Search This Blog

Friday, June 15, 2012

Да ти снема интернет


Утрово повторно лошо спиев, среде сон ме фати грч на едната нога, едвај станав, се видов препотен, значи мораше да се оди и под туш што значеше дека ке се расонам. На телевизијата се вртеше некоја реприза и реков нема друго, станување и почнување со ритуалот на денот малку порано. Гледам на сатот сум фатил пет часа сон, ми фалеа уште два за да се наспиам.  Убавото беше слушање на веселиот цвкут на птиците кои пораниле и веројатно се договараа кој каде ке оди и што ке работи. Искочив на терасата гледам зората почнува да пристига, сонцето само што не почнало да се раѓа. Некако не ми се фоткаше, сеуште ненаспан се осетив мрзовољен. Реков нема што, нема друго ајт на компјутер и на интернет. Имав во нотесот запишано неколку предлог текстови. Некаде при врвот беше текстот за инаетот, лутината, бесот, гневот, креацијата, ...


Го вклучив компјутерот, секако предходно си направив две шољи кафе од оние за чај, едната полна а другата до пола. Исчекав да се вклучи се. Ајт на интернет да се провери пошта, да се видат профилите и блоговите, што има ново, некој коментар можеби ... Отворив прозорот за нов пост, почнав да пишувам онлајн - што не е добра идеја, бидејки така остануваат многу грешки не поправени. Јас онлајн пишувам бидејки така лесно пронаоѓам  мои и туѓи текстови поврзани со темата за да ги линкувам и за да видам што јас или друг кажал на истата тема. Го испишав, текслот вметнав фотографии за да биде поитересно за оној кој ке го чита, излинкував, проверив правопис колку што јас можам тоа да го проверам, реков добро ај нека оди оваа верзија. Стиснав на „објави“, но изненадено гледам дека снемало интернет. Како и секојпат кога ке снема интернет збеснав. Збеснав како кога ке се тушираш, ке се насапуниш и одеднаш приметуваш дека нема доволно топла вода за да се исплакниш, или ти го нема пешкиот на место за да се исушиш. Гледам на сат и си велам, ај пусто рано е нема дежурен кој ке го среди нетот. Ке мора да се чека да дојдат дежурните на работа и да го оправат сервисот. Разумот проработи, се помирив со судбината и реков ај ке пишувам текст на суво во ворд, попат можеби ке дојде интернет а можеби и ке ми се приспие бидејки сум ненаспан ...

Од лошо секојпат има полошо. Полошо од снемување на нет е да ти се расипе компјутерот среде текст. Лошо има колку сакаш, нема добро и добрина.

Така настана овој текст, по грешка. Пишувајки ми помина лутината и маката, полека почна да ми доаѓа сонот но веројатно поради кафето тешко ке оди со сонот ...

П.с.  Често си викам кои се луѓето што на нет ме читаат толку. Нескромно ке кажам дека сум читан, бидејки акунтерот кажува дека во просек на блоговите на пример и кога ништо нема да напишам тој ден имам дневна посетеност од скоро иљада клика. Всушност тие кликови ме стимулираат да пишувам нов текст тогаш кога ке настане идејата за текстот. Бидејки на нет пишаното не се хонорира туку се работи за џаб џабе – единствен стимул за да пишеш повторно е посетеноста. Секако така си го празниш и баферот, го исплукнуваш творештвото од тебе за да ти се ослободи простор за ново творештво. Секојпат толку многу ке се зарадувам кога ке приметам меил или порака за благодарност за некоја моја фото сторија на пример. Човекот е во во некоја светска недоѓија, не си дошол дома неколку години бидејки е предалеку а авио билетот е колку целогодишна МК плата, тој вапи за текст и слика од својот роден крај. Се радува на тие написи и фотографии како дете за бомбонче ...

П.п.с – само што сакав да прекинам со пишување, гледам интернетот се вратил, се насмејав, ко што му се насмејувам да новиот ден, на новото утро ...


2 comments:

Anonymous said...

neznam zaso uopste te citam

Anonymous said...

Повеќе ми се допаѓа блогерајов отколку фејсбукајот.
Поздрав, Раде Марковски

Blog Archive

Site Meter