Search This Blog

Thursday, June 21, 2012

Манастир „Св. Андреја“ - Матка

сл.1  Манастирот „Св. Андреја“ - Матка е свето и митско место, кое има големо значение за скопјани. Од времето до денеска генерации на скопјани со респект и почит го посетуваат ова свето место. За настанокот на самата црква има една научна теза и втора легердарна приказна.Према првата научната теза Црквата Свети Андреја Матка е подигната во 1389 година. Нејзин ктитор е вториот син кралот Волкашин и брат на Крале Марко, Андрејаш. Ова го дознаваме од натписот над надвратникот на западната влезна врата во наосот на црквата.Према втората легендарна приказна во времето на Крале Марко, тука водела карванска патека по која врвеле Кралот Марко и неговиот брат Андраш. Дошле до ова место во кое имало стар Ан. Крале марко останал кај коњите а во анот влегол Андраш. Во анот имало турци кои го нападнале и убиле Андраш. Крале Марко чекајки предолго влегол во кафеаната, видел дека братот му е погубен - во борба ги убил убијците на братот а него го сохранил во дворот на анот ... Подоцна се врќа тука и во спомен на братот ја гради Цркват и Манастирот Свети Андреја Матка ... Како заштита од понатамошни зулуми остава печат, својата рака во отисок во камен ... се смета дека тој отисок го штити манастирот од понатамошните зулуми ...Самата црква иако многу мала е прекрасно иконописана. Фрескоживописот говори дека Кралот Марко ги ангажирал врвните мајстори на фрескосликарството.Во непосредна близина на оваа црква и манастир има уште неколку средновековни цркви, повеќе од нив градени на остатоци од сахрални и црковни објекти од раниот период на христијанството. Многумина затоа велат дека ова е своевидна Македонска Света Гора ...

Wednesday, June 20, 2012

Сонце

сл.1  Сонцето е тврорецот на животот ... Утрово кога излегов надвор кога само за кратко паднаа неколку зrаци сонце на моето лице - ме обзема некоја внатрешна радост и мир ... некоја енергија, што ли ... си реков во себе не е чудо што е Македонија една од земјите кои го слават/обожуваат сонцето ... го имаат вградено во своите симболи ...
Во Македонија сонцето е повеќе од симбол ... божество од паганските времиња до денеска ... сите ние како човечки суштества знаеме/осеќаме кога некој ни прави добро ... а сонцето тоа секојдневно го прави ...додека има сонце ке има и живот ...
* ни дава СВЕТЛИНА
* ни дава ТОПЛИНА
* ни дава ЖИВОТ ...

Tuesday, June 19, 2012

Свети Пантелејмон Скопје

сл.1  Свети Пантелејмон е прастаро излетничко место на скопјани. Секако дека е и свето место одбрано да се направи една од најзначајните МК Цркви и Манастири. Црквата била подигната од византискиот принц Алексеј Ангел син на Константин Ангел и Теодора, ќерка на византискиот император Алексеј I Комнен (1081 - 1118). Значењето на црквата е посебно поради прекрасниот фрескоживопис кој е значајен за историјата на сликарството, бидејки начинот на кој е фрескоживописана представува предвесник на ренесансното сликарство пред Ѓото. Осбно сето ова се изразува во композицијата на оплакување на Христа каде Богородица со својот лик го оплакува/жали по своето чедо ...  
Свети Пантелејмон е едено од неколкуте неодминливи места кои секој кој дошол во Скопје мора да го посети. Заради неговата старост и светост, заради мирот кој го има таму, заради историјата на уметнтноста , заради прекрасниот панорамски поглед на Скопје, заради чистиот воздух, заради мистиката на просторот и заради многу други нешта кои секој индивидуално ги пронаоѓа во ова мето ...

Monday, June 18, 2012

Св. Ѓорѓи - Старо Нагоричане

сл.1  Секогаш нешто топло ми се случува околу срцето кога ке го видам овој призор, местото на моите предци ... мирисот на тревата под старите багреми, ме подсетува на бројните книги прочитани во нивните сенки ... погледот према Црквица каде толку често сум ги одмарал очите од буквите на книгата ... газејки по тревата меѓу проредените спомен плочи газам по коските на моите предци ... седејки на топлиот камен од спомениците, седам на коските на некој од моите предци ... нешто чудно и мистично секојпат со сета те враќа на местото на твоето потекло и раѓање ... привилегија е да знаеш каде точно си се родил ... привилегија е да те препознаваат луѓето додека замислено шеташ по некоја од камените сокаци ... привилегија е да си го сакаш својот род и минато ... пиејки вода од прастарата чешма, го частиш својот желудник со истата вода која првпат во животот си ја пиел ... привилегија е сето сеќавање на детството поминато околу овие камења кои на други луѓе им значат само историја и уметност, додека на тебе ти значат дел од твојата лична меморија ... кога се сеќаваш како со љубопитство си се качувал на камбанеријата за да ги видиш малите пилци од бројните птици кои свиваат гнезда во тогаш напуштената камбанерија ... седејки тука се сеќаваш на игрите од твоето детство ... слушајки ги птиците го слушаш звукот и мелодијата на твоето детство ...

Sunday, June 17, 2012

Ден за перење ...


Недела е денот за перење во Македонија. Колку знам сите вообичаено перат во недела. Веројатно заради евтината струја а веројатно затоа што за перење треба време кое го немаме преку неделата.

Пчиња

сл.1  Каде да се побегне од вруќините во Македонија. Одговорот е прост таму каде има течна вода, таму каде доаѓа свежо ветерче од водата и планинските врвови кои носат свежина, пријатен воздух, мирис на природата и цвркут на птиците. Мир божји. Ако прашаш рибар тој недвосмислено ке се одлучи за горните текови на нашите бројни реки. Радика, Треска на пример. Во мојот слушај, предлог е Пчиња, бидејки ја познавам, бидејки од нејзините води сум задоен, таму ми е врзан папокот.

Saturday, June 16, 2012

Тиквешко

сл.1  Тиквешко езеро, омиленото езеро на рибарите, мене ми е омилено заради прекрасната фотографија која таму ја имам направено. Прекрасни зајдисонца и трансформација на светлоста во магичните моменти на трансформација на светлоста во периодот на зајдисонцето и потоа, се појачано со рефлекцијата на водата со сиот незин значај.

Friday, June 15, 2012

Да ти снема интернет


Утрово повторно лошо спиев, среде сон ме фати грч на едната нога, едвај станав, се видов препотен, значи мораше да се оди и под туш што значеше дека ке се расонам. На телевизијата се вртеше некоја реприза и реков нема друго, станување и почнување со ритуалот на денот малку порано. Гледам на сатот сум фатил пет часа сон, ми фалеа уште два за да се наспиам.  Убавото беше слушање на веселиот цвкут на птиците кои пораниле и веројатно се договараа кој каде ке оди и што ке работи. Искочив на терасата гледам зората почнува да пристига, сонцето само што не почнало да се раѓа. Некако не ми се фоткаше, сеуште ненаспан се осетив мрзовољен. Реков нема што, нема друго ајт на компјутер и на интернет. Имав во нотесот запишано неколку предлог текстови. Некаде при врвот беше текстот за инаетот, лутината, бесот, гневот, креацијата, ...

Беровско Езеро

сл.1  Беровско езеро е бисер на македонската природа. Изградено уште во трулиот социјлаизам, кога се направи беровската брана, пристапниот пат и бунгаловскиот почетен комплекс со спортски терени. Одсекојпат беше мета на спортистите за висински припреми кои немаат подобри услови за висински припреми во Македонија од овие. Ако е добро за спортистите уште подобро е за фамилијарен викенд и одмор, како во зима кога е богато со снег така и во лето кога е богато со мир, тишина преубав воздух и прекрасна природа ... Одмор за душа. Колку добро би дошла една пензионерска населба која би ги мамела пензионерите од Македонија па и од странство ... Сигурен сум дека и една медицинска населба би била убава, за оние луѓе на кои им е потребенн мир, тишина и мирис на природата, на борот да олабават од секојдневицата и да закрепнат за утрешницата ...

Thursday, June 14, 2012

ДОЈРАН ... Дојранско Езеро

сл.1  Дојран ја крие приказната за убавата Дојрана која како богиња на Дојранското езеро ги мами луѓето да дојдат и да одморат душа на бреговите на Дојранско езеро, под дебелите сенки на старите чинари. По спасот на Дојранското езеро од неговото еко умирање, Дојран полека го враќа сјајот и луѓето ... Некогаш Дојран беше познат по лековитоста на алгите, по бројните фабрички летовалишта, извиднички кампови, приколку и евтин работнички туризам.

Wednesday, June 13, 2012

Св.Богородица - Калишта, Струга

сл.1    Светоста на местото е вековна, монасите во некое далечно време стварале монашки келии во брдото и го живееле својт монашки живот подвизувајки се. Долго време овој комплекс беше попознат по хотелот. Во поновото време се е вратено на управување на црквата, изградени се две нови цркви. Од монашките келии е направена атракција за сликање, но сликањето не е дозволено!?. Црквата управува со овој имот со профит. Во склоп на овој имот е и блискиот хотел Бисер кој е сеуште финансиска мистерија ...

Tuesday, June 12, 2012

Свети Наум - Охрид

сл. 1  Свети Наум Охрид, свето место на вистинско место каде очите се полнат со езерската шир а душата прима невероватна енергија н самото место. Никој не останува рамнодушен кога ке го посети овој простор кој пружа и релативно евтин и удобен хотелски смештај ... Овој манастир е само еден од 365-те манастири и цркви во Охрид и околината - вистински Македонски православен ерусалим ...

Monday, June 11, 2012

Од идеја до целта

За разлика од другите животински видови на нашата зелена планета полна со живот, човекот има особено развиен разум и резон. Не дека останатите животински видови тоа го немаат, но тоа тие го прават инстиктивно не со разум и план. Човекот благодарејки на својот разум однапред си го планира животот. Се спрема за него образувајки се, го бира местото на живеење и местото на работа, го бира образованието кое највеќе му прилага на неговиот ментален склоп, го бира партнерот со кој ке оформи фамилија. Скоро се може да биде план и плански. Не дека мене особено тоа ми се допаѓа бидејки јас ги сакам случајностите кои се особено битни да те извадат од монотонијата на планскиот живот.

Водопадот Дуф и околината ...

сл.1  Тргнавме кон водопадот Дуф - автобусите требаше да не однесат до Ростуша но заглавија на кривината и отука појдовме пеш ... ме импресионираат убавите планини полни со вегетација и прекрасните облаци околу нивните врвови ...

Sunday, June 10, 2012

Мачење на душата


Колку може душата да издржи кога нешто сака. Тоа секој треба сам да го провери. За да не си ја мачи душата ако нешто што го сака не го бидува, треба да престане да си ја мачи душата. Треба да се сврти кон цели/желби кои се остварливи. Онаа цел која ја сака а не му е дотапна треба да ја напушти. Во клоку неможе така лесно да ја напушти неостварената желба/цел, желбата ке му пукне душата. Душата ни треба онаква здрава и треба разумно да ја чуваме.

Манастир Трескавец - Прилепско

сл.1  Секој кој не бил треба да појде, да ги доживее фигурите од камен попат каде карпите само што не проговориле, да ја доживее светоста на местото, да дознаа зошто Трескавец го носи баш тоа име, да ги одмори очите во бескрајните панорами на сите страни и да провери зошто планината се вика Злата а врвот Златоврв со Златното јаболко токму на врвот ...

Saturday, June 09, 2012

Изворите на Црн Дрим - Свети Наум, место каде најубаво се слуша тишината

Изворите на Црн Дрим - Свети Наум, место каде најубаво се слуша тишината

Трошки


Сеќавање од детството во време пред земјотресот. Живеевме кај Универзална а имав тетка која живееше во Автокоманда. Ги паметам автобусите тогаш оние вистинските двоспратни од Leyland. Последна автобуска на тогашна двојка беше кај сегашната слаткарница Апче на кривината кај Градежен факултет а последна на двојка во Автокоманда беше кај оној споменикот од бетон кај Автокоманда. Автобуките билети за работничката класа беа скапи и најчесто на гости одевме пешки. Ке дојдевме до кејот на Вардар и по левата страна на кејот на Вардар одевме покрај дрворедот од багреми (чинам дека беше) по крупната коцка и обична калдрма која имаше и тротоар. Ке пресечевме кај саем, тогаш старата зграда на Воена Болница, па ке поминевме низ дворот на црквата во Автокоманда „Храм славе“ и потоа кај тетками на ручек.

Thursday, June 07, 2012

Сончева Долина - отаде Водно ...

Сончева Долина - отаде Водно ...

Кога водата е најслатка


Кога ја пиеш од извор близу до местото каде си се родил. Кога е таа течна, во движење, кога во неа осем вода има минерали на кои твојот стомак е научен, кога во неа има мали меурчиња од воздух кои се резултат на брзото течење. Кога е само неколку степени пониска од температурата каде престојуваш.

Wednesday, June 06, 2012

Омилени патики - Патика кондура

Дваесетина години веќе сакам да сум во спортска гардероба. Во неа најдобро се чувствувам, најкомотно, најубаво - одговара на моето тело и на моите потреби. Имав личен пријател и сопатник кој викаше: Види га у обуќу па га пусти у куќу. Имам пробано скоро сите попознати марки. Со моделот од горната фотка сум најзадоволен. Ем е патика ем е кондура, ем е лесна за пешачење, ем може да се носи и во лето и во зима, по дожд, по снег, на плаина или прошетка. Одговара и за моите омилени прошетки со велосипед.

Monday, June 04, 2012

Тајната на животот ...


Често се запрашваме во што се состои тајната на животот, која е неговата смисла. Тоа особено се запрашуваме кога сме млади, кога ни следува проширување на видиците и случување на некои нешта кои следуваат за тој период од животот. Кога се вљубуваме, кога ја очекуваме првата работа, првиот бакнеж, првото дете ...

Blog Archive

Site Meter