Search This Blog

Friday, June 15, 2012

Беровско Езеро

сл.1  Беровско езеро е бисер на македонската природа. Изградено уште во трулиот социјлаизам, кога се направи беровската брана, пристапниот пат и бунгаловскиот почетен комплекс со спортски терени. Одсекојпат беше мета на спортистите за висински припреми кои немаат подобри услови за висински припреми во Македонија од овие. Ако е добро за спортистите уште подобро е за фамилијарен викенд и одмор, како во зима кога е богато со снег така и во лето кога е богато со мир, тишина преубав воздух и прекрасна природа ... Одмор за душа. Колку добро би дошла една пензионерска населба која би ги мамела пензионерите од Македонија па и од странство ... Сигурен сум дека и една медицинска населба би била убава, за оние луѓе на кои им е потребенн мир, тишина и мирис на природата, на борот да олабават од секојдневицата и да закрепнат за утрешницата ...

сл.2  Туристичкиот локалитет “Браната“се наоѓа на 5 км од градот Берово на брегот на Беровско езеро и надморска височина од околу 1000 м.н.в. Сместено во пазувите на столетните борови, букови и дабови дрвја, погалени од сончевите зраци, а благодарение на природните климатски услови, ова еколошки чисто подрачје претставува вистинска “воздушна бања“. Долж езерото се протегаат голем број вили, прекрасни терени за излет, рекреација и спортови.
сл.3  Беровското или Ратевското езеро е вештачко езеро кое се наоѓа во Малешевијата непосредно до селото Ратево, односно градчето Берово чии имиња ги носи напоредно.
- Езерото се наоѓа во непосредна близина на Берово, односно на 7 km оддалеченост. 
- Поради поволната местоположба. чистата и недопрена природа покрај езерото се изградени голем број на туристички капацитети.
сл.4
сл.5
сл.6
** Повеќе фотографии на мојот ФБ профил на линкот тука.

No comments:

Blog Archive

Site Meter