Бурма ... Порака
Search This Blog
Friday, October 29, 2010
Saturday, October 23, 2010
Циклуси на животот и смртта - каде што течела вода пак ке тече ... перпетуум мобиле
Хм, од каде да почнам - од природата се разбира. Учиме од неа, таа ни е првата и најважна учителка, таа ни е инспирација и надеж ... Во неа се се одвива циклично, се се раѓа живее и завршува во циклусот на смртта. Но со смрта не завршува циклусот, со смрта само материјата се претвара од една во друга со посредство на енергија од секаков вид ... Што е вечно всушност - енергијата би рекол и цикличното движење на природата. Ако воопшто постои перпетуум мобиле тоа се наоѓа во енергијата која е најважната алка во циклусите на животот и смрта. Каде што течела вода пак ке тече.
Friday, October 22, 2010
Жолто есенско цвеќе …
Жолто есенско цвеќе, во дворот на мајками … ако некој го препознае како се вика нека ми јави …
Есенски цвет во Градски парк Скопје
Пред некој ден бев во Градски парк Скопје, снимив неколку фотки … есента доцни оваа година …
Thursday, October 21, 2010
Wednesday, October 20, 2010
ЛЕК ЗА РЕУМА - произлезен од народната кујна ... Rheumatism
- Таблети АНАЛГИН една табла/скатула - Силни болки од различно потекло: главоболка, забоболка, невралгии на n. trigeminus, herpes zoster, лумбаго, ишијалгија, болки кај акутен и кај хроничен ревматизам, болки кај вонзглобен ревматизам, мускулни болки, болки после траума, постоперативни болки, болки кај малигни заболувања, ренални и билијарни колики; ...
- Таблети АНДОЛ една табла/скатула - Andol® je pravi izbor i prva pomoć kod povišene tjelesne temperature, različitih vrsta bolova poput glavobolje, zubobolje, mišićne boli te menstrualnih bolova, a ima i vrlo važan protuupalni učinak. ...
- Кристали едно пакетче од апотека ... MENTOL KRISTALI 10g ...
- Ракија 500 МЛ - лута ...
- Се заедно се меша, одстојува 24 часа - потоа се нанесува со блага масажа на местата каде се осеќа реумата, каде боли де ... пред секоја употреба за да се распоредат правилно сите состојки од шишето во кое се чува дозата - треба добро да се промеша ...
За жал не било кај Цаци главниот проблем реумата, која секако беше дијагностицирана. Си замина од овој свет во тешки болки на клиника (Онкологија-Радиологија) од болест која и беше дијагностицирана пред скоро шест години, од болест за која се зрачеше и примаше дози на цитостатици, за која одеше на редовни контроли и мислевме, ... бевме убедени дека ја снемало ...
Постот е посветен во спомен на ЦАЦИ ... при крај на месецот ке навршат шест месеци од нејзиното трајно заминување од овој свет.
- ЗБОГУМ НАЈСАКАНА, СЛАВИЦА (ЦАЦИ) ДИМИТРИЈЕВИЌ 1954 – 2010
- Како понатака ?!
- Вознесение на душата на четириесетиот ден
- Сардели од мојата/нашата тераса …
- Ми недостасува …
- ОДЛЕТАА …
- Ти ветив …
- Симит погача
Tuesday, October 19, 2010
Monday, October 18, 2010
ПРЖЕНКО
сл.1 Прженко во две варијанти ... мое омилено јадење летово ...
Sunday, October 17, 2010
АЈВАР ВО ТРИ ДЕНА ...
сл.1 За да дојдеам до оваа слика каде го пробоав мојот ајвар, ми требаше три дена ... првиот ден гп пазарував мастрафот: 35 кг пиперка ајварка, седум килограми модри патлиџани, три килограми моркови, две главици лук, две китки магдонос, две кила зејтин, малку шекер малку оцет, сол о вкус ... Се започна барајки го малово шпоре за зимица ... ќунки и слични потребштини, нивна монтања на најдолната тераса - таму најмалку дува ...
Friday, October 15, 2010
Рана есен и мојот АЈВАР
сл.1 Излегов да пазарувам, надвор ме дочека рана есен ...
Thursday, October 14, 2010
ЧАЈ ... Tea
сл.1 ЧАЈ ... Tea
Чај купен од пазарче, набран во блиските планински ливади, во чисти средини - го берат луѓе кои знаат кога и каде да го наберат. Планински кој највеќе го сакам и го мешам со Кантарион и Мајчина душица ... Лекот на уста влегува ..
Чај купен од пазарче, набран во блиските планински ливади, во чисти средини - го берат луѓе кои знаат кога и каде да го наберат. Планински кој највеќе го сакам и го мешам со Кантарион и Мајчина душица ... Лекот на уста влегува ..
Tuesday, October 12, 2010
КОМПОТ ОД ДУЊИ
Се започна вчера. Бев во дворот на тетин Иван (мене не ми е тетин, ама им е на тие со кои бев кај него). Во дворот има две дуњи прилично големи. И другпат ми има давано дуњи. ЦАЦИ обожаваше да ги јаде. Едно од ретките овоштија што ги јадеше со сласт. И другпат имаме правено компот од дуњи. Дуњи ни даваше и чичко Лазо од старата зграда, бог да го прости и тој имаше голем овоштарник и стално ми носеше дуњи или ке ми речеше: ај дојди утре да ти дадам дуњи. Како и да е јас добив седум, осум килограми дуњи и решив пак да правам компот од дуњи.
Sunday, October 10, 2010
Friday, October 08, 2010
Wednesday, October 06, 2010
Го напуштам и јас
сл.1
Го напушти Ти
Ана одлета
Војо одлета
Го напушам и Јас
со себе ги понесувам спомените,
на нас и нашиот живот во него …
на многуте радости,
на раснењето на нашите деца …
неможам во него без тебе …
Она што ти ветив – остварив/остварувам …
Ветувам нема да те заборавам …
Во спомен на ЦАЦИ …
Tuesday, October 05, 2010
Симит погача
Денес доручкував
ем симит, ем погача
толку многу ја сакаше ...
Sunday, October 03, 2010
Subscribe to:
Posts (Atom)
Blog Archive
-
▼
2010
(239)
-
▼
October
(18)
- Бурма ... Порака
- Ми недостасува …
- Циклуси на животот и смртта - каде што течела вода...
- Жолто есенско цвеќе …
- Есенски цвет во Градски парк Скопје
- Јаболки ... Appls
- ЛЕК ЗА РЕУМА - произлезен од народната кујна ... R...
- НАЛЕПНИЦИ
- ПРЖЕНКО
- АЈВАР ВО ТРИ ДЕНА ...
- Рана есен и мојот АЈВАР
- ЧАЈ ... Tea
- КОМПОТ ОД ДУЊИ
- Патина
- ПРОЗОР - ДУША
- Го напуштам и јас
- Симит погача
- Глас од Малта - SKOPJE BRITISH CEMETERY - CARMELO...
-
▼
October
(18)