сл.1 Секој кој не бил треба да појде, да ги доживее фигурите од камен попат каде карпите само што не проговориле, да ја доживее светоста на местото, да дознаа зошто Трескавец го носи баш тоа име, да ги одмори очите во бескрајните панорами на сите страни и да провери зошто планината се вика Злата а врвот Златоврв со Златното јаболко токму на врвот ...
сл 2 Тресјавец е ви средината меѓу камените фигури лево и Златоврв десно
сл.3 Црква посветена на Успение на Пресвета Богородица, градена на темели на постара базилика во 12 и 13 век, со поголеми периоди на реконструкција и иконопишување ... меѓу кои позначајното во серијата на возобнувања на црквите во периодот на светиот крал Милутин во 14 век ... повеќепати палена и пљачкосувана но сепак истрајала во просторот и времето ... некои податочи говорат дека прапочетоци на свето живеење се далечниот пети и шести век ...
сл.4 Кога утрото ке го дочекате вака ке сватите зошто Планината се вика Злата а врвот Златоврв
сл.5 Таму горе високо високи се чувствата. орелски ...
Македонија е пребогата со бројни свети храмови од сите периоди на присутност на цивилизацијата на овие простори ... Незаобиколен дел на сето тоа е секако Манастирскиот комплекс Трескавец Прилепско, во кој е доминатна Црквата посветена на Успение на Богородица. Изграден под падините на Златоврв 1425 метри надморска висина, природно е заштитен од натрапниците и арамиите. Податоците велат дека светоста на местото иако не е доволно испитана е со прапочетоци од петиот и шестиот век ... Моментално се приметува дека археолозите вршат сондажно испитување на подот во самата црква и го припремаат теренот за целосно возобнување на црквата со потребната хидро заштита за да се одстрани влагата од зидовите на црквата ...
За полесно пронаоѓање на Манастирот Трескавец користете го долниот линк од Гоогле Мапас ...
http://maps.google.com/
Самиот назив Трескавец се поврзува со електронските природни празнења, громовите и молњите кои во бурите кога времето е облачно се честа појава. За заштита од Грмотевиците (треските како се познати меѓу народот) во дворот на самиот храм има два громобрана а на врвот на блискиот Златоврв 1.422 м (на кој на мое чудење се искачив и самиот) е поставен моќен громобран кој се обновува на секои пет до шест години, бидејки невремето и грмотевиците многу брзо го оштетуваат ...
Трескавец е омилено место на Планинарите и прилепските љубители на движењето во природата ... Одалечен е од Прилеп некои десетина километри со цирка иљада метри надморска разлика ... До манастирот има неколку пешачки стази од повеќето страни на ланината Злата која доминира на овој дел од пелагониската рамнина ... Постои пат по кој можеш да дојдеш со теренско возило ... Во околината на Трескавец од сите страни има прекрасни панорами до соседните подалечни планини Баба, Бабуна и Кајмакчалан, како и прилепскиот дел на Пелагонија ... Зајдисонцата и изгрејсонцата се посебни доживувања како и броење на звездите на небото во ноќите ... Злато е средновисока македонска планина што се протега северно од Прилеп, помеѓу Стара Река и Прилепска Река во североисточниот дел на Пелагонија и се во сливот на Црна Река која се влеива во Вардар кај Негорино.
Овдека на планината Злато карпите вистина говорат, сите се огромни и имаат свои фотрми кои налекуваат на разни фигури и животни ... попат ке го сретнете слонот, лавот, фигурината на Баба, дупен камен, велосипед и безброј форми кои зависат само од вашата имагинација и колку долго гледате во одредената голема карпа ... За чудо попат на неколку места има извори на питка вода, така да можете да ги дополните вашите резерви со вода кои брзо се трошат ако сонцето пече како кога јас се качував по пешачката стаза трасирана од искусни планинари, на која на две места има поставено и сајла како помош да се совлада стрмиот и клизав карпест предел ... патувањето до Трескавец е возбудливо и привлечно ... не треба човек да брза да стаса на Трескавец, одвреме навреме треба да се загледува во прекрасните панорами и пејсажи кои се идеални за возбудливи филмови во кои е потребна природа како за каобојските филмови, да се осети длабински воздуухот во вашите плуќа, да се осети мирисот на планината ... Светоста на духот на местото ке го осетите кога ке дојдете во Манастирот Трескавец ... енергијата на просторот несомнено и вас ке ве освои ... Попат на неколку пати се слушна свирежет но овчарите и прапорците на звоната од неколку стада на крупен добиток ... Качувањето на Трескавец за Прилепчани представува исто што и качувањето на Водно за скопјани ...
Самиот Манасир располага со броен капацитет за сместување на се почестите посетители. Спиењето не се наплатува по тарифник, туку секој утрото ја дарува црквата под некоја од иконите колку милува ... Во Манастирот има техничка вода потребна за одржување на хигиена која е каптирана од блискиот извор, има и една чешма низ која се филтрира водата и се користи за манастирската кујна ... тоалетниот чвор со оглед на можностите и околностит е релативно чист ... креветите се опремени со кебиња и перници ... на нас посетителите останува да понесеми послтелнима, чаршав и нешто како јастучница ... секако е добро да се понесе и расположение за дружба ... Ноќите се ладни, но прекрасните чардаци и големата трпезарија даваат комодитет за релаксација и дружење ...
Црквата посветена на Успение на Пресвета Богородица е градена и иконописувана во повеќе периоди ... Некои податоци говорат дека прапочетоците на ова свето место се далечнот пети и шести век ... Она што сега го гледаме е со датирање на 12тиот односно 13тиот век. Во тоа време големи донатори на овој манастир кој сега е машки манастир се Адроник, царот Михаило IX Палеолог ... српскиот крал Стефан Милутин (кој подоцна се прогласува за светец поради градбата на бројни цркви и манастири во своето кралство на тогашната територија на таканаречена стара Србија делот на сегашна јужна србија, Косово и Македонија ...) се споменува се као ктитор на манастирот. За време царот Стефан Душан манастирот го досега зенитот на моќта со големи поседи на земјиште на територијата на околните дваесетина села ... 28 Август кога се прославува Воспение на пресвета Богородица е голема слава на Манастирот и тогаш тој е преполн со луѓе од кои најповеќе се Прилепчани кои со децении како наследство на нивните фамилии го помагаат и одржаваат манастирот ...
Еве неколку добри написи од други луѓе кои ги пронајдов на интернет:
** Трескавец 1 (искачување на Златоврв)
http://
** Добро видео за Трескавец и околината со убава фотографија
http://mesto.com.mk/video/
** „Трескавец“ пред ново ветување за обнова ... Манастирот „Трескавец“ кој пред шест години се најде на списокот на стоте најзагрозени светски споменици, сега стана приоритет на Министерството за култура. ... ... И досега постоеле неколку иницијативи за заштита на манастирот „Трескавец“, кој со посредство на организацијата за ревалоризација и педагогија на културното наследство „Македонида“ пред шест години се најде и на списокот на стоте најзагрозени споменици во светот, кој го подготвува Светскиот фонд за споменици со седиште во Њујорк. ... ... Кај нас, пак, досега малку е истражувано во манастирскиот комплекс, велат археолозите и историчарите по уметност.
Отецот Калист вели дека првиот христијански храм кај „Трескавец“ датирал од 6 век. Во 14 век манастирот бил на удар на разурнувачи. За нецели сто години бил обновен и му била вратена автентичноста со нови религиски елементи, специфични за тој период. Но духовното светилиште „Трескавец“ било погодено и од огнена стихија во 19 век и во 90-тите години на минатиот век. Конаците потоа се обновени. ... ... Живописот во црквата „Успение на пресвета Богородица“ датира од повеќе временски периоди и е во лоша состојба поради влагата во објектот. Меѓу знаменитостите на манастирот е и двокрилна врата кон трпезаријата, работена во плитка резба, крстот „Космитис“ од 16 век, работен во резба, и певница изработена во инкрустација.
Богатиот ентериер на црквата го дополнуваат празничните икони, иконите со претстави на апостолите и други икони што потекнуваат од 17, 18 и 19 век. ... ...
http://
** Обновено Златното јаболко на Златоврв
http://www.vest.com.mk/
** Манастир "Трескавец" - Прилепско
http://
*** Повеќе фотографии на ФБ тука.
No comments:
Post a Comment