Search This Blog
Wednesday, September 30, 2009
Странски Инвестиции ... како стоиме во регионот ...
Економска транзициона лустрација ... економски транзициони профитери ...
Tuesday, September 29, 2009
Коце и Роска Вуци - Старо Нагоричане
Monday, September 28, 2009
За енциклопедијата ... времето на печатени енциклопедии заврши ...
Sunday, September 27, 2009
Стара Чаршија Скопје - нова фото прошетка ...
Saturday, September 26, 2009
Точкови - СтароНагорички фраери од крајот на 50-ти,почеток на 60-ти ...
Thursday, September 24, 2009
Јаја Пашина Џамија - Скопје ... фото и видео
Збунет и луд ... пола пола ... “Луд ј*бе збуњеног“ ...
Wednesday, September 23, 2009
Тиквата некаде мора да пукне ... Не ја научивме лекцијата од османлиите ...
Tuesday, September 22, 2009
Охрид - фото запис
Повеќе ».....
Sunday, September 20, 2009
Мала Богородица - Рождество на Пресвета Богородица ... Манастир Забел (радост и тага)
Monday, September 14, 2009
“Јади Бурек“ доживеја милионити клик ... Честитки за блогот “Јади Бурек“
Saturday, September 12, 2009
Нови парламентарни предвремени избори ...
ВмроДпмне и Груевски неможејки да испорачаат економски резултати какви што ветуваа во своите изборни програми за препород на Македонија, се погласно размислуваат за нови предвремени парлаентарни избори, веднаш по стапувањето на одлуката за визна либерализација и можното добивање на датум за преговори со ЕУ. Повеќе »…..
- Во таа насока е и измена на законот за избор на пратеници, каде дијаспората доби три места (Груевски се почесто е во САД и Канада, т.е. Австралија ... )
- Повторно актуелизирање на свечени отварања на градилишта за кои и врапчињата знаат дека нема пари во буџетот ... веќе подзаборавивме каде се` Груевски пресече лента во последните избори ...
- Се почестото присаство во медиумите, каде се рекламираат успесите на хартија - како она фамозмозното напредување за 30 места во “дуинг бизнис“ - каде Груевски со цела Влада се иступори на медиумите (недозволувајки други прашања) и три дена правеше од тоа топ медиумска тема ... иако сите знаеме дека е тоа само хартија, а резултатите во стварноста на полето на домашни и странски инвестиции се поразителни, економијата тоне, владата секојдневно се задолжува, девизните резерви паѓаат, платно билансната позиција е во галопирачка негатива ... Предходно имаше неколку паѓања на рејтингувања на слични странски агенции, кои власта ги премолчи ...
- Широкото гласачко тело, сиромаштијата, невработените и особено земјоделците - се бомбардираат со најави за големи програми и инвестиции (десетете милијарди евра мега инвестиционата лажна програма се преточува во оделни помали лажни ветувања ... за незнам 80.000 социјалци учество во плаќање на сметките за електрична енергија, пораст на субвенциите за земјоделците (во време кога сезонски имавме незадоволство на сите земјоделци, сточарите, житопреработувачите, тутунарите, најново лозо-преработувачите ...)...
- Дворови за едно евро квадрат, одкако предходно двапати ја зголемуваше цената - сега се излагува со паролата “дај шта даш“ ...
- Намалување на ДДВ за изградба на нови станови, со најавен почеток на изградба на иљадници станови во државна режија ... Секое слободно парче земја низ Скопје е со најава за плоштад, црква или спортски стадион, стокатница, паркиг гаража ...
- Најиндикативно е што на директно порачано прашање во дневникот на Сител - “ке има ли нови избори“, Груевски одговори, “не - нема да има“ ... Кога политичар децидно ке одговори на такво нарачано прашање - тоа значи дека спрема сосема спротивно од изјавеното ...
- Најуспешниот резултат на Груевски е добивање на неколку избори по ред со иста методологија и тактика ... широко ветувања особено на полето на нови инвестиции странски и владини, разговори и договори со народот, цврстиот национализам ... навлегување во туѓи дворови - спрведувајки мерки кои се типично левичарски ...
Со новите избори, во точно одреден момент кога опозицијата а особено СДСМ и Црвенковски се сеуште во летаргија и средување на своите редови - ВмроДпмне конечно би се пресметал со Бранко Црвенковски, кој е сепак политички играч со харизма ...
Единствено кое може ВмроДпмне да го плаши од предвремени избори е состојбата со гласачкото тело во самото ВмроДпмне. На последните председателски избори во првиот круг Љубе Бошковски одкина скоро 120.000 ВМРО гласови ... Незадоволството меѓу гласачите на ВмроДпмне е присутно и тоа во немал број - и тие ја делат сиромаштијата, не секој вмровец се офајдува од моменталната политичката курентност на ВмроДпмне ... сиромаштијата, невработеноста ги погаѓа сите слоеви сосе гласачите на ВмроДпмне ... од најавување на светла иднина не се живее ...
Дворските игри (изборите) се перманентна забава за МК напатен народ. Му се испорачуваат секојпат кога нешто друго крупно ни се спрема.
Friday, September 11, 2009
Граиште, Демир Хисар нова тажна архео приказна ... Grašte, Demir Hisar new archaeological sad story
Граиште, Демир Хисар нова тажна архео приказна - за поголеми слики десен клик на сликата, првата опција Повеќе »
За Село Граиште - Демир Хисар досега немам слушнато. Го побарав на мапа и на Гоогле ...
За поголеми десен клик на сликите, првата опција
- „Градиште” се вика издвоениот и 160 м висок куп среде рамницата на устието на Стара Река во Црна. Преку едно ниско седло купот е поврзан со планините на север. Селото Граиште лежи во јужното подножје. Граиште претставува математички, географски, сообраќаен и стопански центар на областа Демир Хисар — античкиот Дериоп и средновековното Железно (Добромир), каде што главната стопанска дејност, од предисториата до денес, била експлоатацијата на железо. Денешниот центар Демир Хисар (Мургашево) лежи 2 км југозападно од Граиште.
„Градиште”, Граиште, античко регионално средиште (град Брианион). Акрополата е обновена во средниот век (град Добрун)
„Градиште”, Граиште, монети oд 10.—13. век
- Овој локалитет е одамна заведен како таков во Археолошката карта на Македонија, Том 2, МАНУ, 1996, Скопје, стр.135, а подоцна е повеќепати публикуван. Иван Микучиќ во неговата книга (Средновековни градови и тврдини во Македонија, МАНУ, Скопје, 1996, стр.193-197) наведува опис на овој локалитет.
Репетитор Граиште - Демир Хисар 1. Географски координати: 21°12'07"E / 41°13'10"N, надморска височина (кота терен): 645 м.
Поставеност на предавателите од мобилните оператори на археолошкиот локалитет „Градиште”, с. Граиште, со црвено е означен ровот од 200 м. кој уништил поголем дел од центарот на локалитетот
- Како мобилните оператори ги уништуваат археолошките локалитети во Република Македонија ... 7th September 2009
- колку од археолошките локалитети во Република Македонија се уништени со градење или поставување на неков објект, а тоа воопшто да не е пријавено за да може навремено да се интервенира од страна на стручните екипи за заштита на културното наследство.
- случајот со поставувањето на цевководот за ХМС „Злетовица“ кога инвеститорот оштети неколку локалитети.
- Вчера бев на прошетка над селото Граиште (Демир Хисар), на таканаречената Граишка чука, каде во античко време се наоѓал градот Брианион, голема тврдина преку целиот рид, а подоцна средновековниот град Добрун. Од она што го видов навистина се згрозив. На местото моментално има поставено 4 предаватели (3 мобилни + тв). Последниот од мобилните предаватели е направен пред 1 недела. За да го постават громобранот, со машини бил копан 200 метри долг и 1 метро длабок канал (ров). Без да се внимава на уништувањето на значајно археолошко место, се гледаа уништени камења кои биле дел од зидини, се гледаа стари керамички садови, уништени, искршени, изгазени… (меил од нејзин читател)
-
- По увидот на терен се утврди дека акрополот на археолошкиот локалитет Градиште, кај с. Граиште, Демир Хисарско е 2/3 уништен засекогаш. - Извештај од терен - Увид во оштетувањата на локалитетот Градиште, с. Граиште од страна на мобилните оператори ... 9th September 2009 ...
- Акрополот на археолошкиот локалитет е 2/3 уништен засекогаш со копање основа за антени на мобилни оператори. Копано е до длабочина од 30-40см, а некаде прекопувано и до 60-70 см за да се направат ископи за темели на базните станици токму во центарот на локалитетот. Со машини е ископан 200 метри долг и 1 метро длабок канал (ров). Багерот кој го направил тоа се уште стои горе на самиот локалитет. Парчиња керамика и делови од садови можат да се пронајдат раздробени на сите страни.
- идеја до мобилните оператори, за да не се случуваат во иднина вакви работи. Можат да си вработат/најмат еден, или тим археолог кој би одел на терен и би ги рекогносцирал (површински прегледал) локациите на кои имаат намера да се постават базни станици.
- Колку археолошки локалитети имаат уништено мобилните оператори? Треба ли да ги поминам сите локации каде што им се поставени антените и базните станици?
- Се чувствувам поразена. :( Функционира ли барем еден закон за заштита на културното наследство во оваа држава? Вакво сквернавење не сум видела скоро никогаш во животот, дури ни од страна на дивите копачи. Тие се барем повнимателни.
- - Видео запис од уништениот локалитет Градиште, с.Граиште, Демир Хисар ... 10th September 2009 ...
- На сите страни можат да се видат парчиња керамика и делови од садови кои се раздробени што од механизацијата, што од претумбувањето да се направи/откопа, а потоа да се закопа ровот. При тоа еден дел од фортификациските утврдувања се комплетно разрушени. Се направи фото и видео документација. Дел од видео материјалот е монтиран и подигнат на мојот канал на Youtube.
-
- Факт е дека со самото стапнување на терен, сите мобилни оператори направиле кривично дело. Да не зборувам понатаму за базните станици и за ровот кој само го доуништиле овој локалитет. Би сакала да знам кој е тој кој ја издал и ја потпишал дозволата за било какво поставување на објект на локалитетот, што подоцна резултирало со негова деструкција.
-
Блогерите досега се единствените медиуми кои го пратат ова најново скрнавење на архео локалитет. За настанот со свои подршка граѓанскиот глас го дигнаа и:
- interpreter - Копање по минатото ... 9 Септември, 2009 ...
- Моја Македонија - Oштетувања на локалитетот Градиште, с. Граиште Демир Хисар од страна на моб.оператори ... Gradiste village - Demir Hisar ... 9 Септември, 2009
- На настанот посвети внимание и уредниког на блогот на blog.com.mk, го постави на насловна ...
За ,оќта на мобилните оператори, кои поставија предаватели на скоро на сите ридчиња во Македонија имав и други постови:
- БАЗНА СТАНИЦА - среде локалитет ... СКУПИ ... SKUPI ... SCUPI ... SCVPI ...
Правејки ја мојата фото сторија за Античкото Скупи - не може а да не се примети дека на највисокиот дел на малото брдо - во чие подножје е она што досега е откриено од локалитетот - високо се издига Базнатра станица на “Космофон“ ...
Од топографската карта се гледа дека Базната станица на “Космофон“ - која на Гогле снимката носи бројче 6. ... (единица е главнината на локалитетот) ... е во границите на Античкиот архео-локалитет Скупи ... Ако сакате да видишт што представуваат другите бројки - кликните тука ...
Чепкав малку по нет за да видам дали има некоја сторија врзана за базната станица на Космофон - на врвот на Скупи ... Најдов само два написа ... иако се потрудив бајаги ...
- Првиот е на Вест од 09.Јуни.2003. - Античко Скупи континуирано живеело и со старите Словените - модерни варвари го уриваат ...
“.. Најтазе упади, освен оние познати од поодамна, како луксузните куќи во Злокуќани на пример, што и самите се уверивме на теренот, се новата базна станица на "Космофон" кој добил дозвола да ја изгради на овој локалитет, што не е прв случај, бидејќи исти такви наршувања овој мобилен оператор и тоа со благослов на локалните урбанисти, направил и на други локалитети во држаата. Базната станица на "Космофон" во Скупи е подигната точно врз акрополата која, како што вели Јованова, досега воопшто не е истражувана.. “
Ова е сериозно обвинување на весникот Вечер - кој често афирмативно пишува за археолошките локалитети во Македонија ... Индикативно е тоа што за оваа базна станица има одобрение за градба ... а нема правено предходно сондажно истражување ... Незнам дали одобрението за градба ја има прескокнато фазата на мислење на тогашниот Завод за заштита на скоменици ... Но ако такво има ... тогаш некој има направено голем превид ... Овој мал скандал не дојде на врвовите на МК медиуми ... дали е тоа случајно или некој се потрудил тоа така да биде незнам ... Би сакал приказнава да ја преземе некоја поамбициозна и помоќна редакција ... Можеби Вест повторно и да ни ја раскаже сторијата ... како е дојдено до градба на базната станица на Скупи ...
- Утрински индиректно ја спомнува базната станица во својот напис во Број 1567 - „Мобимак" го обвинува Буџаку дека не давал дозволи за базни станици ... Тука уствари не е спомната базната станица од Скупи ... но написот е интересен - за да се види односот на надлежните кон проблемите на Мобилните оператори ... Ова повеќе го истражував во мојот пост За ризикот од зрачењето на антените на Мобимак, Космофон и Он-нет!!! ... каде во коментарите се дадени многу линкови во врска со начинот на градење на базните станици ... легално ... или нелегално ... има дозволи ... нема дозволи ... има недозволено зрачење ... нема недозволено зрачење ...
- Утрински весник ја спонува базната станица во Број 2100 - во написот ... Во Катланово откриена некропола од железно време-Истражувањето на просторот каде што е откриен еден гроб со наоди дошло по барање на „Космофон“ ...
“.. И археолозите кои работат на локалитетот Скупи крај Скопје, ја потенцираат позитивната улога на мобилниот оператор, кој ќе ги финансира и престојните заштитни истражувачки работи на локацијата „Зајчев рид“, каде во функција на базната станица ќе биде ископана доводна траса во должина од 40 метри. “
„Пријатно сме изненадени од постапката на Космофон кој како инвеститор ни излегува во пресрет и ги финансира потребните заштитни истражувања. Досега на тој потег не сме истражувале, а препоставуваме дека можеме да наидеме на делови од северниот и североисточниот бедем на Скупи, можеби да откриеме и гробови од северната некропола, а би било најдобро кога би се откриле културни слоеви од предримскиот период“ -вели археологот, долгогодишен истражувач на Скупи, Ленче Јованова„Истакнувањето на позитивниот пример на Космофон е особено важно во период кога во земјава на голем број локации никнуваат различни објекти, базни станици, пред претходно подземните слоеви да бидат истражени. Позитивните примери ги охрабруваат истражувачите дека работите се менуваат на подобро, и дека нив ќе ги следат и други инвеститори чиј број во земјава секојдневно се зголемува. .. “
И толку само овие два кратки написа по медиумите ни Македонски ... Темата мислам дека заслужува аналитичко новинарско истражување на сериозен медиум ...
- За ризикот од зрачењето на антените на Мобимак, Космофон и Он-нет!!!
- За ризикот од зрачењето на антените на Мобимак, Космофон и Он-нет!!! - репринт
Thursday, September 10, 2009
СДСМ сеуште ужива под сенка ... Бране Б.Ц - ке му даде мандат на Бране Б.Ц. да предложи “Влада во сенка“ ?! ... Дворските игри во Македонија следуваат
СДСМ сеуште ужива под сенка ...
Оваа сабота СДСМ ке го држи својот 12-ти Конгрес во хотелот „Александар палас“, ке ја усвојуваат Програмата (конечно!!). Можно е да ја изберат и долго најавуваната “Влада во сенка“ или само да ја започнат процедурата. Се прашувам каква ке биде процедурата, кој ке ја игра улогата на Претседателот кој на Премиерот го доверува мандатот за избор на “Влада во сенка“. Веројатно ке испадне дека Бране Б.Ц. (популарно нарекуван кај политичките противници) - ке му даде мандат на Бране Б.Ц. да предложи “Влада во сенка“. Потоа Бране Б.Ц. ке прави широка консултација со советот на старците и интелектуалците од СДСМ, кого да му го предложи на Бране Б.Ц. - или не, пак ке има сега веќе 13-ти конгрес (седница на собранието на СДСМ), кој ке го верификува мандатот на “Владата во сенка“ која ја прелага Бране Б.Ц.
Потоа што ке следат уредување на кабинетите на министрите од “Владата во сенка“, избор на секретарки и чиновници во кабинетите, шоферите и личното обезбедување. Ке има страшна јагма за местата - бидејки нели тие се можните идни учесници во вистинската Влада на РМ кога, СДСМ повторно ке се врати во големата игра на некои следни парламентарни избори. Па ако не и оди на оваа “Влада во сенка“ ке има реконструкции - забава за новинарите и народот кој сака сеирџиство, омилен спосрт на Македонецот (штета што не е олимписка дисциплина - би биле фаворити за медал).
Или не, ке падне ова комплетно мое сценарио со тоа што Бране Б.Ц. - ке предложи друг Мандатор за Премиер на СДСМ-овската, “Влада во сенка“, можеби Гордан Георгиев и Зоран Јовановски сегашните млади подпредседатели на СДСМ (ако може ВмроДпмне да успева со “Бејби Влада“ - зошто тоа да не го проба и СДСМ). Не верувам во ова дека така лесно Бране Б.Ц., ке одстапи од своите докажани апетити за владеење. Но како беше она - СДСМ и се е можно, можно е памет да му дојде и на Бране Б.Ц. ...
Ке заборавев да кажам дека сигурно течат консултации за можни коалиции за учество на другите сродни партии на СДСМ за оделни Министерства во “Владата во сенка“. Нели некои од тие човек-партии немаат големо гласачко тело - но се фалат дека имаат кадар ...
Која забава за новинарите и изгладнетиот и осиромашен народ. Дворските игри во Македонија следуваат. Се надевам дека нема да се изродат крвави сценарија. Едно такво веќе гледавме во 2001-вата во фингираната војна во Македонија.
- Влада на тригодишна длабока сенка ... Демократско трокирање на транзициона Македонија ...
- Влада под сенка ... ззз..зззз..зз...
- Отпор, одлуки, вистина, сплотеност, разум, метла - бацирака во СДСМ ...
- СДСМ vs. ВМРО-ДПМНЕ
- Оној ден кога Курто и Мурто ке се договорат да и тргне на Македонија а не на нив ... ке ни тргне со страшно брзи чекори ...
- “КУРТО и МУРТО“
Wednesday, September 09, 2009
Ако нема работа за народот - дајте му мостови и ветувања ...
За поголеми десен клик на сликите, прва опција
- Пешачкиот мост Око, кој е шминкерски потег ако се суди по говорот на Груевски - ке му служи на народот и туристите да се сликаат пред него и на него. На само педесетина метри од него е Камениот Мост (чуди како уште не е новоименуван ...), на сто метри од другата страна е Железниот Мост. Фали само уште реализацијата на идејата за Жален Вардар ... СДСМ обвинува дека во кризно време се трошат скоро два милиони евра народни пари за непотребен проект, иако вредноста на проектот не е јавно објавена ... Грчев вели ке се затвори погледот на Камениот мост ... Можете да погледате и кратко видео од свеченото отварање на проектот ... а тука има пресек на целиот проект Око ...
- Свечено сечење на лента за почеток на изградба на источна и западна трибина на новоименованата фудбалска Арена Филип Втори ... и овој проект беше најавен дека се крати со послениот ребаланс на буџетот ...
- Се чини дека најкорисен проект е проектот кој истотака вчера беше свечено започнат да се гради - изградба на фекална канализација за населбите Лисиче и Горно Лисиче, со што ке се реши проблемот со септички јами на речиси 35.000 жители ...
- Свечено започна и изградба на станбен комплекс во Ново лисиче ... ЛОПАТИТЕ РАБОТАТ - УШТЕ ЕДЕН КАМЕН ТЕМЕЛНИК ... Владата преку Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор (ЈПССДП) се јавува како инвеститор на комплекс од неколку згради ...
Sunday, September 06, 2009
Земјотрес - и тоа бајаги јак ...
Пред малку имаше доста јак земјотрес ... одавна така јако и долго не лулало ... да се надеваме дека не е катастрофален во некоја блиска територија/град ... Повеќе » …..
Earthquake Details
Magnitude | 5.7 (Preliminary magnitude — update expected within 15 minutes) |
---|---|
Date-Time |
|
Location | 41.820°N, 20.280°E |
Depth | 33 km (20.5 miles) set by location program |
Region | ALBANIA |
Distances |
|
Location Uncertainty | Error estimate not available |
Parameters | NST= 13, Nph= 13, Dmin=0 km, Rmss=1.5 sec, Gp= 94°, M-type="moment" magnitude from initial P wave (tsuboi method) (Mi/Mwp), Version=A |
Source | |
Event ID | pt09249000 |
- This is a computer-generated message -- this event has not yet been reviewed by a seismologist.
- Did you feel it? Report shaking and damage at your location. You can also view a map displaying accumulated data from your report and others.
Моите блог приоритети ... Македонски Блог Фоторепортажи - Моја Македонија ...
Во минатиот пост - Старо Нагоричaне ... Staro Nagoričane - фото и видео ... одговорајки на коментар на tosho machorot, кој запраша „дали би можеле да оствариме ние блогерите една идеја која во моментите додека го листав овој твој пост (иако е малку да се каже ПОСТ за ова што ти си го направил) ми падна напамет, а тоа е секој од нас барем приближно вака убаво да го наслика својот роден крај па од сите тие евентуални постови да направиме една убава интернет туристичка разгледница за Македонија. Е тоа по мене би било нешто посебно, еден вистински придонес на блогерската заедница кон промоцијата на Македонија.“ ... Следеше мојот одговор кој и тука го пренесувам а всушност ги изразува моите блог приоритети: Повеќе » …..
- Одавна блоговите и другите медиуми кои објавуваат на интернет ја правата сликата за Македонија достапна до сите во целиот свет ...
- Јас одавна имам зацртано неколку цели, оваа година зацртав дека ке поработам поупорно на неколку проекти и тоа:
- - Цркви, манастири, Џамии и останата стара профана архитектура во МК ... Верски обичаи и празници ... каде акцент фрлив на црквите, Манастирите, Старите скопски Џамии, Старата скопска чаршија ...
- - Архео-локалитети во МК ... стории ... овие стории се малку запоставени но не се заборавени ...
- - Скопје - мои фото стории ... Skopje ... ... секогаш кога ке најдам малку време не го заборавам Скопје со моите фото стории ...
- - Акцент секогаш ставам и на фото сториите од мојот роден крај ... овие стории се моја посебна радост, бидејки е посебно чувството да го дишеш воздухот и осеќаш мирисот на својот роден крај. Со ова сметам дека давам мал допринос за развој на оваа неразвиена и погранична општина, општина која е преполна со преубави Цркви и Манастири, со бројни архео локалитети ... не е случајна мојата поврзаност со археологијата Црквите и Манастирите ...
Се` поретко пишувам дневно-политички стории, иако понекојпат неможам да издржам и наместо по политичарите/партиите каде не членувам, го истурам бесот во некој политичко економски пост на мојот блог ...
Да не заборавам да те пофалам и тебе (tosho machorot) и твоите стории за твојот роден крај ... се намноживме блогери кои прават фото стории, се едно дали се за родниот крај или од местата каде одат на излет или на некој гушт ...
Благородна е работата на сите оние кои несебично подигаат фото стории со што се збогатува македонскиот интернет простор ... Сега веќе ни јазикот не е проблем од кога МК јазик влезе во Гоогле машината за преводи ...
Се почесто ме среќаваат луѓе и на улица, ме препознаваат и ми се заблагодаруваат, особено се радовам кога дури и во селото ги гледаат моите фото стории - затоа таму не штедам на фотографија ... за мештаните е посебно задоволство да се видат на интернет, нешто слично како да се виделе на телевизија ... ако размилиш интернетот станува се поважен, често примам и мејлови благодарници за некоја фото сторија . Се изненадив колку луѓе и по селата имаат интернет ...
Да завршам почнав да работам на квалитет на моите постови за разлика од досегашниот квантитет ...
едит ...
Овој дел го додавн накнадно. Се работи за моја стара идеја да поканам неколку блогери кои ги познавам т.е. да упатам јавна покана до останатите блогери од сите блог платформи да направиме заеднички контрибшан блог во кој би ги линкувале фоторепортажите кои секој ги објавува на својот блог ... покасно од сето тоа може да израсне сајт ... Идејата на времето ја видов на еден бугарски блог, тие и мене ме праша дали би можеле моите фоторпортажи да ги објавуваат на нивниот блог. Блогот порано се викаше Пътуване до ...Сега гледам дека оформиле сајт Пътуване до… всушност блог со свој домен ...
Упатувам отворена покана до сите блогери кои имаат интерес да се приклучат на оваа идеја. Посебно сметам на следните блогери, редоследот е онака како ми се запишани на мојата листа на блогови кои ги пратам, оние кои не сум ги спомнал а можат да се најдат на листата нека се предложат самите или нека ги предложи некој друг - листата е отворена за сите независно од која блог-платформа се или пак имаат свој домејн. Можно име би можело да биде Моја Македонија или Македонски Блог Фоторепортажи ...:
- bonsai
- interpreter
- Anakin Sk
- alexandro
- LupcoBocvarov
- nadezna
- HeKi
- partik1
- Мое Скопје
- strumjan
- KLIKER
- Virtuella
- Razvigor
- batadjango
- Django
- oksimoron
- zoriv
- Meceto Usko
- molika
- Lavot
- shente
- VBB
- НЕОЛИТСКИТЕ ДАМИ
- RIBARO
- ЛУДО ФОТО
- Леонова
- robin hood
- Sbepot
- Lorin
- Ана Пејчинова
- cOOOklOOOk
- виолетова
- luis
- Natka
- Прилеп
- MadBuldog
- Spartak
- kibicer
- AA
- Ava-Miris
- sting EYE
- Dedi
- Vrgood
- sting
- Трајчов
- bolvicka
- biosfera
- hronomer
- tunic
- Galli
- Мечето Ушко
- wHOevERest
- pomni
Blog Archive
-
▼
2009
(684)
-
▼
September
(22)
- Странски Инвестиции ... како стоиме во регионот ...
- Економска транзициона лустрација ... економски тра...
- Коце и Роска Вуци - Старо Нагоричане
- За енциклопедијата ... времето на печатени енцикло...
- Стара Чаршија Скопје - нова фото прошетка ...
- Точкови - СтароНагорички фраери од крајот на 50-ти...
- Јаја Пашина Џамија - Скопје ... фото и видео
- Збунет и луд ... пола пола ... “Луд ј*бе збуњеног“...
- Тиквата некаде мора да пукне ... Не ја научивме ле...
- Охрид - фото запис
- Мала Богородица - Рождество на Пресвета Богородица...
- “Јади Бурек“ доживеја милионити клик ... Честитки ...
- Нови парламентарни предвремени избори ...
- Граиште, Демир Хисар нова тажна архео приказна ......
- СДСМ сеуште ужива под сенка ... Бране Б.Ц - ке му ...
- Ако нема работа за народот - дајте му мостови и ве...
- Земјотрес - и тоа бајаги јак ...
- Моите блог приоритети ... Македонски Блог Фоторепо...
- Старо Нагоричaне ... Staro Nagoričane - фото и видео
- И би вториот ребаланс за годинава (кратење на буџе...
- За локални избори право на двоен глас - по место н...
- Мото Крос Забел ... Moto Kros Zabel 2009 ... фото ...
-
▼
September
(22)