Search This Blog

Thursday, June 21, 2012

Манастир „Св. Андреја“ - Матка

сл.1  Манастирот „Св. Андреја“ - Матка е свето и митско место, кое има големо значение за скопјани. Од времето до денеска генерации на скопјани со респект и почит го посетуваат ова свето место. За настанокот на самата црква има една научна теза и втора легердарна приказна.Према првата научната теза Црквата Свети Андреја Матка е подигната во 1389 година. Нејзин ктитор е вториот син кралот Волкашин и брат на Крале Марко, Андрејаш. Ова го дознаваме од натписот над надвратникот на западната влезна врата во наосот на црквата.Према втората легендарна приказна во времето на Крале Марко, тука водела карванска патека по која врвеле Кралот Марко и неговиот брат Андраш. Дошле до ова место во кое имало стар Ан. Крале марко останал кај коњите а во анот влегол Андраш. Во анот имало турци кои го нападнале и убиле Андраш. Крале Марко чекајки предолго влегол во кафеаната, видел дека братот му е погубен - во борба ги убил убијците на братот а него го сохранил во дворот на анот ... Подоцна се врќа тука и во спомен на братот ја гради Цркват и Манастирот Свети Андреја Матка ... Како заштита од понатамошни зулуми остава печат, својата рака во отисок во камен ... се смета дека тој отисок го штити манастирот од понатамошните зулуми ...Самата црква иако многу мала е прекрасно иконописана. Фрескоживописот говори дека Кралот Марко ги ангажирал врвните мајстори на фрескосликарството.Во непосредна близина на оваа црква и манастир има уште неколку средновековни цркви, повеќе од нив градени на остатоци од сахрални и црковни објекти од раниот период на христијанството. Многумина затоа велат дека ова е своевидна Македонска Света Гора ...

сл.2
сл.3
сл.4
сл.5 Раката на Крале Марко ...
сл.6
сл.7
Манастирот „Св. Андреја“ - Матка е свето и митско место, кое има големо значение за скопјани. Од времето до денеска генерации на скопјани со респект и почит го посетуваат ова свето место. За настанокот на самата црква има една научна теза и втора легердарна приказна.Према првата научната теза Црквата Свети Андреја Матка е подигната во 1389 година. Нејзин ктитор е вториот син кралот Волкашин и брат на Крале Марко, Андрејаш. Ова го дознаваме од натписот над надвратникот на западната влезна врата во наосот на црквата.Према втората легендарна приказна во времето на Крале Марко, тука водела карванска патека по која врвеле Кралот Марко и неговиот брат Андраш. Дошле до ова место во кое имало стар Ан. Крале марко останал кај коњите а во анот влегол Андраш. Во анот имало турци кои го нападнале и убиле Андраш. Крале Марко чекајки предолго влегол во кафеаната, видел дека братот му е погубен - во борба ги убил убијците на братот а него го сохранил во дворот на анот ... Подоцна се врќа тука и во спомен на братот ја гради Цркват и Манастирот Свети Андреја Матка ... Како заштита од понатамошни зулуми остава печат, својата рака во отисок во камен ... се смета дека тој отисок го штити манастирот од понатамошните зулуми ...Самата црква иако многу мала е прекрасно иконописана. Фрескоживописот говори дека Кралот Марко ги ангажирал врвните мајстори на фрескосликарството.Во непосредна близина на оваа црква и манастир има уште неколку средновековни цркви, повеќе од нив градени на остатоци од сахрални и црковни објекти од раниот период на христијанството. Многумина затоа велат дека ова е своевидна Македонска Света Гора ...

** Свети Андреј(а) Првоповикан е христијански светец, еден од дванаесетте апостоли на Исус Христос. Тој има значајно место во христијанската религија и во народниот живот, иако со неговото име и неговиот ден се поврзани малку обичаи и верувања.
** Манастирот Св. Андреа се наоѓа на самото езеро Матка 17 km близу Скопје, во клисурата на реката Треска, на самиот брег на езерото Матка, скриен меѓу стрмните и високи карпи. Тој е еден од ретките манастири во кој се зачувани повеќето натписи од времето на подигнувањето и живописувањето на црквата, значајни за нејзината историја.Другиот син на кралот Волкашин, Андреја, ја подигнал оваа црква во 1389 година. Фреските се дело на митрополитот Јован (брат на познатиот иконописец Макарие) и јеромонахот Григориј, кои се потпишани во проскомидијата. 
** Факти и преданија: црквата Св.Андреја - Матка ... Секој кој ја посетил Матка, барем за момент, занемен пред нејзината убавина, почувствувал, дека, тука некаде, се наоѓа извориштето на исконот. А не е само пејсажот она што Матка ја прави посебна и величествена. Таа во своите пазуви крие една Мала Света Гора; во регионот на Матка, почнувајќи од ранохристијанскиот период, па преку средновековието до денешни дни, опстојувале и се уште опстојуваат повеќе црковни храмови и манастири.Една од нив е манастирската црква Свети Андреј изградена во 1389 година. Нејзин ктитор е вториот син кралот Волкашин и брат на Крале Марко, Андрејаш. Ова го дознаваме од натписот над надвратникот на западната влезна врата во наосот на црквата. 
** Манастир свети Андреја Матка Скопје ... Принцот Андреја, еден од синовите на В’лкашин, имал на користење делови од кралството на татка си. Веројатно добил сосема мала територија /пронија/ во лична сопственост, малите села по долината на Треска, се до Матка. Кога Андреја решил да создаде манастир на својот имот, неговиот брат Марко му ги испратил веројатно најдобрите мајстори – градители, како и својот најдобар сликар - живописец метрополит Иоан. Иоан независно од високиот чин кој го имал во митрополијата, работел заедно со заедно со помошникот иеромонах Григориј. Црквата била изградена на мошне безбедно место 250 м. од влезот на карпестиот теснец Матка, на зарамнет простор, на левиот брег, двесетина метри високо над коритото на реката Треска, денеска езеро Матка.

No comments:

Blog Archive

Site Meter