Search This Blog

Friday, August 31, 2007

„Зегин“ ... „Градски аптеки“

Дали Зегин со купување на Градски аптеки се труди да создаде монопол ... Зошто спие Монополската управа на Македонија ... Зошто овој орган на Владата спие во длабок сон и не се огласува ...

Зегин одкако ги купи сега сака да ги распарча и продаде веројатно - бидејки му сметаат на неговиот бред „Зегин“ ...

133 пратеници

Влада пушта пробни балони преку својот Портпарол за зголемувањето на бројот на Пратениците од сегашните 120 на 133. Со оваа бројка - бројот е во рамките на уставниот број на Пратеници ... По Уставот Собранието може да брои 140 Пратеници ...

Ке се формираат нови три изборни единици во дијаспората ... една Америчка ... друга Европска ... и трета Австралија ... по едно пратеничко место ...

Останатите десет се предвидени за загарантирани места на етничките заедници .... 4 за Турците ... 2 за Ромите 2 за Србите 1 за Бошњаците и едно за најмалите етнички заедници ...

Со ова ВМРО-ДПМНЕ сака да оствари уште едно свое ветување од предизборието - да се вклучи дијаспората во МК избори ... СДСМ - начелно како да се сложува а ЛДП и ДУИ се против ...

Wednesday, August 29, 2007

Груевски - кежуал ...

Кога оди Груевско во Берово тогаш е кежуал ... или имал фудбалски меч непосредно пред/по фоткава ...

Sunday, August 26, 2007

ДДВ-то и за компјутери 5 проценти

Еве и тоа се случи ... се намалува ДДВ-то за компјутерите, компјутерските делови и софтверот ... Многумина ја посакувавме оваа мерка ... Но ММФ не даваше да се спроведе ... Додуше ЛДП ова го побатра кога се намалуваше данокот за земјоделието ...

- Крајниот ефект од намалувањето на ДДВ-то кај компјутерите и софтверот ќе го почувствуваат сите граѓани, а тоа е намалена цена на компјутерите и намалена цена на софтверот на компјутерот“, рече на денешната прес конференција премиерот Никола Груевски.
- Намалувањето на ДДВ кај компјутерите, компјутерските делови и софтверот, според владините пресметки, ќе го намали приливот во Буџетот за околу 156 милиони денари.

- DDV ... kompjuteri ...

Амбасадорот Никола Димитров


Во времето кога го поставува Никола Димитров за амбасадор во САД - брв категорично против ... Од една страна млад и неискусен кадар се постави на важно дипломатско место ... од друга страна неговиот татко веќе беше амбасадор во Русија ...

Но младиот и неискусен дипломат ги икористи своите пет минути и докажа дека го бива за дипломатија - стана успешен дипломат од кариера ... Дури и СДСМ го прифати како еден од подобрите кадровски решенија за амбасадорско место ... Особно му се добри колумните кои ги пишува во врска со надворешната политика ... Активен посреднике и во спорот со името со Грција ...

Деновиве кога се случува негово назначување за специјален претставник за европски и евроатлантски интеграции во Брисел - сметам дека е погодена личноста ... Да не заборавиме Димитров е и координатор за Нато интегрирањето ...

- Nikola Dimitrov

Friday, August 24, 2007

НАДРИЛЕКАРИ

Надрилекарството во Македонија е прилично развиена појава ... Има повеќе причини зошто е тоа така.

Ситуацијата со редовните здравствени установи е таква - што болните губат секаква надеж во редовните лекари (за подобар третман плаќаат под рака ...) и болници “чарето“ за своето здравје го бараат кај надрилекарите ... Од друга стрена надрилекарите го велат само она што “пациентот“ сака да го слушне ... Оние што не гледаат дека ке прогледаат ... Оние што не слушаат дека ке прослушаат ... “Лепрозните“ - ним за неколку месеци ке им пројде како на “кутре“ ... Лекот се бара дури и кај оние кои толкуваат сонови - така по нивен совет ке се испосечат сите “крушки“ во својот и во комшиските дворови ... И “јасновидците“ се доста присутни ... едно време ги имаше по сите телевизии ... Па играчи на тарот карти ... Црквата го осудува надрилекарството - и упатува лекот да се бара во рамките на црквените канони и вербата во бога ...

Измамниците често менуваат локација - иако е Македонија мала ... А наплежните за пронаоѓање и судење на измамниците - полицијата и правосудните одгнаи се “спори“ за да ги следат изманиците ...

Најнов случај на измама е “лекарот“ од Куманово кој лекува со акупунктура и масажа - но употребува и пилули кои ги купува за 50 денари по аптеките а ги продава за 500 евра ... Најпрвин се прославил во Куманово каде завел неколкумина и ги оштетил за 5000 евра ... Пото се префрлил во Битола и таму месец ипол дена “лечел“ во друштво сега на “асистентка“ ... Последен пат е виден во тетовско ... Незнам таму како ке пројде - таму работи “калашњиков правда“ ...

За разните типови на измами имав посебен пост ... Дали биопирамидата е измама ... ?? Изманиците здушно се рекламираат ...

- Еве неколку линкови за Македонскиот синдром на надрилекарството:
- Надрилекар во религиозен ритуал отрул мајка и ќерка ...
- Мајстори да ја наплатат туѓата несреќ??безнадежност? ...
- Откровение според Иван - кумановац ...
- ИЗМАМАТА СТАНА НАЧИН НА ПРЕЖИВУВАЊЕ ...
- РАК...И ...АЛТЕРНАТИВНА МЕДИЦИНА...што е тоа ...
- Смртта на Абедин е последица на надрилекари ...
- Има ли иљач? ...
- Лекуваат тумори и фригидни жени со ласер ... (за лекувањето на фригидни жени - види го првиот мој коментар ...)
- Ја изгорел тревар ...
- Екимите ги одраа лековерните со иљачи и со баење ...
- Надрилекарите со богата понуда на пазарите ...
- Лекуваат од се, баат против уроци, истеруваат црни ...
- Надрилекари ги трујат и им ги празнат џебовите на граѓаните ...
- Не барајте инстант-решение ...
- Не стискајте заби за да биде машко ...
- Жените подобри финтаџики од мажите ...

Wednesday, August 22, 2007

Tuesday, August 21, 2007

ФЕНИ ефект ... Тиквешко ...

P8090046.JPG

ФЕНИ ефект ... Тиквешко ...

ПРЕСПАНСКО ЕЗЕРО ... Lake Prespa

Преспанското езеро е најголемото природно македонско езеро - кое го делиме со Грција и Албанија. 65% на Р.Македонија,18% на Албанија и 17% на Грција. Во Преспанската котлина се наоѓаат Големото и Малото Преспанско езеро.Малото Преспанско езеро и припаѓа на Република Грција.

Преспанско Езеро, Сателитска снимка

Map

** Преспанското езеро се наоѓа на надморска висина од 853 м. Тоа зафаќа површина од 273 км². Вкупната должина на оската (север-југ) изнесува околу 34 км,а широчината на езерото е од 2,7-10 км. Вкупната должина на крајбрежната линија изнесува 107 км. Најголема длабочина езерото има пред Нивичкиот залив, во месноста Глубина 54м, кај месноста Казан длабочината изнесува 34м. Нивото на водата постојано осцилира. Минимално регистрирано ниво (1995 год.) е 844 м надморска височина. Но сигурно не било и најниско за што зборуваат постоењето на стари населби, кои се забележуваат при низок водостој во езерската вода на повеќе места.

Водата езерото ја добива од подводни извори и неколкуте реки кои се вливаат во езерото. Тоа се: Голема река што се влива во северниот дел на езерото во месноста Нисија, Брајчинска река, со постојан водотек (се влива близу селото Наколец), Кранска река и реки од северното сливно подрачје со непостојан водотек, Источка река, Болнска река, Преторска река и реката Стара река во република Грција.

Но Преспанското езеро и ја губи својата вода заради варовничкиот карактер на Галичица и истекува Во Охридското езеро преку изворите кај Свети Наум, но извира и на други места во Албанија. Забележани се повеќе подземну истеци-понори: Понорот „Завир“ од кој водата понира во Охридското езеро, понорот „Врагодупка“ и други на терироријата на Албанија.

Бистрата езерска вода со температура од 24-28°С, долги песочни плажи, присуство на многу сончеви денови, немање на магловити денови, свежи ноќи, еколошки чиста средина, планини со бујна вегетација и изградени туристички капацитети, скијачки терени - се основите за развој на туризмот во Преспа, кој за жал и покрај компаративните предности не е во доволна мера застапен.

**

Преспанско Eзеро перманентно губи вода и бележи се' пониско ниво. Постојано се одливаат 10 кубни метри во секунда, независно од тоа дали станува збор за сушен или за влажен период. Експертите тврдат дека со оглед на динамиката на опаѓање на нивото за 23 сантиметри, кои има шанса да ги загуби до октомври, Преспанско Eзеро ќе го достигне или можеби надмине најниското измерено ниво кое е забележано 2002 година, а во однос на периодот на набљудување од 1950 година наваму.

На 25 август пред пет години била достигната апсолутна минимална кота од 843,27 метри надморска височина. Апсолутната максимална кота од 851,83 метри надморска височина била измерена во 1963 година и овој податок укажува на тоа дека езерото има осцилација на нивото од 8,56 метри, односно намалено ниво во однос на максимално достигнатото. Според последните снимања што ги има направено Управата за хидрометеоролошки работи од 2003 и 2005 година, оската на осцилација била многу поголема и изнесувала повеќе од 15 метри, односно нивото од ова сега било помало за повеќе од седум метри.

Преспанско Езеро има своја динамика на покачување и намалување на нивото. Од ноември до јуни езерото има прираст, а од јуни до средината на ноември неговото ниво опаѓа. Но, оваа година и последните седум-осум години се случува опаѓање на нивото и тогаш кога тоа треба да расте. Поради намалената влажност, односно поради сушниот период, големото испарување и намаленото ниво на реките, не може да се обезбеди толкав прилив на вода во езерото колку што има нејзин одлив.

Како најголемо природно езеро во Македонија Преспанското езеро мора да доживее своја регулација ... Измената на нивото на езерото од 8 до 15 метри надморска височина негативно влијае на неговото оптимално користење пред се за туристички цели ... Тоа значи ако се изгради хотел на плажа - за неколку години плажата може да биде два километри од езерото ... Секако регулирањето на нивото на езерото треба да биде научна работа и проект кој би бил од меѓудржавен карактер (Македонија, Грција и Албанија ...). Би можело да се конкурира - како проект на ЕУ ... и да се искористат богатите фондови на ЕУ - кои се наменети за зачуваување на природните целини и реткости ... како и екосистеми ...

Сите наши езера (Преспанско Езеро ... Охридско Езеро ... Дојранско Езеро ... Мавровско Езеро ... Езеро Матка ... Младост (езеро) ... Езеро Водоча ... Козјак (езеро) ... Липковско Езеро ... Пелистерски Очи ... Тиквешко Езеро ) се македонски бисери кои се погодни за туризам - особено за викенд туризам и развој на пензискиот туризам ... Викенд туризмот - засега се одвива во поголема мерка на ниво на диво градење на викендици ... а пензискиот туризам скоро и да не е застапен ... Сите езера се одлична можност за инвестирање и изградба на пензиски домови - во кои старите лица заслужено би ја поминувале “есента и зимата“ на своите животи ... пензиски домови во идеални природни средини ... Погледнете само на запад сите пензиски домови се градат во природни целини покрај некава вода, река езеро или море ... Цела Калифорнија е базирана на пензискиот туризам ... а богами голем дел и од Шпанија се разви на база на таков туризам ...

- Prespansko ezero ... Prespansko jezero ... Prespanské jezero ... Prespasee ... Λίμνες Πρέσπες ... Lake Prespa ... Lac Prespa ... Prespameer ... Prespasjøen ... Jezioro Prespa ... Преспа (озеро) .. .Prespasjön ... Prespa Gölü

- Еве неколку линкови со фотки од Преспанско езеро ... а и долните мали сликички се линкови кон фотки или написи ... 1 ... 2 ... 3 ... 4 ... 5 ... 6 ... 7 ... 8 ... 9 ... 10 ... 11 ...

Сликата “http://k43.pbase.com/o6/90/140690/1/80351162.UDDiSvNs.Macedonia2007_P1280092.JPG” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.



Lake Prespa

Blog Archive

Site Meter