Search This Blog

Friday, June 02, 2006

Македонија - слободна царинска зона !!?

Од Циле навака и неговата фамозна милијарда во Македонија се афирмира идејата за Слободна царинска зона. Во почетокот Циле имаше идеја да ги донесе најголемите светски мајстори за правење на царински зони - Тајванците. Но што се деси, најпрвин неговиот коалиционен партнер ВМРО на Георгиевски иако ја прифати идејата ставаше големи и мали сопки во остварувањето на идета. Најверојатно затоа што не гледаше директен финансиски интерес за себе и својата партија. Така да по двегодишното учество на Циле во власта, идејата за зоната почна да пропаѓа. Единствениот партнер Тајван со тек на време се повлече под притисок на несериозноста на ВМРО на Георгиевски и политичкото противење на СДСМ.

Кога сме кај СДСМ тој самиот од старт се противеше на идејата за Слободни царински зони - велејки дека такви се формираат само во земји кои се опкружени со море. А не им се вклопуваше во нивната идеја за Приватизација на Македонското стопанство - која беше заснована на концепт на криминална приватизација на постоечката структура на луѓе, кои беа носители на финасовото лоби во СДСМ.

Одненадеш последната влада на СДСМ во последната година од своето владение во недостаток на други економски идеии а по напуштањето на СДСМ на дел од Финасиското лоби ја фаворизира сега како своја и во неа гледа голем спас за Македонија Слободната царинска зона. Онаа идеја на Топурковски која беше напаѓана и исмејувана од сите страни.

За да ја демистифицирам идејата а слободна царинсказона (јас би рекол Слободна економска зона) во наредните постови ке пробам да дефинирам што е тоа Слободна царинска зона и какви се искуствата во светот со неа. Имали за Македонија иднина во идејата на Слободна царинска зона. И која земја како ја спроведува идејата и со кој успех.

Потик за оваа серија на написи во мојот блог е денешниот напис во Вечер
НАСКОРО ЌЕ СТИГНЕ ИНИЦИЈАТИВА ДО ВЛАДАТА


Конзорциум од топ-фирми бара половина од Бунарџик?

ТИЕ БАРААТ ИСТИ УСЛОВИ ЗА ДА МЕНАЏИРААТ ДЕЛ ОД ЗОНАТА, КАКО ШТО И` БЕА ПОНУДЕНИ НА АМЕРИКАНСКАТА КОМПАНИЈА "ЏОНСОН КОНТРОЛС", КОЈА ЌЕ ГРАДИ ФАБРИКА

3 comments:

Anonymous said...

Your are Nice. And so is your site! Maybe you need some more pictures. Will return in the near future.
»

Photo Volan said...

Благодарам на советот. :):)

Anonymous said...

I love your website. It has a lot of great pictures and is very informative.
»

Blog Archive

Site Meter