Multi-level гласачки систем ...
Од последните две бомби на Заев, ја согледовме тајната на успехот на изборните кампањи на ВМРО-ДПМНЕ, која може да се сведе на иновативен Multi-level гласачки систем.
Во сигурните списоци за број на гласови, најпрвин се запишувало редовното членство на ВМРО-ДПМНЕ кое традиционално си гласа за своите. Редовно челенство на ВМРО-ДПМНЕ по многу проценки во повеќе изборни циклуси се движи од 200 до 250 илјади гласачи. Кога последниот пат пред девет години ја осволиле власта, на некого од ВМРО-ДПМНЕ му текнало да прави изборен инжињеринг од традиционално неопределените гласачи во РМ (цирка 30 проценти од изборното тело во РМ) и така почнала потребата да се прават специјални списоци за гласање на база на Multi-level гласачки систем.
Секаде каде на раководно место има раководен кадар поставен од ВМРО-ДПМНЕ се правел посебен Multi-level гласачки систем. Се запишувале сигурните гласови, но секој од шефовите во структурата морал да достави одреден број, пет, десет дваесет нови гласачи од редот на неопределените. За сите се обезбедувале податоци и телефонски броеви на кои ке може некој од кол центрите да им се јавува за проверка на нивната определеност како ке гласаат.
Нововработените во старт мора да достават подршка во Multi-level гласачки систем, пет, десет или незнам колку нови гласачи. Новите гласачи се проверувале дали се унисони, ако некој пријавил гласач кој веќе го има во списокот морал да достави нов Multi-level гласач.
Имаш проблем да оствариш пензија тогаш си податен да обезбедиш нов број на Multi-level гласачи.
Сакаш редовно да примаш социјална помош или да не ја изгубиш - правиш додатен Multi-level список на гласачи.
Се` се проверувало на денот на гласање. Одиш гласаш, потоа одиш во штабот на ВМРО-ДПМНЕ да се пријавиш дека си гласал. Оние кои не излегле се повикуваат од кол центрите и те подсетуваат дека си ветил глас. Ако пак не излезеш зависно дали си ром или албанец ке те фатат за уши или врат и ке излезеш да гласаш ...
No comments:
Post a Comment