Search This Blog

Monday, January 29, 2007

Д-р ТОДОРОВСКИ ЗОРАН

Бев прозван до некои блогери да напишам некој ред за Д-р ТОДОРОВСКИ ЗОРАН – сегашниот директор на Архивот на Македонија – кој е во жижа на интересите на македонската јавност а во врска со – откривањето на дневникот на Крсте Петков Мисирков ...

Осем што знам од порано дека Д-р ТОДОРОВСКИ ЗОРАН е историчар по вокација – дека специјалност му е историјата на ВМРО ... дека произлегува од Институтот на Национална Историја на Македонија (ИНИ) ... дека еве втор пат е Директор на Архивот на Македонија (кога на власт е ВМРО-ДПМНЕ) – се друго што ке напишам за него го дознав од Интернет ...

Д-р ТОДОРОВСКИ ЗОРАН има издадено неколку книги:
-
ПЕСНИ ЗА МАКЕДОНИЈА, Владислав Ковачев, ред. З. Тодоровски. - 1997;
- Дејствувањето на автономическата ВМРО (1918-1924);
- Зборник на документи за Тодор Александров
- Се за Македонија
А има и многу интервјуа и написи по нашите весници и списанија ...






Во своите трудови – книги и изјави за весници Тодоровски јавно се залага за повторно препрочитување на Македонската историја ... Се залага за изедначување на делото на Тодор Александар и Гоце Делчев да речеме ... Понатака Тодоровски се залага за рехабилитација на жртвите на “комунистичкиот режим“ во повоена Македонија од 45-та па навака ... Тука многу се доближува до заложбите на Георгиевки (Кој со кого ке се помирува...) – па во партијската програма на ВМРО-ДПМНЕ во последните избори се ставени ветувањата за: Изградба на Музејот на ВМРО-ДПМНЕ; Рехабилитацијата на борците за самостојана Македонија од 45-та па навака; Одбележувањето на денот на формирање на ВМРО – како државен празник ...

За жртвите за независна Македонија по 45-та ке напише:




Во периодот од 1945 до 1993 околу 50.000 македонски граѓани се уапсени, депортирани, судени, затворани, осудени на смрт, стрелани, убиени, исчезнати или имале политички и затворски досиеја



.."Информација за преземените мерки на органите на власта спрема државјани на Р. Македонија за кои во периодот 1945-1993 година се располагало со основани сомненија дека дејствувале за формирање самостојна и обединета Македонија", изработена од МВР во 1993 година, во периодот 1945-1985 година вкупно во Македонија биле откриени 105 илегални групи и организации со над 1.200 припадници, чие дејствување било насочено кон "отцепување на Македонија од заедницата на југословенските народи и создавање самостојна и обединета Македонија". Од нив од слобода биле лишени 1.045 припадници на илегалните групи и организации, од кои 242 биле осудени на смрт или на временска казна до 15 години.
Во периодот од 1945 до 1980 година се одржале околу 700 политички процеси против членовите и припадниците на тајните организации и групи, на кои биле изречени стотици смртни пресуди и долгогодишни затворски казни.
За бројот на прогонуваните, затвораните и осудуваните лица со поинакви политички убедувања од постојниот комунистички режим доволно говорат 14.000 политички досиеја што ги водела Службата за државна безбедност при МВР и 22.000 затворски досиеја на затворените политички лица во затворот "Идризово", или вкупно 36.000 досиеја. Тоа се политички досиеја на лица (од разни возрасти и професии - револуционери, интелектуалци, лекари, студенти, обични и полуписмени селани, лица во поодмината возраст и ученици-гимназисти, деца на 16 години), затворани, осудувани, прогонувани и стрелани во периодот 1945-1985 година од новата македонска комунистичка власт само затоа што се бореле за самостојна, независна, демократска и граѓанска Република Македонија и за идеалите на ВМРО. Ова е можеби единствен пример во историјата на човештвото некој да биде осуден од сопствената власт за патриотизам, за љубов спрема сопствената татковина.
Според неофицијалните податоци, во периодот 1949-1951 биле затворени 7.330 средношколци, а само во затворот "Идризово" биле затворени 2.500 политички затвореници.
И на крајот, ако направиме рекапитулација од официјалните и од неофицијалните податоци, доаѓаме до бројка од околу 50.000 македонски граѓани: уапсени, депортирани, судени, затворани, осудени на смрт, стрелани, убиени, исчезнати и кои имале политички и затворски досиеја. А сето ова е направено под знакот на "српот и чеканот", во името на "диктатурата на пролетеријатот", а од страна на "авангардата на работничката класа".

Секоја историографија е недовршена и привремена, затоа што "секоја историја е историја на сегашноста" (Б. Кроче). Па затоа, секоја генерација повторно си ја пишува својата историја, затоа што историчарите на комунистичките режими речиси секогаш се необјективни. Историографските факти се производ на нивната идеолошка деформација, на нивното комунистичко сфаќање на историјата, бидејќи "со својата слободна волја влијаат на историскиот тек" (М. Грос). Тие не го научија основното правило на историската наука: "За да ја пишуваш историјата на достоен начин, треба да ја заборавиш својата вера, својата татковина и својата партија" (П. Буаст). Сепак, не треба да се заборави дека секој добар историчар си ја сака својата татковина, но никогаш не треба и слепо да Ј се додворува.
Затоа, во овој случај не ни останува ништо друго, туку да се повикаме на
поетот и револуционер Никола Вапцаров:
"Вината не е наша.
Вината беше туѓа
и врз други тежи сотонската одговорност.
Кога ќе дојде денот,
кога ќе биде потребно,
ние сў ќе Ј раскажеме
на мајката историја". ...

За разликите на Тоторовски и Кантарџиев зборува Тодоровски во своето интервју за Македонско сонце ... MONOPOL I POLITIKA VO ISTORISKATA NAUKА ...

Интересен е написот на Тодоровски во Дневник - Хероите на "нашето" и на "нивното" време ...

Тодоровски има свој допринос и во донесување на документацијата за Македонска патриотска организација (МПО) ...


Но на прашањето на фотокопирниот Дневник на Крсте Петков Мисирков – Тодоровски – се судри со бран на негодувања од Македонската јавност – од обичните граѓани до стручната јавност, а и голем бој на новинари ... за ова повеќе е пишуавно на мојот пост “Фотокопирна историја“ ... а интересен приод има и Време со написот - Отворено писмо од Крсте П. Мисирков до Зоран Тодоровски ...

1 comment:

Anonymous said...

што го не наjдив моjа коментар. ja прочита овa колумна
Уште робуваме на старите поделби

http://www.tribune.eu.com/articles/79.html

Blog Archive

Site Meter