Search This Blog

Monday, June 04, 2012

Тајната на животот ...


Често се запрашваме во што се состои тајната на животот, која е неговата смисла. Тоа особено се запрашуваме кога сме млади, кога ни следува проширување на видиците и случување на некои нешта кои следуваат за тој период од животот. Кога се вљубуваме, кога ја очекуваме првата работа, првиот бакнеж, првото дете ...


Утринава додека го правев ритуалот на утринското кафе, додека ја подигав несвесно раката кај местото каде стои џезвето, додека погледнав низ прозорецот за да видам какво е утрото, каков ке биде денот - се запрашав повторно по којзнае кој пат, во што е тајната на животот наш. Во разговор со самиот себе, одеднаш ми се случи клик, како кога на Ајнштан му се случил клик да ја докаже Теоријата на релативитетот. Се упатив до работната соба го земав малото тевтерче и моливче, вардејки да не ми претече кафето и запишав:

Животот е во тајната на цикличното повторување на нештата. Во цикличното раѓање до умирање. Во низата на случувањата кои се случуваат од детството до староста. Во убавите и лошите денови, во добрите и грдите години.

Циклично исто како и во природата, по денот следува ноќта, по облаците доаѓа сонцето, по пролета следува летото, есента, зимата ... по сонот доаѓа утрото ...

Циклично како кога се спремаш пример за ритуалот на спиењето. Одиш се облекуваш во пижама се капиш, легнуваш. Следува нежно ставање на главата на твојот партнер на твоите гради, раката ти ја милува нејзината коса, го чувствуваш познатиот мирис на нејзиното/неговото тело, таа/тој те гали и нежно љуби во твоето тело. Ја играта омилената игра на љубењето и парењето, се до екстазата. Потоа повторно се тушираш легнуваш на десната страна ја прегрнуваш драгата особа, ја ставш раката на незината/неговата коса, ја наметнуваш твојата нога над нејзината/неговата нога, како на меко перниче, го осеќаш газето на твојот стомак, го ослушнуваш рамномерно дишење што ке рече дека драгата/драгиот веќе спие. За да не ја/го пробудиш нежно ја тргаш твојата рака од нејзината/неговата коса, се вртиш на својата страна и заспиваш ко бебенце ...

Ако е се циклично (ако се однапред се знае што следи) во што е убавината на животот. Убавината на животот е во малите нешта што повторно ке те изненадат. Во благата насмевка на твоето дете, внуче, пријател, партнер кога ке те види кога ке те загрли и во таа гушка ке се осетиш бескрајно среќен во тоа постоење, во тој мал момент. Во утринското кафе во креветот кое следело по утринското милување. Во очекувањето на денот, на саканата работа која ја сакаш, во планинрањето на годишниот одмор на егзотично место, под некоја долга песковита плажа, под палмата ... Во очекување на првото внуче и погледот негов како те испитува за да заврши со невина насмевка на едно дете кое знае и осеќа дека го сакаш, дека си припаѓате ...

Додека ја слушам омилената релакс музика од звучникот и го препрочитувам текстот, ги корегирам грешките, се фаќам себе како задоволно кликам на ентер за да се објави овој текст ... Циклично како при секое постирање, циклично како денешната тајна од мојот живот ...

1 comment:

Anonymous said...

Ciklicno batka ciklicno,zimi pele a da go trgnese ona fyrom .... ciklicno e batka ama kaj nas vo politikata ne ke da e bas taka,nikako da "ni" se vrati sdsm na celo na drzavicevo .... neli sve ciklicno de,demek po tebe sve se vrti u krugu ili ovoj pat e elipsa ama mnoooogu optegnata ... ti teknuva druze??? Bidi mi pozdraven i nazdravje kafeluto ...

Blog Archive

Site Meter