Search This Blog

Saturday, June 09, 2012

Изворите на Црн Дрим - Свети Наум, место каде најубаво се слуша тишината

Изворите на Црн Дрим - Свети Наум, место каде најубаво се слуша тишината

Слика број 2
Слика број 3
Слика број 4
На жегава што започна деновиве, ми се присака да сум на ова свето и тивко место, место каде најубаво се слуша тишината ... Одавна не сум бил таму, па ке се послужам со стара фото сесија ...

Едно од најмистичните и воедно најубавите места се изворите во Св.Наум. Кој не бил на тивка прошетка со кајче низ траткиот тек на Црн Дрим од ресторанот до изворите пропуштил ретка можност да ја слушне тишината и мирот. Познато е дека на овој дел се најголемите извори кои го хранат Охридско езеро со вода од блиското и повисокото за стотина метри Преспанско езеро.

Мало течение можеби на најкратката река Црн Дрим е долго 700 метри, широко 250 м и длабоко 3,5 м. Има 15 крајбрежни извори 30 поголеми подводни извори со вкупна издашност од 6.5 до 10 м3/сек. Богато е со ендемични видови на алги. Риби и особено карактеристична црна водена желка.

Што се заслужува да се види кога сте веќе тука:

1. Манастир Свети Наум ... Манастирот Свети Наум е изграден на висока карпа, над самото Охридско Езеро, на најјужната негова точка, во една месност со ретка природна убавина. Подигањето на овој манастир е сврзано со името на Наум, Климентовиот соработник. Наум, пред крајот на својот живот, го основал манастирот Св. Архангел и во 910 година во него е погребан.
Оваа црква по својот првобитен облик била скоро идентична на црквата Св. Пантелејмон во Охрид. Негде околу 10-13ти век Наумовата црква била потполно урната. Но потоа негде околу 16ти век на нејзините темели е подигната сегашната црква ...
2. Црква Свети Атанасије ... сместена близу изворите на Црн Дрим веднаш под патот ...
3. Мала реобновена црква посветена на Пресвета богородица ...
4. Црквата света петка од која извира вода добра за очите но не е питка - загадена е од отпадните води од манастирот ...
5. Многу те извори во самото течение на Црн Дрим кои се гледаат само ако го прошетате Црн Дрим со кајче ...
8. Автокамп кој некојпат го одржаваше војската со преубава плажа до самата граница на Албанија ...
9. Интересно би било да се искачите пеш преку галичица и од соодвета кота да се видат двете езера на дланка ...

Оригинално објавено на ФБ, сите фотографии можете да ги видете тука.
Повеќе фото приказни објавени на ФБ тука.


No comments:

Blog Archive

Site Meter