Search This Blog

Thursday, June 07, 2012

Кога водата е најслатка


Кога ја пиеш од извор близу до местото каде си се родил. Кога е таа течна, во движење, кога во неа осем вода има минерали на кои твојот стомак е научен, кога во неа има мали меурчиња од воздух кои се резултат на брзото течење. Кога е само неколку степени пониска од температурата каде престојуваш.

Обратно од тоа лоша вода е она која стои во место, онаа која првпат ја пиеш бидејки има минерли на кои твојот стомак е ненавикнат. Ужасно лоша за телото е ладната вода од фрижидер, таа тогаш е шок за организмот и тој бранејки се од тоа веднаш ја исфрла преку потење. Вода не се пие кога си прерморен, пример по трчање или јака физичка активност. И тогаш водата веднаш ке излезе од тебе преку потењето. Советот е кога си преморен, да почекаш малку да стае организмот, да ја исплакниш само устата како што прават спортистите, нарочно фудбалерите на утакмица и да ја плукнеш. Да се оладиш со неа малку по главата и грбот.

Нашето тело е составно од 70 проценти од вода а кај постарите луѓе тој процент се спушта на 50 проценти. 70 проценти од земјината топка на површината е со вода. Па сега видете зошто водата е енергија на животот. Дневно ни се потребни во просек две литри вода а лете четири. Вода осем од чаша пиеме и јадејки продукти во кои се содржи и вода.

Бидејки сме ние социјални животни и не живееме покрај природни извори кои се најдобри за пиење во домашни услови водата е најслатка кога наутро на пример ке ги измиеш прво садевите па потоа ке се напиеш од убаво истечената вода, воедно ти се оладени и исчистени рацете а брзо пред тоа ти било и утринското капење. Тогаш си чист од надвор и од внатре, тогаш водата е најслатка. Да, слатко е кога вода ке се напиеш по добар секс на пример. Но пак и тука советот е прво да здивнеш да стаеш па после да пиеш вода.

Наутро кога ке станеш прво што треба да направиш да се напиеш чаша вода. Добро е и преку ноќ до себе д имаш малку вода, да не стануваш да ти е на колај на рака, да се напиеш и да го продолжиш сонот. Кардиолозите ова особено го препорачуваат. Нашите стари дедовци и баби секојпат имаа каначиња покрај креветот. Да се напијат ноќе а да не се разбудат.

Најважно правило во сето ова е да пиеш вода толку колку ти бара организмот, и веднаш тогаш кога ке ја осетиш жедта. Особено треба да пиеш вода дури и со сила кога си болен или настинат. Преку водата и потењето се чисти организмот од болеста каква и да е.

Имајте време зирните го видео клипот за Водата помни. Клипот е составен од изјави на руски научници и ...
Мои постари написи ѕа водата:

No comments:

Blog Archive

Site Meter