Search This Blog

Thursday, August 24, 2006

ХИДРОСИСТЕМИ - Злетовица

Секојпат се радувам – кога некој гради некаков водостопански систем во Македонија.

Во ек е изградбата на Хидросистемот Злетовица.
Браната на Злетовска Река ќе биде висока 70 метри, изградбата ќе трае 4 години, а акумулацијата ќе собира 22,5 милиони кубни метри вода.
Се гради во кањонот на Злетовска Река, еден од најнепристапните, но и најживописните предели во државава.

I фаза. Објекти за водоснабдување:

  • Камено-насипна брана ˝Кнежево˝ со висина од 75 m и акумулационо езеро со вкупен волумен од 23 500 000 m 3 .

  • Пристапен пат од Злетово до брана ˝Кнежево˝ во должина од 20 km.

  • Доводни цевководи за водоснабдување на општините:

    • За Кратово целосно е изграден со должина од 22,14 km и е во функција.

    • За Пробиштип е во изградба. Од 19 km изградени се 11,80 km во изградба се 4,50 km, а за доизградба треба уште 2,70 km.

    • Заеднички цевковод за Штип, Св.Николе, Карбинци и Лозово со должина од 23,17 km.

    • За Штип со должина од 10,89 km.

    • За Св.Николе со должина од 24,56 km.

    • За Карбинци со должина од 4,50 km.

    • За Лозово со должина од 11,08 km.

II фаза. Објекти и систем на цевна мрежа за наводнување на 3 100 Ха земјоделски површини.

III фаза. Енергетски објекти, предвидено е да се изградат три последователни хидроцентрали со вкупно производство на електрична енергија од 56.400.000 KWh.

Хидросистемот "Злетовица" се наоѓа во североисточниот дел на Република Македонија и покрива област од 223.000 Ха. Средишниот дел на оваа зона е претежно со мали планини и широка речна котлина. Северниот дел од оваа област е со планини кои се граничат со Осоговските Планини, додека јужниот дел е претежно со котлини. Оваа област има Континентална клима со примеси на Медитеранска клима. Се каректеризира со суви и долги лета, со високи температури и кратки и благи зими. Просечни годишни врнежи во регионот се 500 mm. Овој регион покрива повеќе од 100.000 жители во општините Кратово, Пробиштип, Свети Николе, Лозово, Штип и Карбинци. Главна дејност на жителите е земјоделство, сточарство, рударство и индустриско производство.

Водата е еден од најглавните елементи во животот на се што е живо – без разлика дали се работи за растителен или животински свет.

Водата воздухот и сонцето носат и значат живот.

Воздухот и сонцето некако ни следуваат по дифолт – сеуште ги има во неизмерно доволни количества, но со водата не е така. Иако скоро 2 третини од површината на земјината топка се простира водата – сепак голем дел од човештвото страда за вода. Страда и земјата - таму каде нема вода има пустелија.

Велат дека третата светска војна или војните во 21 век ке бидат – заради водите.

Да видиме како стоиме ние со водата на територијата на нашата држава –Македонија.

Наизглед добро – Иако немаме море имаме три прекрасни природни езера. Тоа се нашите главни резервоари. Сливот на Вардар со притоките е крвотокот на Македонските води. Има и неколку релативно големи хидросистеми кои се користат – комбинирано за енергија и наводнување. Секако ова не е ни оддалеку доволно – за да се искористат природните можности ....

Вода за пиење.

Една од ретките земји сме во светот – каде природата ни дала доволно квалитетна вода за пиење по градовите. Добро некаде е подобро решен проблемот – некаде се решава. Поголем дел од селата не беа со добри решенија за водата – иако во нивната близина има квалитетни извори. Во последно време и тоа се решава што со самофинасирање – што со донација – што со државна интервенција. Секако не се занесувам дека се е решено со водата за пиење ...

Вода за наводнување.

Секој што било кога се бавел со земјоделие – или имал допир со Македонските ниви – ке ви каже дека главен проблем на Македонското земјоделиее е водата за наводнување. Имено имаме релативно добра земја – по квалитет – сонце во изобилие – вредни зејоделци – но главен проблем е водата за наводнување. Имено големи се периодите кога природата не дава дождливи денови, а посевите без вода едноставно умираат.

Никојапат не можев да сватам како Ираел кој има проблем со недостаток на вода има огромни плантажи со мелирациони системи – а кај нас водата блика по планините и имаме огромен неискористен ресурс на подземни води – а имаме жедно земјоделско земјиште.

Водата ни оди низ Вардар – неискористена – навистина и загадена од нашето нехумано и немарно однесување кон водите.

Ако погледнеме низ светот што највеќе допринело за хуман развој на ресурсите – секако ке дојдеме до одговорот дека се тоа големите системи за хидро-мелиорација. Замислете ја Калиформија каква беше – каква е сега. Замислета ја долината на Нил без Асуанската брана. Замислете ја огромната акумулација која се гради во Кина. Огромните хидромелиорациони канали во Русија. Каналот и мелиоративниот систем Дунав-Тиса-Дунав. Скротувањето на Тигар и Еуфрат во Турција. Се се ова системи кои го сменија ликот на зејата и природата околу нив....

Затоа на мислење сум дека економскиот развој на Македонското стопаство во иднина директно ке зависи од вложувањето и инвестициите на државата во Македонските Хидросистеми (големи и мали).

No comments:

Blog Archive

Site Meter