Search This Blog

Saturday, August 12, 2006

МПЦ продала имотот во Лешочкиот Манастир




Синодот треба да го отвори прашањето како да се спречи отуѓувањето на имотот на МПЦ: Лешочкиот манастир
Цртквата продава имот и во Тетовско. Изворно тука.

...Владиката полошко-кумановски, г. Кирил, продал дел од имотот на Лешочкиот манастир за изградба на нова болница, реагираат жителите на тетовското село Лешок и бараат помош од медиумите.

Владиката Петар на вчерашната прес-конференција во Битола, затекнат од ваквите тврдења на лешочани, вели дека ова е вистински момент Синодот да го отвори прашањето за отуѓувањето на имотот на МПЦ. „За овие работи не сме разговарале на Синодот.

Сега можеби ова е добар повод за сите досегашни случувања и, не дај боже, и во иднина ако се случи нешто сето тоа да оди по редовна процедура за да нема вакви недоразбирања", рече митрополитот преспанско-пелагониски, г. Петар, дообјаснувајќи дека не сака да прејудицира, но мора да се направат разлики меѓу продавање, дислоцирање или размена на имот.

„Согласно со Уставот на МПЦ следува кривична одговорност и за нас ако ги прекршиме правилата. Во секој случај, не може да се продава црква или црковен имот без согласност на црковните општини, парохиите, епархиите и на крај Синодот кој одлучува дали е издржано барањето или не". ..

Blog Archive

Site Meter