Search This Blog

Friday, July 31, 2009

Кречам ама овојпат вистински по дома ...

Веќе неколку дена кречам вистински. Се вели - да го жалиш оној што гради куќа. Јас не изградив ни една куќа иако силно ја посакував. Цел живот го поминав во стан, осем детството кај мајками и дедоми. Имам два балкона од кои едниет е претворен во остава за гардероба. Ова ми е четврто живеалиште во мојот живот. Тука живеам веќе 21 година што е скоро половина од мојот живот.

Повеќе »

Почнав со кречење и средување на другата тераса. Со години (од кречење до кречење) на неа се одлага тоа што ти смеќава по дома. Од тука работите одат во остава па следно во подрум. Оваа година се решив на старата проверена макслима. Се што не си фатил во раце последните три години и си заборавил дека го имаш треба да се фрли т.е. подари на сиромаштија ако се работи за облека и за ствар која сеуште е исправна.

Кога кречиш тогаш е најдобро се да се извади од сите орамри да се пребришат комплетно од сите страни. По средувањето ке добиеш празни простори. По завршувањето на кречењето веројатно ке заминам неколку дена на некое МК езеро и во бањата во моето село (малку да ја средам реумата ...).

1 comment:

Anonymous said...

И зошто мислиш дека некого интересира дека ти кречиш?Сите кречат,ама тоа никој не му паднало на памет да го става на блог.
ПС Кога ќе искречиш,јави ни дека си се истуширал.Нормално и процесот како треба да се тушира човек.

Blog Archive

Site Meter