Помеѓу минатото и иднината е сегашноста. Резултат на тоа како ја живееме
сегашноста е резултат на минатото, на нашиот исправен/неисправен одбран пат во
нашето минато, на исправните/неисправните одбрани патишта во минатото во
моментите кога сме стоеле на крстопатите на нашиот животен пат. Кого можеме да
пофалиме/кој ни е крив за одлуките за одбраните патишта во раскрсниците на
минатото. Најчесто ние сме тие кои сами спрема нашите тогашни сознанија ги
имаме одбирано патиштата по кои ке се движиме, осем во случаевите на нашето
детство и младост кога нашите родители ни го бирале патот по кој ке чекориме во
животот. Општеството/државата во кое/која сме живееле е истотака
заслужна/незаслужна за патот по кој сме чекореле во животот бидејки таа е нели
онаа која го организира животот на заедницата од граѓанини. За бирање на
патиштата во минатото најмогу виновни/заслужни сме ние самите, потоа фамилијата,
родитеите, животните сопатници и како трет чинител општеството/државата во која
живееме. Фамилијата и општеството/државата во која сме живеле не можеме да ја
бираме и со тој факт треба да се помириме. Напротив, веројатно дека чувство на
припадност треба да предизвика гордост што сме живееле во таа фамилија,
општество/држава.
Дали во сегашноста треба да се оптеретуваме со минатото, често да се
навраќаме на него, да го анализираме тој период и да се оптеретуваме со факот
дека сме погрешиле во изборот на патот по кој сме чекореле или сеедно да го
славиме денот во кој сме одлучиле да фатиме пат кој е заслужен за нашата
сегашност. Дали треба да го заборавиме нашето минато. Секако не треба да го
заборавиме нашето минато какво и да било, бидејки тоа е наше и од него не
можеме да се плашиме нити треба да се срамуваме од нашето минато. Нашето минато
неможеме да го смениме ниту да го разубавиме. Но ако премногу се навраќаме на
минатото ние ке ја оптеретуваме сегашноста и иднината со факти кои поминале,
кои не може да се сменат и сето тоа ке не кочи во нашата сегашност и во изборот
на патиштата на животот во иднината.
Можеме ли да ја живееме иднината без претходно да сме ја планирале. Секако
дека може да биде и така, но тогаш ке се препуштиме на стихијата и ке дозволиме
таа да не влече и да ни ја одредува судбината во иднината. Најразумно е да
најдеме начин како да ја планираме нашата иднина преку паметните избори во
сегашноста. Иднината секојпат е одраз на сегашноста и на нашите напори во
сегашните моменти во животот. Треба ли да не оптеретува иднината. Секако не,
иднината е секојпат само одраз на она што го имаме како резултат на нашето
минато и напорите во сегашноста.
Таму каде највеќе можеме да смениме во квалитетот на нашиот живот е
сегашноста. На сегашноста треба да и се посветиме бидејки тие сегашни моменти
се реалнос на нашиот живот. Со сегашност живееме сега и тука и највеќе ја
осеќаме, највеќе не боли ако е таа сурова сегашност и највеќе и се радуваме ако
ги фатиме убавите моменти на сегашнот живот. Секојпат кога можеме мораме да ги
одживееме најсреќно што можеме сегашните моменти на нашето секојдневие, да ја
фатиме подадената насмевка на луѓето кои не опкружуваат, да пробаме да се
дружиме со луѓето кои ни пружаат убава енергија и добра мисла и со таква убава
енергија да враќаме секојпат кога за тоа имаме можнсот се разбира во
сегашноста. Секојдневните обврски во нашиот живот сеедно дали се однесуваат на
фамилијарниот или општествениот дел треба да ги одработуваме/живееме со доза на
реален оптимизам дека со нашиот труд во сегашноста негого усреќуваме, го
правиме среќен. Не смееме да ја преспиеме сегашноста бидејки секој нов ден е
премиера во нашиот живот. Ако ја преспиеме премиерата/сегашноста ние ке го
преспиеме животот и ке ја пропуштиме во неповрат премиерата на нашиот живот.
Мора да ги пронајдеме сите мотиви, будно и со сета енергија да ја живееме
сегашноста колку и да е таа на прв поглед сурова и мачна. Мотивот најчесто
треба да го најдеме во оние кои безусловно ги сакаме а тоа се нашите најблиски
фамилијата и животните сопатници.
No comments:
Post a Comment