Search This Blog

Wednesday, March 25, 2015

Пирамидално месечно државно задолжување ... Каде одат/отидоа парите?

За пирамидалното месечно државно задолжување првпат поинтензивно почнав да пишувам во Ноември 2008 година, кога беше актуелен предлогот на буџетот за 2009-та година. Се виде дека МК Влада станува зависна од месечно задложување кај домашните и светските банки и тоа секој месец за зголемен процент од предходниот. Во 2008-ма месечното задолжување кај домашните банки беше на ниво од 30 до 40 милиона евра, за да овој месец истото задолжување достигне 209 милиона евра (само кај домашните кредитори/банки).

Кај домашните банки сега должиме како држава над милијарда евра а вкупниот долг оној кој го прикажува владата сега надминува четири милијарди евра. Сите се сомневаат дека овој долг е многу, многу поголем. Сето ова неминовно води кон државен банкрот - што во превод значи престанок на исплаќање на плати, пензии и социјални помошти, блокирање на сите системи и институции. Тогаш река на народ ке искочи на улици и ке крши се. Банките ке бидат затворени а продавниците празни.

Како владата овие последни години ова го менаџира. Го зголемува вештачки од година во година државните буџети со проектирани дефицити, кои се затвараат со кредити од странски и домашни кредитни извори а гарант е државата т.е. ние граѓаните.

Каде одат парите, толку многу пари? Во непродуктивни трошења и дубиози. Голем дел во нивните џепови испрани преку финасиските зони кои деновиве се се` поприсутни од аферата со прислушувањето. Се шпекулира дека досега во последните години има над 4 милијарди евра трансфер во дубиозни финасиски зони каде овие пари се одлеале на приватни сметки на финасиските махери и актуелните политички елети. Створена е нова буржоазија, која сега заедно со црвената буржоазија и олигархијата од транзицијата, се спрема да загосподари со сите нас останати 99 проценти население. Колачите и чоколадата (Ставревски ...) што ги јадевме овие неколку години ке ни се згадуваат во многу десетици наредни години.

Парите од буџетите ги трошат политичките елити кои сами си ги биравме - но рачунот ке го плаќаме ние, нашите деца и нашите внуци.


No comments:

Blog Archive

Site Meter