Search This Blog
Friday, June 30, 2006
Влада без малите партии
Прашање е дали за граѓаните е добра ваква распределба на Пратеничките места. По мое длабоко уверување не.
Големите партии се менуваат на власт во “жална Македонија“ (проф.Марјановиќ-израз) веќе 15 години. И што направија. Ништо за народот а многу за себе и своите џебови.
За ова секако највеќе допринесува изборниот модел каде е многу висок прагот за да се влезе во делење на мандатите. Ако не се лажам прагот е 5 проценти. Е сега ова нема да се смени се додека не влезат во парламент мали партии и не го прилагодат изборниот модел на помалите партии.
Уствари најголема пречка за демократските процеси се централизмот во Големите партии и што партиите се всушност човек партии....
За ова повеќе размислува Утрински од денеска. Линк тука.
“..Бучковски и Груевски ги убедуваат граѓаните да не гласаат за помалите политички партии за да не бидат уценувани потоа..“
“Обратно. Првите луѓе на НСДП, Тито Петковски, на ДОМ, Лилјана Поповска, па и неформалниот лидер на ВМРО-Народна, Љупчо Георгиевски, упорно го потенцираат значењето на гласот што ќе го добијат на изборите и ја форсираат тезата дека влегувањето на нивните партии во идната влада ќе значи поголема контрола и отчетност во работењето на големите партии..“
Искуството од досегашните избори потврди едно правило за нашите пратеници. Тие лесно и за мали пари се поткупуваат од водечката партија и се понашаат како сончогледи.
Ни нема спас од нашиве пратеници и незнам кај е излезот од сето ова...
Thursday, June 29, 2006
Писмото на античките Македонци
Но Македонските научници Академик Томе Бошевски и проф. Аристотел Тентов од Електротехничкиот факултет, по неколкугодишни истражувања велат дека е дешифриран текст на Египетски камен во местото Розета.
За сето ова пишува денешно Време. Линк тука.
“..Таканаречениот Камен од Розета содржи текст со три писма: со египетски хиероглифи, со непознато писмо во средината наречено демотско и со старогрчко писмо. Текстот од старогрчки е преведен наскоро по откривањето, а врз негова основа се дешифрирани и хиероглифите. Сега првпат е дешифриран и средниот текст, за кој Бошевски и Тентов тврдат дека е напишан на антички македонски јазик..“
“..Досега светската наука имаше став дека античките Македонци биле неписмени, дека од нивниот јазик не останала запишана ниту една реченица, а камоли цел текст, и тоа доста голем. .“
МРТВ - претплата
Сега кога е одвоена претплатата од сметката за струја - еве јавно кажувам не плаќам веќе претплата - како и поголемиот дел од Македонскиот народ што не плаќаше до сега. Ова изгледа ке биде првата граѓанска непослушност која спонтано сама по себе ја организираше Македонскиот народ.
Квалитетот на програмите на МРТВ се многу слаби и малку гледани. Куќата отмено пропаѓа во долгови. Видете само колку мизерни се ТВ преносите на Светското првенство во фудбал. Посебна прикаска за себе се коментаторите кои не знаат да го задржат вниманието на гледачот со соодветно уфрлање на разноразни податоци од интернет - за фудбалерите или нивните земји. Го пренесуваат преносот со податоци кои и сами ги гледаме. Ние и самите гледаме дека е топката на лева страна и....
Разни радио коментатори привлекоа повеќе и појаки спонзори од самата МРТВ. Значи не ги бива.
Па ако сакаат политичките партии да имаат свој медиум , додека се на власт нека го направат тоа со пари од буџетот.
За МРТВ пишува и денешен Дневник. Линк тука.
Wednesday, June 28, 2006
Јужниот бедем на Кале - пред паѓање
Се ми се чини дека е во прашање нешто друго. Парите што се доделуваат за вакви намени се трошат на администрација и други трошоци - па нема пари за градежни работи.
Се сеќавате колку години се реконструираша Камениот Мост во Скопје.
Еве најнова вест - што и не е така нова е дека има опасност да падне дел од Јужниот бедем од Скопското кале - поради неговата перманентна влажност и недостаток на соодветна дренажа. Иако го знаат проблемот надлежните велат - немаме пари да го решиме проблемот. И што сега кој ке биде кривецот кога ке се урне зидот - како што се урна и дел на зидот во Самоиловата тврдина.
Повеќе во денешниот напис на Вест. Линк тука.
Македонскиот јазик не постои !!?
Вака накусо можат да се ремизираат острите реакции на познати бугарски лингвисти, историчари и политичари по неодамнешното барање на партијата на Македонците за изучување македонски јазик во училиштата каде што се школуваат нивните деца и за воведување програми на македонски јазик на државната телевизија и радио..“
Ова прочитајте го во денеше Утрински “Македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот, тврди Софија “
Пенали
Но кај самите изграчи а посебно кај оние што се изведувачи возбудата е екстремно голема.
За ова пишува денешен Вечер. Линк тука.
Tuesday, June 27, 2006
И Камбаните ги крадат
Линк тука.
Посмртен марш за Владата по втор пат
Дали е ова почеток на нова мода и сугестија како и кога да си ги решиме проблемите.
Повеќе линк тука.
“..ќе преовлада ли разумот и Владата подлабоко ќе го разгледа нашето барање. Вкупната сума што музичарите ја бараат за покачување на платите е само 5.000 евра, кои треба да ни бидат поделени на дванаесет рати ..“
Партнер за бриџ
Партнерите за бриџ Ворен Бафет и Бил Гејтс играјки бриџ во некоја досадна топла вечер се договориле да формираат фондација тешка преку 30 милијарди долари.
Толку ли им се здосади животот!? Повеќе тука. Или се работи на смислен начин како да не платат огромни суми на Данок на добивка па сегра вака они ке бидат тие кои ке ги делат нивните тешкозаработени пари ?!
Мимикријата на МТ
Но напротив овие четири години сме ошишани од МТ како никојпат до сега, а монополскат позиција не се разниша на МТ. И тоа се со помош на Владата која се насладуваше од дивидендата која им ја даваше МТ одкако предходно повеќе од пола од дивиденда ќе ги одлееше од земјата на сомнителни трансакции - за што ЕУ го обвини Маѓар Телеком - но ниеден наш ревизор или даночна управа или владина институција (АЕК) збор не кажа за тоа.
Ваква Мимикрија скапо ке ја кошта оваа владечка гарнитура. Ке ги изгуби изборите.
И сега еве ја пак Владата ПРИТИСКА. Линк тука.
Нормално е дека Маѓар Телеком или кој сега е газда на нашиот Телеком да посака да ја игра истата игра со Новата Влада. И затоа предвидувам дека за дивидендата Телекомот “ке преговара“ со новата Влада.
ЖЕШКО
Тука ке најдете препорака како да се спасите од жешкото време.
“..Температура од околу 40 Целзиусови степени, силно ултравиолетово зрачење, голема влажност на воздухот што дополнително ќе создаде чувство на неподнослива топлина, пороен дожд, град и засилен ветер - вакво ќе биде до петок, кога се очекува кулминација на екстремното топло и тешко време..“
Тука авторот на написот сугерира со фотката да се разладуваме. Се слагам со него. Вода благословена да е.
Пред некој ден за ова пишав пост “Изгор лето - Кочан зима“.
Линк тука и тука .
Па разладете и развеселете ги очите посетувајки ги постовите на ова жешко време.
Пештера населена пред 50.000 пр. н. е - Здуње
Повеќе за ова прочитајте тука.
“..Нема двоумење дека во тоа време живееле неандерталците, бидејќи модерниот род се појавува пред околу 40.000 пр.н.е., додека последни траги од неандерталци постојат се до 30.000 години пр. н. е. Камените и коскените артефакти укажуваат на присуство на луѓе од времето кога се уште немало изработки и употреба на керамика (глина). Кварцот бил главна суровина која била употребувана за изработка на алатките, вели Коробар. Таа објаснува дека на простор од шест метри квадратни на длабочина од 70 см се откриени 6000 камени артефакти и 4900 наоди од животински коски. Најголем број остатоци потекнуваат од елени, а во помал број од: алпски козорог, дива свиња, пештерна хиена, мечка, дабар, птици, желка...“
"На картата на Балканот палеолитските и мезолитските локалитети се бројни. Тоа се должи пред се на подолгиот континуитет на ископувања и истражувања. Во Хрватска уште од крајот на 19 век работи професор Крамбергер и ја открива славната Крапина..“
“..Местоположбата на пештерата овозможува многу добра прегледност на околината, а особено кон долината на некогашната река Треска. Се наоѓа на 460 метри надморска височина и на 62 метри над релативната висина на тогашното ниво на оваа река. Со изградба на хидроцентралата Козјак и со полнењето на езерото, пештерата денес се наоѓа на 10 метри над водата и сериозно е загрозена од големо присуство на влага која во скоро време ќе предизвика распаѓање на коскениот материјал..“
Многу пати сум рекол и еве прилика пак да речам. Толку остатоци на цивилизации од различни периоди нема изгледа никаде на светот. Кај и да копнеш оп Археолошки локалитет. Дали озбилно ги сваќаме Археолозите и нивниот вапај, кои молат за средства за да откријат што повеќе од сокриеното под земјата наша....
Monday, June 26, 2006
Хидроцентрали VS. Археолози
Вакво предупредување упатува археологот Виктор Лилчиќ, професор на катедрата за археологија на Филозофскиот факултет во Скопје. Линк види тука.
“..Најмалку 16 градови-тврдини, од железното време до средниот век ќе бидат поплавени со изградбата на хидроцентралите „Чебрен“ и „Галиште“ на Црна Река кај Мариовско. Заедно со нив ќе биде поплавен и прастариот пат по кој поминал Александар Македонски со својата војска, многу култни места и некрополи..“
Португалија мој фаворит
Од секогаш ми биле симпатични Бразилците а богами и Бразилките како навивачки.:). Тие и сега по мене се најголем фаворит. Но на ова првенство сеуште немаа шанса да се искажат со своите квалитети.
Пасошко – 2
Вчеера пишував за една моја случка во пасошко.
Самото пасошко кое се пушти во употреба минатата година - се изгради веднаш до МРТВ е релативно добро овранизирано – ама само од внатре. Има доволен број шалтри – со тоа што има шпицови кои не се одстрануваат со отварање на нови шалтери за работа со граѓани – кога има гужва. Да се разбереме шалтери има доволен број но во шпицовите не работат доволно појачано.
Sunday, June 25, 2006
Пасошко
И сега јас како среќен татко кој доживеа со ова да биде горделив - затоа што децата му дораснаа да бидат свои - да имаат свои лични картим, си понесов апарат за да го сликам моментот за спомен. Така додека чекавме на празните шалтери, направив една фотка на синот како чека. И толку.
Од кај шалтерите се развика една “кокошка“:
“..Акој ти дозволи да сликаш..“ Ништо не и одговоривм ај викам да не ја лутам. За кратко време околу мене се собраа неколку млади полицајци и ме прашаа дали јас сликав. Да им реков - си го сликав синот за спомен. И им ја покажав фотката. Тогаш еден од нив ми рече - “..а дали знаете дека тука е забрането сликање..“
Тукна ми пукна филм и онака полу лутито одоворив дека не се во право. Прво нема никаде знак дека е забрането сликање. Второ ова е Јавна Институција и нема потреба Државата да се штити од своите Граѓани - башка што не сликав некој друг. Си го сликав синот. Се повикав на уставот дека е се дозволено што не е изричито забрането.
Бидејки полицајците сватија дека - не се рабти за некој “чпион“ - и одкако видоа дека си ги знам правата се повлекоа.
“Кокошката“ од позади шалтерот - не и беше право што не ми го одземаа апаратот....и така заврши спорната случка. Синот малку пребледе, бидејки не му беше пријатно од ситуацијата кога не опкружија неколку полицајци.
Си ја подигнавме Личната и изводот и си заминавме. Личната карта е сеуште со стариот изглед иако два деа пред тоа министертот за внатрешни се пофали со новите обрасци на лични карти и пасоши.
Држава без Крал не бидуе
Инаку кон написот ме привлече насловот на написот: “ГЛОБАЛЕН СЕЉАК - ХАВИЕР СОЛАНА“.
Кој стана повторно Актуелен со тоа што си ја обвини секретарката дека направила грешка во куцање кога не нарече пред некој ден Славомакедонци.
“..Се сеќавате, кога во 2001 година се прашувавме, пред се, дали овој човек е нормален; дали некоја друга европска земја би преговарала со терористи; дали може да опстане етнички мешана земја во која за одделните заедници важат различни закони; и, пред се, дали Солана би сакал да живее во таква земја каква што нам ни велеше да си направиме. Е па, сега знаете. Баш би живеел..“
Невинашце - О.К.
Колку повеќе Афери за корупција и Даночни афери - се појаки излегуваат. Тука имате прикаска за еден таков. Бре бре колку грижа за македонскиот спорт. Ја опраи кошарката па сега се сврте и фудбалот да ни го оправува. Како што ни го опраи и стопанството....
Saturday, June 24, 2006
Ревизор
Не нема да ви го раскажувам Гогољовиот Ревизор - Едвај и се сеќавам за што се работеше таму. Одамна беа моите школски денови кога ова беше обавезно четиво.
Тука ми е збор дека никој не ги есапи нашиот државен ревизор!!??
Иако обелоденија милионски проневери и го открија патот на народните пари по нелегалните трансакции на актуелните и на минатите политички гарнитури, досега речиси нема реакција од надлежните институции на ниту еден ревизорски извештај. Нема политичар кривично казнет по завршен судски процес поведен поради наодите во извештаите на Државниот завод за ревизија. Повеќе и изворно тука.
Катастар
Минатата директорка на Катасторот е осудена само една година за една афера со куќата на семејството Георгиевски. Плати за да не лежи затвор. Па после пу, пу - рече уставен суд не важи законот. И сега веројатно старата директорка психолошки се спрема да издржи тортура на затвор од година дена. Но за тоа веројатно е добро наградена - се виде од семејната куќа која свежо беше направена. Е сега може грев ке ме фати - можеби парите за куќата на старата директорка се најлегално заработени од тешката работа...
Но не ми беше збор Директорката на Катастарот во старата влада туку новата - која истотака продолжи со афери. Колку афери а нејзиното место не се затресе. Уво не и чуе. Еве денешно Време вели дека оваа Директорка на Катастарот ја има прошетано пола Европа т.е. прошетала најмалку 18 земји за време на нејзиниот три и полгодишен мандат.
Линк тука.
Како и да е моето личноискуство со катасарот е грозно. Вадење на имотен лист за стан што фамилијарно го поседуваме веќе 50 години ме кошташе две годишно врткање по ходниците на Катасарот. Онака си викав има ли спас. Се пупев низ малите прозорчиња кои се отвараа кога ке им завршесе паузата за ручек, па кафе паузата, па додека да заврши работа човекот што влегуваше преку ред директно во канцеларијата.
Постов требаше да заврши тука но барајки слика за Катастарот налетанв на еден стар напис на Вест 0д Број:1301 Сабота 10/30/2004
КОРУПЦИЈА И ЈАВАШЛАК ВО КАТАСТАРСКАТА УПРАВА
Дувло на аздисани службеници
“.. Кој нема работа во скопскиот Катастар во Тафталиџе, нека не влегува. Оние, пак, што мораат да влезат, Господ нека им е на помош. Ако човек не го удри инфаркт на самото место од безобразните, па дури и агресивни вработени, тогаш или ќе му се качи притисокот или ќе заврши на седативи..“
“.. Во оваа државна институција етиката и правилата за добро однесување за голем процент од вработените не постојат. Службениците со странките комуницираат со "бе" и "мори", а не се изненадување ни многу погрди квалификации..“
“..Редиците почнуваат уште кај главната врата каде што е шалтерот за имотни листови. Тука се чека и по еден саат, а важи за најбрзо завршена работа во Катастарот. Луѓето, натиснати еден до друг, си дишат во врат, се туткаат, но сепак, од немај-каде, трпеливо чекаат..“
“.. Веднаш до шалтерот за имотни листови е архивата каде што се примаат сите барања од граѓаните. Таму ужасот е уште поголем, бидејќи се примаат разни барања и документи, а работи само една службеничка. А неа, ако е во добрите, може и нешто да ја прашате, и да ви одговори. Но обично е зафатена со правење приватни муабети на фиксен или на мобилен телефон..“
“.. Спроти архивата се шалтерите за информации и обработка на барањата од сите скопски општини. За секоја општина има посебен шалтер, а внатре работат по 3-4 службенички. Иако е забранет влез за странки, оние што немаат врски и чекаат надвор пред шалтерот не можат на ред да дојдат за некоја информација, зашто канцеларијата внатре им е полна со "нивни луѓе". Ако некој се побуни до кога ќе чека, добива уличарски одговор од типот: "Што сакаш?"..“
“.. Заканите од граѓаните од типот "ќе те дадам на дисцилинска" не ги плашат, напротив им се главен виц. "Ма какви, никој ништо не ми може, разбра?!", редовно се силат. Или: "Слушај, ај напушти ја канцеларијава".
Нивните имиња и презимиња се тајна за граѓаните. Иако се државни службеници, на реверите не носат службени легитимации..“
“.. Директорката Јакимовска, која е од редовите на ЛДП, две години само во празно зборува дека ќе воведе ред, дека ќе ја спречи корупцијата која и самата официјално призна дека ја има, ќе модернизира европски, ќе воведе компјутеризација...“
“.. Коментарот на вработените е дека Катастарот е пред вистински колапс. Признаваат дека има невиден башибозук, но велат, на Катастарот му фалат организација и вистински луѓе на вистинско место за да го вратат угледот на оваа институција, чиј кредибилитет го докрајчи случајот "Вила Водно", за кој в затвор завршија неколку службеници на чело со ексдиректорката Тања Митровска..“
“.. Поради зачестените патувања на раководителите и на поголемите службеници во Катастар изминативе месеци, вработените на смешка оваа институција ја прекрстија во "Геотурс". Целта на патувањата се семинари, и тоа на големо, во земји како Шпанија, Австралија, САД, Турција, Унгарија, Португалија. А бидејќи семинарите траат и по неколку недели, фрчат и дебели дневници. Бисера Јакимовска, директор на Републичката геодетска управа, на прашањето што научиле раководителите од семинарите, вклучувајќи ја и неа самата на оние на кои била, кажа само дека нема време неделава за средба со медиуми..“
Тоше - Бренд
Еве сега на големо се зборува за Тоше и неговиот пробив на меѓународната светска сцена. Тоше потпиша договор со Англиска продуцентска куќа чиј менаџерот Ричард Енглер, кој имаше вчера прес-конференција во скопскиот „Холидеј ин“.
Повеќе тука.
“..Кариерата во Англија Тоше ќе ја почне со снимање песни што ќе го истакнат неговиот вокал, со нов имиџ, реализирање спотови и со фотосесии. Во наредниве четири години, тој ќе сними три албуми, а за неколку недели ќе отпатува во Јамајка, каде што ќе сними спот и ќе се прават песни за неговиот прв проект..“
“.. Зад неговата кариера ќе застане британската агенција за промоција, „Пипл ин моушн“, „Аворд продукција“ и „Фајнл кат“..“
Славомакедонија Славомакедонци - Хавиер Солана
Во коментарите на тој пост реагирав со следните зборови:
Нашиот голем “пријател“ Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика Хавиер Солана (“миротворецот Македонаки“)- ја користи приликата во Интеррвјуто за Дневник - да не ослови со терминот Славомакедонци. Линк види тука.
Дали Грчката дипломатија “поработела“ малку и со Хавиер Солана...или за тоа се погрижило евентуално моќното Албанско лоби ... се во исчекување на скорото решавање на Косовското прашање...
Дали е случајно што во овој момет Солана така не нарекува... ке покажат деновите што одат. И што ке стори нашата дипломатија да му појасни на Солана кое е нашето име....
Вчера истотака во еден од моите коментари во друг мој пост се запрашав “..Да не е грешка во превод ?!..“ и таму додадов и “..А дека сум против неговиота “неспретна изјава“ со која го менува името на нашата нација веќе се изјаснив и истовремено се прашав што може да се крие позади таквото мислење на Солана...“Навистина наискрајно го чекав денешниот Дневник да го прочитам целото Интервју на Солана. И морам да кажам дека се изненадив на брзото менување на неоспорно кажаното. Дневник не би си дозволил да пренесе погрешни зборови на Солана.
Впрочем прочитајте го и сами денешното Интервју на Солана во Дневник . Линк тука.
На крајот на Интервјуто има ќе го најдете следното:
„Славомакедонци“ поради техничка грешка
„Дневник“ во вчерашниот број го најави интервјуто со Хавиер Солана во кое тој рече дека е разочаран што некои славомакедонски политички актери ги злоупотребуваат инцидентите. Ваквата изјава предизвика лавина реакции во Македонија.
Вчера портпаролката на Солана, Кристина Галак, ни испрати појаснување во врска со оваа навредлива терминологија:
„Македонците добро знаат дека ние никогаш не сме го употребувале терминот Славомакедонци и тоа сме го докажале повеќепати во интервјуата и за време на посетите на Македонија. Терминот Славомакедонци употребен во вчерашната најава на интервјуто е ненамерна грешка, која е исправена. Она што сега е значајно е нашата порака до земјата во врска со изборите, кои се многу важни за нејзината европска иднина“.
По мое скромно мислење таа грешка “ненамерно“ ја направил самиот Солана, кој откако сфатил што глупост кажал - побрзал преку својот портпарол да ја исправи грешката. Но штетата е веќе направена. И Солана уште долго ке треба да се правда за овој ГАФ.
Инаку ме интересира која политичка партија или поединец во Македонија реагираше за ова. Вчера рано заспав и не слушнав ни една изјава....Ако знае некој од Вас нека ми пренесе тука.
Friday, June 23, 2006
Купување на Невладините организации
Најмногу ќарија:
-Сојузот на синдикатите на Македонија дури 2 милиона денари или 32.786 евра и
-Сојузот на борците - 1,250.000 денари или 20.400 евра.
-Останатите невладини организација добија од 20.000 денари до најмногу 300.000 денари. Оваа граница ја надминаа само
-Сојузот на организации на жени и
-Сојузот на здруженија од егејскиот дел на Македонија кои добија по 350.000 денари или по 5.700 евра.
Владата се спрема за Опозиција и се додворува на “Невладините организации“ кои ги почасти со пари од државниот буџет. Повеќе тука.
“..Во ССМ немаат коментар зошто горните Невладини организации секоја година добиваат најмногу пари ниту, пак, зошто овие пари се распределуваат само тринаесет дена пред денот на гласањето..“
Блогот и Јавното Мнение во Македонија
milozvucna_s… во својот пост “5737 гости“ објави податок дека скоро 6000 луѓе во исто време читаат што се пишува на Блогерајот. Блогмастерот неоднама објави дека има скоро 6000 регистрирани Блогери (не сум сигурен за бројката).
Што значи ова?
Ова значи дека се достигнуваат критични цифри кога можеме да кажеме дека Блогот почнува да влијае на Јавното мнение. На тие скоро 6000 посетители кои биле во тој момент на Блогерајот - сигурно можеме да додадеме барем уште толку - (песимистичка бројка или уште двапати од тоа - оптимистичка бројка) . Ако на сето тоа ги додадеме и посетите на другите блог сервиси на кои постираат Македонските Блогери - сигурно ке се дојде до респектибилна бројка - која ке каже дека Блогот како таов врши сериозно влијание на Јавното мнение во Македонија.
Треба да го додадема тука и податокот за сталниот пад на тиражот на Македонските весници и пад на рејтингот на гледање на ТВ вестите.
Отука не е ни чудно што дел од Македонските Партии побрзаа да бидат присутни во Македонската Блогосфера. (Сега за сега со мал успех - по мое скромно мнение). Ако ништо друго барем да го осетат пулсот на Македонскиот Блогер - кој од ништо неограничен си ги кажува слободн своите ставови на својот Блог.
Да - да не заборавам да ги пофалам луѓето и екипата на Он.нет дека со оваа Блогерај Акција успеаа да направат да се оствари дел од Националната стратегија за Интернетот во Македонија - а тоа е зголемување на Македонските содржини на Интернет - како предуслов за зголемување на Интернат пенетрацијата.
Иако луѓето на Он.нет ме знаат како голем критичар на нивната работа - поготово поради цените и спороста во воведување на Ефтин интернет во Македонија - поготово за ученици и студенти - еве стига од мене и едно признание.
Ваква Блогерај акција повеќе очекував од МТ. Кои имаат повеќе обврска према македонскиот Интернет потрошувач. Но ете тие не ја увидеа на време можноста за промоција на својата компанија - кај Интернет потрошувачите во Македонија.
Свадби без оружје
Следниот слоган е “Дали си ти следниот?”
Проектот, како што е соопштено, денеска ќе го промовираат портпаролот на МВР Борче Пешевски и Алан Лапон. менаџер на проектот “Партнерство за безбедни и сигурни заедници“ на УНДП.
Ова денеска го најавува Макфакс. Повеќе линк тука.
Од ваква кампања веројатно има потреба. Но дали е добро избран тајмингот. На среде избори и по Пукањето во Изборниот процес....
Пукање во Изборите - втор дел
“Пукање кај Рамстор - Предизборно“
Со вакво однесување на предизборни улични тепачки и безредија, најпрвин во Албанскиот кампус (Имав пост за тоа линк види тука) а сега и во Македонскиот политички блок - прачаме порака до самите себе и до светот пошироко - дека сеуште не сме ги научиле лекциите за демократија. Дека и во наредниот период не очекува нестабилност и безредија и дека Евроинтегративните процеси се ставени во позадина на Партиските интереси за желба на гола власт во Македонија.
Со ова покажуваме уште во предизборието дека не сме спреми за мирни и демократски избори - нешто кое од нас ЕУ експлицитно го побара.
Нека ни е наздравје.
Околу деталите за вчерашните пукања кај Рамстор добар напис дава денешен Дневник. Линк тука.
Сепак ке акцентирам некои детали од написот на Дневник.
-Вистинска улична војна на активистите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, со истрели од огнено оружје и со масовни тепачки, се случила прексиноќа на улиците во центарот на Скопје.
-Двете партии вчера меѓусебно се обвинуваа кој ги предизвикал инцидентите и кој пукал од огнено оружје.
-Најголемата пресметка се случила кај Трговскиот центар „Рамстор“ каде што се нашле педесетина активисти на ВМРО-ДПМНЕ и седумдесет на СДСМ. Имало пукотници, а и едните и другите тврдат дека противниците употребиле калашникови.
-Седумдесет ваши активисти излегоа на терен и пукаа (Изјава на Груевски)
-Во ВМРО-ДПМНЕ неофицијално ги посочуваат луѓето на извесен „командант Коки“ од Карпош како главни во инцидентот, а велат дека на самото место присуствувале генералната секретарка на СДММ Тања Томиќ и директорот на Државниот пазарен инспекторат Никола Колевски.
-Од СДСМ веднаш излегоа со контраобвинување. Оттаму тврдат дека членови на ВМРО-ДПМНЕ ги нападнале активистите на СДСМ што лепеле плакати.
-на местото на инцидентот присуствувале лица од Агенцијата за обезбедување „Лупус“, кои биле инволвирани во целиот случај. (ова вчера и самиот го јавив како шпекулација)
-За да се смири состојбата, решивме целосно да престанеме да лепиме плакати во Скопје и нашиот простор да му го отстапиме на ВМРО-ДПМНЕ.
-непосреден повод за инцидентот било прекршувањето на договорот помеѓу двете партии за лепење плакати педесет-педесет.
-Активистите на ВМРО-ДПМНЕ не го почитуваа договорот. Завчеравечер имаше обид да се сретнат водачите на групите за да се договорат, но не се оствари. Нашата група тргна да лепи плакати и да ги кине оние на ВМРО-ДПМНЕ, кои беа на местата каде што требаше да има наши. Кај „Рамстор“ не' видоа припадници на ВМРО-ДПМНЕ, кои исто така лепеа плакати. Дојде до тепачка. Набрзо се појавија и четири-пет коли,од кои излегоа Ален од Автокоманда, близок пријател на Урко, телохранител на Груевски, и извесен Глишо, сопственик на пералниц а инаку цариник. Тие двајца и уште еден човек извадија три калашникови и почнаа да пукаат, а ние возвративме со пиштоли - раскажува активистот на СДСМ.
Овие инциденти ги искорист да се огласи и Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Хавиер Солана. Линк види тука.
Тој овој инцидент го искористи да не нарече Славомакедонци, за што свој коментар дадов во коментарите на мојот предходен пост. Линк тука.
Славомакедонија Славомакедонци (четврт дел)
“Славомакедонија – Славомакедонци“ - 15 Јуни, 2006 “Славомакедонија – Славомакедонци (втор дел)“ - 16 Јуни, 2006
“Славомакедонија – Славомакедонци (трет дел)“ - 17 Јуни, 2006
Некако имав чуство дека пак ке се навратам на темата. Во минатите три поста за ова тема некаде во коментарите имаше посочен еден инспиративниот напис на Лалчиќ -
Македонски идентитет?
Тој во својот напис ја дава Ретортата на народите кои поминале со вековите наназад низ овие простори - од која реторта потекнува и Македонски идентитет... и вели:
-Многу одамна од Епир, преку Пинд навлегоа воинствени групи на Протомакедонците и ја завладеаја широката земја по сливовите на реките Бистрица, Вардар и Струма.
-Тука се измешаа со многубројните палеобалкански пајонски племиња и тој супстрат во наредните векови го заокружи античкиот македонски ген.
-Потоа дојдоа Римјаните, донесоа помал процент дојденци од околу Медитеранот.
-Во антиката дојдоа разни групи: Хуни, Готи, Авари, Протобугари, Словени.
-Во средниот век доаѓаа Печенези, Кумани, Арбанаси, Срби, германските Саси, Турци и други.
Понатака во разногласието што се водеше во Академијата по повод изјавата на Ќулафкова :
Посебно го издвоив мислењето на Академик Блаже Ристовски:
“..нашето национално и државно име не е уставно, туку тоа е етнокултурно и историско. Во последните десетина години во Македонија се појавија различни, главно однадвор инфилтрирани, мислења за македонската етногенеза, за македонскиот ентитет и за македонскиот културно-национален развиток низ историјата. Македонската академија на науките е навистина должна, независно од државно-политичките ставови што најчесто се темелат и врз факти и аргументи што не се познаваат, да се изјасни за овие и за сличните прашања. Повеќепати сум го поставувал тоа прашање усно и писмено. Треба да се знае дека ние сме Македонци, етногенетски создадени од нашата и воопшто и од балканската историја.Зборуваме словенски јазик како писменост наследена од солунските браќа Кирил и Методиј и особено од охридските светители Климент и Наум. Но, ние сме наследници на целата култура и историја на се' што станувало на географско-историската територија што го носела и го носи македонското име..“
Овие денови истражувајки по една друга тема налетав на еден прекрасен напис на нашиот колега Блогер кибицер кој во тоа време блогирал на Блогспот.
“Етимологија на името МАКЕДОНИЈА“
Топло го препорачувам за препрочитување. Ке дознаета како нашиот колега кибицер стручно размислува на темата на Етимолошкото потекло на името Македонија. Иако можеби колегата кибицер ке ми се налути заради објавување на делови од неговиот пост, но се надевам дека ке ја свати правилно мојата потреба да репродуцирам поголеми делови од тој пост.
За оние кои не знаат моите информации говорат дека колегата кибицер е веќе Магистер на Историските науки а го спрема и Докторатот - Чинам во областа на Средниот век или така нешто.
Сево ова го кажувам за посебно да ги цените неговите постови кои се од Историски карактер. Бидејки ретко меѓу нас Блогерите имаме прилика да комуницираме со Експерти.
Нашите експерти поготово оние во МАНУ сеуште не ни знаат што е Интернет - или толку малку знаат што не се осмелуваат да напишат по некој ред од своите наулни трудови и да ги стават своите наулни трудови на судот на “нестручната Блогерска јавност“.
Но кај и да е Интернетот ке победи а ке дојде брзо време да сите стручни трудови неодложно се ставаат на проверка на Интернетот.
Отупев.
Во врска со мојот денешен пост наидов на прекрасен напис-во напис јас би рекол во коментарите на погоре поменатиот пост на кибицер
“Етимологија на името МАКЕДОНИЈА“
На прашањето на еден од посетителите од Блогот - дека во денешно време има луѓе коишто тврдат дека сме потомци на Античките Македонци. Јас кога учев Историја во школо не се учеше така, учевме дека сме Словени.
Колегата кибицер одговара подолго и ке си дозволам целосно да го цитирам.
Етногезата на еден народ е долготраен и сложен процес. Во него учествуваат многу компоненти и истиот зависи од многу услови, општествено - политички, социјални, културни и сл.
Правилно те учеле во школо. Не, ние не сме директни потомци на античките Македонци. Меѓутоа, денес не постои народ кој е директен потомок на античките народи. Дури ниту Евреите кои важат за најзатворена етничка заедница не можат да се пофалат дека се директни потомци на античките Хебреи.
Идејата за чисти народи ја лансирале нацистите на Хитлер, и истата умре со падот на нацизмот во 1945 година.
Освен тоа, никој нема право да го негира учеството на доминатната словенска компонента во етногенезата на современиот македонски народ, како што не може да се оспори и уделот на античките Македонци во тој процес. Античките Македонци не исчезнале, само со текот на времето биле асимилирани од доминантното словенско население.
Учеството на различните компоненти во етногенезата на било кој народ(не само на македонскиот) не може математички да се определи. Историските и социолошки процеси не можат да се измерат математички. Единствено може да се определи која етничка компонента била подоминантна т.е. оставила поголем белег во процесот на етногенеза. Денешниот македонски јазик е сосема словенски, културната оставштина од средновековието е претежно словенска, сите средновековни учени кои потекнувале од Македонија пишувале и говореле на старословенски јазик. Тоа е неоспорен аргумент за доминантноста на словенската етничка компонента во етногенезата на македонскиот народ.
Сите оние кои тврдат дека Словените не дошле во Македонија т.е. дека сме директни потомци на античките Македонци изнесуваат крајно ненаучен и погрешен став. Нивните аргументи се ненаучни и не се базираат на историските извори.
Негирајќи ја словенската компонента во нашата етногенеза всушност ги негираме делото и културното наследство на Светите браќа Кирил и Методиј и нивните ученици, Климент и Наум, и многуте други црковни дејци од македонските простори кои твореле во средновековието.
Друго е прашањето дали во средниот век, или поточно во времето на Кирил и Методиј, Климент, Наум и цар Самоил, можеме да говориме за македонски, бугарски, српски, хрватски, руски, грчки, германски, француски народ во денешна смисла на зборот.
Конкретно на Балканот во раното, средновековие, па и подоцна, народот најпрво се идентификува според црквата, а потоа според државата во која живее, а дури потоа според јазикот. Според црквата на Балканот, вклучително и во Македонија живее исклучиво православно население, според државата во кое тоа население живее во различни периоди во изворите се спонува како Ромејско, Бугарско, Српско (што не значи и дека биле Грци, Срби, Бугари во денешна смисла на зборот), а според јазикот тоа население е доминатно словенско.
Поимот и перцепцијата за етничка пропадност во средниот век е сосема различна од онаа која се јавува во времето на просветителството по Француската револуција во 1789 г. и која преовладува до денес.
Морам да кажам дека уживав во препрочитувањето на горните мисли на нашиот колега кибицер
Thursday, June 22, 2006
Пукање кај Рамстор - Предизборно
Како се случил настанот. Очеведци ми кажаа дека некаде околу два часот утрово додека млада група на момчиња од ВМРО-ДПМНЕ разапнувала плакати преку улица - застанала една кола со истотака млади момци кои вероватно се бунеле зошто се разапнуваат плакати.
Бидејки моциве што разапнувале плакати се осетиле нешто навредени од момците од колата а биле и побројни -почнале да ја кршат колата. Овие другиве момци извадиле пиштоли и почнала воружена пресметка меѓу двете групи која траела некое врме. Биле испукани преку четириесетина куршуми - во среде Скопје.
Дали има повредени и жртви во настанот не се занае - бидејки моиве очевидци се дале во бегање од гужвата.
Е сега можно ли е ова да се случува среде Скопје. Македонци да пукаат во Македонци заради Избори. Такво нешто е искоренето дури и во Африка. Па после Цацко ни бил крив...
Изгор лето – Кочан зима
Искрајно би сакал да ако повторно се родам како човек :) да живеам некаде во некоја земја околу Еквадорот. Ми здосади големата осцилација на температури која ја имаме кај нас. Летата ни се изгор а Зимите кочан. Пука срцето и во едниот и во другиот случај.
Летото го сакам и заради патувањата и летните авантури-ах младост лудост.
| | |
| | |
| |
| | |
| | |
| |
Новите пасоши
Веста ја пренесоа скоро сите весници и медиуми.
Линкови: 1, 2, 3, 4
Новите пасоши се изработени од поликарбонат и имаат тројна заштита од фалсификување, како и биометрички чипови со податоци за граѓанинот.
Фотографијата и личните податоци за сопственикот на исправата ласерски се внесуваат во пасошот, така што е невозможно да бидат фалсификувани.
Со новите исправи Македонија исполнува еден од критериумите за олеснување на визниот режим - па ај нека се исполнат и другите услови и веќе еднаш да се симнеме од листата на земји за кои е потребна Виза за влез во ЕУ. Во нашиот нов дом.
Blog Archive
-
▼
2006
(586)
-
▼
June
(111)
- Влада без малите партии
- Писмото на античките Македонци
- МРТВ - претплата
- Јужниот бедем на Кале - пред паѓање
- Македонскиот јазик не постои !!?
- Пенали
- И Камбаните ги крадат
- Посмртен марш за Владата по втор пат
- Партнер за бриџ
- Мимикријата на МТ
- ЖЕШКО
- Пештера населена пред 50.000 пр. н. е - Здуње
- Хидроцентрали VS. Археолози
- Португалија мој фаворит
- Пасошко – 2
- Пасошко
- Држава без Крал не бидуе
- Невинашце - О.К.
- Ревизор
- Катастар
- Тоше - Бренд
- Славомакедонија Славомакедонци - Хавиер Солана
- Купување на Невладините организации
- Блогот и Јавното Мнение во Македонија
- Свадби без оружје
- Пукање во Изборите - втор дел
- Славомакедонија Славомакедонци (четврт дел)
- Пукање кај Рамстор - Предизборно
- Изгор лето – Кочан зима
- Новите пасоши
- Мајка Тереза
- Мафиите имаат свои држави
- Скопско културно лето - отварање
- Право на судење во разумен рок
- Сократова заклетва кај Археолозите
- Блог Пријатели
- Светско vs. СКОПСКОТО КУЛТУРНО ЛЕТО
- Бора Бора
- Скупи, Стоби, Хераклеја
- Див Запад
- Појдете на журка во Кокино
- Штетните договори за Странските Инвестиции
- Македонски компјутер за 100 до 200 долари
- Широката постизборна коалиција
- Грижата на ЕУ за нашиот телеком
- Туризам и Црните листи
- 150.000 луѓе публика
- Ветувањата на Бучковски
- ЖЕНСКИТЕ ГРАДИ - мајчинство, плодност, сексипил
- Милчо Манчевски
- Дволичноста на Европа
- Што ке биде ?1
- Благоја Марковски
- Предизботни инциденти ?!
- Си-Ен-Ен Промоција-Македонија
- Славомакедонија – Славомакедонци (трет дел)
- Ана Дурловски
- Операција во гаќи
- ДА - Блог ?!
- Славески Трајко - Блог
- ЕУ е клуб на Католички држави
- Славомакедонија – Славомакедонци (втор дел)
- Блогерите сакаат Фудбал
- Прљав веш
- Блогот на Никола Груевски
- Славомакедонија – Славомакедонци
- Ќерамидница
- Враќање на културното наследство
- Сорен Јесен-Петерсен
- Тампон Зона
- Македонија ја призна Црна Гора
- Груевки Никола
- "Кантер страјк" во живо
- Партијска Држава
- Дуваат некои нови ветрови на Балканот
- Продажба на државните акции во Телеком
- Јосип Копинич - НКВД
- Бучковски Владо
- Народот заслужува таква власт каква што ке си избере
- Денеска е Задушница
- Задушница и Духови
- И окарините ги продаваат
- Сите патишта водат кон Рим – дел први
- Како да заработиме од културното наследство
- Скопските Шалтери
- Добра сторија за Историја !
- Сепак проблеми со продажба на преостанатите акции ...
- Најсмешното предизборно ветување-лажење на СДСМ и ...
- Допродажба на Македонскиот Телеком.
- Алармантни настани се случуваат во Косово
- Дерењето на Телекомот продолжува
- Историја - Поимање на Историјата
- Монографија на Државниот архив на Република Македо...
- Св. Константин и Елена шести дел
- Св. Константин и Елена пети дел
- Св. Константин и Елена четврт дел
- Св. Константин и Елена трет дел
- Св. Константин и Елена
- Св. Константин и Елена
- Анализа на инвестиционата клима во РМ - БУНАРЏИК.
-
▼
June
(111)