Search This Blog

Monday, June 18, 2012

Св. Ѓорѓи - Старо Нагоричане

сл.1  Секогаш нешто топло ми се случува околу срцето кога ке го видам овој призор, местото на моите предци ... мирисот на тревата под старите багреми, ме подсетува на бројните книги прочитани во нивните сенки ... погледот према Црквица каде толку често сум ги одмарал очите од буквите на книгата ... газејки по тревата меѓу проредените спомен плочи газам по коските на моите предци ... седејки на топлиот камен од спомениците, седам на коските на некој од моите предци ... нешто чудно и мистично секојпат со сета те враќа на местото на твоето потекло и раѓање ... привилегија е да знаеш каде точно си се родил ... привилегија е да те препознаваат луѓето додека замислено шеташ по некоја од камените сокаци ... привилегија е да си го сакаш својот род и минато ... пиејки вода од прастарата чешма, го частиш својот желудник со истата вода која првпат во животот си ја пиел ... привилегија е сето сеќавање на детството поминато околу овие камења кои на други луѓе им значат само историја и уметност, додека на тебе ти значат дел од твојата лична меморија ... кога се сеќаваш како со љубопитство си се качувал на камбанеријата за да ги видиш малите пилци од бројните птици кои свиваат гнезда во тогаш напуштената камбанерија ... седејки тука се сеќаваш на игрите од твоето детство ... слушајки ги птиците го слушаш звукот и мелодијата на твоето детство ...

сл.2  Црквата Свети Ѓорѓи Старо Нагоричане е на повеќе начини врзана со моето име и мојот личен идентитет. Роден сум на стотина метри од Црквата. Во дворот на црквата некојпат биле погребени предците и по татко и по мајка, пред втората светска војна дел од моштите се пренесени на друга локација на сегашните селски гробишта, но повеќето се останати тука само што се тргнати старите споменици.  Некои од моите предци службувале во црквата.
Пораснав играјки се во дворот на црквата ... собирав јајца од разни птици горе во камбанеријата ... спремав многу од испитите во сенките на багремите пред црквата ... прочитав полно книги во истите сенки ... 
Тука се задоив со љубовта кон културно историското наследство ...
сл.3
сл.4
сл.5  Причестување на Апостолите - фреска над олтарниот дел извонредно сочувана ... од истите мајстори е сликана и во Богородица Перивлептос во Охрид ..
сл.6  Успение на Пресвета Богородица ... поставена над влезната партија ... само еден збор прекрасно ...
сл.7
сл.8  Над црквата е испосницата на светиот отец Прохор Пчински. Легендата вели дека поминувајки на патот за Цариград, Роман четвти Диоген во лов се сретнал со светиот отец Прохор Пчински кој му пророчил на Роман четврти Диоген дека ке стане Цар на Византија - воколку не ја убие срната која била на нишан на неговата стрела ... и би пророштвото ... По извесен период во сон на тогаш веќе Цар Роман четврти Диоген му се појавува светиот отец Прохор Пчински. Царот наредил да се пронајде светиот отец и соодветно награди. Во меѓувреме светиот отец ја напушта испосничката пештера во Старо Нагоричане и оди во нова на местото на сегашниот Манастир Свети Отец Прохор Пчински. Роман Диоген порачал да се изгради Базилика близу до испосницата во Старо Нагоричане и да се пренесат коските од светиот отец. По изградбата на базиликата кога се пренесувани коските тие трипати се враќале назад. Диоген на крај изградил мала базилика и во Прохор Пчински - последното место каде светиот отец живеел. Малку над испосницата на Светиот отец е изворот од вода која сеуште бујно тече во селската чешма - а во поново време во селскиот водовод. Делови од таа водна жичка се во подселските дворови, бунарите и ден-денеска се богати со убава и питка вода ...
Под Пустиножители се подразбират луѓе кои со верба во бога се подвизуваат и го следат вистинскиот пат и начин на живот по пример на бога, трудејки се да го достигнат христијанското совршенство. Тие тоа вообичаено го правеле со осамување и аскетски живот во некое диво и пусто место, живејки далеку од заедниците на другите луѓе, дури далеку и од монашките братства, кои вообичаени се нивни почетни станици. Во таквиот начин на живот тие вообичаено се сместувале во некоја природна пештера, каде во близината имало извор на вода а јаделе тоа што го давала природата во сирова форма, корења, лисја, трева ... Молитвата, вербата во бога и следењето на божјиот пат е главна духовна храна на секој Пустиножител.
Во сите житија во кои е пишувано за Светиот Отец Прохор Пчињски не се спомнувани годините на раѓање и на смрта на Светиот Отец. Но спомнато е дека е роден во Овче Поле, во добростоечко семејство на неговите родители Јован и Ана. Тие долго време немале деца, но со верба во бога го добиле единствениот син кого го школувале. Не по воља на неговите родители Светиот Отец Прохор Пчињски под влијание на примерите од останатите троица Пустиножители и особено по углед на Св. Иван Рилски, и тој решил да се посвети на длабоката верба во бога и се одлучил на изолација каде ги правел своите подвизи.
За свое прво место далеку одбира една пештера која и ден денеска стои во близината на Црквата Свети Ѓорѓи во Старо Нагоричане. Во таа пештера тој престојувал цели триесетина години - го живеел животот кој го одбрал, следејки го божјиот пат и подвизувајки се.
Легендата вели дека тука се сретнува со тогашен ловец, кој подоцна ке постане византиски владар Роман IV Диоген (1067-1071). Роман IV Диоген се спремал да убие една срна, која бегајки од ловецот дошла кај Светиот Отец Прохор Пчињски, кој по долгиот пустиножителски живоѕт веќе едвај да личел на човечко битие. Роман IV Диоген се исплашил од старецот и почнал да бега. Светиот Отец Прохор Пчињски му довикнал да не се плаши бидејки и тој е човек - истовремено замолувајки го да не ја убива срната која била негова дружба. Му предскажал дека брзо ке ја фрли ловечката облека и ке ја замени со царска. Така и се случило, Роман IV Диоген женејки се со удовицата царицата Евдокије, супругата на Константина X (1059 - 1067) станува византиски цар и император.
На Светиот Отец Прохор Пчињски Роман IV Диоген се сетил кога овој му дошол на сон и го подсетил за неговото пророчанство, дека неговата ловечка облека ке ја замени со царска. Во истиот сон барал да му се одолжи со тоа што ке изгради црква во местото каде што се сретнале. Роман IV Диоген кога се разбудил потресен од сонот и неисполнетото ветување наредил веднашка да се појде и на местото каде се сретнале со Светиот Отец Прохор Пчињски и изградил базилика. Сакајки да му каже на Светиот Отец дека го исполнил ветувањето насекаде го барал. Светиот Отец во меѓувреме се преселува четириесетина километри североисточно од пештерата во која првично престојувал во Старо Нагоричане. Повторно му доаѓа во сон на Роман IV Диоген и му го кажува новото место каде нашол нова пештера и во која живеел нови триесетина години. Кога пошле таму, виделе дека во пештерата има само мошти од Светиот Отец. Легендата вели дека Роман IV Диоген трипати дење ги пренесувал коските - но тие ноќе се враќале во новата пештера, гаде Светиот Отец се упокоил. Тогаш ги товарил за да ги носи во Цариград. Но коските не се мрдале. Роман IV Диоген сватил дека желбата на Светиот Отец е моштите да останат тука . Роман IV Диоген прави уште една базилика на тоа место, со што го исполнува ветувањето.
сл.9  Толку многу спомени ги врзуваат сите кои се родени во Старо Нагоричане со оваа чешма ... Чешмите секојпат се сред село ... оваа е згора веднаш до црквата ... тука се собирале младите навечер, покрај чешмата се организирале забави со жива музика ... зезање, удварање ... на чешма се одело да се испере и вешот ... на чешма се тера стока да се напои ... неодминливо секој дневно барем трипати мора да дојде тука ... На чешмата се переше со славните пирајки ...

Црквата Свети Ѓорѓи Старо Нагоричане е на повеќе начини врзана со моето име и мојот личен идентитет. Роден сум на стотина метри од Црквата. Во дворот на црквата некојпат биле погребени предците и по татко и по мајка, пред втората светска војна моштите се пренесени на друга локација - на сегашните селски гробишта. Некои од моите предци службувале во црквата.Пораснав играјки се во дворот на црквата ... собирав јајца од разни птици горе во камбанеријата ... спремав многу од испитите во сенките на багремите пред црквата ... прочитав полно книги во истите сенки ...Тука се задоив со љубовта кон културно историското наследство ...
Подолу неколку линкови од мои поранешни написи врзани со оваа црква:- св. Ѓорѓи: 
- Св. великомаченик Георгиј Победоносец - Ѓурѓовден ... Св.Ѓорѓи ... Св. Ђорђe - Ђурђевдан ... Đurđevdan ...
- Свети Отец Прохор Пчињски – Пустиножител …


Дeнeшнaтa цpквa билa пoдигнaтa нa ocтaтoцитe нa пocтap xpaм кoj имaл бaзиликaлнa фopмa, oд 11 вeк, т.e. вo вpeмe нa влaдeeњeтo нa визaнтиcкиoт импepaтop Poмaн IV Диoгeн (1067-1071). 3a oвoj пoдaтoк дoзнaвaмe oд житиeтo зa мoнaxoт Пpoxop Пчинcки, вo чиja чecт импepaтopoт ja пoдигнaл пpвoбитнaтa цpквa, нa мecтo кaдe Пpoxop гo зaпoчнaл cвojoт иcпocнички живoт. Ocтaтoци oд пpвoбитнaтa цpквa видливи ce вo вид нa гoлeми кaмeни блoкoви, вo виcинa oд oкoлy 4 мeтpи.Oбнoвyвajќи ja цpквaтa, Mилyтин ja измeнил cтapaтa бaзиликaлнa фopмa, co штo xpaмoт дoбил фopмa нa впишaн кpcт co издoлжeн тpaвej нa иcтoчниoт и зaпaдниoт дeл и пeт кyпoли.

** Повеќе фотографии на мојот ФБ профил на линкот тука.

No comments:

Blog Archive

Site Meter