Блокирашето на Раскрсници е моментално Балкански синдром кој е одболуван во ЕУ државите одамна ...
Осем понекојпат кога е присутен за жешка тема како последните случувања во Франција ...
Таман што ја поминавме фазата на блокирање на раскрсниците по Скопје и Македонија заради продажбата на ЕСМ и другите социјални тензии – еве не стига нова блокада на улиците и раскрсниците – ДУИ блокира затоа што не е вклучен во новата Влада ....
Блокирањето на патишта е узурпација на туѓи права и недопустлив начин за остварување на твоето право и желба ...
Блокирањето - историски почнало во минатите далечни времиња и векови предпоставувам - кога освојувачот ке застанел пред тврдините на нападнатиот град, и чекал на Градот да му се потрошат залихите на храна и вода и да се предаде без борба .... Во борбата инаку гинат и едните и другите ...
Кога Синдикатите го блокираа влезот на фабриката Форд - Обезбедувањето на Форд одговори со пукање и убивање на штрајкувачите. Правото на слободно движење е уставна и загарантирана категорија во сите држави и цивилизации ...
Блокирањето е фемкање .... Испитување на пулсот до каде може да оди противникот .... така е и во шахот ... блокираш поозиција и не дозволуваш развој на позицијата ... секој си го држи кралот на сигурно ...
Но ако сакаш да ја оствариш целта сепак некој мора да ги сруши блокадите - ставр е на потреба и нерви кој прв ке почне со отворен напад и кршење на барикадите ...
Блокирањето не е никако демократско право - Блокирањето е насилие, безредие, ....
Блокада или тероризам? - е добар напис на блогот Евопа. - Се чудам до каде оди нашето разбирање на „правото“. Во овие транзициски години, кој знае колкупати видовме дека само нашето право е право, а на другите не. Никаде не е предвидено такво апсолутно право, како што е нашето „право“ за блокирање улици.
Блокираност - Тука oksimoron зборува дека - Блокирани ни се патиштата. Низ цела држава. Блокиран ни е главниот град. Одамна блокиран визен режим. Блокирани сметки. Блокирани инвестиции. Блокиран судски систем. Ма, блокиран целокупен систем на државата. Одамна ние се движиме по споредни патишта. Не затоа што немаме зацртана цел, туку затоа што истата ни е блокирана од нашиот менталитет.
И предлага - Не ни треба нас закон за ограничување на правото за протест. Ни требаат закони за ограничување на ограничените закони. Закони против законите. Ни треба блокирање на сиромаштијата. Блокирање на корупцијата. Блокирање на бирократската ноншалантност. Блокирање на ниските откупни цени. Блокирање на минималните плати. Ни треба блокирање на блокираноста.
Граѓански метеж - Neno вели - илјадниците луѓе што секој ден не можат навреме да стигнат на работното место, па ги губат и онака мизерните дневници? А бизнисите кои ги пропуштаат фирмите секојдневно? А потписите кои студентите не можат да ги земат бидејќи не можат да стигнат навреме? А болните што не можат да стигнат навреме до болница или аптека? Зарем има толку малоумни луѓе во земјава што за да бидат чуени ќе дозволат амбулантните возила да бидат заглавени во метежот и да загинат невини луѓе??!
За вашите потреби за разноразни блокирања по вашите лични блогови кликните на долните линкови:
Blocking - From Wikipedia
.аНТИблог: ПРАВИЛА - воведување модерирање на коментарите; блокирање на опцијата за поставување коментари; блокирање на опцијата за беклинкови; блокирање на можноста за ...
BI - воведување модерирање на коментарите * блокирање на опцијата за поставување коментари * блокирање на опцијата за беклинкови * блокирање ...
Википедија:Приручник за администраторе - Википедија - За блокирање IP адреса, можете кликнути на блокирај везу која се ... Имајте на уму да би блокирање могло утицати на неке недужне кориснике и да би и они ...
1.1 Заштићене стране; 1.2 Брисање и враћање обрисаних страна; 1.3 Враћање измена; 1.4 Скривање вандализма са скорашњих измена; 1.5 Блокирање и деблокирање ...
[PPT] ILP 01 - Едноставно блокирање (simple blocking); Регистерски знаменца (Scoreboard) ... АЛГОРИТАМ ЗА ЕДНОСТАВНО БЛОКИРАЊЕ. На почеток статусните битови се поставуваат ...
1 comment:
Looking for information and found it at this great site...
» »
Post a Comment