Search This Blog

Sunday, August 13, 2006

БУГАРСКИ ПАСОШИ

Да популарни станаа Б‘лгарските пасоши ... Дури и за бившите наши премиери - поранешни и сегашни пратеници и ....

Многумина од Македонците ги побараа - без срам - без предрасуди - сакајки лично да си завршат работа ги побараа ... Сето тоа е лична определба и тука немам право да се мешам ...

Се исфрли податокот ако не се лажам за бројката дека 20.000 македонци поднеле барање за бугарски пасош....

Ние сите добро знаеме зошто Бугарската држава - е така “добра“ према нас Македонците - и лесно само со една молба и изјава дека се осеќаш како Б‘лгарин (благонадежен) ...пасошот стига за некој месец ... и сега оп Европа нека му ја мисли...

Но ЕУ го увиде ова и почна да се буни.

Дејли телеграф:Бугарија раздава бугарски пасоши на странци пред да влезе во ЕУ

...Весникот предупредува дека со таквата своја политика Софија на мала врата им овозможува на не мал број странци кои сега набрзина стануваат бугарски државјани, да може да работат во Велика Британија, откако Бугарија следната година ќе стане дел на Унијата...

...Раководителот на независната британска комисија која ја надгледува миграцијата во Британија сер Ендрију Грин вели дека британската контрола на границите е толку добра колку што е интегриран пасошкиот систем во ЕУ, објаснувајќи дека ваквите сознанија за однесувањето на бугарските власти се уште еден аргумент повеќе за потребата од забрана за слободно отворање на британскиот пазар на трудот за Бугарија и за Романија, барем додека сите други земји членки не се отворат за новите членки...

...Целата шема на вакво издавање државјанства и пасоши е смислена од бугарската влада и таа има за цел да ги засили врските на државата со бугарското малцинство во соседните земји од каде доаѓаат апликантите, без разлика што најголемиот број од нив признава дека немаат бугарски корени, не го знаат бугарскиот јазик и не знаат ништо за државата чии државјани стануваат...

...апликант од Скопје кој признава дека би бил луд ако не ја искористи оваа можност затоа што знае англиски јазик и со своето искуство како човек што работел во обезбедувањето лесно ќе најде работа во Британија. Немам ни капка бугарска крв во мене и не се сметам за предавник на сопствената држава...

2 comments:

Anonymous said...

You have an outstanding good and well structured site. I enjoyed browsing through it Big boys toys rims Coil sofa cushions business email increase list marketing promotion site Swimsuits porn Lifestyle deluxe kitchen Baby adult toys barbie toy prices vw r32 for sale uk

Anonymous said...

Много лесно намирате обяснение за всичко ,но дали е така.? има една наша песен.."..но дали е така,кой,кой ще ми каже..." -всепак нищо не е толкова лесно колкото изглежда отстрани...

Blog Archive

Site Meter