскиот народ минуваше низ повеќе фази на преобразување што траеја половина век.

Една од најтрагичните околности во кои започна македонската национална преродба беше таа што токму во моментот кога почна да ги дава своите први знаци на посебен живот, во Македонија веќе беа присутни три соседни туѓи пропаганди – кои впрочем трајат до ден денеска. Тие веќе имаа постигнато своја независност и градеа стратегии за ширење на своите држави на сметка на Македонија, додека Македонија т.е. Македонците сеуште се наоѓаа под османлиско турско ропство. Како поволна околност може да се смета дека Македонците за разлика од Србите, Грците и Бугарите не ја започнаа својата национална афирмација само со своето посебно изразито национално македонско име, туку за да се дистанцираат од Грците, тие во првиот момент истапија со општото име на народноста - Словени.

Во едно интервју Академик Блаже Ристовски ке каже - “..нашето национално и државно име не е уставно, туку тоа е етнокултурно и историско. Во последните десетина години во Македонија се појавија различни, главно однадвор инфилтрирани, мислења за македонската етногенеза, за македонскиот ентитет и за македонскиот културно-национален развиток низ историјата. Македонската академија на науките е навистина должна, независно од државно-политичките ставови што најчесто се темелат и врз факти и аргументи што не се познаваат, да се изјасни за овие и за сличните прашања. Повеќепати сум го поставувал тоа прашање усно и писмено. Треба да се знае дека ние сме Македонци, етногенетски создадени од нашата и воопшто и од балканската историја.Зборуваме словенски јазик како писменост наследена од солунските браќа Кирил и Методиј и особено од охридските светители Климент и Наум. Но, ние сме наследници на целата култура и историја на се' што станувало на географско-историската територија што го носела и го носи македонското име..“

Професор Виктор Лилчиќ во еден свој напис Македонски идентитет? ја дава Ретортата на народите кои поминале со вековите наназад низ овие простори - од која реторта потекнува и Македонски идентитет... и вели:
-Многу одамна од Епир, преку Пинд навлегоа воинствени групи на Протомакедонците и ја завладеаја широката земја по сливовите на реките Бистрица, Вардар и Струма.
-Тука се измешаа со многубројните палеобалкански пајонски племиња и тој супстрат во наредните векови го заокружи античкиот македонски ген.
-Потоа дојдоа Римјаните, донесоа помал процент дојденци од околу Медитеранот.
-Во антиката дојдоа разни групи: Хуни, Готи, Авари, Протобугари, Словени.
-Во средниот век доаѓаа Печенези, Кумани, Арбанаси, Срби, германските Саси, Турци и други.

Tuesday, January 30, 2007

ДЕВИЗНИ РЕЗЕРВИ

Деновиве слушаме дека Владата ни - со операцијата за предвремен откуп на долгот кон Парискиот клуб ќе се отплатат 86,15 милиони евра, односно 4,87 отсто од вкупниот јавен долг или 13,7 отсто од вкупниот надворешен долг.

Не ми е цел да замарам со бројки - поентата ми е дека ММФ не натера парите од продажбата на Електростопанство да ги употребиме за одплата на нашиот долг према странство ... според аранжманот со ММФ, на Владата и' се врзани рацете девизните резерви да ги користи за инвестиции, но може да ги употребува за откуп на долгот, ...

А во исто време ни се одобруваат разноразни нови кредити ...

Ако не сето тоа се надоврже фактот дека поголемиот дел од девизните резерви се вложени во странски банки ... кои прават пласмани во светот ... даваат кредити ...

Значи зачаран круг ... Во банка во која чуваме големи износи на девизни резерви (последниот податок вели дека девизните резерви ни се 1,5 милијарда евра ) -добиваме и кредити ... значи со свој камен по своја глава ...

Ова ме подсеќа на едно излагање на еден од професорите на Економскиот факултет (додека студирав) - дека најнов начин на “поробување“ на народите е стварање на кредитна зависност на народите ... тоа значи дека не може никојпат да се ослободите од кредитите ... башка што кредитите не се “еве ти пари па прави што сакаш“ - туку еве ти пари ама роба - машини мора да купиш од нашите фабрики ...

Ако го погледнете мојот пост “Против продажбата на “златните кокошки““ - февруари 24, 2006 - на едно место реков:

“..Сега немојте да се чудите зошто тие пари (парите од продажбата на “златните кокошки“) одат во буџетот на државата, и се пред се, покритие на многуте кредити кои сме ги земале предходно. Тие пари нема да ни дозволат да ги користиме за нов старт на економијата. Нормално моќните банки, најпрвин сакаат да се ги вратат парите што во форма на кредит ни ги дале. Ова кога јас учев економија се нарекуваше “најнов и најчист вид на експлоатација на неразвиените држави и земјите во развој...Се е легално...“

“..
Сево ова на крај ке доведе до ситуација да станеме “банкрот држава (ако веќе таква и не сме). И како таква сами од себе ке се деградираме и распаднеме, како единствена држава на Макединците во светот. Без “златните кокошки“ ке немаме национална економија а Владите ке работат под декрет на моќните компании....“

A Day in Macedonia

Неодминлива забава на сите интернеџии во поново време е You Tube ... Не киснам често на You Tube - но налетав на два прекрасни афирмативни спота за Македонија:

A Day in Macedonia (Part 1) и
A Day in Macedonia (Part 2)

Би сакал да има што повеќе вакви афирмативни спотови за Македонија ...

Има и други клипови на You Tube кои се афирмативни за Македонија како:

Traditional Macedonian Wedding in Galičnik (part 1)
Traditional Macedonian Wedding in Galičnik (part 2)
Traditional Macedonian Wedding in Galičnik (part 3)
Traditional Macedonian Wedding in Galičnik (part 4)
Traditional Macedonian Wedding in Galičnik (part 5)
Macedonian Folklore
Macedonian Folklore 2
Tanec - Teskoto oro
macedonia

Monday, January 29, 2007

Д-р ТОДОРОВСКИ ЗОРАН

Бев прозван до некои блогери да напишам некој ред за Д-р ТОДОРОВСКИ ЗОРАН – сегашниот директор на Архивот на Македонија – кој е во жижа на интересите на македонската јавност а во врска со – откривањето на дневникот на Крсте Петков Мисирков ...

Осем што знам од порано дека Д-р ТОДОРОВСКИ ЗОРАН е историчар по вокација – дека специјалност му е историјата на ВМРО ... дека произлегува од Институтот на Национална Историја на Македонија (ИНИ) ... дека еве втор пат е Директор на Архивот на Македонија (кога на власт е ВМРО-ДПМНЕ) – се друго што ке напишам за него го дознав од Интернет ...

Д-р ТОДОРОВСКИ ЗОРАН има издадено неколку книги:
-
ПЕСНИ ЗА МАКЕДОНИЈА, Владислав Ковачев, ред. З. Тодоровски. - 1997;
- Дејствувањето на автономическата ВМРО (1918-1924);
- Зборник на документи за Тодор Александров
- Се за Македонија
А има и многу интервјуа и написи по нашите весници и списанија ...






Во своите трудови – книги и изјави за весници Тодоровски јавно се залага за повторно препрочитување на Македонската историја ... Се залага за изедначување на делото на Тодор Александар и Гоце Делчев да речеме ... Понатака Тодоровски се залага за рехабилитација на жртвите на “комунистичкиот режим“ во повоена Македонија од 45-та па навака ... Тука многу се доближува до заложбите на Георгиевки (Кој со кого ке се помирува...) – па во партијската програма на ВМРО-ДПМНЕ во последните избори се ставени ветувањата за: Изградба на Музејот на ВМРО-ДПМНЕ; Рехабилитацијата на борците за самостојана Македонија од 45-та па навака; Одбележувањето на денот на формирање на ВМРО – како државен празник ...

За жртвите за независна Македонија по 45-та ке напише:




Во периодот од 1945 до 1993 околу 50.000 македонски граѓани се уапсени, депортирани, судени, затворани, осудени на смрт, стрелани, убиени, исчезнати или имале политички и затворски досиеја



.."Информација за преземените мерки на органите на власта спрема државјани на Р. Македонија за кои во периодот 1945-1993 година се располагало со основани сомненија дека дејствувале за формирање самостојна и обединета Македонија", изработена од МВР во 1993 година, во периодот 1945-1985 година вкупно во Македонија биле откриени 105 илегални групи и организации со над 1.200 припадници, чие дејствување било насочено кон "отцепување на Македонија од заедницата на југословенските народи и создавање самостојна и обединета Македонија". Од нив од слобода биле лишени 1.045 припадници на илегалните групи и организации, од кои 242 биле осудени на смрт или на временска казна до 15 години.
Во периодот од 1945 до 1980 година се одржале околу 700 политички процеси против членовите и припадниците на тајните организации и групи, на кои биле изречени стотици смртни пресуди и долгогодишни затворски казни.
За бројот на прогонуваните, затвораните и осудуваните лица со поинакви политички убедувања од постојниот комунистички режим доволно говорат 14.000 политички досиеја што ги водела Службата за државна безбедност при МВР и 22.000 затворски досиеја на затворените политички лица во затворот "Идризово", или вкупно 36.000 досиеја. Тоа се политички досиеја на лица (од разни возрасти и професии - револуционери, интелектуалци, лекари, студенти, обични и полуписмени селани, лица во поодмината возраст и ученици-гимназисти, деца на 16 години), затворани, осудувани, прогонувани и стрелани во периодот 1945-1985 година од новата македонска комунистичка власт само затоа што се бореле за самостојна, независна, демократска и граѓанска Република Македонија и за идеалите на ВМРО. Ова е можеби единствен пример во историјата на човештвото некој да биде осуден од сопствената власт за патриотизам, за љубов спрема сопствената татковина.
Според неофицијалните податоци, во периодот 1949-1951 биле затворени 7.330 средношколци, а само во затворот "Идризово" биле затворени 2.500 политички затвореници.
И на крајот, ако направиме рекапитулација од официјалните и од неофицијалните податоци, доаѓаме до бројка од околу 50.000 македонски граѓани: уапсени, депортирани, судени, затворани, осудени на смрт, стрелани, убиени, исчезнати и кои имале политички и затворски досиеја. А сето ова е направено под знакот на "српот и чеканот", во името на "диктатурата на пролетеријатот", а од страна на "авангардата на работничката класа".

Секоја историографија е недовршена и привремена, затоа што "секоја историја е историја на сегашноста" (Б. Кроче). Па затоа, секоја генерација повторно си ја пишува својата историја, затоа што историчарите на комунистичките режими речиси секогаш се необјективни. Историографските факти се производ на нивната идеолошка деформација, на нивното комунистичко сфаќање на историјата, бидејќи "со својата слободна волја влијаат на историскиот тек" (М. Грос). Тие не го научија основното правило на историската наука: "За да ја пишуваш историјата на достоен начин, треба да ја заборавиш својата вера, својата татковина и својата партија" (П. Буаст). Сепак, не треба да се заборави дека секој добар историчар си ја сака својата татковина, но никогаш не треба и слепо да Ј се додворува.
Затоа, во овој случај не ни останува ништо друго, туку да се повикаме на
поетот и револуционер Никола Вапцаров:
"Вината не е наша.
Вината беше туѓа
и врз други тежи сотонската одговорност.
Кога ќе дојде денот,
кога ќе биде потребно,
ние сў ќе Ј раскажеме
на мајката историја". ...

За разликите на Тоторовски и Кантарџиев зборува Тодоровски во своето интервју за Македонско сонце ... MONOPOL I POLITIKA VO ISTORISKATA NAUKА ...

Интересен е написот на Тодоровски во Дневник - Хероите на "нашето" и на "нивното" време ...

Тодоровски има свој допринос и во донесување на документацијата за Македонска патриотска организација (МПО) ...


Но на прашањето на фотокопирниот Дневник на Крсте Петков Мисирков – Тодоровски – се судри со бран на негодувања од Македонската јавност – од обичните граѓани до стручната јавност, а и голем бој на новинари ... за ова повеќе е пишуавно на мојот пост “Фотокопирна историја“ ... а интересен приод има и Време со написот - Отворено писмо од Крсте П. Мисирков до Зоран Тодоровски ...

БУГАРИ ВО МК

Дека во Македонија има бугари тоа е несомнено. Во сите пописи има луѓе кои се изјаснуваат како Бугари ... Не ми е целта на овој пост да бројам колку Бугари има во Македонија ... тоа и го оставам на статистиката ...

Осем Бугари во МК има и Бугарофили ... Така обично се нарекуваат Македонци - кога некој сака да етикетира дека некој се залага за Бугарските цели на припојување на Македонија кон Бугарија ... Но и ова не ми е тема ...

На еден Бугарски портал има еден постар напис од 21.05.02 - во кој нерегистриран автор набројал “кои се најголемите Бугари во МК

Па така авторот вели дека по повод “... празникът на българската просвета и култура и на славянската писменост ... В салоните на Дома на армията на Македония в Скопие снощи бе отбелязан 24 май - деня на българската просвета и култура и на славянската писменост, предаде БТА...“

Понатака авторот ги набројува најголемите бугари во МК:
-
Владо Мокров - починалият неотдавна главен редактор на седмичника Македонско дело,
-журналистите и публицисти Александър Бонев,
-Симе Симев и
-Младен Сърбиновски,
-директорът на Народния театър в Битоля Благоя Стефановски,
-китаристът и композитор Владко Стефановски,
-директорът на Архива на Македония д-р Зоран Тодоровски,
-бившият министър на културата на Македония и сега посланик в Москва проф. Димитър Димитров,
-директорката на Македонската филхармония Кармен Костова,
-посланикът на Македония в София Любиша Георгиевски,
-директорът на фестивала Младежки открит театър /МОТ/ Любиша Никодиновски,
-директорът на Културно-информационния център в Скопие Любчо Маленко,
-писателят Миле Неделковски,
-главният редактор на хумористичния седмичник "Остен" Никола Ангеловски,
-директорът на Народната и Университетска библиотека в Скопие Паскал Гилевски и
-главният редактор на литературното списание "Стремеж" Трайче Кръстевски.



ИНТЕРНЕТ ВОЈНА - ЗА МАКЕДОНИЈА

Специфичната Интернет војна за Македонија - се води неорганизирано од страна на Македонската држава ... Македонија на Интернет неорганизирано настапува - за разлика од соседите ... За ова пишував - види линк 1, 2, 3, 4, ...

Како се рефлектира сето ова да речеме на Македонската Википедија ... која е во застој и на неја пишуваат само ентузијасти ... водите ги постовите на Развигор ;-) и Panta Rei 1, 2, ...

На постот на Развигор - во врска со Википедија на македонски - последна на Балканот - коментирав :

“.. Интернетот и Википедија може да се искористат како најефтин начин да се издадат учебнци на сите предмети ...
На учениците и студентите кои имаат пристап на интернет треба да им се даде некаква обврска да подигаат написи на МК Википедија - поготрово ова за студентите да важи ...

Но спиеме сите ...“

GoodBytes - веднаш посочи линк за ова мое размислување - Википедија:Школски и универзитетски проекти ...

Осем - пред се едукативниот карактер на Интернетот ... некои нации го користат интернетот како медиум за промовирање на своите пропаганди ... Нашите соседи обилно го користат Интернетот како медиум за да спроведат некои свои ставови и политики во врска со Македонија ... Тука пред се предначи Бугарија ... која највеќе се има организирано преку Интернат сајтот - линк тука ... каде се подигнати на интернет сите книги за Македонија во кои се велича бугарскиот карактер и потекла на Македонија - македонскиот јазик и историја .... Од некои книги има превод и на англиски ... погледнете го и самите линкот ... поготово се подигнати сите книги во кои Македонците се изјаснувале како “Македонски бугари“ ...

На Блогерајов се поведе вистинска војна межу блогери од Македонија и Бугарија ... За ова пишував неколку пати - видете линкови 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10, 11, 12, ... За ова пишуваа и многу други блогери пред и после мојот пост БУГАРСКО МАКЕДОНСКИ (односи-релации) - но на него дадов линкови на кои постови на блогерајот кој што пишувал ... Имам осеќај дека бугарските блогери на Блогерај настапуваат “оркестрирано“ ...

Би сакал да дадам некаков заклучот во стилот на Трибун ...: Се што се правеше на полето на Интернетот во Македонија ... Македонија до сега - се се правеше со пари на донатори ... Владата на Груевски реши да го смени ова со неколку проекти ... Види линк тука ... (поточно во првиот коментар од линкот) ... но ке мора да се надополнат тие проекти и со подигањето на интернет на важните книги за Македонската историографија и паметникот на Македонците - весникот Нова Македонија - пред се мислам на старите броеви ...

Sunday, January 28, 2007

ПАРТИСКИ ВРАБОТУВАЊА

Партизацијата на државата - создаде и таканаречени “партиски вработувања“ ... По доаѓање на власт осем неопходнат смена на водечките места во државната администрација се вршеше “тоталка“ до портир и кафекуварка ... Ова подеднако “добро го правеа“ сите партии кои до сега беа на власт ... и така се створи наместо мала и стручна администрација - да имаме ... огромен бирократски патиски државен апарат ... кој се претвори во спора и неефикасна државна администрација ...

ЕУ се замори во укажувањето на овој проблем ... ова е сигурно и една од кочниците на нашето интегирање во ЕУ.

Saturday, January 27, 2007

Блог - мрчатори VS. Блог - тинтратори

Блогот е идеално место за “мрчаторите“ ... нив нели никој не ги рецка - па може да си отворат блог и да си мрчат до “миле воље“ ... Ако сакате да видете како размислуваат луѓе со своја глава - посетувајте блогови на мрчатори ... тоа се вообичаено и дисиденти ...

Но блогот е истотака идеално место на “тинтратори“ - оние кои се упикуваат на предпоставените ... на шефовите ... на политичките партии ... на било кого .... оние кои немаат свое мислење туку само “подржуваат“ мислење на некој кој им е или идол или зависат од него ...

За жал во животот повеќе успех имаат тинтраторите во однос на мрчаторите - иако вторите имат огромна креативност ... мрчаторите обично бегаат надвор од МК ... но таму веќе не се мрчатори ... никој не сака мрчатори ...

ГОРАН МИХАЈЛОВСКИ

Во саботите редовно го читам Горан Михајловски - во неговата колумна во Вест ... Михајловски прави неделен преглед на актуелните општерствено - но пред се политички настани во Македонија во минатата недела ... но тоа го прави на еден специфичен начин ... додава хумористична димензија ... добро некојпат е и циничен ... Но мене сето тоа ми е забавно за читање ... некои велат дека е најтешко да пишуваш хумор ...

Оваа недела се задржал на:

1. Цепелинот над владата ... и рекламните кампањи на Груевски ... За цепелинот Михајловски вели дека лесно се дува ама - уште полесно пука ...

Во истиот топик Михајловски вели дека на Грујо му е досадно па си прави непријатели ... ДУИ - Бране - Тито П. - Грците - Стечајците - Рада ...

2. Го пецка Бранета - за Рамстор и срамно ниската цена на продажба ...

3. За авионскиот шверц на луѓето во ЕУ преку ... нема притворени ...

4. За новиот Македонец од Грција Караманлис - предлага ајродромот во Охрид да го крстиме Караманлис ...

5. За новата антикорупцијка комисија - која е нели независна - но ја бираат партиите ... Мирјана Димовска нова Слаѓана Тасева ...

6. Биди успешен - Биди пациент ...

Friday, January 26, 2007

БЛОГЕРИ vs. МК НОВИНАРИ втор дел

http://photos1.blogger.com/blogger/1177/1741/1600/Sv-Konst-I-elena%20-%20podobra.jpg
Во еден постар пост опишав ситуација кога Новинар на Вечер настапи непоштено према Блогер ... кој си пиша приказна на својот Блог, а новинар на Вечер направи сторија за случајот - без да го наведе изворот на приказната ... Башка нели многу новинари има и кај Блогерите ...

Денеска бев пријатно изненаден со еден телефонски повик каде еден новинар на Шпиц ме праша дали се лутам што делови од еден мој постар пост се користени во нејзиниот влерашен напис - Цар Константин и царица Елена во ГТЦ ...

Сега незнам точно за кој пост се работи но за св. Константин и Еелна имав барем седум поста ... види линкови 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, ... На мојот блог имам многу пати коментирано и покренувно идеја да Св. Константин и Елена барем Параклис да се направи - за да може да биде еен паметник за времето и црквата која била изградена на тоа место ...

Ако просурфала малку повеќе нвинарката по интернет ке пронашла и други Блогери кои пишувале за
Светите Константин и Елена ... Св. Константин и Елена ...

Потегот на новинарката го оценив како исклучително коректно обраќање на еден новинар кој трага по приказна истражува по сите извори ... нормално најлесно се истражува по интернет ... Ме праша каде може да се пронајдат други детали за црквата ...

Еве јавно ке одговорам ... најпрвин воопшто не се лутам за користењето на мојот блог како извор на некаква информација или идеја ... напротив ме радува кога некој ке прифати определена идеја ... но може да има и друга вистина ... честопати се случувало да има исти мислења за ист проблем во различни точки од светот ... поготово во сверата на науката и пронаоѓањето и иновациите ...

Понатака можни места каде може да има документација за црквата на Св. Константин и Елена се секако архивата во МПЦ ... архивата на книги и весници при библиотеките во Скопје - поготову универзитетската и градската ... Богатата архива на Нова Македонија ... Архивата на МРТВ ...

Секако не е лесно да се истражува по сиве овие архиви ... но истражувачкото новинарство воопшто не е лесна работа ... но патот е тој ...

Инаку интересно е зошто така лесно се срушипо земјотресот Црквата Св. Константин и Елена ... која не била баш толку разрушена ... некои злабници велат а јас шпекулирам со тоа дека црквата била најпосетувана од Македонската Влашка заедница ... но ова е навистина само шпекулација ... Вистината е изгледа во проектот на Кензоо Танге - кој тука на таа локација предвиде грандиозен Трговски центар кој е гордост на Скопје ...

Но како и да е ја подржувам сега идејата на Аларова за изградба на параклис за Цар Константин и за Царица Елена во паркот „Жена борец“ е иницијатива на градоначалничката Виолета Аларова, во соработка со МПЦ. Црквата ја поздравува иницијативата .... но не се сложувам тоа да биде во паркот „Жена борец“ - бидејки местото - вистинското место на црквата Св. Константин и Елена - сега е голем плочник на еден агол на трговскиот центар ... Тоа е вистинското место ... место каде се крстени и венчани многу Скопјани ...

Thursday, January 25, 2007

НАЦИЈА

Што се подразбира под поимот нација ...

Нација представува, народ – општествена заедница на луѓе кои зборуваат со ист јазик, вера, имаат иста историја и традиција – кои заедно преживеале политички и културен развој и кои имаат заедничка свест за взаемна припадност (национален идентитет) и целовитост – во однос према други нации ...

Во политичка конотација – нација е група на луѓе кои себе се доживуваат како природна политичка заедница - често со желба за воспоставување или очувување на заедничка држава – но може да добие и облик на граѓанска свест ...

Во психолошка конотација – нација е група на луѓе кои се одликуваат со меѓусебна оданост – односно приврзаност во смисол на патриотизам ...

Зборот нација води потекло од латинскиот сбор “nasci“ – да се родиш ...

Помеѓу зборот нација и народ стои равенство ... значи представува ист поим ...

** Англиската Wikipedia под поимот нација (Nation) подразбира:

A nation is a group of humans who are assumed to share a common identity, and to share a common language, religion, ideology, culture, and/or history. They are usually assumed to have a common origin, in the sense of ancestry, parentage or descent.

The term nation is often used as a synonym for ethnic group (sometimes "ethnos"), but although ethnicity is now one of the most important aspects of cultural or social identity for the members of most nations, people with the same ethnic origin may live in different nation-states and be treated as members of separate nations for that reason. National identity is often disputed, down to the level of the individual.

Almost all nations are associated with a specific territory, the national homeland. Some live in a historical diaspora, that is, mainly outside the national homeland. A state which explicitly identifies as the homeland of a particular nation is a nation-state, and most modern states fall into this category, although there may be violent disputes about their legitimacy. Where territory is disputed between nations, the claims may be based on which nation lived there first. Especially in areas of historical European settlement (1500-1950), the term "First Nations" is used by groups which share an aboriginal culture, and seek official recognition or autonomy.

In the strict sense, terms such as nation, ethnos, and 'people' (as in 'the Danish people') denominate a group of human beings. The concepts of nation and nationality have much in common with ethnic group and ethnicity, but have a more political connotation, since they imply the possibility of a nation-state.

“..the United Kingdom is an internationally recognised sovereign state, which is also referred to as a country and whose inhabitants have British nationality. It is however traditionally divided into four home nations - England, Scotland, Wales and Ireland...“

“ .. definitions is that of Joseph Stalin.

A nation is a historically constituted, stable community of people, formed on the basis of a common language, territory, economic life, and psychological make-up manifested in a common culture.

“..In November 2006 the Canadian House of Commons passed a motion to "recognize that the Québécois form a nation within a united Canada."..“


** Хрватската Wikipedijа - за Nacija вели:
Pripadnici jedne nacije su specifični po tome što imaju zajednički identitet i gotovo uvijek zajedničko srodstvo i porijeklo u smislu naslijedstva. Nacionalni identitet podrazumjeva prepoznatljive specifičnosti određene grupe kao i lični osjećaj pripadnosti.

Male razlike u govoru mogu biti dovoljne da se neko okarakteriše kao član druge nacije. S druge strane dvije osobe mogu biti podjeljene razlikama u mišljenju, vjerovanju, mjestom boravka, vremenom pa čak i govornim jezikom a da se međusobno smatraju i da ih i drugi smatraju, dijelom iste nacije.

Smatra se da pripadnici jedne nacije dijele određene karakteristike i norme ponašanja, određene odgovornosti prema ostalim pripadnicima te nacije i određene odgovornosti za djela pripadnika iste nacije.

Nacija nema rok trajanja i obično je stara nekoliko stoljeća.

Naziv nacija se često koristi kao sinonim za naziv etnička grupa (ponekad etnos), ali iako je etnicitet danas jedan od najvažnijih aspekata kulturnog i društvenog identiteta za pripadnike određene nacije, osobe istog etničkog porijekla mogu da žive u različitim nacionalnim državama te se po tome smatrati pripadnicima zasebne nacije. Nacionalni identitet je često osporen čak i do individualnog nivoa.

..u najužoj definiciji nazivi kao što su nacija, etnos i narod označuju grupu ljudskih bića u usporedbi sa riječi zemlja koja označava teritoriju dok riječ država označava legitimnu, administrativnu i odlukodavnu instituciju.

O porijeklu nacija se vječno raspravlja, i ti sporovi obično čine glavnu temu u teoriji nacionalizma. Postoje biološke teorije o porijeklu, koje vide ljude kao teritorijalne životinje i naciju kao teritoriju u tom značenju. Većina istraživača odbacuje tu teoriju zbog pojednostavljenja i smatraju naciju kao relativno kasno ljudsko socijalno grupisanje. Najprihvaćenije teorije smještaju porijeklo nacija u kasni 18. i 19. vijek, iako se ovo datiranje poprilično osporava. Identifikacija sa "nacijom" je promovisana u ranom romantičnom nacionalizmu, koja je u suprotnosti sa multietničkim (i autokratskim) carstvima.

Filozof Avishai Margalit je u knjizi Etika memorije (2002) diskutovao definiranje uloge stvaranja nacija: "Nacija se famozno definisala kao društvo koje samo sebe obmanjuje o svom porijeklu i dijeli zajedničku mržnju prema svojim susjedima. Zato veza koja okuplja naciju zavisi od lažnog sjećanja (obmana) i mržnje prema onim koji joj ne pripadaju."

Prvo zapisano korištenje riječi "nacija" se desilo 968., kada je Liutprand, kremonski biskup, dok je konfrontirao bizantskog cara u ime svog patrona Otta I, cara Svetog rimskog carstva, hrabro izjavio u svom raportu, "Zemlja", ja odgovorih, "za koju tvrdiš da pripada tvom carstvu, kao nacionalnost i jezik naroda pripada, Kraljevini Italiji."

Od 19.vijeka smatra se normom da nacija odgovara suverenoj državi koja se naziva nacionalna država. Ta norma i sama potiče od ideologije nacionalizma, koja podržava tezu da svaka nacija zaslužuje svoju državu. Prije 19. vijeka, teško je naći primjer koji odgovara savremenoj ideji nacionalne države.

Vrlo malo država i nacionalnih država imaju neosporne teritorije i granice. Postoji dosta samoupravnih pokreta, kao npr. oni u Belgiji, Velika Britaniji i Španiji. Takođe postoje nacije koje sebe opisuju kao nacije bez države, kao što su Kurdi i Palestinci. Tražena nacionalna teritorija može biti podjeljena kao u slučaju Republike Irske i Sjeverne Irske.

Izraz "država-nacija" se ponekad koristi za nacije gdje zajednički identitet potiče od zajedničkog državljanstva. To važi u slučaju kada je prvo država formirana, i da je osjećaj nacionalnog identiteta tek onda došao. Holandija i Francuska su primjeri.

Ako je nacija definisana samo po državljanstvu, onda su naturalizirani građani prihvaćeni kao raanvopravni članovi nacije, a to nije slučaj. U večini država, državljanstvo je oštro podijeljeno od nacionalnosti.

Šta je Nacija? - Nadesan Satyendra


** Создавање на Македонската нација - према Македонска Википедија ...

Геополитичка ситуација на Македонија

Македонија преку чија територија поминуваа патиштата што водат од Централна Европа кон Блискиот Исток всушност претставуваше не само сообраќаен јазел, туку и стратешки. Долината на Вардар ја немаше само таа предност што од север преку Моравската долина водеше до големиот Солунски залив од каде преку Егејското море се завлегуваше на исток кон долината на Струма и на запад преку Албанија на Јадранско Море. Од тука за Македонија не се бореа само младите балкански државички кои сакаа со Македонија да ги зголемат својата територија и бројноста на населението, но и големите - Австрија, Русија, Англија и Турција - сакаа да имаат клучна ролја на Балканот.

Безбројните извори (книги, статии, студии, дипломатска преписка..) јасно сведочат колку не само балканските, туку и европските влади и посветувале внимание на Македонија. Во европската историја тешко е да се најдат слични примери толку да се пишувало и расправало за националниот карактер на еден народ, каков што беше случајот со Македонците.

Оваа преокупација околу националниот карактер на Македонците произлегуваше од определени политичко-стратешки интереси, не само на балканските националистички кругови, туку и на големите европски сили, во прв ред на Австрија и на Русија, кои во трката за завладување на Балканот, настојуваа да ја вклучат и Македонија во својата интересна сфера, поради нејзината извонредна географско-стратешка положба.

Самоопределувањето на Македонците

Бидејќи Македонците главно претставуваа импозантно мнозинство од населението, од што и можело да зависи кому ќе му припадне Македонија, тоа, заинтересираните страни ги ангажираа сите свои сили, вклучувајќи ја тука и науката за да ги прикажат било како Бугари, Грци или Срби, за да го имаат на своја страна при решавањето на македонското прашање според принципот на народноста.

Бугарските, грчките, српските, романските и мнозина европски писатели даваа контроверзни сведенија за Македонија и нејзиното население.

Балканските пропаганди во Македонија

Дискусиите околу националноста на Македонските Словени, во европскиот свет започнаа со прашањето: Дали се ова Грци или Бугари, а не дали тие претставуваат нешто трето и посебно? Тезата која малку подоцна се оформи од српските националисти дека Македонците се Срби, уште не се поставуваше, бидејќи самата српска влада, си до смртта на кнезот Михајло 1868 година пред себе имаше други цели и разбирања.

Меѓутоа и ваквото поставување на прашањето произлегуваше не од фактот дека тие навистина се Грци или Бугари, туку од замрсеноста на проблематиката што произлегуваше од една страна, од етничкиот состав на населението, а од друга, од турскиот начин на поделба на населението не врз етничкиот принцип, туку врз црковната припадност. Бидејќи Македонците беа под Цариградската патријаршија и како такви припадници на “грчката" вера, а по својот етнос Словени, тоа грчките и бугарските националисти сакаа да ги искористат секој за своите интереси. На едните им пречеше словенскиот етнос, на другите црквената припадност.

Грчките националисти кои сонуваа за Велика Елада, во ова време почнаа да тврдат пред Европа дека Македонците се пословенчени Грци, па според тоа и припаѓаат на грчката народност и држава. Бугарските пак лидери, поттикнувани од руските словенофили и од фактот дека Македонцските интелектуалци се декларираа како Бугари, тврдеа обратно, дека тие како Словени не можат да бидат Грци, туку се Бугари. Меѓутоа, додека едните “докажуваа" дека македонските Словени се Грци, а другите дека се Бугари, од самата македонска средина почнаа да се појавуваат луѓе кои на прашањето што се: Бугари или Грци одговараа дека тие не се ни Грци ни Бугари, туку Македонци, потомци на старите Македонци претставувајќи ги последните за Словени.

Види уште Бугаризација

Извори за Македонскиот идентитет

Напади врз Македонската национална самобитност

Тогаш, бугарските пропагатори удрија со голема жестина по ваквите македонски настапувања. Во овие настапи тие имаа силна подршка од грчките националисти Изјавите на Македонците за физиолошката врска со древните Македонци(Види Македонски извори за Македонскиот идентитет), беа слабата точка, по која тие удираа. "Како тоа денешните Македонци од словенско потекло да се викаат Македонци и своето потекло да го извлекуваат од древните Македонци, кога во времето на Филипа и Александар Македонски ниту во Македонија, ниту на Балканот имало Словени, кои на овие простории се населиле дури на крајот на 6 и во почетокот на 7 век?" Бугарските националисти се обидоа пред светот да докажат дека тука се работи за гркофилски настроени луѓе, кои од свои посебни интереси се декларираат со “грчкото" име Македонци.

Во почетокот, на тоа дека Македонците истакнуваа, дека не се ни Грци, ни Бугари, ни Власи туку Македонци, на почетокот многу слабо се обрнуваше внимание. Во Европа грчкото и бугарското кралско т.е. царско влијание беа многу посилни отколку македонското народно. Наспроти нив се јавуваа луѓе што се декларираа за Бугари или пак славофони Грци. Овие луѓе беа убедувани и плаќани од бугарските и грчките агитатори и агенти или како деца воспитувани во бугарските (егзархиски) и грчките (патријаршиски) училишта и цркви, дека тие се Бугари т.е. Грци. Дел од рускиот, српскиот и другиот славјански печат ги мислеше овие бугаризирани Македонци за вистинските водачи на македонскиот народ.

Така и Европа, на изјавите на македонските патриоти дека се Македонци, веруваше, како што изнесуваа бугарскиот царски двор и бугарските националисти, дека тие низ долгодишното грчко духовно ропство ја заборавиле својата бугарска народност, па го прифатиле македонското географско име, кое за тогашниот европски свет беше синоним на грчкото , особено што во жолчната дискусија околу народниот карактер на Македонците грчките националисти го земаа токму тоа именување на самите Македонци како најсилен “доказ" дека тие се “Грци".

Македонска национална преродба

Патот по кој мина македонскиот народ од своето будење па до полната национална афирмација беше толку сложен, што е многу тешко да се спореди со националното будење на кој и да е народ на Балканот. Од пробивот на капитализмот на почвата на Македонија, па до формирањето на македонската нација, македонскиот народ минуваше низ повеќе фази на преобразување што траеја половина век.

Една од најтрагичните околности во кои започна македонската национална преродба беше таа што токму во моментот кога почна да ги дава своите први знаци на посебен живот, во Македонија веќе беа присутни три соседни туѓи пропаганди. Тие веќе имаа постигнато своја независност и градеа стратегии] за ширење на своите држави на сметка на Македонија, додека Македонија т.е. Македонците сеуште се наоѓаа под османлиско турско ропство. Како поволна околност може да се смета дека Македонците за разлика од Србите, Грците и Бугарите не ја започнаа својата национална афирмација само со своето посебно изразито национално македонско име, туку за да се дистанцираат од Грците, тие во првиот момент истапија со општото име на народноста - Словени , како некој вид презиме.

Wednesday, January 24, 2007

DODGE 4 – 1924

Искрајно сум воодушевен што изворно можам да пратам еден весник како - Политика од 1904 до 1945 - кој е подигнат на Интернет ... до денеска пратев еден настан кој се однесуваше на Мара Бунева (во неколку поста 1,2,3) ... и изворно ги пренесов гледањата на тогашна Политика за овој настан – без многу мои коментари ... Ова ке биде последен пост од Политика од 1928 година ...

Ке се вратам назад на стартот на Политика од 1904 год. и ретро ке вадам по некоја интересна сторија ... Би сакал да можам паралелно да пратам уште некој друг весник од Бугарската штампа ... и сведската штампа Лондон – Париз – Беч – Берлин – Њујорк – Москва ... но за тоа веројатно ке почекаме уште малку време ... Верувам дека за кратко време сите ке ги подигнат старите весници на интернет ...

Во овој пост се работи за една реклама која ја видов во Политика од 1928 година на страна 14 – со наслов

“Зашто је ДОЏ најјефтинији аутомобил“

dodge 1 kolata.jpg

Затоа што издржува повеќе десетини иљади километри без никакви поправки.
Затоа што животниот век на ДОЏ е многу подолг од животниот век на други автомобили – бидејки издржува 250-300.000 километри.
Затоа што потрошувачката на бензин и на уље е сведена на најмала мерка а поправките се занемарливи.
Затоа што по американските статистики е докажано – дека кај продажбата на употребувани автомобили – употребуваните ДОЏ-ови се продаваат пропорционално најскапо во споредба со други автомобили ...

Ова погоре е рекламата од весникот ... подоле е слика на застапикот и цените на разните модели ...

dodge 2 reklamata.jpg

Се работи за автомобил – производство американската компанија Dodge Brothers Motor Vehicle Companyкоја почнува со производство во 1914 година – се до 1927 година компанијата е преземена од Chrysler Corporation – за да во 1998 година биде целата компанија на Chrysler заедно со Dodge преземена од Daimler-Benz.

Значи оснивачи на Dodge Brothers Motor Vehicle Company во 1901 година се John Francis Dodge и Horace Elgin Dodge во Detroit, Michigan. 1902 година компанијата на браќата Dodge му помага на Henry Ford да стартува со Ford Motor Company .

Во 1914 година компанијата се преименува во Dodge Brothers Motor Vehicle Company – за да од 1917 година почнат со производство и на камиони за армијата на САД ...

Во 1925 година Dodge Brothers Company беше преземена од Dillon, Read & Company за тогашни огромни 148 милиони долари – но за кратко потоа компанијата да биде купена од Chrysler Corporation во 1928 год.31 Јули.

Подолу ке ви дадам неколку фотки од старите аутомобили на Dodge .

Ова е истиот автомобил од горната слика - DODGE 4 – 1924


1917 Dodge Brothers Touring car.
1917 Dodge Brothers Touring car.
Dodge Brothers 4-Door Sedan, from a 1920 magazine advertisement.

Dodge Brothers 4-Door Sedan, from a 1920 magazine advertisement.

























Blog Archive

Site Meter