Search This Blog

Sunday, August 13, 2006

Државата контре МТ !!

Ја подзаборавив оваа тема - иако темата ми беше причина да почнам да читам Блогови - па и да пишувам свои ...

р-Еволуција беше блог кој го привлече моето внимани за оваа тема - навистина бев пис-оф на МТ. Но за разлика од некои други не пишував разни приговори - до МТ, туку веднаш го раскинав договорот за АДСЛ - со сите можни последици.

За моја среќа се покажа дека сум бил во право МТ - се повлече и на сите што ведаш ги раскинавме договорите не ни наплати од фамозните “пенали“.

Од јавноста добивме страшно голема подршка и симпатии за една неформална група ...

р-Еволуција трееше долго и МТ итро одолговлекуваше во медиската војна со р-Еволуционерите. Луѓето се заморија и секој на свој начин си го реши проблемот ... Факторот време победи - во корист на МТ...

Искрајно неформално здружение како што беше блогот р-Еволуција - не ни очекував дека ке успее нешто повеќе да направи = против двојството на државните службеници и МТ - кои здружено секој од свој интерес се поигруваа со Македонскиот граѓанин.

р-Еволуција не сакаше да соработува со ниедна партија ни со позицијата ни со тогашната опозиција ... Дали тоа беше грешка ...

Како и да е тогашната опозиција исто фрлаше дрвја и камен по позицијата - и ги критикуваше за неспроведување на новиот законон за телекомуникации (или како му беше точно името де) - за несклучување на уште еден договор за трет мобилен оператор - за неносење на Бигбонд во Интернет сферата - за оставање на Монополот на МТ во функција... и за уште незнам што ...

Зоран Трајчевски ли се викаше надлежниот на ДПМНЕ - кој на прес конференции и написи по весници стално кажуваше како треба да се направи - вечерава го видов на Канал 5 - дава интервју дека новата влада има намера за да заштеди државни пари дека ке уведе внатрешна мрежа на телефонија (ваљда и интернет - не разбрав баш). Така ке заштеделе за Македонија неколку десетици милионо долари - кои му ги плаќаат на МТ за локален разговор .... Така направила Словенија и уште незнам која друга држава ...

Сево ова ми мириса на пуштање бува кон МТ - со кого - сега новата влада ке се пазари за ова за она. .... трала лалала ла ...

Новата влада има сериозно амбиции на планот на подобрување на интернетот во Македонија ... Обеќа ново Министерство или ресор кој ке се грижи за новите технологии во функција на развојот на Економијата ... Обеќа бесплатен интернет за сите ... за време траењето не сум сигурен (ме мрзи да препрочитувам - сево ова го пишувам од глава)

Би сакал се што обеќа ВМРО-ДПМНЕ во предизборието да оствари - посебно она што го обеќа за Интернетот и новите текнологии ... Ама ке видиме ... Големи волци испаднаа МТ - а и договорот за концесија им е многу јак ... па ке се изначекаме за поефтин и подобар Интернет и поефтина телефонија ... така ми изгледа....

2 comments:

Anonymous said...

Enjoyed a lot! » » »

Anonymous said...

Very nice site! » » »

Blog Archive

Site Meter