Не, не барам јас работа ... МК граѓани бараат работа. Во очај пишуваат меилови на секаде, па дури и на мојот меил. По вторпат добивам меил од ист човек кој го праќа преку своја другарка која очито има меил:
Search This Blog
Saturday, December 04, 2010
Friday, November 26, 2010
Денот на Булките - Денот на незаборавот ... Комеморација на Англиските воени гробишта во Скопје
сл.1 На Британските гробишта во Скопје, на 14 Ноември во присуство на претставници на британската амбасада, дипломатскиот кор и претставници на македонското Министерство за одбрана, беше одбележан Денот на незаборавот, посветен на милионите загинати војници во војните во изминатиот еден век. Денот на незаборавот или Денот на булката се одбележува секоја година во втората недела на ноември, во чест на крајот на Првата светска војна, која заврши во 11 часот, на 11. ден на 11. месец од 1918 година. Дури 45 милиони булки, симбол на незаборав за загинатите, беа поделени годинава низ светот.
- Remembrance Day (also known as Poppy Day, Armistice Day or Veterans Day) is a memorial day observed in Commonwealth countries to remember the members of their armed forces who have died on duty since World War I. This day, or alternative dates, are also recognised as special days for war remembrances in many non-Commonwealth countries.
- Remembrance Day in Britain ...
Thursday, November 04, 2010
Friday, October 29, 2010
Saturday, October 23, 2010
Циклуси на животот и смртта - каде што течела вода пак ке тече ... перпетуум мобиле
Хм, од каде да почнам - од природата се разбира. Учиме од неа, таа ни е првата и најважна учителка, таа ни е инспирација и надеж ... Во неа се се одвива циклично, се се раѓа живее и завршува во циклусот на смртта. Но со смрта не завршува циклусот, со смрта само материјата се претвара од една во друга со посредство на енергија од секаков вид ... Што е вечно всушност - енергијата би рекол и цикличното движење на природата. Ако воопшто постои перпетуум мобиле тоа се наоѓа во енергијата која е најважната алка во циклусите на животот и смрта. Каде што течела вода пак ке тече.
Friday, October 22, 2010
Жолто есенско цвеќе …
Жолто есенско цвеќе, во дворот на мајками … ако некој го препознае како се вика нека ми јави …
Есенски цвет во Градски парк Скопје
Пред некој ден бев во Градски парк Скопје, снимив неколку фотки … есента доцни оваа година …
Thursday, October 21, 2010
Wednesday, October 20, 2010
ЛЕК ЗА РЕУМА - произлезен од народната кујна ... Rheumatism
- Таблети АНАЛГИН една табла/скатула - Силни болки од различно потекло: главоболка, забоболка, невралгии на n. trigeminus, herpes zoster, лумбаго, ишијалгија, болки кај акутен и кај хроничен ревматизам, болки кај вонзглобен ревматизам, мускулни болки, болки после траума, постоперативни болки, болки кај малигни заболувања, ренални и билијарни колики; ...
- Таблети АНДОЛ една табла/скатула - Andol® je pravi izbor i prva pomoć kod povišene tjelesne temperature, različitih vrsta bolova poput glavobolje, zubobolje, mišićne boli te menstrualnih bolova, a ima i vrlo važan protuupalni učinak. ...
- Кристали едно пакетче од апотека ... MENTOL KRISTALI 10g ...
- Ракија 500 МЛ - лута ...
- Се заедно се меша, одстојува 24 часа - потоа се нанесува со блага масажа на местата каде се осеќа реумата, каде боли де ... пред секоја употреба за да се распоредат правилно сите состојки од шишето во кое се чува дозата - треба добро да се промеша ...
За жал не било кај Цаци главниот проблем реумата, која секако беше дијагностицирана. Си замина од овој свет во тешки болки на клиника (Онкологија-Радиологија) од болест која и беше дијагностицирана пред скоро шест години, од болест за која се зрачеше и примаше дози на цитостатици, за која одеше на редовни контроли и мислевме, ... бевме убедени дека ја снемало ...
Постот е посветен во спомен на ЦАЦИ ... при крај на месецот ке навршат шест месеци од нејзиното трајно заминување од овој свет.
- ЗБОГУМ НАЈСАКАНА, СЛАВИЦА (ЦАЦИ) ДИМИТРИЈЕВИЌ 1954 – 2010
- Како понатака ?!
- Вознесение на душата на четириесетиот ден
- Сардели од мојата/нашата тераса …
- Ми недостасува …
- ОДЛЕТАА …
- Ти ветив …
- Симит погача
Tuesday, October 19, 2010
Monday, October 18, 2010
ПРЖЕНКО
сл.1 Прженко во две варијанти ... мое омилено јадење летово ...
Sunday, October 17, 2010
АЈВАР ВО ТРИ ДЕНА ...
сл.1 За да дојдеам до оваа слика каде го пробоав мојот ајвар, ми требаше три дена ... првиот ден гп пазарував мастрафот: 35 кг пиперка ајварка, седум килограми модри патлиџани, три килограми моркови, две главици лук, две китки магдонос, две кила зејтин, малку шекер малку оцет, сол о вкус ... Се започна барајки го малово шпоре за зимица ... ќунки и слични потребштини, нивна монтања на најдолната тераса - таму најмалку дува ...
Friday, October 15, 2010
Рана есен и мојот АЈВАР
сл.1 Излегов да пазарувам, надвор ме дочека рана есен ...
Thursday, October 14, 2010
ЧАЈ ... Tea
сл.1 ЧАЈ ... Tea
Чај купен од пазарче, набран во блиските планински ливади, во чисти средини - го берат луѓе кои знаат кога и каде да го наберат. Планински кој највеќе го сакам и го мешам со Кантарион и Мајчина душица ... Лекот на уста влегува ..
Чај купен од пазарче, набран во блиските планински ливади, во чисти средини - го берат луѓе кои знаат кога и каде да го наберат. Планински кој највеќе го сакам и го мешам со Кантарион и Мајчина душица ... Лекот на уста влегува ..
Tuesday, October 12, 2010
КОМПОТ ОД ДУЊИ
Се започна вчера. Бев во дворот на тетин Иван (мене не ми е тетин, ама им е на тие со кои бев кај него). Во дворот има две дуњи прилично големи. И другпат ми има давано дуњи. ЦАЦИ обожаваше да ги јаде. Едно од ретките овоштија што ги јадеше со сласт. И другпат имаме правено компот од дуњи. Дуњи ни даваше и чичко Лазо од старата зграда, бог да го прости и тој имаше голем овоштарник и стално ми носеше дуњи или ке ми речеше: ај дојди утре да ти дадам дуњи. Како и да е јас добив седум, осум килограми дуњи и решив пак да правам компот од дуњи.
Sunday, October 10, 2010
Friday, October 08, 2010
Wednesday, October 06, 2010
Го напуштам и јас
сл.1
Го напушти Ти
Ана одлета
Војо одлета
Го напушам и Јас
со себе ги понесувам спомените,
на нас и нашиот живот во него …
на многуте радости,
на раснењето на нашите деца …
неможам во него без тебе …
Она што ти ветив – остварив/остварувам …
Ветувам нема да те заборавам …
Во спомен на ЦАЦИ …
Tuesday, October 05, 2010
Симит погача
Денес доручкував
ем симит, ем погача
толку многу ја сакаше ...
Sunday, October 03, 2010
Wednesday, September 22, 2010
Државен рекет
Во услови на огроман сиромаштија и невработеност, на изолација од ЕУ – државата тренира строгоќа врз својот народ. Врз кого, ако не токму врз сиромаштијата и невработените. Тие се најбројни. На сите врати труби дека своите пари од народот ке ги утерува со присилна наплата. ОК – не е тоа новост, така се справуваат со наплатата повеќето држави во светот. Данокот мора да се плати. Но се ли се среди, па присилната наплата кон државата да се средува. Гледам “падна“ невработеноста, се “профелионализира“ администрацијата и драстично се “намали“ … пораснаа платите и пензиите …
Saturday, September 18, 2010
Saturday, September 11, 2010
Ти ветив …
Ветив дека ке се грижам за децата
Едното е пред одбрана на магистерскиот
Другото веќе сви свое гнездо
Едното е пред одбрана на магистерскиот
Другото веќе сви свое гнездо
Tuesday, August 31, 2010
„Млекото“ ми го мути паметот …
Си бил еден „Пастир“ – напасувал овци и ги стрижел, живеел скромно но бил славен - лечел со чудна моќ … Лечел кичми на жени што имале мака … Жена ке се пожалела дека ја боли „кичмата“, и за лек правец кај „Патирот“ … Третманот бил прост, тој ке ја напупел жената одпозади и додека работел го терал мажот да сипува козјо млеко, тој терал мажот сипувал млаеко … Многу мажи велеле дека тоа личи на ебавање, ама млекото им го матело паметот – но жените велеле дека е тоа само лек за нивната „кичма“ и барале нов третман … Пастирот имал полн скежуал …
Saturday, August 28, 2010
Успение на Пресвета Богородица … Св. Ѓорѓи Старо Нагоричане … репринт
Sunday, August 15, 2010
ОДЛЕТАА …
Ги родивме
ги доевме
ги бањавме
ги учевме
ги каравме
ги доевме
ги бањавме
ги учевме
ги каравме
Порасна
свои гнезда свија
одлетаа
свои гнезда свија
одлетаа
Мисијата на
природата
ја исполнивме
сега сами летаат
свои гнезда вијат
свои пилци ке пилат …
природата
ја исполнивме
сега сами летаат
свои гнезда вијат
свои пилци ке пилат …
Посветено на ЦАЦИ
Saturday, August 14, 2010
Трајче и ЕУ
Трајче е сега веќе средновечен маж. Транзицијата ја започна женејки се со Трпана. Трајче е горделив Македононец и непоправлив борец за Македонизмот. Името на државата и на нацијата му значат се, особено се грижи да не го изгуби Националниот идентитет. Тој е во првите редови кога треба да се брани името и идентитот.
Tuesday, August 03, 2010
Вчера сакав да одам во Крушево – со бесплатниот превоз …
Керками која е на поздипломски во САД посака да запали свеќа на гробот на Тоше во Крушево. Слушајки дека има организиран автобуски превоз за Крушево кој е платен од буџетот – мислев дека е добра идеја да појдеме до Крушево. Добро е што во последен момент се откажавме од идејата и појдовме на падините на Водно. Ке не симнеа од автобус и нас, како што симнале некои кои не биле пријавени во партијските штабови на ВмроДпмне. Нели Ви е чудно што никаде на интернет немаше објава од каде поаѓаат автобусите. А рекламата за автобускиот превоз одеше само на МТВ.
Земи кредит – за да платиш рата од стар кредит … купи ден помини
Ова е дведецениска практика на Македонскиот народ кој со неколку картици во џебот им прави обрт на банките. Тие се разбира тријат раце. Но кога ова го прави државата, се гледа дека и кај неа дошло времето „купи ден помини“. Државата редовно повеќе од две години постено го зголемува месечното задолжување кај домашните банки. Две третини од новиот кредит е да се плати месечната доспеана рата (Пирамидално државно задолжување ?) – една третина да се дополни буџетот за пензи и плати за администрацијата. Банките тријат раце. Тие во нашата економија се единствените во ќар …
Sunday, August 01, 2010
Saturday, July 31, 2010
Манастир Свети Отец Прохор Пчињски
Манастир Свети Отец Прохор Пчињски
Триесетини километри јужно од Врање, два километра од границата со Македонија - на левата страна на реката Пчиња се наоѓа Манастирскиот комплекс посветен на Светиот Отец Прохор Пчињски. Како што видовме во предходниот пост на местото каде што починал Свети Отец Прохор Пчињски Роман IV Диоген (1067-1071) изградил базилика/еднокорабна црква како што му ветил на Светиот Отец - кога се сретнале во лов а Светиот Отец му предскажак дека ке стане Византиски Цар ... Во XI век или на почетокот на XII век Роман IV Диоген изградил скромна еднокорабна црква/базилика.
- Политички догађаји који су се одиграли крајем Х и почетком XI века, морали су оставити трага у градитељству ове области. Победом Василија II (976-1025) над Самуилом, Византија је вратила раније изгубљене територије Балканског полуострва, што је захтевало реорганизовање политичке и црквене управе и стављење становништва под његов утицај. Царском повељом из 1020. године, Василије II реорганизовао је Охридску патријаршију, сада архиепископију, у којој се спомиње епископија Морзовишка, у чијем саставу је поред осталих места и Козјак - данас име планине у чијем подножју се налази манастир св. Прохора Пчињског. Њега је изградио византијски цар Роман IV Диоген (1067-1071), на молбу потоњег свеца и патрона храма Прохора Пчињског. Систематска археолошка ископавања уз свестранију анализу досадашњих сазнања, потврдила би тврдњу да је првобитна скромна једнобродна црква саграђена у XI веку или почетком XII столећа.
- Једна од најопсежнијих обнова заслуга је краља Милутина, који је ангажовао 1316. или 1317. године солунске сликаре Михаила и Евтихија да осликају нови храм. После косовске битке манастир су разорили Османлије, а 1489. године обновио га је Марин из Кратова. Тада је осликан фрескама које се убрајају у најзначајније уметничке творевине свог времена. У 16. веку у манастиру је постојала сликарска радионица, чији су мајстори сликали фреске великих ликовних вредности у капели на јужној страни цркве.
По војувањата со Византија меѓу 1180-1190 српскиот Цар Немања ја освојува областа околу Врање. Св. Сава во 1220 прави реорганизација на црквата во кралството на Србите каде веднаш видно место и се дава на Црквата посветена на Светиот Отец Прохор Пчињски. Светиот Крал Милутин 1316 или 1317 година ја реизградува Црквата и ја иконописува ангажирајки ги познатите сликари/иконописци Михаил и Евтихије, истите кои ја фрескоживописуваат Црквата Свети Ѓорѓи во Старо Нагоричане и "Св. Богородица Перивлепта” во Охрид. Сегашната монументална повеќеекуполна црква, изградена е 1898. година.Во самата црква има три слоја на фрескоживопис ... Моштите на светиот отец се сместени од десната стрна на олтарот. Од моштите тече Миро кое има посебно значение за верниците кои веруваат во исцелителските моќи на Мирото.
Манастирските конаци се изградени меѓу 1854 и 1862. године по заслуга на Хаџи-Михаил Погачаревиќ, трговец од Врање. Конаците се неколкупати реобновувани за сега повторно да светнат со сиот сјај. Во нив има многу нови и современи содржин, огромен ресторант, сместувачки капацитети за ноќевање, конгресна сала ... При реконструкцијата на конаците секојпат се трудело да се задржи автентичноста.
За Република Македонија Манастирскиот комплекс посветен на Светиот Отец Прохор Пчињски има посебно значение поради одржувањето на Првото заседание на АСНОМ на 2 Август 1944 година, кога се удрени темелите на Македонската државност ...
Попат до Манастирот Свети Отец Прохор Пчињски, можно е да посетите уште неколку локации зависно од вашата желба и расположиво бреме:
- На локацијата број еден може да се посетат пет цркви на едно место.5-те Цркви (Лавра) кај Дељадровце … близу Миладиновце и Рафинеријата ОКТА … … Манастирски комплекс Св. Ѓорѓи с. Дељадровце …
- Во Куманово има три цркви: Св.Никола, Света Троица и Св.Ѓорѓи.
- На оваа локација можете да го посетите меморијалниот споменик Заебарњак.
- На оваа локација можете да ја посетите Костоперска карпа и двете цркви св.Петка и св.Ѓорѓи
- Тука е прекрасната Црква Св.Ѓорѓи Старо Нагоричане
- Меморијален комплекс Пељинце.
- Манастир Свети Прохор Пчињски
- Кокино
- Бања Стрновац
Појдите, посетете го, доживејте го … попат изберете уше некоја од понудените локации на горната мапа … добра кафеана имате или во склоп на Бањата Стрновац или во Етно село … но има добар ресторан и во оквир на самиот Манастир.
- Свети Прохор Пчински духовен и историски светилник
- www.prohorpcinjski.com
- Манастир Прохор Пчињски
- Пчински манастир
- Манастир Св. Прохор Пчињски
- Konak u manastiru Prohor Pčinjski
Subscribe to:
Posts (Atom)
Blog Archive
-
▼
2010
(239)
-
►
October
(18)
- Бурма ... Порака
- Ми недостасува …
- Циклуси на животот и смртта - каде што течела вода...
- Жолто есенско цвеќе …
- Есенски цвет во Градски парк Скопје
- Јаболки ... Appls
- ЛЕК ЗА РЕУМА - произлезен од народната кујна ... R...
- НАЛЕПНИЦИ
- ПРЖЕНКО
- АЈВАР ВО ТРИ ДЕНА ...
- Рана есен и мојот АЈВАР
- ЧАЈ ... Tea
- КОМПОТ ОД ДУЊИ
- Патина
- ПРОЗОР - ДУША
- Го напуштам и јас
- Симит погача
- Глас од Малта - SKOPJE BRITISH CEMETERY - CARMELO...
-
►
October
(18)