Search This Blog

Sunday, June 17, 2012

Пчиња

сл.1  Каде да се побегне од вруќините во Македонија. Одговорот е прост таму каде има течна вода, таму каде доаѓа свежо ветерче од водата и планинските врвови кои носат свежина, пријатен воздух, мирис на природата и цвркут на птиците. Мир божји. Ако прашаш рибар тој недвосмислено ке се одлучи за горните текови на нашите бројни реки. Радика, Треска на пример. Во мојот слушај, предлог е Пчиња, бидејки ја познавам, бидејки од нејзините води сум задоен, таму ми е врзан папокот.

сл.2 КопаКаПчиња ... колку пати само како дете сум се капел тука со гаки и без гаки, колкупати сум гледал како со рака се вадат риби по јазовите ...
сл.3
сл.4
сл.5  КопаКаПчиња повторно ...
сл.6
сл.7  Мир на небото и на земјата ...
сл.8  Се има, се може ...

Низ вековите луѓето во континенталните предели ги правеле своите домови и огништа близу до реките. Течната и питката вода, неопходна за здрав живот е причината поради кои не постои населено место ако во негова близина не тече река ...
Пчиња е реката на мојот почеток на живот. Со нејзините води сум се задоил. И денеска кога ке се напијам вода од нејзините кладенци/чесми имам добро чувство во стомакот. Колку пати во детството трчајки од селото до кривинките на Пчиња сум се радоувал на моментите на капењата. На Пчиња како дете мислев дека сум научил да пливам - нурнувајки ја главата во вода истовремено држејки се за голем камен ... На пчиња првпат фатив рипче со своите раце ... ги нижев на гранче од врба и потоа слатко ги јадев испржени од баба ...
Кривинките со вода и плажите од преубавиот ситен песок се места кои и ден денеска ги посетувам ...
За жал чисти речни води во последно време има премалку ... кривец е човекот и неговото нездраво стопанисување со речните корита ... загадувањето на водите е современа чума на 20 и 21 век ...


** Повеќе фотографии на мојот ФБ профил, на линкот тука.

No comments:

Blog Archive

Site Meter