Search This Blog

Monday, August 14, 2006

ДАРКО ПАНЧЕВ - Македонски бренд

Македонија и нема многу имиња во спортот кои можат да бидат Македонски брендови во спортот. Едно од имињата на Македонскиот спорт кое стана препознатлив бренд во светот на спортот е секако и Дарко Панчев.

Познато е дека Спортистите и Културните работници (Писателите, Музичарите, Поетите, Ликовните уметници и сл.) се најголемите Македонски амбасадори во светот.

Сите се запоставени од Македонската држава ... иако тие со понос го слават името Македонско ...

Добро Интервју со Панчев во денешен Дневник.
Линк тука.

**Не сум богат, само добро ситуиран

**
„Златната копачка“ по 15 години пристигна дома. Кај нејзиниот сопственик - најдобриот стрелец во сите европски национални првенства во сезоната 1990/91, Македонецот Дарко Панчев.

**Добра вест за македонската јавност е и вашето повторно враќање во фудбалот, поточно во матичниот клуб Вардар. Претходно имавте неколку обиди како функционер, во Македонија Ѓорче Петров, со „црвено-црните“...Секогаш отстапувавте, разочарани од односите што владеат на и околу зелениот терен.

**Добивте понуда и од претседателот на Црвена звезда, Драган Стојковиќ - Пикси да работите како директор на „црвено-белите“. Зошто не ја прифативте понудата?

**Лична карта

Роден: 7 септември 1965, во Скопје

Прекар: Кобра

Оженет со: пејачката Маја Гроздановска - Панчева, две ќерки Надица и Марија


Кариера:

1982-1988: Вардар, Скопје (шампионска титула во првенството на СФР Југославија во 1986/87)

1988 - 1992: Црвена звезда, Белград (три шампионски титули во поранешна Југославија - 1989/90, 1990/91, 1991/92, национален куп 1989/90),

1990/91 - Најдобар стрелец во поранешното југословенско првенство со 34 гола, што му ја донесе Златната копачка

1992-1995 - Интер Милан (12 меча, 1 гол)

Јануари 1994 - позајмен на Лајпциг (10 меча, 2 гола), се враќа во Интер за само 7 меча (2 гола)

1995/96 - Фортуна Диселдорф (14 меча, 2 гола)

1996/97 - Сион, по што ја завршува кариерата како активен фудбалер

- Четирикратен најдобар стрелец во поранешна Југославија во 1983/84, 1988/89, 1989/90, 1990/91

- Најмлад европски стрелец во национално првенство со 19 години, во сезоната 1983/84, кога постигна 19 гола

- 5. место на СП 1990 како член на „сините“, кога постигна два гола на мечот со Емиратите
Амблемот на ФК ВардарГрб Црвене ЗвездеlogologoLogo

- Вкупно 171 гол во поранешна Југославија за Вардар и Ц. Звезда, второ место на вечната листа зад Слободан Сантрач

- Најдобар стрелец како член на поранешна Југославија, на квалификациите за Европското првенство 1992 со 10 гола

- 30 настапи за поранешна Југославија (17 гола)

- 6 настапи за Македонија, 1 гол

No comments:

Blog Archive

Site Meter