Од вчерашната таканаречена бомба 7 го видовме изборниот инжињеринг на ВМРО-ДПМНЕ. До најситни детали ништо не се пропуштало на случајност. Се се бележело во изборните тефтери на ВМРО-ДПМНЕ. Сите кои морале да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ се грижливо прибележани во изборните тефтери. Кол центрите на ВМРО-ДПМНЕ за кои до сега незнаев која им била улогата, грижливо проверувале дали се најпрво сите прибележани што ветиле дека ке гласаат, дали излегле да гласаат и по потреба дури и во текот на изборниот ден ако се оцени за потребно морале да обезбедат додатен глас, некојпат дури и неважечки да биде оти тоа е многу важно, да се поништи изборниот процес на некое изборно место.
Притисок, како што во кошарката го има пресингот тоа е главното мото на изборниот инжињеринг. Тотален изборен инжињеринг како тотален фудбал на пример.
Прецизни списоци , со матични броеви, адреси на граѓаните и посебни телефони за контакт во таканаречените изборни тефтери по кои се јавувале од кол центрите, А тие пак кол центрите да ти биле сместени во врвните државни институции, како на пример цел спрат во министерството за полиција на Гоца (МВР, ВМРО МВРО), каде таа шефувала, проверувала и следела во меѓувреме симнувајки се на долниот спрат за да ги поздрави амбасадорите и оние кои го следеле изборнот процес, ОБСЕ, ОДИХР, меѓународните акредитирани набљудувачи на пример. Секое изборно место се следело со години, колку излегуваат на гласање, од тоа колку се на листите кои ветиле да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, колкумина излегуваат, колку се наши колку се нивни ...
Како се составувале листите кои кол центрите ажурно ги проверувале. Најпрвин се запишувале редовното членство на ВМРО-ДПМНЕ кое традиционално си гласа за своите. Посебен список мора да има за секоја организациона единица, за секое школо, са секој правен субјект. Редовно челенство на ВМРО-ДПМНЕ по многу проценка во повеќе изборни циклуси се движи од 200 до 250 илјади гласачи. И кога губеле избори ВМРО-ДПМНЕ тој број е минимумот под кој не паѓале. Кога последниот пат пред девет години ја осволиле власта, на некого од ВМРО-ДПМНЕ му текнало да прави изборен инжињеринг од традиционално неопределените гласачи во РМ (цирка 30 проценти од изборното тело во РМ) и така почнала потребата да се прават специјални списоци за гласање. Оној кој бил раководител на некој сектор на пример, зависно од “сложеноста“ морал да достави список од да речеме пет, десет, дваесет нови гласачи кои не се во списокот на ВМРО-ДПМНЕ. Ново вработениот имал слична обврска. Кол центарот ги проверувал луѓето дали се стварни и дали постојат и секако за кого ке гласаат. Опстанокот во администрацијата, секое ново вработување или напредување веднаш носело обврска во број на нови гласачи, “Мулти левел“ систем. Страшен “ изборен пресинг/тотален фудбал“. Замисли да не излезат твоите гласачи, леташ од работа ... ЈСП ви пуштивме, Градски паркинг е комплет, Водовод, Универзална сала ви е комплет пуштена, ДКЦ ви е комплет, Музеј на Град скопје комплет, средни училишта, Владо Тасевски, Браќа Миладоновци, Осми септември, Никола Карев, АСУД, Марија Кири Склодовска, Панче Арсовски ... - проблем само во Паркови и Зеленило ...
Не било доволно да ти се јави некој од кол центарот и да те провери, се праверувало и директно од врата на врата и тие проверки ги видовме во бомбата седум.
Мотивирање за гласање специјално за ромската популација - фаќање за врат и тенење за уши за сите кои добиле пакет брашно за да гласаат. Мора да се појават на гласачкото место.
Договарање со коалициониот партнер меѓу албанците да излезат и да гласаат, таму каде тие самите немаат практични шанси - шифра “беса е бес“ ... Вакво подобно гласање имаме во гласањето за таканаречената “подобна опозиција“, каде многу одбележани во оделни списоци гласале за подобната опозиција ...
Додавање на нови “легални гласачи“ на изборните списоци, како оние од Пустец или славните од Преспа (Преспанска група ... дали случајно оние пасоши кои беа фотографирани во некоја домашна штампарија дека беа спаковани во кутии од Ресана ... а оној кој говореше во славното пасошко видео го користеше преспанскиот дијалект ...), кои се чуваат како стратешка изборна резерва. Колку луѓе можат да живееат во еден стан/куќа мерката е различна ако “не е апла“ да се десетина до 15 а за “апла„ се рачунаат само оние од над 40 ... Изборниот процес со Пустец гласовите тајно се нарекува “циркус Медрано“ - “движење во колона на човечиња фатени за раце и со устите зипирани“ (патент на уста) ...
Забрана за комуникација од некои броеви од кои противничкиот табор агитира. “070 306 775“ ...
Следење на комуникациите (шпионирање), телефонски и интернет на противничкиот табор во текот на изборниот процес за да им се види стратегијата и тактиката на противникот, секогаш да си чекор пред противникот. Колку ли “наши луѓе“ запослени во адмистрацијата, посебно во полицијата ова го работеле во текот на изборниот процес ? Како ли само контролирале кој што сонува ? ...
Изборниот список бил посебно анализиран и “генетички модифициран“. Гласале често и мртвите, оние кои се одселиле. Особено се важни и многубројни одселените. Само полицајата може да прати кој кога излегува во земјата и кога се враќа. Во време на компјутери со соодветен програм кој лесно ги наоѓа таквите потенцијални “специјални гласачи“ - наречени како Преспанска група или незнам која група се прават нови биометриски документи во домашни печатници, како онаа од славното видео. За точните податоци за таквите специјални документи се грижат АФИС системите, од кои два завршуваат некаде ... Така имаме стратешка резерва на специјални мултиплекс гласачи, спреми со нови гланц нови биометриски исправи за специјалните изборни војници, кои во текот на денот гласале низ цела држава, по неколку пати. Која прецизност мора да биде да не се поглреши адресата и да се оди со соодветна биометриска исправа на секое ново изборно место. Каков “инжињеринг“. Им симнувам капа.
Во текот на изборниот процес, во текот на изборната кампања на секој митинг се носат и по неколку илјади професионални митингаши кои ракоплескаат или свиркаат - секако со автобуси. Своите се пропуштаат на патарините а туѓите се кочат. “Нашите“ полицајци се служат со популарниот “вонреден технички преглед“.
Како и кои медиуми ке известуваат особено во текот на изборниот процес тоа веќе ни стана јасно и во предходните бомби, но нови варијанти имаше во оваа бомба, како на некоја емисија да и се пушти “слика без тон, со многу шум, па ако треба и струја да снема“ ...
Видовме и како лесно се губи изборна лиценца за такси превоз ако возиш несоодветни избирачи во изборен ден.
Управата за приходи се истакнува со “јаки казни“ за одбележаните правни субјекти кои се демек од противничкиот табор, се до најмалото гранапче во “циганското маало“... “Пиштење вриштење и лудило“ ...
Посебно честење со навремена исплата на субвенции по сите основи, некој обележан да добие, некој обележан со црвено да не добие, да се задоволни “нашите“ гласачи, па нели им ветивме. Лиценца за откуп на тутун се става во прашање кај оној кој не исполнува што ветил ...
Пензии и социјално (“нега мега,“) за нашите мора да се уврстат пред изборниот ден - каква ажурност и грижа за тазе (“стоте“) пензионери и социјални случаеви ...
Како се формира цена на откупни пунктови за зелка на пример (особено во текот на изборниот процес) - го видовме и тоа ...
Детално се гледа кој кај кого лајка на фејзбук, оној кој е на позитивниот список несмее да лајка кај противникот ... дватроица учители биле обележани и за такво несоодветно лајкање и колку ли други ... казтана била во поблага форма “чистење на улици - тепање втора фаза а шеф да им биде Сашо“ ...
Со тријаголниче ке гласате, ке ти го провериме ливчето, да гласаат за нас и да дадат потврда дека гласале за нас, ке ти го провериме ливчето ако не си гласал за нас ке те избркаме од работа ...
Најнов изборен инжињеринг од оваа последна седма бомба е “завршување во ендек“ на оние кои не се послушни и не помагаат во изборниот инжињеринг ...
Што ли ново и појако ке ни се соопшти за изборниот инжињеринг во најавената осма бомба од Универзална сала најавена за вторник ... Ме загрижува тоа дека со одење во Универзална сала ке се случат процеси на “спонтано“ масовно групирање на двата спротивставени табора, што ке биде сценарио за почеток на улични немири и спротивставување на двете групи - меѓу нив специјалци од полицијата со новите средства за присила (гумени куршуми и шок бомби ...). Важни се и “невидливите“ на високите кровови ... Сето тоа е блиску до сценариото за Мајдан - кое сега може да се прекрсти во “Универзална“ особено ако секоја наредна бомба оди од Универзална, па потоа спонтано се движи кон владата ...

No comments:
Post a Comment