Search This Blog

Tuesday, June 02, 2009

Случај Фершпед ... затварање на профитабилни компании ... пораката е или си со нас или ке те нема ...

Фершпед денеска добива забрана за работење во шпедитерската дејност, поради долг од десетина иљади евра кон царинската управа. По предходно затварање на Макошед, сега и најголемата шпедитерска македонска компанија ке биде приморана да бара нов бизнис за своите вработени.

Повеќе »

Предходно на Фершпед му беше одземена дозвола за работа со Јавни Цариснки Складишта и покрај тоа што има најголеми царински магацини. Сега Јавните царински складишта се префрлени во неколку ноновомпонирани фирми кои ги контролираат луѓе блиски до владеачката партија ... На Фершпед предходно му беа одземени лиценците за приредување на игри на среќа (Лотарија на Македонија) - со идеја да се формира државна лотарија. Бизнисот се затвори а нови лиценци сеуште не се доделени. Пред некој ден слушавме дека по граничните премини се затвараат представништвата на компаниите кои се таму сместени во времени објекти.

Видлива е заложбата на владеачката партија економски да ги уништи моќните компании кои ги финасираа нивните политички противници, со тоа во иднина да ги оневозможи своите политички конкуренти да имаат финасиери. Во секој нов економски закон се внесуваат нови правила за игра. Потребни се лиценци кои ги ништат предходните дозволи за работа. Пораката е или си со нас или ке те нема.

По блогосферата гледам многумина кои се радуваат на затварање на работни места ...

4 comments:

Anonymous said...

Многу неинтелигентно ВОЛАНЕ.
Кога сакаш да критикуваш нешто подобро земи си ги аргументите в рака ,не сме ние овде некои дебили за ти да можеш да не третираш така.
Што мислиш каде живееш на МАРС или во Туркменистан,мада верувам дека ни таму нема такви како тебе.Ова е правна држава,владеење на правото е темелна вредност.Што порака праќаш ...........дека ако некој вработува луѓе може да краде и да не одговара на никого и ништо.Демек вработувале луѓето па ај сеа за 10.000 евра,уште во насловот трескаш со пискот велиш "поради долг од десетина иљади евра ".Во светот луѓе високи и угледни државници лежат во затвор по 5 години затоа што не платиле казна за брзо возење будало една,ти ли најде да не просветлуваш како треба да функционира државата.Така ли ги учиш децата ...??? Ако се работи сине за десетина илјади евра на некој човек мавнете му ги не е страшно ако сакате да отворите фирма и да вработите уште петмина!!!!! ПА тоа се мои пари колку што се и твои бе.Со Домашната работа што ти ја дал ГЕРО и Милчин подобро сработи ај немој само копи пејст.Нека ми даде и мене државата да бидам шпедитер без да плаќам даноци и сите останати давачки па ќе те вработам и тебе за да не трескаш глупости по интернет.

Anonymous said...

Еве ти и пример како треба да ги воспитуваш децата и како треба да продолжи владата да пробува конечно да ја стави во функција правната држава во корист на граѓаните затоа што сите се еднакви пред законот и никој не е поеднаков од другите лудаку.
http://www.theaustralian.news.com.au/story/0,25197,25215177-601,00.html

Anonymous said...

До пациентов нафуран од погоре... Незнам само што се разбираш ти од бизнис клима во Македонија али тоа е најверојатно пошто си некој таксист или бербер па слушаш празни пирказни од тук-там луѓе. Никој не рече дека е за 10.000 еур него се работи за неправда и постојан притисок (ако не се ежиш дур го читаш тексот можеби и ќе го разбереш) кој се врши врз многу компании. Прашање е дали ти можеш тоа да го видиш или согледаш, но најверојатно не пошто гарант си некое ВМРОВСКО копито нафурано на комунистите кои веќе одамна не постојат. Разбери дека преку тасе ни е од надуени политичари, жешки глави и куп пациенти кои немаат ни школо ни 2 саата работен стаж да се шетаат насекаде со став "слушај ме ти мене да ти кажам реално како е работава" Нема по иритирачко нешто од прост чоек кога сее правда и регулира систем. Да ти се слоши! Не сме сите дебили овдека, не сме само вреќа сељачаана и билдери кои гледаат слепо на работите наоколу... мисли малце не со глава кроз ѕид! Иначе ако прочиташ во тексот на кој си го дал линкот судијата нема да лежи затвор зашто не платил казна туку дека лажел во своите изјави пред судот - и он мислел ко тебе дека се ќе пројде онака ко што мисли он... Поздрав!

Anonymous said...

Јас не сум таксист ни пак бербер туку ти си тврдо немиено копито кое мисли дека работите се зададени сами по себе.Мене ми е преку кур од такви надуени паланечки коментатори кои морализираат на секоја критика и коментар.
Не прифаќам навреди од подуена и полудена од чмаење во формалин багра која најдалеку била до Будва или Благоевград.И ако беше малце поинтелигентен ќе ја сфатеше поентата на линкот за судијата без .Изворот на нормаѕа која е прекршена за која следи санкција е СООБРАЌАЈНИОТ ПРЕКРШОК.

Blog Archive

Site Meter