Search This Blog

Tuesday, December 31, 2013

Уште колку ...

Уште колку време ке поминеме во вртење на информативните и забавни канали на местата каде нема да ја видиме самозаљубеноста на сегашната опиена власт ... Веројатно тогаш, кога и нивните “верни“ гласачи ке сватат дека им е доста од нив ... До тогаш ни останува да го правиме она што најдобро го правиме - да чекаме ...

Wednesday, December 18, 2013

Груевски за Преседател на РМ

Дали ни се спрема изненадување од типот Груевски за Преседател на РМ ?
Ова веќе еднаш го видовме кога Бранко Црвенковски стана преседател на РМ. Ми мириса на слично сценарио. Прашање е само дали тоа сето е договорено таму каде што одавна се одлучува за нас ...

Во вакви новонастанати прилики се чини дека никој нема да инсистира на предвремени избори. Можно е да се направи некоја преодна Влада со прераспределување на сегашните паламентарни бројки. Оваа преодна Влада ке ги припрема редовните парламентарни избори ...

Monday, August 05, 2013

Да го сонувас својот сон ... го сонував мојот сон


Сности рано утро ме пробуди горестината на ноќта и потребата да се испразни стомакот од изедената лубеница од вечерта.

Ретко паметам сон. Но сношти ово го запаметив бидејки бесе необичен. Сонував како го сонувам мојот сон. Имено чесо пати велам дека сакам да го зивеам мојот сон. Да го зивеам она што го сакам и за кое копнеам. Дека се трудам да ги остварувам моите сниста. Е овојпат се фатив дека тоа го правам дури и додека сонувам. Се фатив дека сонувам како го остварувам мојот сон ...
-  На сон ми доаѓа
-  СОН ВО БОЈА
-  Значи, така изгледа смртта ... ?! ... чуден сон ... некој велат
-  Нешто убаво – момент на среќа … Богатството на духот ...
-  Го сонував Тоше ...

Wednesday, April 24, 2013

Парење/Плодење ... Пар ...

Парење/Плодење ... Пар ...

Во нашиот животински свет ние функционираме како пар. Како крпче и закрпче. Природата или сеедно Господ направил така да во продолжувањето на врстата во животинскиот свет - се укомпонира голем удел на лична среќа и задоволство. Затоа чинот на парење е воедно и многу големо задовоство и потреба.

Пред малку на гранката која ми е веднаш до прозорот на собата (човече несакајки станав воаер ...) присуствував на чин на љубовна игра меѓу две врапчиња. Никојпат до сега не сум видел како водат љубов врапчињата. Женското кое е помало застана на една гранче и чекаше стрпливо, не се помрдна ни лево ни десно. Машкот скокаше наоколу. Во размаци од неколку секунди, секунда две скокаше и на грбот на женското врапче и го оплодуваше. Нивниот чин беше секуда, па пауза од неколку секунди скокајки наоколу, па секунда ... Го повторија тоа точно трипати. Потоа заедно одлетаа некаде ... Скокаики по соседните гранчиња врапчето внимателно погледнуваше наоколу дали има некоја опасност. Но додека беше на грбот на женското врапче не постоеше ништо друго за него во таа секунда. Немаше ништо за него поважно на светот. Ја оплодуваше.

Слично, многу слично е и кај нас луѓето, па и скоро кај сите животински видови. Додека трае периодот на парењето/плодењето нема ништо поважно на светот за тој ПАР. Некое време потоа животот продолжува со други потреби и обврски. Но додека се париме/плодиме ние сме препуштени на тој чин и ништо друго на светот не е поважно во тој момент од тоа ...




Sunday, April 14, 2013

Вода пере све ... само едну работу вода не може да испере ...

Дедоми Столе

Дедоми Столе малку зборуваше и беше опозит во тоа на Бабами Драга која многуууу зборуваше. Дедоми Столе тоа што сакаше да го каже - го кажуваше преку својата работа и ангажман. Како љубител на добра капка ракија и домашно вино кои самиот ги произведуваше - знаеше да направи акција на чистење на буриња и други разни садови во кои виното т.е. грозјето киснеше и фементираше. Ке ги извадеше сите тие садови во двор, од нив се чадеше реа на фементиран алкохол и милион разни бубачки кои надлетуваа ... Ке донесевме вода од селската чешма (ех, сега е лесно вода има во секој селски двор па и во дворот на дедоми ...) и почнувеше големото чистење. Како дете понекојпат ке се побунев “Дедо, мора ли се‘ да се очисти. Види колку е ова прљаво ...“ Дедоми Столе се насмевна со крајот на устата и ми рече. “Синко, вода пере све. Само едну работу вода не може да испере“. Ги начуљив ушите во паузата на говорењето додека дедо го миеше глотното буре од комина. “Само оној што глотна уста ке рече, вода неможе да испере ...“ ...

На овие зборови се сетив кога утринава се туширав и го миев глотното тело од потка која овие денови и покрај студеното време се насобира на телото. Имено суредувам/варосувам по дома генерално, со нужни поправки на врати, прозорци, ќошеви и тракатанци по куќата - дел од сето тоа оди во пензија, односно во смет - го враќам на природата ... По ваквото средување во просторот се осеќа нова чиста енергија, како да си го измил/исчистил просторот од минатите лоши енергии во просторот ...

Monday, March 25, 2013

Се‘ се повторува ... циклуси ... Panta Rhei

Се се врти, се тече, се се менува ... Се‘ се повторува ... циклуси ... Panta Rhei

Одавна приметувам дека во животот се ми се врти во одредени циклуси. Ако тоа го аплицирам во природата ке видам дека и таа е во перманентно циклично повторување на случувањата. Земјата се врти околу својата оса, се врти околу сонцето - циклично ... По пролет, доаѓа лето, есен, зима ... По дождот доаѓа сонце, по ветровито време настанува осека и смирување, смир/мир. По раѓањето и животот, доаѓа крајот на трансформацијата во смрта - за веднаш потоа/истовремено да почне нов живот, нов циклус... По поразот/ите доаѓа победа/и ...

Каде сме во сето ова ние, јас ... Се приметувам само како некоја точка/пиксел во огромна фотографија на светот што се менува. Се приметувам дека титрам (незнам подобар збор македонски) час ваму час таму, но тука во кругот на циклусот. Се дружам со природата и таа е мојот учител. Ја следам. Таа ми ги дава сите сигнали. Мене ми останува само да титрам во моменталното место, таму каде сум. Да тирам заедно со некој кој ми е драг, кој ми е свој, кој ми е мој ... но често тирам и сам со самиот себе, со моето прво и второ јас ...

Но животот несме никако да стане навика. Мора секој сам да прави своја креација. Да го живееактивно животот. Да твори, да сака, да љуби ... Ако знаеш/си научил како се прави топла вода, не се мачи да најдеш нов принцип, следи ја придобивката. Креацијата насочи ја кон секојдневието кон ситниците, кон малите/убави/среќни моменти од нашите животи ...

Tuesday, March 19, 2013

Тетка Олга

Тетка Олга

Пред некој ден го изгубив мојот насакан лик од фамилијата. Живееше долго како и нејзината мајка Баба Петрија, живееше долго како и нејзиниот брат - чичко Стојан, живееше 96 години.

Мојата тетка Олга. Ке ја паметам по нејзината благост и погледот кон животот. Не се сеќавам на идна реченица која ја имам чуено од неа а да биде со лош презнак. Ги сакаше сите свои блиски. Ги негуваше фамилијарните вредности. Од се највеќе сакаше сите да бидат среќни како што таа во својата душа беше среќна. Ми има кажано милион приказни од историјата на мојот фамилијарен живот. И оние убавите и оние неубавите. Убавите да не се заборават а неубавите да не се повторат ...

Tuesday, January 22, 2013

Помеѓу минатото и иднината …



Помеѓу минатото и иднината е сегашноста. Резултат на тоа како ја живееме сегашноста е резултат на минатото, на нашиот исправен/неисправен одбран пат во нашето минато, на исправните/неисправните одбрани патишта во минатото во моментите кога сме стоеле на крстопатите на нашиот животен пат. Кого можеме да пофалиме/кој ни е крив за одлуките за одбраните патишта во раскрсниците на минатото. Најчесто ние сме тие кои сами спрема нашите тогашни сознанија ги имаме одбирано патиштата по кои ке се движиме, осем во случаевите на нашето детство и младост кога нашите родители ни го бирале патот по кој ке чекориме во животот. Општеството/државата во кое/која сме живееле е истотака заслужна/незаслужна за патот по кој сме чекореле во животот бидејки таа е нели онаа која го организира животот на заедницата од граѓанини. За бирање на патиштата во минатото најмогу виновни/заслужни сме ние самите, потоа фамилијата, родитеите, животните сопатници и како трет чинител општеството/државата во која живееме. Фамилијата и општеството/државата во која сме живеле не можеме да ја бираме и со тој факт треба да се помириме. Напротив, веројатно дека чувство на припадност треба да предизвика гордост што сме живееле во таа фамилија, општество/држава.

Дали во сегашноста треба да се оптеретуваме со минатото, често да се навраќаме на него, да го анализираме тој период и да се оптеретуваме со факот дека сме погрешиле во изборот на патот по кој сме чекореле или сеедно да го славиме денот во кој сме одлучиле да фатиме пат кој е заслужен за нашата сегашност. Дали треба да го заборавиме нашето минато. Секако не треба да го заборавиме нашето минато какво и да било, бидејки тоа е наше и од него не можеме да се плашиме нити треба да се срамуваме од нашето минато. Нашето минато неможеме да го смениме ниту да го разубавиме. Но ако премногу се навраќаме на минатото ние ке ја оптеретуваме сегашноста и иднината со факти кои поминале, кои не може да се сменат и сето тоа ке не кочи во нашата сегашност и во изборот на патиштата на животот во иднината.
Можеме ли да ја живееме иднината без претходно да сме ја планирале. Секако дека може да биде и така, но тогаш ке се препуштиме на стихијата и ке дозволиме таа да не влече и да ни ја одредува судбината во иднината. Најразумно е да најдеме начин како да ја планираме нашата иднина преку паметните избори во сегашноста. Иднината секојпат е одраз на сегашноста и на нашите напори во сегашните моменти во животот. Треба ли да не оптеретува иднината. Секако не, иднината е секојпат само одраз на она што го имаме како резултат на нашето минато и напорите во сегашноста.

Таму каде највеќе можеме да смениме во квалитетот на нашиот живот е сегашноста. На сегашноста треба да и се посветиме бидејки тие сегашни моменти се реалнос на нашиот живот. Со сегашност живееме сега и тука и највеќе ја осеќаме, највеќе не боли ако е таа сурова сегашност и највеќе и се радуваме ако ги фатиме убавите моменти на сегашнот живот. Секојпат кога можеме мораме да ги одживееме најсреќно што можеме сегашните моменти на нашето секојдневие, да ја фатиме подадената насмевка на луѓето кои не опкружуваат, да пробаме да се дружиме со луѓето кои ни пружаат убава енергија и добра мисла и со таква убава енергија да враќаме секојпат кога за тоа имаме можнсот се разбира во сегашноста. Секојдневните обврски во нашиот живот сеедно дали се однесуваат на фамилијарниот или општествениот дел треба да ги одработуваме/живееме со доза на реален оптимизам дека со нашиот труд во сегашноста негого усреќуваме, го правиме среќен. Не смееме да ја преспиеме сегашноста бидејки секој нов ден е премиера во нашиот живот. Ако ја преспиеме премиерата/сегашноста ние ке го преспиеме животот и ке ја пропуштиме во неповрат премиерата на нашиот живот.

Мора да ги пронајдеме сите мотиви, будно и со сета енергија да ја живееме сегашноста колку и да е таа на прв поглед сурова и мачна. Мотивот најчесто треба да го најдеме во оние кои безусловно ги сакаме а тоа се нашите најблиски фамилијата и животните сопатници.

Friday, January 11, 2013

Следи оставка на председателот на ДИК - па “ком опанци ком обојци“ ...

По денеска закажните локални избори од страна на спикерот Вељановски, скоро со сигурност следи оставка на председателот на ДИК, кадар на СДСМ ... Сценарио веќе видено и пробано. Ке следи “ангажман“ на меѓународната, за да потоа уследат севкупни локални и парламентарни избори некаде ва крајот на Мај или почетокот на Јуни ... па“ ком опанци ком обојци“ што би рекле браќата од север ...
Вака Груевски уште еднаш ке се спаси/ке го одложи решавањето на прашањето за името ...

Thursday, January 10, 2013

Медиумскиот простор на македонските mainstream медиуми е мртов ...


Во времето кога се распаѓаше Југославија пред дваесетина години се створи навика кај луѓето да се пратат повеќе изданија на ТВ вести, гледајки ги вестите ја гледавме историјата во живо. Не дека нешто ново ке се случи од едни до други вести но гледањето на вести стана скоро опсесија.
Во Македонија од осамостојувањето до денеска имавме Јавен сервис преку каналите на МТВ и вестите на јавниот сервис, кој одсекојпат бил всушност гласило на политичката партија на власт која и да е ... тука ништо не се промени и денеска. Тоа беше причина поради неинвентивноста на вестите вестите на МТВ кои никој да не ги гледа, со што и самиот медиум стана нерелевантен.
Од појавата на А1, преку Сител, Канал 5, Телма, па се до Алфа – вестите на приватните медиуми и политичко дебатните емисии на приватните ТВ куќи станаа простор каде партиите на власта и опозицијата си ги одмеруваа своите програми и особено во дебатните емисии каде се правеше демократската пресметка на двете главни партии.
Оној кој прв во Македонија почна да ги упропастува и злоупотребува медиумите а беше власт секако е СДСМ со познатата таканаречена “Фабрика“ ... ВМРО-ДПМНЕ од последните седум години власт преку својот ПР менаџмент ја усоврши “окупацијата“ на медиускиот простор до ниво да не остава ниеден медиум кој би бил интересен да се гледа за да се види како размислуваат политичките ривали ... Ги закупија со државни пари сите телевизии и весници. Сите покрупни медиумски куќи станаа нивни ... паднаа прво Сител и Канал 5, падна А1, еве падна и Алфа ... паднаа и сите поголеми весници во нивни раце ...
Што остана како алтернатива, како извор за информирање. Интернет просторот. До кога тој ке биде слободен ке видиме. Но факт е дека уште со појавата на новите медиуми преку блоговите и форумите па се до  интернет порталите – тие останаа единствено слободни медиуми кои се читани од таканаречените неопределени гласачи ... И сега што со класичните Mainstream media со оние делови кои се бават со информативно политички емисии. Можат слободно сите да ги затворат, никој веќе нема да ги гледа. Човек со интегритет на својот ум несака никој да му го пере мозокот. Кој сака да гледа местени утакмици ? Кој сака да гледа одговарања на местени прашања ? Затоа никој нема да гледа местени Вести на ТВ станиците, ниту да купува весници за да чита местени вести. Незнам точно но паразително е дека весниците неможат да продадат тираж поголем од 9000 примерока. Толку читатели и многу повеќе имаат сите поголеми портали и нови интернет медиуми.
Медиумскиот простор на македонските Mainstream media е мртов ...

Blog Archive

Site Meter