Search This Blog

Saturday, December 30, 2017

Лоши вести - Добри вести

Од секогаш од кога постои човекот тој е соочен со лошите и добрите вести - тие се негово секојдневие. Во современиот свет вестите оние лошите и добрите се чини се уште поприсутни, тие влијаат на човековата психа и неговата мотивација. Како да најдеш мотив во време кога ти се чини дека само лоши вести те опружуваат тебе и твоите најблиски. Прашањето е како да ја убедиме нашата психа да не не погодуваат толку лошите вести и како да се избориме да живееме во секојденејето каде лошите и добрите вести се секојдневие и се впрепетлуваат околу нас. Оној кој успешно ги решава овој сплет на околности се чини ја пронаоѓа личната среќа и има подобар живот.
Не постои човек кој не си поставува цели и очекувања за себе и своите најблиски. Можеби главното прашање е дели целите му се реални спрема неговите можности за да потоа очекува да му се остваруваат неговите цели. Од друга страна веројатно е добро да ги поставиш целите на малку повисоко ниво од твоите реални можности за да кога ке ја достигнеш целта имаш чувство дека го достигнуваш лимитот на твоите можности.
Живееме во време на глобален свет каде нашите цели се зависни од тоа како ке се поставиме во однос на другите единки од општеството каде живееме и ги делиме вредностите и можностите на тоа општество.
Сео ова е тешко сватливо за многумина од нас и имаме случаеви да се губиме во реалниот живот и паѓаме во замките на лошите вести кои не окупираат и не кочат во остварувањето на нашите цели. Очекуваме помош од елементот на среќата и добрата случајност и чекаме во апатија дека ни нема помош ако ете ни од каде не не задеси сплет на добри висти кои ќе ни допринесат да се чувствуваме среќни.
За да текстот не биде предолг тука ке го завршам како дилема - како да најдеме добра спрега меѓу лошите и добрите вести кои реално ни се случуваат во нашето секојденвие, како да ги потиснуваме лошите вести (може ли лошите вести да се потиснуваат како да не постојат?)  т.е како да постапуваме кога ке не задеси лоша вест ... 

Friday, November 17, 2017

Диво насеље ... Дивите населби се наша историја и судбина.

Историјата на нашите “Диви населби“ е долга и веројатно потекнува од времето кога се ствараа држави во нашите простори т.е. од времето на средните векови, но и порано. Некогаш постоеа градови каде горе долу градбите биле плански и легални и се одвивале по некаков развоен градежен план/планови (денеска познати како ГУП и ДУП). Куќите се граделе околу оформени улици, каде биле решени комуналните проблеми: вода, струја, канализација и слични комунални проблеми се до училишта и градинки. Тоа не било карактеристика за селата кои граделе таму каде им била земјата по принципот на окуќница. Најлошото парче од земјата обично неплодно под неке ридче/долче бивало таканаречена окуќница. За комуни проблеми не се водело сметка. Пат имало колку за селска кола, вода од бунар или од најблискиот природен извор. Канализацијата е последно нешто на на кое му се придавало значај. Така настанувале неприродни захвати да многу блиску до бунарот е септичката јама. Најбитно било да имаш кров над глава, кој начесто до пред стотина години бил од слама. Темели на куќата немал никој. Во истата куќа живееле и домашните животни - обично тие биле на долниот спрат (крупниот добиток) а на горните спратови поради греењето од стоката се правеле спални соби. Поради урината на групниот добиток ваквите спални соби биле бактериолошки исправни. Ситниот добиток се лепел до куќите. Во ваквите диво населени места најевтин спорт и забава бил сексот со домаќинката/жената и одтаму настанувал прирастот кој бил неколку пати поголем од градските средини. Проблемите настанувале кога во текот на времето семејствата по природен пат се окрупнувале. Тогаш настанал проблемот да во ист двор се гради друга куќа, за братот за синот за керката. По релативно краток период окуќниците биле толку мали што морало да се прави нова окуќница за чија цел повторно се барал плац на соседната најслабо родна нива каде се оформувала нова дива населба.

Од друга страна по градовите се одвивал процесот на занаетчиство, индустријализација, електрификацијата - најнапред ситна па се покрупна. Градовите имало потреба од свежа работна сила (биле потребни и слуги во побогатите куќи) и неминовен бил процесот од привлекувње на селкото население во градските средини. Тогаш проблемот бил решаван така да се изнајмувале одредени соби каде биле сместувани работнците и слугите. Но овој процес бил долгорочен и луѓето нормално имале потреба од спајање на семејствата. Каде ако не во нови диви населби овојпат во близината на побогатите градски квартови. Повторно не се водело сметка за решавање на било какви комунани проблеми, пат, вода, струја, канализација. Битно е да се има кров над глава. Се живеело во една соба со нужник некаде надвор. Потоа се лепелодо едната соба друга, трета се така како се окрупнувало семејството така се лепеле собите една до друга. Повторно се копале бунари и се слично на селската средина од каде доаѓаат ново печените работници кои ги напуштааа селата преминувајки во градовите каде лесно наоѓале работа поради процесите на развој на занаетчиството и индустријаизацијата, кој бил пратен со електрификацијата.

Дивите населби се наша историја и судбина.

Monday, November 13, 2017

Глинени голуби

Многу одамна на нашата балканска територија се инсталираа сите тајни безбедносни служби познати и непознати. Некои се легални во нивните матични земји, некои се само криминални структури кои соработуваат со легалните тајни безбедносни служби. Сете се дека некој одлучи токму на нашата територија да изгради најголема амбасада од сите балкански држави. Она што е над земја и е видливо е само маска за она што е под земја. Сите тие “легални“ тајни служби на странските држави одлучија од сите нас да направат глинени голуби каде ке ги вежбаат своите структури за нивните безбедносни подухвати низ светските земји каде на нив ке им се посака да се сруши некоја легална Влада (власт) која не е по нивна мерка.

На сите нас ни е познато дека нашите легални власти само глумат легалност а вистината е дека само извршуваат голи наредби од моќите тајни безбедносни служби од таканаречената меѓународна заедница. Ние како глинени голуби активно или пасивно само учествуваме во таканаречената игра на нашата територија на која газат нивните слонови а ние како глинени голуби сме само последица на на нивните проби и вежбања - како се рушат легални и легитимни системи.

Во таа битка каде нивните слонови ја газат нашата трева ние само страдаме, кој како ке го зафати судбината. Од последиците на распадот на политичкиот и економсикиот систем страдавме сите и сеуште страдаме, работиме за мизерни плати, примаме мизерни пензии од кои никој не знае како ги одржуваме нашите семејства бидеји е тоа само по себе економско чудо. Истрпевме/трпиме братоубилачки/граѓански војни во кои војуваме со нашите најдобри комшии па и роднини. Ги трпиме последиците од сите проби на разни хњмиски и биохемиски оружја кои никнуваат во светските лабаратории. Нема фамилија која нема некој кој не е настрадан од новите канцерогени заболувања кои се последица на лудите проби. Глинените голуби (ние) само паѓаме а некој таму некаде ракоплеска за успешните проби на новите оружја и орудија.

На сите нас веројатно одамна ни е јасно дека сме само глинени голуби кои за наша несреќа сме во ливада во која газат слоновите. Оние паметните години наназад се иселуваат од нашата ливада и одат таму каде барем легално ке бидат експлоатирани. Некои повремено се враќаат а некои веќе ги собираат и своите фамилии во нивните нови татковини, некои само праќаат по некој долар, евро ...

Friday, November 10, 2017

Среќа

Среќата е лично чувство на задоволство од квалитетот на животот кој го живееме. Кога на некого му посакуваш нешто по повод одредени негови успеси или годишнини најчесто осем доброто здравје, уживање во животот, сигрност, осеќај на задоволство, љубов, благосостојба (богатство) - секогаш му посакуваш среќа.

Некои оние таличните се раѓаат со среќата, но најчесто среќата највеќа ја чувствуваат оние кои за својата среќа највеќе сами допринеле и е резултат на нивните успеси во животот кој го живеат. Суеверните мислат дека среќата ти зависи од она што наречниците ке ти го посакаат при твоето ражање. Се на се сите сме во потрага на среќата.

Често за неуспесите во својот живот ја кривиме недостатокот на среќата - тоа е карактеристика и во спортот каде за успехот често осем добрата подготовка се повикуваме и на среќата. Но среќата секојпат ја пратат храбрите оние кои ја предизвикуваат среќата а не оние кои само ја чекаат. Отука и изреката кога некој му се моли на бога да му даде среќа - бог вели а да купиш прво лоз :).

Не постои живо суштество кое не го почувствувало среќното чувство. Но на сите треба да ни биде јасно дека среќата е во малите нешта кои ни се пружаат во нашиот живот. Во насмевката на детето (било кое) кога ке те погледне со своите очи, во убаво поминатиот ден, во доброто ветре и свежиот воздух, во уживањето на добра хрна, вино ... во љубовната игра на дваица што се сакаат и посакуваат ...

Зато не очајувајте и не ја барајте својата несреќа во туѓата среќа - среќата е секојдневно тука околу вас само треба да ја препознаете и да ја почувствувате - да и дозволите таа да биде дел од вашите чувства. Да ве води низ вашиот животен пат.

Monday, November 06, 2017

Во Македонија “живот“ има само за малкумина милионери (политичари на власт и олигархија) ...

Мурто од Муртино го смени Курто. По десетгодишна апсолутна власт Курто беше апсолутно корумпиран, толку многу што во лице ни се смееше на сите и ни велеше - ништо не ми можете ... Преку партијата со која дојде на власт тој се изјаснуваше дека има право да прави што сака со нашите пари, бидејки нели целата власт беше негова со сите институции во кои инфилтрира партијски војници. За негова несреќа некој го фати во таа кражба и сега плаче како новиот “режим“ му го прави сето она што тој им го правеше ним а и на целиот народ. Курто сега протестирајки против новата власт точно ни кажува што се правел за да не владее апсолутно.

Се промени ли нешто друго осем што се смени носителот (партијата) на власт. Јас лично не приметувам. Повторно слушам дека иселувањето продолжува со несмалено темпо по сите основи. Оние образованите и интелегентните преку својот допринос во некои нови средини каде таквите кадри се десетина пати поплатени од кај нас. Продолжуваат да се иселуваат и оние кои преку својот труд можат да потегнат - такви млади кадри се потребни во скоро сите попросперитентни држави кои имаат потреба од таков кадар. Мојата фамилија веќе 20-сетина години перманетно се иселува во земји кад такви како нив им требаат. Сега се случува процесот на обединување на семејствата, имено ги повлекуваат кај нив своите родители, за да има со кого да се радуваат кога им е до радост ... Сите тие не беа љубители ниту на црвените ниту на плавите партиски книшки - затоа навреме си отидоа.

Ме фрапира податокот дека оние малку мали навидум досега успешни фирми и дуќанчиња перманентно се затвараат - процесот незапирливо продолжува. И тие наоѓаат чаре во некои други попросперитентни држави. Се плашам дека најголемиот егодус ке се случи оној ден кога ке не примат во ЕУ - дури тогаш сите легално ке си најдат чаре некаде ... Животот е еден и секој има право да го потроши онака како смета дека ке му биде најдобро ...

Thursday, November 02, 2017

Најтешко ...

Не е тешко да измиеш садови - најтешко е тоа секојдневно да го правиш.
Не е тешко да избришеш прашина - најтешко е тоа да го правиш секојдневно до енти пат.
Не е тешко да ги враќаш работите на своето место - најтешко е тоа да го правиш по секоја завршена работа.
Не е тешко да направиш куќа - најтешко е куќата секојдневно да ја одржуваш.
Не е тешко да посадиш цвеќе, дрво, трева - најтешко е секојдневно да ја одржуваш куќата, цвеќето, тревата.
Не е тешко да родиш дете - најтешко е од него да направиш човек.
Не е тешко да сакаш - најтешко е да сакаш а да не ти се возврати љубовта.
Не е тешко да помогнеш еднаш - најтешко е тоа да ти стане навика.
Не е тешко да се направи држава - најтешко е таа да биде средена, функционална и самодржива.


Monday, October 30, 2017

Не го прави она што несакаш тебе да ти го прават.

Има едно човечко правило кое гласи: “Немој да го правиш она што несакаш тебе да ти го прават“. Некогашниот реформатор на ВМРО-ДПМНЕ (од пред десетина години) го стигна неговата клетва. На него и на неговата партија ги стигнаа сите клетви од разгневените негови политички противници. Груевски десет години постепено ја освојуваше сета власт во државата во сите нивои на власта (централна, локална, судска и медиумска власт) (со сите дозволени и недозволени политчки методи). Бидејки апсолутната власт апсолутно корумпира реформаторот Груевски стана најкорумпираниот политичар во историјата на МК демократија. Груевски и ВМРО-ДПМНЕ одкако ја изгубија централната власт ја губат скоро сета локална власт на овие последни локални избори. Го слушаме сношти како “плаче“ за изгубената власт и за сето тоа ја криви новата корупирана власт на СДСМ и пред се МК полиција. Ни на крај памет не му паѓа доброволно да си даде оставка во својата политичка партија. Веројатно ке чекаме од таму да го симне реформираното судство од СДСМ или реформаторите од неговите редови. На Груевски му се криви сите. СДСМ како корумпирана и желна за власт. Дуи кои ги смета за предавици. МК полиција пред се. На крај реши да не ги признава изборните ресултати ни во првиот ни во вториот круг на локалните избори. Касно е сега за Груевски да го прави она што СДСМ го правеше во изминатите неколку години.
Колку Мурто (од Муртино) ке го смени начинот на кој Курто владдееше десет години ке видиме брзо. МК гласач ке ги исчекува и неговите потези од власт која ја освоји. Ке го казни на првите следни избори кога тој ке проба апсолутно да владее со државата но и со партијата. Мурто (од Муртино) најпрвин треба да покаже дека ја реформира (демократизирајки ја) својата партија - па дури потоа да очекува дека тоа ке се случи и со сите други султански партии како резултат на ретроградните политики на нашите недоветни политичари.  

Saturday, October 28, 2017

Време на избори БЦ - Грујо

Ако своевремено БЦ во време на избори беше “најдобриот играч“ на ВМРО-ДПМНЕ сега Грујо е “најдобриот играч“ на СДСМ. 

Monday, October 16, 2017

Кога возот ке тргне надолу ... дали само Курто го смени Мурто ...

Кога возот ке тргне надолу а не си направил навремен сервис на системот за кочење - избегнувањето неизбежната катастрофа е неминовно. Тоа вчера му се случи на ГРУЕВИЗМОТ. Негвиот воз тргна стрмоглаво надолу. Се што му спремаше на противникот му се случи нему. Останува сега да се “оправи“ ушете судскиот систем и возот на Груевизмот да заврши на слепите перони во Шутка и Идризово. Она од што се плшам е дали само Курто го смени Мурто - сите мораме да останеме будни ...

Wednesday, August 16, 2017

Зврлевски и ВМРО-ДПМНЕ

Паѓањето на режимот кој управуваше со нашите животи повеќе од десет години не оди лесно. Режимот навлегол длабоко во нашиот политички и економки систем. ВМРО-ДПМНЕ од петни жили со сите сретства и сета моќ која ја создал низ годините се труди што подолго да ги задржи полугите кои ги имаше освоено во политичката доминација низ десете години на власт - во кој период одредено време владеше апслутно.

Досега е јесно дека ВМРО-ДПМНЕ ја загуби полугата во Владата. Во парламенотот е опозиција но таму одлично се држи. Ги користи сите средства да не и даде простор на новата влада да дише. Им дише во врат на новата владеачка коалиција.
ВМРО-ДПМНЕ одавна ја има подизгубено подршката на главниот дел од меѓународната заедница која преку своите полуги владее со земјите каква е нашата (мала држава и слаба економија - без заштитник во некоја од големите светски сили и држави).
ВМРО-ДПМНЕ ја загуби полицијата но сеуште не сосема - дест години владеење со полицијата не се бришат со неколку месеци нова власт.
ВМРО-ДПМНЕ ги губи владеачките ешалони во институциите на државата.
Иљадници слепи послушници на ВМРО-ДПМНЕ не се веќе на водечките места во институциите.
Иљадници разни комисии и леви сметала ги губат позициите во разноразни мали полуги кои го одржуваа системот низ десет годишното владеење.

Онаму каде ВМРО-ДПМНЕ пробува да го продолжи своето владение е институцијата  Јавно Обвинителство и Судската власт.
ВМРО-ДПМНЕ се бори да го сочува Зврлевски со обид да се издржи до локалните избори каде ВМРО-ДПМНЕ ке се обиде повторно доминантно да победи.
ВМРО-ДПМНЕ има и проблеми во својата партија - секојдневно оние кои се економски моќници го напуштаат бродот кој тоне. Кормиларот и капетанот на бродот на ВМРО-ДПМНЕ Груевски сеуште добро се држи. Ги користи полугите со кои управува со ВМРО-ДПМНЕ и се обидува да докаже дека НАРОДОТ сеуште го подржува. Тоа брзо ке го дознаеме на локалните избори. Не треба да се подценува веројатноста дека ВМРО-ДПМНЕ ке победи во голем број во општините со рурални средини. Веројатноста дека ке изгуби власт во поголемите општини е многу голема а веројатно ке ја загуби и власта во Скопје во поголемиот број на општини и на ниво на градот Скопје. Дали тоа ке биде доволно за да падне Груевски во ВМРО-ДПМНЕ ке видиме по локалните избори.

Saturday, June 10, 2017

Се симна ли Мурто . “Ке си лежите“ е сеуште пуста желба на пола Македонија...

По десет години или 11 како и да е се симна Мурто за да зајава Курто. Голема надеж во пола Македонија дека силно ке светне ден. Но дали е така? Повеќе изгледа дека казната нема да го стигне Мурто. Тој реши да остане да јава како да е во седлото - уште оди по Македонија за да отвара чесми и да провери дали се отвараат прозорците. Институциите сеуште го штитат - а и веќе не сум сигурен дека Курто ке брза да го казни Мурто. Како и во минатото само ке гледаме како новата власт се увалува во фотељите ... Од Мутовата банда никој сеуште не залегна по МК затвори ... “Ке си лежите“ е сеуште пуста желба на пола Македонија.

Thursday, June 01, 2017

ЖИВОТОТ ПОБЕДИ

Ништо не е вечно, се тече се се менува. Се смени и владата која не владееше 11 години. Новата ветува живот за сите ...

Monday, May 22, 2017

ШИЛОТО НА ВИСТИНАТА ПРОБИ

Денеска многу вистини го пробија зидот и испливаа на површина. Вистината кога тогаш испливува на површина. СЈО помага шилото на вистината да пробие до јавноста. Останува конечниот суд сепак да го донесе СУДОТ. На нас обичните смртници и досега се ни беше јасно - но ние не сме суд.

Пациенти

Пациентите на СЈО беа на едно место во исто време. СЈО можеше да ја искористи приликата да им даде покани за некои од наредните рочишта.  http://prizma.mk/galerija-vrvot-na-vmro-dpmne-na-otvoraneto-na-filharmonija/

Monday, May 15, 2017

Сваровски Трансмет

Дали Правосудството и Обвинителството се независни или се во служба на власта? Одговорот на ова прашање го добивме во објавата на прислушувањните разговори каде дознавме дека судството ни е “сваровски„ - а обвинителството пее како му пишваат ноти од политичките властодршци.

Груевизмот остна да се брани само во правосудниот систем. Фрчат местени одлуки на сите судски истанци од основен до врховен суд. А се сеќавам на случајот со затварањето на А1 кога на повикот на Црвенковски да се стопира “срамното“ затварање на А1 телевизија тогашниот премиер Груевски велеше дека судството е независно и поминало времето на периодот на бранковизмот кога со судството се раководело со телефонски повик на политичар кон одреден судија.

Сега по долго натегање како да се најде слобода за Кочан се се заврши со постпка да се најдат троица судии на Врховен суд да гласаат по желбата на председателот на Врховен суд - кој во постапка утврдил дека предметот се враќа на повторно судење заради правна празнина во законите. Сега газдата на Трансмет е повторно слободен човек и е пациент на здравсвениот систем на РМ. Службениот пат од 70 дена му заврши.

Криминалците наши докажаа уште еднаш дека си имат своја држава - ги штити полиција, војска, Председател на РМ и правосуденот систем. Последната правна карика на заштита со помилување или прекинување на гонење во судска постапка по одлука н Председателот на РМ се чува за крајна резерва.

Да не заборавам да спомнам дека оние кои беа пратени да линчуваат пратеници во Собранието на РМ повикуваат да бидат заштитени од правосудниот систем и од Председателот на РМ. Некој тоа веројатно им го ветил.

Дури и оние кои протестираат на улица против новото парламентарно мнозинство пишуваат тужби со помош на истакнати правници. Судството е последната алка каде се брани и штити груевизмот.

Thursday, May 11, 2017

Ситно

Оној момент кога ке се избере Владата на Заев - ке започне падот на подршката на ВМРО-ДПМНЕ. Глувците веќе го напуштаат бродот на ДПМНЕ пред тој да удри во сантата “пала влада“. Месец до два потоа ДПМНЕ ке исгуби од своите пратеници десетина на број, а по шест месеци од новата влада ке изгубат уште десетина, што ке значи можност за дво третински мнозинство на владата на Заев. Каменот ке дојде од блиску од самите вмровци кои во распадот на ДПМНЕ ке гледат да се офојдат се` по сценарио како што се распаѓаше СДСМ во минатото а особено ДА.

Sunday, April 30, 2017

Маченици

Свирепите КРВАВИ напади врз Заев и неколку други пратеници од нив направија МАЧЕНИЦИ.

Терористички качулки.

Прашање од милион долари: Зошто народот кој влегуваше во Собранието на РМ не се плашеше од набилданите момци со качулки кои биле и наоружани (на едниот му испаднал пиштолот). Зошто полицајците од обезбедувањето на парламентот се поздравуваа со момците со качулки - а ги попруштаа поред себе како да не се со терористички ознаки. Момци со качулки гледаме само во филмови каде се прикажуваат акции со терористички содржини.

Monday, April 03, 2017

Заробената држава си го зароби Собранието илимити Парламентот.

Заробената држава си го зароби Собранието илимити Парламентот.

Thursday, March 30, 2017

Парламентарно reality show

Не гледам реалити шоу програми – бидејки тоа доведува до затупување на мојот ум. Во сите реалити шоуа има минимум правила, казните се парични или на крај има исклучувања од реалити играта. Во нашиот случај ние сме први во светот (ете за нешто сме први) - воведуваме во собранието реалити шоу од свечена седница  на собранието кога се бира Председател на собранието, протоколарно втор човек во државата. Првата седница тече со едно правило НЕМА ПРАВИЛА. Целта на инспираторот и организаторот на ова реалити шоу е да тече време во бескрај за да во лимбо ситуацијата кога водата е матна крупните риби некако се спасат. Но им нема лек особено не на крупните риби - тие први ке се фатат во изолационата мрежа која другите свесни и поголеми држави веќе ја поставуваат околу нас. Ако е ваква првата седница тогаш такви ке бидат сите наредни. Ни нема лек – ние не заслужуваме држава, немаме капацитет за тоа. Следува да се организираме во банди, да се испотепаме за да ја исчистиме оваа преубава територија што се вика Македонија. Тоа веројатно и следи. За да светот се спаси од ваква ЗАРАЗА ке мора да не ИЗОЛИРА и да најде начин поглавиците на бандите (клитоносците на заразата) и нивните главни помошници ги донесе пред меѓународен суд и им пресуди во правна процедура. Ние за тоа не сме способни и немаме капацитет за тоа.

Tuesday, March 28, 2017

Чуварите на тронот


Македонија не е монархија – но елементи на монархија гледаме во начинот на уредувањето на политичките партии, кои во своите статути имаат зацртано монархија (султан партии) наместо демократија во која се “колнат“.
На продолжетокот на конститутивната седница на новото парламентарно Собрание каде се бие собраниска битка (со дозвлолени собраниски методи, трикови и подметнувања) меѓу старата власт која сеуште ги држи сите полуги на власта (сосе државната каса) и најавеното ново парламентарно мнозинство кај најголемата партија која себе си се нарекува победничка на последните избори (поради најголемиот број на парламентарни мандати/столчиња) ПРВОТО СТОЛЧЕ каде седат избраниците на досегашната власт е празно. Забележав дека никој не смее ни да помисли да седне на него. Тронот (празното столче) е празен/о, но ЧУВАРИТЕ НА ТРОНОТ ја одработуваат задачата која ја добиле од “монархот“ (кој ете баш сега има поважна задача – пошол да бара милост кај сестринските партии, кои му имаат соопштено дека не го посакуваат во своето друштво за овој како и за последниот предходен состанок каде не го ни планирале, ниту очекувале – едноставно не сакат да се дружат повеќе со “монарх“ кој се представува за лажен демократ/патриот и кој целиот народ од каде доаѓа го има заробено во заробената држава од каде доаѓа).
Кои се чуварите на тронот, како се назначуваат и зошто служат? Чуварите на тронот лично се поставуваат од “монархот“ на заробената држава во квази демократските процеси кои се одвиваа како во партијата од каде доаѓа “монархот“ така и во самата заробена држава. Тие таму не се ставаат затоа што се “лични“ (што би рекла Гоца) – туку се поставаат за да послужат на целта кога ке бидат потребни по сигнал од “монархот“ да завршат работа онака како ке им дошепне оној кој таму ги поставил и назначил. Сеедно дали се тоа најдиректно назначени од самиот “монарх“ или се индиректно поставени од избраниците на монархот. Сите мора да се унисони и да ја пеат сложно песната која им е одредена дека може и треба да ја пејат (затоа и сите говорници кои ги слушаме не говорат од памет, туку најчесто читаат она што некој им го напишал). Значи се што е министер, директор или било каков јавен службеник се до председателот(п со мала буква) на државата ни, сите назначени судии и сите добро платени новинари мора да слушаат команда од еден центар назначен од “монархот“. Колку ли се само назначени (и добро платени) разноразни таканаречени независни државни тела и комисии (се бројат сигурно со иљадници) кои додатно се наградени за засилено да го чуваат тронот. Сите тие се педантно заведени во партијскиот тевтер на Гоца со име презиме и сите генералии. Сите се имаат заколнато дека верно ке му служат на “монархот“ кој сите нив ги плаќа од заедничката каса (не од сво џеб) на сите нас во заробената држава. Е сега во заробената држава неможе сите да работат кај “монархот“ и за “монархот“. Некои едноставно мораат само да плаќаат за оние одбраните да лешперат и се перчат со лесно заработените пари. Така доаѓаме до бројките 20 до 25 проценти од народот во нашата заробена држава го имаат подјармено останатиот народ во истата заробена држава и го работат како бавча со помош на вешто поставениот систем на “монархот“ кој во секое време ги држи сите конци на лутките (поданиците) во заробената држава.
Кога ке секне/заврши сета оваа луда игра. Оној момент кога некој ке му ја земе нашата заедничка каса на самопрогласениот “монарх“ од каде сето ова се финасира и плаќа – во истиот тој момент ке престане сета оваа луда игра во заробената држава. Ни мама на тате не дава за џабе.

Затоа немојте да се чудите на сите оние познати лица на интелектуалци, уметници, спортисти и останати “загрижени грѓани од протестите“ кои сите на своите изб(о)рани места гласно го бранат “тронот и монархот“. Тие само го слушаат божјото правило дека раката што те храни и милува несмее да се сече/исуши. 

Monday, March 27, 2017

СамоСпотер

Собранието на РМ е во сесија. Се бира најпрво комисија за избор и именување, за пота да се помине на избор на Председател на Собранието.

На сите ни беше јавно соопштено дека досегашната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ ке се труди да ги искористи сите политички средства и итрини да поминеме што повеќе време во оваа сегашна лимбо ситуација.  Во сегашниот политички момент ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата користејки ја моменталната ситуација да со седницата на Собранието на РМ раководи нивен кадар прават по мене опструкција и во меѓусебната спотер дискусија разговараат дискутираат меѓу себе за она што ги боли но најмалку за она што е на дневен ред на седницата. Со ова се надеваат дека само на оваа точка ке потрошат десетина дена од нашите животи. Тоа ке го прават на ваков начин за оваа седница уште за некои други ситуации – за да оваа точка од дневен ред се симне за едно месец дена. На сите треба да ни биде јасно дека ова сите мора да го поминеме. Кочењето на демократијата или сеедно практикувањето на демократијата ке ја гледаме во иднина за многу од точките кои ке дојдат на дневен ред. Но има едно правило од животот дека - кога ке упаднеш во кал колку повеќе мрдаш толку всушност побргу пропаѓаш и се давиш во калта. Не дека со ова ВМРО-ДПМНЕ ке успее да ја наметне својата политика и своите кадри да ги задржи на раководните места низ се и сешто во државата. Еден ден сите ке пропаднат во калта како што се руши кулата од карти. Дали калта и дупката ке бидат толку големи што во неа ке не повлечат сите нас е прашање кое заслужува одговор.

Thursday, March 16, 2017

Македонски Лавови ... Чиста Македонија


Историјата на специјалната единица Македонски Лавови (Единица за брза интервенција “Лавови“ – во состав на Македонската полиција)  се врзува за идеолошката матрица на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа се препознава преку иконографијата со која се врзува оваа единица а и преку иницијаторите за нејзино оснивање и формирање. Историографијата вели дека оваа специјална единица е формирана со одлука на Македонската Влада во времето на воениот судир 2001 вата година. Поради повеќе причини оваа специјална едниница не заживеа (немаше за неа ниту одлука на Македонското собраие за оснивање – ниту потпис од председателот Трајковски ...). Но единицата во тоа време помина низ тренажен процес (повеќе иљади луѓе) и имаше бројност околу 1500 припадници. Дел од нивните активности во судирите во 2001-ва беа во обезбедувањето на тетовските села Жилче, Ратаје, Јегуновце со претежно македонско население. Меѓу последните активности на оваа единица во воениот вихор во 2001-вата е обезбедувањето на ископувањето на масовната гробница на 12 те киднапирани Македонци во селото Требош – притоа во заседа загинуваат троица припадници на Лавовите. Единицата е расформирана во 2003-тата година, дел од нејзиниот состав преминува во ЕБР (Единица за брзо распоредување). Од дел од членството на оваа единица се формира граѓанско здружение “Македонски лавови“ кое ги одбележува значајните датуми на оваа единца. Последно такво беше одбележувањето на 15 годишнината од формирањето на оваа единица во Април 2016-та. Постојат неколку видеа закачени на социјалните мрежи во кои се опејуваат Македонските лавови со зборовите: “Црни орли пак се спремат од високо само демнаат и чекаат секој момент да нападнат да те земат - не е веќе тоа време кој што сака да те земе, ке те бранат синовите јунаците лавовите. Македонски лавови ке те бранат секогаш да те земат душмани нема земјо никогаш. ...“. Заклетвата на оваа единица гласи “Господи чувај ме од зло и дај ми сила да го одбранам мојот дом мојот народ Мојата Македонија Амин!“. Најново е најавувањето на подржувачите на оваа единица дека тие сакаат повторно да се понудат со своите услуги на Македонскиот народ да ги брани – имено се најавува прес конференција на подржувачите на оваа единица дека во Недела на 26 Март 2017 ке одржат Прес конференција во Свети Николе.

Имаме позачестен повик за “Чиста Македонија“ (прогуглајте на интернет и ке дознаете кој и каде се се залага за Чиста Македонија). Таквите повици позачестија и на најновите протесити кои веќе втора недела контунуирано се случуваат низ Македонските градови. Повик за “Чиста Македонија“ упати и еден од членовите на Македонската академија. Ритамот на тапаните низ македонските протести можно е лесно да се претвори во ритам на воен/и конфликти во наша Македонија.

Monday, March 13, 2017

Балкан - На линија на огнот - Две балкански држави се пред распад – Геополитичка криза.

Последната изјави од ЕУ званичниците од последниот ЕУ самит беше констатацијата дека (Лајчак) две балкански држави се пред распад (се мисли на Босна и Македонија) и три балкански држави се во криза (Србија, Црна гора и Албанија). Ако на тоа ја додадеме изјавата на Кери пред некоја година (Февруари 2015) кога рече дека истиве балканки држави се на линија на огнот. Тука да го вклопиме и најновето предупредување на Могерини во Скопје - дека регионот влегува во геополитичка криза. На сето тоа мора да го додадеме и фактот дека се наоѓаме на Балкан каде во историјата најлесно се палат воените судири во кои се пролеава највеќе наша балканска крв.
Ако сето ова го знаат нашите политичари бидејки нели тоа им е работа – што(политичарите) треба да ни испорачаат на нас обичните граѓани за да во сите овие игри не изиграваме трева на која ке се играат слоновите, бидејки ако до тоа дојде од нас ке остане едно големо ништо. Наместо низ дијалог да ја смируваат ситуацијата тие без здрава памет пробуваат малата бистра вода од изворот на стабилноста во нашата држава да ја навртуват на својата воденица. До пред извесно време едните водеа народ низ улиците на Македонија и го пропагираа својот став (својата вистина) сега имаме ситуација на улица да излезат другите и да го пропагираат својот став (својата вистина). Наместо тоа да го прават во институциите на системот - тие институциите ги уништуваат и ни ја нудат (наместо демократските придобивки и методи) само улицата како опција каде може да ги слушнеме нивните екстремистички ставови и размислувања. Немаме Собрание (не е докрај конституирано), немаме Влада (оваа која ја имаме е само привремена која требаше да трае до завршетокот на изборите), судството ни е уништено (од корумпираните избори на судиите и разните местенки кои таму се случуваат), немаме Претседател како татко на нацијата (сегашниот Претседател нема капацитет ниту воља да биде обединител), немаме здрави политички партии и политичари (сегашниве се само таканаречени султан партии и султани), немаме независно новинарсство и новинари (сегашниве се само нечии наемници/платеници) – за на крај да констатираме дека немаме демократија (сега се случуваат најретроградните процеси на гушење на демократијата, преку гушење на правото на политичките избраници да ги користат демократските средства и методи кои треба да им стојат на располагање). Уставот кој треба да ни биде алфа и омега сите го кршат и тумачат, повикувајки се на него.
Од итро етнички судир сега топката се пребацува на полето на етнички судир/и кои знаеме дека имаат капацитет да прераснат во крвави сценарија – едно такво имавме во 2001-вата.
Што ни останува на нас обичните граѓани кои не се заинтересирани премногу да се вбројат ниту во едните ниту во другите ниту во третите редови (стада). Од сите директни учесници имаме повик да им се приклучиме во нивната борба и пропаганда за нивната вистина.

Нас ни останува да бидеме претпазливи, паметни и трпеливи. Да ослушнуваме, слушаме и чекаме да се дигне маглата, да бегаме од матната вода и матните сценарија за да не не зафати вителот и жарот на огнот кој сите го расплантуваат. Да бидеме мудри.

Thursday, March 09, 2017

Изолација

Сите очекуваме да ја дознаеме тактиката и наредните чекори на меѓународната заедница во однос на ново настанатата политичка ситуација во нашата држава. Што би рекол нашиот сегашнен Председател на РМ, дека тој има начини да дознае се` што се случува во нашата држава и одтаму може да предложи мерки во рамките на своите надлежности да се справи со заканите по демократските процеси во нашата држава. Ако Претседателот Иванов има начин да дознае се – таква можност да дознаат се што се случува во нашата држава имаат сите земји на кои Председателот Иванов им пиша писмо. Кај нас прислушуваните разговори се прогласија за невалидни докази во судските постапки, бидејки до нив се дошло по нелегален пат – тоа не ги обврзува странските дипломати да ги преслушаат разговорите со предходно испитување дали се сечени лепени и монтирани и од нив да створат слика за наштите представници на највисоките државни институции. Нивната најнова досегашна дипломатска реакција беше содржена во апелите кон Иванов да се премисли и да не ги кочи демократските процеси. Пратија и специјални представници кои додатно ги убедуваат политичките чинители во нашата држава дека незамисливо е кочењето на демократските процеси.
Кои би биле натамошните чекори на нашите стратешки партнери ЕУ и САД? Тие ке почекаат уште некој ден и кога ке видат дека апелите не вродуваат со плод ке поминат кон изолација, исто како што се поставува према одредени подрачја во кои ке се прогласи епидемија. Прашање е дали ке одат во изолација на поединците кои ги кочат демократските процеси (носителите на заразата) или изолација кон нас како граѓани. Кои ке бидат конкретните мерки за изолација према поединци од нашата држава или према целата држава ке разбереме деновиве.

Некои од актуелните политичари се веќе изолирани. Денеска на пример разбрав дека партијата ВМРО-ДПМНЕ не е поканета на последната средба на народните европски партии. Досега со особена гордост лидерот на ВМРО-ДПМНЕ даваше изјави за што се договарале при средбите на ЕПП (EPP European People`s Party ) и дека од ИПП добива подршка за своите политики. 

Tuesday, March 07, 2017

Македонска крвава свадба.


Во нашиод код и меморија е драмата “Македонска крвава свадба“ (Војдан Чернодрински). Се плашам разните сценаристи од денешницата да не го искористат ова драмско сценарио за да ја заплеткаат сегашноста во крваво сценарио и пир. Сетите се дека етничкиот крвав судир во Босна почна со убиствата на младиот брачен пар на мостот над Миљацка - брзо по нивната венчавка. Сегашниве сценаристи наши и странски секојдневно се обидуваат да го наметнат својот поглед на светот и кога нешто не им одговара прават таканаречени “контролирани нереди“ за да од тоа политички профитираат. По нашите градови тече река народ која е уверена дека со мирните протести ке го сочува ткивото на македонизмот, преку заложбите за сочувување на унитарнота на државата, територијалниот интегритет, идентитетот, Македонскиот јазик и името Македонско. Во ситуација сме кога немаме Собрание во полн капацитет, Владата ни е изборна, судството е такво каво е и многу лесно ке се направи голем неред во евентуалниот крвав пир – ако некој посакува такво сценарио. За релативно мала пара на светскиот пазар на убијците ке најмиш професионален убиец кој ке цели во жива мета. Пари и мотиви да сторат такво нешто во Македонија имаат многумина. Плукањето и заканувањето на младите тројки (кои деновите ги видовме во акција) е само детска игра со која можеби некој се обидува да дознае какви би можеле да бидат реакциите. Но крвав пир е нешто друго.

Friday, March 03, 2017

Заканите врз најновите демократските процеси станаа јавни.

На една телевизија во интервју еден бивш пратеник го најави сценариото како “граѓаните“ кои демек ја бранат унитарноста на Македонија јавно објавува со кое сценарио ке го брани/ат сегашниот состав на избраните пратеници да влезат во зградата на МК Собрание. Тој во својата изјава на телевизија со национална фрекфенција објави/најави/рече дека (парафразирам) “ке ги пуштат легално избраните пратеници слободно да влезат во зградата само ако влезат во него да се самораспуштат ...“. Имаме ли ние Јавно обвинителство. 

Thursday, March 02, 2017

Балканска тиња ... гените ни се криви

Нашата држава е во срцето на балканскиот географски предел, јужно од Сава и Дунав се до Босфор. Етимошки гледано името Балкан е поврзано со навлегувањето на Турците на овие простори и најчессто се поврзува со турскиот збоор „Balkan“ што во превод значи „ланец на планински шуми“. Некои теории турскиот назив за „Balkan“ го врзуваат со кованица на турските зборови  „бал“-мед и „кан“-крв. Некои други умни глави синонимот Балкан го врзуваат со старо италијанскиот бог Вулкан - Vulcanus (богот на огинот). Пред турската инвазија и создавањето на Отоманската Империја, Балканот во грчките и римските извори е наречен „полуостров Хема (Hema)“, а балканскиот планинскиот венец – „Планини Хем“. Во грчката митологија, тракиски крал Хем е син на Бореас (Бореј) – северниот ветер. Тој е суетен, арогантен и себе си и својата жена Родопа ги споредил со Зевс и Хера. За казна, боговите го претвориле брачниот пар во планини. Во грчките легенди планините се нарекуваат Хем по битката на Зевс со змијата Тифон. Во борбата со змијата која фрлала цели планини Зевс се бранел со своите молњи. Во жарот на борбата од планините потекнала крв која на грчки се изговара како “хем“ и одтогаш планините станале “крвави“ т.е. “хемски“. Ако погледнеме во бугарските теории за етимологијата на називот Балкан ке дознаеме дека тие коренот на зборот го врзуваат со келтско потекло - изведено од зборовите  бал (х) кан што во превод би значело големата мајка.  Во поновата западна терминологија - кога ке се слушне зборот Балкан тој се поврзува со насилие, верска и етничка нетрпеливост, корупција и поделеност или во севкупност назадни процеси. Од тука е изведен и поимеот “balkanisation - балканизација“ кој се поврзува со поимеите за нетрпеливост на фракции во некој збир. Не е случајно поимот Балкан што се поврзува со поимот “балканско буре барут“. Јас сето ова го нарекувам “Балканска тиња“ во која сме заглавени заради нашето минато - но веројатно и заради нашите гени. Пред малку гледав една ТВ сторија за едно турско црноморско село познато по своите големи носеви. Сега таму модерно било да се прават пластични операции на носевите - но гените работат и децата повторно се со долги носеви. Пренесено во нашиот случај со балканските држави и балканските народи а отука и со нашата држава џабе Европа не лечи со нивни закони и обичаи и не тера пред да се здружиме да се прилагодиме на нивните стандарди - нас гените не влечат кон хаотичност и неединственост и се што поимот балканизација негативно носи, онакака како современиот свет сега ги чита нашите пораки, гледајки ги нашите сегашни постапки.   

Wednesday, March 01, 2017

Граѓанскиот протест е уставно право ... Централно - Локално - Власт/Опозиција ... Златни кокошки

Протестираше опозицијата и граѓанскиот сектор во неколку наврати во блиското минато. Сега под притисок на најавата на формирање на ново владино мнозинство (централна власт) протестираат граѓаните кои се обединуваат околу платформа/и кои се инструирани од македонската десница. И минатите протести и сегашните имаат сличности но и различности. Сличностите се во тоа дека за да се организира протест мора да има финасиска поткрепа од некого. Протестите на граѓанската левица беа осмислени - нивната организација одеше со партиска логистика за да подоцна премине преку разни невладини организации и граѓански здруженија. На протестите на левицата многу срамежливо се приклучиа студентски организации. Власта уште тогаш обвини дека сето тоа беше инструирано и финасирано од разни странски центри, преку званичните грантови од некои западни демократии но најголемиот дел од парите влегуваа преку Соросовата фондација и Усаид програмата. Грантови делеа и холандската амбасада на пример и некои други побогати држави се со цел на подигање на свеста за остварување на граѓанските слободи и права. Веројатно имаше и кеш донации за специјални цели - кои секојпат пристигаат преку странските служби кои работат на свои специфични сценарија. На протестите оние минатите со своја подршка настапуваа и локалните самоуправи од поголемите градови кои беа контролирани од левицата. Така осем во Скопје имавме голема подршка од градовите како Куманово и Струмица.

Она што сега се случува во сегашните протести може да се види дека МК десница луташе како да најде платформа за организирање на протести од своите подржувачи а да тоа биде во модерен стил и со модерни демократски средства. Брзо увидоа дека директно организирање на протестите од главната десно орјентирана партија која ја контролираше до сега централната власт и сите институции не им носи подршка и симпатии од светските центри на демократијата. Се чини дека сега се на прав пат да најдоат минимална платформа но и начин како да ги организираат сегашните протести. Во Скопје како најголем МК град се случуваат и најголемите протести со слични сценарија овојпат инструирани од главната десничарска МК партија. Финасирањето на сегашните протести (бидејки без пари нема музика) се од центрите кои убаво се нафатираа со пари од десетгодишното неконтролирано владение со МК институции. Во последните два дена се ископира сценариото од минатите протести па се организираа протеси на локално ниво во поголемите градови какде локалната власт ја има МК десница. Се организираат протести во Охрид, Штип, Прилеп, Битола и Кичево. Очигледно е дека освојувањето на локалната власт е многу важна алатка за секоја посериозна партија која атакува на избори за да добие власт. Локалните самоуправи лесно наоѓаат начини како да финансиски помогнат а особено како организациски да помогнат на некоја нова невладина организација и здружение. На новите протести се приклучуваат интелектуалците кои се блики до МК десница но и мегафоните кои ги гледаме низ медиумите блиски до десницата. Дека и овие протести се централно организирани се гледа од тоа дека главните организатори секојпат читаат од ливче (она што некој им го напишал) а не говорат од своја глава. И тука има сличности со минатите протести организирани главно од МК левица.

Очито е дека МК десница полека се спрема да дејствува како опозиција постепено привикнувајки се во улогата на опозиција во едно општество. Дотука се е нормално во демократската лепеза на делување на партиите и граѓанските здруженија. Веројатно драматично ке осеќаме потреси додека не се смени централната власт и во тој период се и најголемите ризици од неконтролирани немири - особено ако левицата сега пак се одлучи на нивни контрапротести на овие протести ... еве да речеме налутени од повторно некој неконтролиран потег на председателот (п со мала буква) ни, кај кого деновиве е повторно жешкиот костен... Највеќе сите ке не заболи ако дојде до обрачуни каде ке се употребуваат недемократски средства на насилие со употреба на огнени средства. Не е вредна загубата на ниту еден живот за да тоа донесе некого на власт. Не сум сигурен дека во финасирањето и на овие најнови протести не се вклучат и странски центри организирани преку нивните служби. Ваквите странски цетри за да водата е што поматна финасираат на двете страни ... странските служби секојпат знаат да искористат вакви матни ситуации за остварување на своите стратешки цели. Нивните стратешки цели се територија и пари. Странските финасиски центри обилно не кредитираат и брзо ке дојде време кога пак ке мораме да продаваме златни кокошки. Такви малку останаа, остана само МК електрани и земјиштето сеедно дали е градежно или земјоделско. Брозо ке слушнеме кои се други природни ресурси се веќе продадени - рудни/минерални богатства и извори на вода. Грците ги тераат да си ги продаваат островите - нас ке не тераат да ги продаваме неколкуте преостанати златни кокошки.

Да не заборавам оние кои криминално се офајдија во минатото десетлетие порано или подоцна ке си лежат.

Sunday, February 26, 2017

“Саможртва“ ...

За да се сочува македонското име, јазик, идентитет и територијален суверитет му порачувам на мојот политички противник дека сум спремен да ме апси и затвори мене (своеволно ке се предадам) - но да го сочува македонското име, јазик, идентитет и територијален суверитет.

Friday, February 24, 2017

Филозофија на лична естетика на животот- сон ...

Оф колку реален сон. Само што се пробудив од него и морам да го запишам. Имено:

Познат сум по тоа дека живеам и се облекувам скромно. Никојпт не сум сакал  да имам скапи парчиња облека. Не дека не сум немал шанса во животот да си го дозволувам тоа - туку едноставно во моите мисли сум мислел дека треба скромно да се облекувам а дека ми е важно само дали во животот јас некого усреќувам.

Имено во мојот живот тогаш кога бевме млади на вљубената (во случајот со жена ми ) сум знаел доста често да и купувам и скапи поклони од убави парчиња облека и обувку, парфеми. Но, таа тоа толку го сакаше. Имаше вкус и сакаше убаво да се облече. Но самата за себе одбираше (зборувам во минато, бидејки веќе седум години е почината) кога си купуваше облека убави парчиња облека но не скапи - нешто што можеше да си го дозволи. Ке си купеше комплет и така стокмен го чуваше во плакарот на закачалка од блуза/кошула до во тон сукња, марама и некоја џинџурија. Сакаше и чевли и чанти но нив најмалку ги купувапе - веројатно затоа што беа најскапи од женската гардароба и обувки. Обожуваше да се стокми пред да излезе и велеше дека човекот треба да го цени својот изглед и една од девизите и беше “Види га у обуќу - па га пусти у куќу“. Нејсе, многу се радуваше кога бевме помлади а јас тогаш доста патував службено во странство и од дневниците кои ги добивав а скоро никојпат не ги штедев, од остатокот ке и купев неколку сета на облека и кога ке дојдев дома ми правеше модни ревии од тоа што сум и куил. Убави вљубени денови. Тоа исто го правев кога можев и имав и за моите деца. Но за себе секојпат бев шкрт за купување облека. Геџети да, си дозволував - но за облека некако секојпат мислев дека се тоа фрлени пари, да имаш неизносена облека а да купувш нова.

Да се вратам сега на сонот. Влегуваме заедно со женамиво продавница и таа ми помога да одберам прекрасен комплет на одело со се цаком пакум стокмено на мене. На крај сето го зачинивме со убав парфем кој сеуште го осеќам околу мене иако се беше само сон. Јас некако весел, се радувам што е невобичаено за мене. Обично сум намуртен и некако таинствено нерасположен - замислен. Се некако мисла ме мачи, не за мене туку за моите блиски од фамилијата. Потоа раскажувам ех каков убав коплет имам и дома кој пред тоа си го купив.

Чудно колку реален сон. Не знаев дека толку некој се радува кога ке му се купи некоја убава лична работа за него. Веројатно таквите поклони носат верна вљубеност од жените кон оние кои тоа им го овозможуваат - сеедно дали се поклоните од мажот или од љубовникот. Веројатно затоа и децата се најнасмејани кога нешто ним лично им се купува.

Јас лично таква радост на филозофија во тоа да имам нешто лично за мене а да тоа е облека не сум почуствовал, бидејки сум осеќал и мислел дека не се цени човекот по тоа што има на себе туку по тоа што го има - каков квалитет во својата глава и како се однесува кон околината и другите. По скромноста. На пример сум сакал да возам кола бидејки таа е потреба. Но не ми било срам да имам просечна дури и подпросечна кола/автомобил. Па таа е нели само потреба и служи да те однесе некаде на посакуваната дестинација. На истото место ке стигнеш и со мерцедес и со фиќо. Иако не дека сум немал пари да купувам поубави коли секојпат сум имал подпросечна кола/автомобил и тоа најчесто бил постар модел.

Thursday, February 23, 2017

Пеат како попчиња ... одеднаш.

Пеат како попчиња ... одеднаш. Кој и како ги натера на ваков веќе виден филм?

Monday, February 20, 2017

Матење вода...

Чувството ми е дека некој ја мати водата предолго. Осетот е дека во матната вода сите ке се удавиме но најпрвин оној кој ја мати.

Friday, February 10, 2017

Зошто само на ДУИ не му се брза?

Зошто само на ДУИ не му се брза? На сите им се брза само на ДУИ не - зошто? ДУИ и сега го има тоа што го посакува за себе. Тие и сега се во Влада и во сите инстутуции...

Wednesday, February 08, 2017

Аболиција 2...

Условно ако СДСМ, ДУИ и БЕСА се договорат да формираат мнозинство за Влада - кој ке го сопре Иванов повторно да аболира ?

Monday, January 30, 2017

После мене потоп...

Нашиот “Луј 14“ окружен со фејкерскиот лујовски стил на живот се однесува со нас како вистинскиот Луј 14 и ни порачува - После мене потоп ...

Blog Archive

Site Meter