Search This Blog

Tuesday, June 19, 2012

Свети Пантелејмон Скопје

сл.1  Свети Пантелејмон е прастаро излетничко место на скопјани. Секако дека е и свето место одбрано да се направи една од најзначајните МК Цркви и Манастири. Црквата била подигната од византискиот принц Алексеј Ангел син на Константин Ангел и Теодора, ќерка на византискиот император Алексеј I Комнен (1081 - 1118). Значењето на црквата е посебно поради прекрасниот фрескоживопис кој е значајен за историјата на сликарството, бидејки начинот на кој е фрескоживописана представува предвесник на ренесансното сликарство пред Ѓото. Осбно сето ова се изразува во композицијата на оплакување на Христа каде Богородица со својот лик го оплакува/жали по своето чедо ...  
Свети Пантелејмон е едено од неколкуте неодминливи места кои секој кој дошол во Скопје мора да го посети. Заради неговата старост и светост, заради мирот кој го има таму, заради историјата на уметнтноста , заради прекрасниот панорамски поглед на Скопје, заради чистиот воздух, заради мистиката на просторот и заради многу други нешта кои секој индивидуално ги пронаоѓа во ова мето ...

сл.2  Кога ке поминете низ манастирската порта - ова е втората слика која ве пречекува ... денот беше како роден за посета и фото сесија на Свети Пантелејмон Скопје ...
сл.3  Црквата "Св Пантелејмон" е манастирска црква во истоимениот манастир во с. Горно Нерези, на планината Водно, осум километри југозападно од Скопје. Манастирскиот комплекс е ограден со високи ѕидови, а во него се наоѓаат црквата и манастирските конаци. На ѕидовите на овој споменик на културата е сочувано фрескосликарство, коешто по своите квалитети со се вбројува меѓу врвните дострели на византиското сликарство од времето на династијата на Комнените.
сл.4
сл.5
сл.6
** Повеќе фотографии на мојот ФБ профил, на линкот тука.

No comments:

Blog Archive

Site Meter