сл. 1 Свети Наум Охрид, свето место на вистинско место каде очите се полнат со езерската шир а душата прима невероватна енергија н самото место. Никој не останува рамнодушен кога ке го посети овој простор кој пружа и релативно евтин и удобен хотелски смештај ... Овој манастир е само еден од 365-те манастири и цркви во Охрид и околината - вистински Македонски православен ерусалим ...
сл. 2 Вака го гледал рајот Свети Наум, кога одлучил за секогаш телото да му остане тука а душата да го побара рајот патувајки од овој овоземен рај ...
сл. 3
сл. 4
сл. 5 Бунарот на желбите ... неколку века постар од Фонтана ди треви ...
Не би била компплетан приказната за бојковитите извори во Свети Наум, ако преку фотографија и кратка приказна не ја раскажеме приказната за Македонските апостоли на писменоста и православните великани - во случајот Свети Наум ...
Овој манастир е само еден од 365-те манастири и цркви во Охрид и околината - вистински Македонски православен ерусалим ... Ако ја погледнеме локацијата на овој манастир на Светите Архангели, денешен Свети Наум. и црква каде се и моштите на Свети Наум кој бил чудотворец, ке видиме дека местото било свето и пред Свети Наум да подигне тука Црква ... Едноставно, вакви места, рајски места - морале да бидат свети ... светат ...
Свети Наум Охридски Чудотворец (са. 830 - 23 декември 910), бил средновековен научник, писател, учител, и еден од основоположниците на словенската и македонската писменост и просвета. Основач на манастирот на Светите Архангели, денешен Свети Наум. Роден е во првата половина на IX век.
Наум беше еден од основачите на Преславската книжевна школа и од 886 до 893 беше за учител таму. Беше еден од даровитите ученици на браќата Кирил и Методиј и како таков, кога во 893 година неговиот брат Климент беше назначен за словенски епископ во Велика, на неговото учителско место во Кутмичевица беше назначен Наум Охридски. Во Македонија, во Охридската книжевна школа, Наум Охридски успешно ја продолжи целокупната дејност на Климент Охридски, а изгради и манастир во близината на Охрид. Познато е дека се занимавал со литературна дејност, но неговите текстови сè уште не се идентификувани. Од двете кратки житија, напишани на црковнословенски јазик, се гледа дека бил голем учител, просветител, кој се разбира во народната медицина и толерантно ги водел црковните работи.
Животниот пат на Свети Наум Охридски тече паралелно со оној на Cвети Климент. Свети Наум учествува во Моравската мисија, по чие завршување оди во Велики Преслав, а оттука во Охрид каде ќе им се приклучи на Климент во работата на Охридската книжевна школа. Св. Наум Охридски бил познат како учител, организатор на црковниот живот, просветата, културата, поттикнувал учени луѓе кон творештвото.
*** Повеќе фотографии видите на мојот албум на ФБ на линкот тука.
No comments:
Post a Comment