Search This Blog

Monday, June 11, 2012

Водопадот Дуф и околината ...

сл.1  Тргнавме кон водопадот Дуф - автобусите требаше да не однесат до Ростуша но заглавија на кривината и отука појдовме пеш ... ме импресионираат убавите планини полни со вегетација и прекрасните облаци околу нивните врвови ...

сл.2 Импресионира природата и мирисот, свежината, убаво уредена патека ...
сл.3
сл.4
сл.5  Водопадот Дуф се наоѓа во пазуите на Ростушка Планина, на 20 минути пеш од центарот на селото Ростуше, на надморска височина од околу 1500 метри. Од неодамна изградена е патека што го олеснува пристапот на посетителите до оваа природна реткост. Пештерата Шаркова Дупка, езерото Локув, водопадот Дуф и уште неколку природни реткости стануваат подостапни за туристите.
сл.6
Македонија е ридско планиска и континентална земја. Во пролет е преубаво да се посетат бујните мали водотеци по благите падини. Водата тогаш е најака и формира прекрасни водопади. Таму каде е водата таму е и енергијата на природата ...

Природата била несебична на регионот по долината на прекрасната река Радика, подарилa голем број убавини и реткости што можат да се сретнат на овие простори и никаде на друго место. Во Долнореканскиот регион има многу скриени убавини кои се далеку од очите на пошироката јавност. Меѓу нив, со својата неповторлива убавина се вбројува ростушкиот водопад Дуф.

На влезот од селото Ростуша, веднаш над амбулантата, започнува патеката кој води кон водопадот Дуф. На почетокот, пред тесни скалички е поставена табла со опис на водопадот и оддалеченост. Кога ќе започнете да се искачувате по стрмните скалички не знаете што да очекувате, малку разочарувачки, ве дочекува нива, рамна патека - но веднаш потоа започнува вистинското уживање за очите и душата. 
Навлегувате во шумичка со свеж воздух кој нема да ве напушти до крајот на патеката. Жештината на летото останува зад вас, во селото или некаде уште подалеку. Ме изненади уреденоста на патеката, со дрвени заштитни огради, со прекрасни места за мал одмор, или подолг одмор, ако сте решиле денот да го поминете тука


*** Повеќе фотографии на ФБ тука.






No comments:

Blog Archive

Site Meter