Имам чувство дека периодот кој следи ке наметне потреба се повеќе да се осврнуваме на Хашкиот Трибунал – со оглед на тоа што во Хаг се води процес против Бошковски и Тарчуловски (сеуште не е одпочнат главниот процес).
Долго време Македонската Влада – ги затвараше очите и ушите - пред процесот кој се води во Хаг и не сакаше да дава помош на Македонските представници кои се на оптуженичката клупа во Хаг... како тие да не беа дел на официјалните Македонски власти во времето на настанувањето на “инкриминирани дела“ ...
Сведоци бевме дека во минатите години Владата и нејзините надлежни институции (Министерството за правда и Државниот јавен облинител) ја одбегнуваа темата за Хашкиот трибунал и не ја дефинираа соработката со Хашкиот трибунал со Закон како што е тоа случај во сите други бивши ЈУ републики.
Во последните месеци од владеењето на старава влада – сепак нешто се направи – се дадоа Гаранциите .... и се донесе одлука да се финансира одбраната на Македонските Хашки притвореници ....
За да нема недоразбирања кај мене и кај другите – најпрвин се решив да си одговорам самиот на себе на неколку прашања:
- Што представува хашкиот трибунал;
- Кога е основан и како;
- Зошто е основан хашкиот трибунал и кои се неговите цели;
- Кој се може да биде суден во Хашкиот трибунал;
- Кој се е осуден до сега во Хашкиот трибунал;
- Кои се Македонските случаи – кои беа во трибуналот;
- Каква е судбината на Преостанатите Македонски случаи – за кои не е поведена постапка во трибуналот – и кои се тие;
- Што предходеше-кои настани, беа причина за формирањето на ХТ;
Ке пробам да не давам премногу “свои мислења“ за темата – туку повеќе да пренесувам релевантни написи и мислења на луѓе од струката и интересни написи по весниците ....
Што представува Хашкиот тибунал
Хашки тибунал е само скратеното име од полниот назив – Меѓународен кривичен суд за бивша Југославија. Хашкиот тибунал (ХТ-во понатамошниот текст) е всушност ад хок независен суд во Хаг, Тело на Обединетите нации – основано со резолуцијата 827 на Советот на безбедноста на УН.
Зошто е основан хашкиот трибунал
ХТ е основан со задача да им суди на извршителите на воените злостори на територијата на бивша ЈУ после 1 Јаноари 1991 година. Меѓународниот суд е овластен кривично да ги гони лицата одговорни за тешки кршења на меѓународното хуманитарно право извршени на територијата на поранешна Југославија од 1 Јаноари 1991 год.
ХТ подига оптужби и суди за:
Геноцид
Геноцид значи кое било од следниве дела извршени со намера во целост или делумно да се уништи некоја национална, етничка, расна или верска група, како:
(а) убивање на припадници на групата;
(б) нанесување тешки телесни или душевни повреди на припадниците од групата;
(в) намерно наметнување животни услови на групата со цел да се доведе до нејзино потполно или делумно физичко уништување ;
(г) воведување мерки кои имаат за цел да се спречи раѓање на деца во групата;
(д) насилно префрлување деца од една во друга група.
Се казнуваат следните дела:
(а) геноцид;
(б) здружување за извршување на геноцид;
(в) директно и јавно поттикнување за извршување на геноцид;
(г) обид да се изврши геноцид;
(д) соучество во геноцид.
Злосторства против човештвото
Меѓународниот суд е овластен кривично да ги гони лицата одговорни за следните кривични дела извршени во вооружени борби, било да се од меѓународен или внатрешен карактер и усмерени против кое било цивилно население:
(а) убиство;
(б) истребување;
(в) поробување;
(г) депортирање;
(д) затворање;
(ѓ) тортура;
(е) силување;
(ж) гонење од политички, расни или верски побуди;
(з) други нехумани дела.
Повреда на Женевската конвенција за војување од 1949-та
(а) намерни убиства;
(б) тортура или нечовечко однесување, вклучувајќи и биолошки експерименти;
(в) намерно предизвикување на големи страдања и нанесување тешки телесни повреди или нарушување на здравјето;
(г) уништување и одземање на имот од големи размери кое не е оправдано од воени потреби и е направено на бескрупулозен и против правен начин.;
(д) присилување на воени заробеници или цивили да служат во единиците на непријателската сила;
(ѓ) намерно скратување на правото на воените заробеници или цивили на правилна и редовна судска постапка;
(е) противправно депортирање или противправно затворање на цивили;
(ж) земање на цивили за заложници.
Повреда на законите и обичаите на војување.
(а) користење на биолошко или други оружја за намерно предизвикување непотребни страдања;
(б) безобѕирно рушење на градови, гратчиња или села, или пустошења кои не се оправдани со воените потреби;
(в) напад, или бомбардирање, со какви било средства на небранетите градови, села и други станбени објекти;
(г) заземање, уништување или намерно правење штета на верски, добротворни, образовни, уметнички, научни и историски објекти и дела од уметничка и научна вредност;
(д)одземање на јавни или приватни имоти.
ХТ може да им суди само на поединците – не на организации или влади – Највисока казна му е доживотен затвор.
Индивидуална кривична одговорност
1. Лицето кое планирало, поттикнало, наредило, извршило или на друг начин помагало и поттикнало планирање, подготовки или извршување кривични дела (наведени погоре) - индивидуално ќе биде одговорно за кривичните дела.
2. Службената положба на секое обвинето лице, било да се работи за шеф на држава или влада, или за одговорен државен службеник, не го ослободува лицето од кривичната одговорност ниту може да ја ублажи казната.
3. Фактот дека кои било од наведените дела (погоре наведени) извршени од лице на пониска позиција не го ослободува неговиот претпоставен од кривична одговорност ако претпоставениот знаел или имал причина да знае дека лицето на пониска позиција се подготвува да изврши такви дела или веќе ги извршило, а претпоставениот не презел неопходни и разумни мерки да ги спречи таквите дела или да ги казни извршителите.
4. Фактот дека обвинетото лице постапувало според наредбите на Владата или на претпоставениот не го ослободува од кривична одговорност, но може да се земе предвид за ублажување на казната ако Меѓународниот суд утврди дека така налага правдата.
Меѓународниот суд може во која било фаза на постапката формално да побара од националните судови да му ја отстапат надлежноста на Меѓународниот суд.
ХТ треба да ги заврши сите судења до 2008 – а по жалбите да реши до 2010.
Кои беа процесите/настаните кои беа пресудни за настанување на ХТ
Секако начинот на распадот на СФРЈ која почна да се распаѓа во девеесетите години од 20 – тиот век.
Процесите за распад на СФРЈ се одвиваа и многу порано но секако најсилни станаа по смртна на Тито, кога косовските Албанци отворено бараа независно Косово. Словенија и Хрватска обилно ги подржуваа напорите на Косовските Албанци за независност на Косово.
Понатака со отворена подршка на Германија, Словенија и Хрватска прогласија независност 1991 год.
Словенија и Хрнатска прогласија независност на 25 јуни 1991 година.
Два дена потоа ЈНА крена према Словенија и одпочна таканаречената Десетодневна војна – меѓу ЈНА и Словенечките територијалци – предводени од Јанез Јанша. Силите на Јанша броеа цирка 36.000 територијалци. Во судирите гинат четириесетина војници на ЈНА и неколку стотини се повредени ...
Председателството на СФРЈ – носи одлука за повлекување на ЈНА од Словенија и така завршува воениот судир во Словенија – со повлекувањето на ЈНА према Хрватска.
Набрзо потоа се води таканаречената “Граѓанска војна во Хрватска (1991-1995)“ помеѓу Хрватите и Србите. Србите се побунија бидејки со новиот Устав на Хрватска го изгубија статусот на конститутивнен народ – (станаа само малцинство) – додека Хрватите настојуваа да створат Национална држава е покрај големиот број на Србското малцинство...
Брзо потоа бувна крвава Граѓанска војна во Босна и Херцеговина (1992-1995). Војуваа меѓу себе секој против секој Срби, Хрвати и Муслимани и војната доби дури карактер на верска војна. Муслиманите отворено бараа муслиманска држава Босна. А Хрватите и Србите од Босна настојуваа да се припојат кон Хрватска или Србија. Војната заврши со Дејтонската спогодба. На 21 Ноември 1995 година.
Од 1996 до 1999 се води и војна на Косово – Судирите почнуваат со таканаречените терористички напади на ОВК на безбедносните структури на Косово и офанзивните дејства на истите структури према припадниците на ОВК. Сето ова се проба да се реши со спогодба во Рмабуе - кој не заврши со спогодба и по познатите “случувања во Рачак“ – се деси бомбардирањето на Нато на Србија и некои воени позиции во Црна Гора. Бомбардирањето се заврши со Кумановската воено техничка спогодба потпишана на 9 јуни 1999 година.
И Македонија не остана поштедена од крвавите воени разорнувања низ цела ЈУ – иако предходно одкога Македонија прогласи независност 8 септември 1991 - се прогласи за зона на мирот (иницијатива на Глигоров).
Краткотрајните воени дејствоја беа предизвикани од активностите на таканаречената ОНА кои во почетокот на 2001 година парадираа во Танушевци. Од Танушевци силите на Она притиснати од КФОР се пребација према Тетово – каде имаше пукотници и помали суддири кои по оштрото возваќање на Македонските безбедносни сили завршија со кусо повлекување на ОНА и поминува во класично Герилско војување.
На 28 април 2001 година ОНА изврши убиство од заседа на осум Македонски војници во Вејце – ги кое предизвика познатите случувања во Битола и Скопје. Спорадичните судири сега прераснуваат во мала војна (некои ја нарекоа фингирана) – која се одвиваше во Тетовските села према Шар планина и Кумановските села према Танушевци. Оштри судири имаше и во Арачиново. Се случија многу киднапирања на цивили во споменатите кризни територии. Се случија настаните во Карпалак и Љуботен. Одпочнаа преговорите во Охрид кои завршиа со Охридскиот рамковен договор, кој е потпишан во Скопје на 13 Август 2001 година.
Бидејки темата е многу широка вообичаено ке ја надополнувам во коментарите кои ке следат. За овој дел до тука користени се разни написи на Википедија и изворно Статутот на ХТ. Линковите ке ги дадам во коментарите.
3 comments:
#
Голем дел од уводот на постов е извадок од
СТАТУТ НА МЕЃУНАРОДНИОТ КРИВИЧЕН СУД ЗА
ПОРАНЕШНА ЈУГОСЛАВИЈА
тука само ке ви ја дадам содржината на статутот
Член 1 ………………………………………………………………………… 4
Надлежности на Меѓународниот суд
Член 2 ………………………………………………………………………… 4
Тешки повреди на Женевската конвенција од 1949 година
Член 3
Кршење на законите или обичаите на војување
Член 4 …………………………………………………………………………. 5
Геноцид
Член 5 …………………………………………………………………………. 6
Злосторства против човештвото
Член 6 ………………………………………………………………………….. 7
Надлежност врз лица
Член 7 ………………………………………………………………………….. 7
Индивидуална кривична одговорност
Член 8
Територијална и временска надлежност
Член 9 ………………………………………………………………………….. 8
Истовремена надлежност
Член 10 ………………………………………………………………………… 8
Нон-бис-ин-идем
Член 11 …………………………………………………………………………. 9
Организација на Меѓународниот суд
Член 12 ………………………………………………………………………… 9
Состав на Судските совети
Член 13 ………………………………………………………………………… 10
Квалификации на судиите
Член 13 бис
Избор на постојани судии
Член 13 тер ……………………………………………………………………..12
Избор и наименување на ад литем судии
Член 13 љуатер ………………………………………………………………… 13
Статус на ад литем судии
Член 14
Функционери и членови на Советите
Член 15 ………………………………………………………………………… 15
Правилник за постапка и докази
Член 16 ………………………………………………………………………… 16
Обвинителот
Член 17 ………………………………………………………………………… 16
Секретаријатот
Член 18 ………………………………………………………………………… 17
Истрага и подготвување на обвинителен акт
Член 19 ………………………………………………………………………… 18
Преглед на обвинителниот акт
Член 20 ………………………………………………………………………… 18
Почеток и водење на судската постапка
Член 21 ………………………………………………………………………… 19
Права на обвинетиот
Член 22 ………………………………………………………………………… 20
Заштита на жртви и сведоци
Член 23 ………………………………………………………………………… 20
Пресуда
Член 24 ………………………………………………………………………… 21
Кривични санкции
Член 25 ………………………………………………………………………… 21
Жалбена постапка
Член 26 ………………………………………………………………………… 22
Постапка на преиспитување
Член 27 ………………………………………………………………………… 22
Извршување на казната
Член 28 ………………………………………………………………………… 22
Помилување или намалување на казната
Член 29 ………………………………………………………………………… 22
Соработка и правна помош
Член 30 ………………………………………………………………………… 23
Статус, привилегии и имунитет на Меѓународниот суд
Член 31 ………………………………………………………………………… 24
Седиште на Меѓународниот суд
Член 32 ………………………………………………………………………… 24
Трошоци на Меѓународниот суд
Член 33 ………………………………………………………………………… 24
Службени јазици
Член 34 ………………………………………………………………………… 24
Годишен извештај
Линк
# тука
(волан 22 Август, 2006 - 20:47 | избриши | одговори)
#
Резолуцијата на СБ на ОН е донесена на седница на Советот за Безбедност на седницата број 3217 на 25.Мај.1993 година (на роденденот на Тито)
Изворно на долниот линк - за жал не најдов македонска верзија
http://www.un.org/icty/bhs/icty/documents/old/res827.htm
(волан 22 Август, 2006 - 21:06 | избриши | измени | одговори)
# Мое видување за хашкиот трибунал.....Значи,големиот светски заговор да се уништи една држава како СФРЈ беше поткрепена со сите расположиви средства....од логистика,пропаганда,воена помош па се до тотално уништување на оние кои ке се спротистават на идејата (хашки суд).Местото на Хашкиот трибунал беше испланирано да биде во последната тупаница која одредени кругови требаше да ја зададат на лугето кои ја безнадежно се спротиставија на на оваа идеја.. факти... 1.Зошто Хашкиот трибунал не ја осуди недвосмислено операцијата ОЛУЈА?. 2.Зошто нема ни еден воен злочинец -Словенец (тие ја почнаа навидум војната). 3.Зошто нема воени злосторници - албанци од косово?. 4.Конечно - Зошто нема воени злосторници Албанци од Македонија? Ние ли ги масакриравме војниците кај вејце,ние ли подметнавме мина кај Љуботен,ние ли ги шаравме со нож работниците од Македонија-пат,Ние ли ги киднапиравме и ликвидиравме цивилите од Непроштено,КОНЕЧНО....Македонците не ја почнаа војната за голема Албанија на тетовското кале..... Хаг,природно и по сите мегународни норми нема надлежност да им суди на оние кои беа жртви на ГОЛЕМО-СВЕТСКИОТ ЗАГОВОР ПРОТИВ ПРАВОСЛАВНИОТ НАРОД НА БАЛКАНОТ..... п.с. Постот треба да се поврзе и со претходното пишување за тоа кој го управува светот... поздрав
(sting EYE 22 Август, 2006 - 21:08 | избриши | одговори)
#
sting EYE
Благодарам за твојот коментар и многуте прашања кои ги отвори со коментарот:
1.Зошто Хашкиот трибунал не ја осуди недвосмислено операцијата ОЛУЈА?.
2.Зошто нема ни еден воен злочинец -Словенец (тие ја почнаа навидум војната).
3.Зошто нема воени злосторници - албанци од косово?.
4.Конечно - Зошто нема воени злосторници Албанци од Македонија?
Во некој нареден коментар ке пробам да дадам свое видување - што би можело да биде одговор на твоите прашања...
А може и други Блогери да се замешаат со свои видувања и ставови по поставените отворени пражања ....
..........................
“....Значи,големиот светски заговор да се уништи една држава како СФРЈ беше поткрепена со сите расположиви средства....од логистика,пропаганда,воена помош па се до тотално уништување на оние кои ке се спротистават на идејата (хашки суд)..“
После оваа изјава многумина кои не те познаваат ке те стават во редовите на ЈУ носталгичарите ...
“ .. -Ние ли ги масакриравме војниците кај вејце,
-ние ли подметнавме мина кај Љуботен,
-ние ли ги шаравме со нож работниците од Македонија-пат,
-Ние ли ги киднапиравме и ликвидиравме цивилите од Непроштено,
-КОНЕЧНО....Македонците не ја почнаа војната за голема Албанија на тетовското кале.....“
Сите тие настани кои ги наведуваш се дел од случувањата на кои сме современици - настаните се одвиваа пред наши очи и сите имаме свое видување за нив ...
Токму сеќавањето за овие настани не ме остава рамнодушен ... непристрасен.
За поголем дел од тие настани Македонската држава поведе пријави пред Хашкиот трибунал - но за жал Џашкиот трибунал не поведе постапки по пријавите и тие процеси се во постапка на враќање на надлежност на Македонските судови.
Македонија од пред извесно време гради специјална судница за Македонските Хашки предмети кои треба да и се вратат во надлежност на Македонските судови ....
............................
“..ГОЛЕМО-СВЕТСКИОТ ЗАГОВОР ПРОТИВ ПРАВОСЛАВНИОТ НАРОД НА БАЛКАНОТ..“
Кој ке го докаже заговорот?
Одговорите ке стигнат многу покасно со изминување на поголем историски период - кога нема да бидат живи директните учесници во заговорот ...
Се докажа од досегашносто искуство дека способни за одкривање на “заговорите “ се само Американците и нивното објективно новинарство ... но пак велам треба да помине доста време од настаните ...
(волан 22 Август, 2006 - 21:34 | избриши | одговори)
#
На 27 Март 2005 донесен е
ПРАВИЛНИК ЗА ПРИТВОР НА ЛИЦА КОИ ЧЕКААТ ЗА СУДЕЊЕ ИЛИ
ЗА ЖАЛБЕНА ПОСТАПКА ПРЕД МЕЃУНАРОДНИОТ СУД ИЛИ СЕ
ПРИТВОРЕНИ ПОРАДИ НЕКОЈА ДРУГА ПРИЧИНА ПО
ОВЛАСТУВАЊЕ НА МЕЃУНАРОДНИОТ СУД
(„ПРАВИЛНИК ЗА ПРИТВОР“)
(ПРИФАТЕН НА 5. МАЈ 1994)
(ИЗМЕНЕТ И ДОПОЛНЕТ НА 16. МАРТ 1995)
(РЕВИДИРАН НА 14. ЈУЛИ 1995)
(ИЗМЕНЕТ И ДОПОЛНЕТ НА 3. ДЕКЕМВРИ 1996)
(ИЗМЕНЕТ И ДОПОЛНЕТ НА 25 ЈУЛИ 1997)
(ИЗМЕНЕТ И ДОПОЛНЕТ НА 17 НОЕМВРИ 1997)
(ИЗМЕНЕТ И ДОПОЛНЕТ НА 29. НОЕМВРИ 1999)
Еве ги тука сега само насловите
ПРЕАМБУЛА
ДЕФИНИЦИИ
ОСНОВНИ ПРИНЦИПИ (Правила 1-8)
УПРАВУВАЊЕ СО ПРИТВОРНАТА ЕДИНИЦА
Примање (Правила 9-15)
Сместување (Правила 16-20)
Лична хигиена (Правила 21-22)
Облека (Правила 23-24)
Храна (Правило 25)
Телесни вежби и спорт (Правила 26-28)
Здравствени услуги (Правила 29-36 ter)
Дисциплина (Правила 37-39)
Издвојување (Правила 40-44)
Изолациска единица (Правила 45-49)
Средства за ограничување на слободата
и употреба на сила (Правила 50-55)
Реметење на редот (Правило 56)
Суспендирање на Правилникот за притвор (Правило 57)
Информирање на притворениците (Правила 58-59)
ПРАВА НА ПРИТВОРЕНИЦИТЕ
Комуникација и посети (Правила 60-66)
Правна помош (Правило 67)
Духовни потреби (Правила 68-71)
Работна программа (Правила 72-73)
Активности за рекреација (Правила 74-77)
Предмети во личната сопственост на притворениците (Правила 78-83)
Жалби (Правила 84-88)
ОДВЕДУВАЊЕ И ПРЕВОЗ НА ПРИТВОРЕНИЦИ (Правила 89-91)
ИЗМЕНИ И ДОПОЛНЕНИЈА НА
ПРАВИЛНИКОТ ЗА ПРИТВОР (Правило 92)
линк подолу
http://www.un.org/icty/mac/basicdocs/it38.rev8november1999.pdf
Целта на овој Правилник за притвор е да го регулира управувањето на притворната единица за притворени лица кои чекаат за судење или жалбена постапка пред Меѓународниот суд или некое друго лице притворено по овластување на Меѓународниот суд и да обезбеди континуирана примена и заштита на нивните индивидуални права додека се во притвор. Основните принципи на кои почива овој Правилник за притвор ги одразуваат приоритетните закони на човечност, почит кон човековото достоинство и претпоставка за невиност.
Овој Правилник за притвор е особено наменет да ги регулира, во општи црти,правата и обврските на притворените лица во сите фази, од примање до
отпуштање, и да обезбеди основни критериуми за управување со притворната единица
(волан 22 Август, 2006 - 21:45 | избриши | измени | одговори)
#
Не сум некој Хард кор носталгичар за СФРЈ....уствари едвај сум го осетил системот....но по вжештените очи
на оние кои раскажуваат и те како се живеело.
Во право си за тоа дека идните генерации ке судат дали постоело заговор или не.
Но едно е јасно ЗАГОВОР И ТЕ КАКО ПОСТОЕШЕ (особено против Македонија и Србија)...(Немој случајно некој да ме разбрал како факинг Србоман).
Само сетисе на операцијата Во Арачиново....Сите албански терористи кои беа хард-кор во Арачиново ги креваа гаштите на стапчиња за да се предадат.Тоа беше јај жестоката офанзива на Македонските безбедносни сили.И шо се деси??? За да не бидат откриени 17-те Амерички тренинг офицери,кои беа стационирани во Арачиново се измисли некој си коридор....И??? Се добро се заврши за сценариото на заговорот.Тоа беше моментот кога можеше да се отвори ПАНДОРИНАТА КУТИЈА НА НАМЕТНАТОТО СЦЕНАРИО....Или поточно да се уапсат 17-темина Високи офицери на Американските специјални единици.
Уште еден од многуте примери се и хеликоптерите ЧЕЛИНЏЕР на Британското воено воздухопловство.Какви контињери тие растовараа во Гермо и Дреновец (Тетовско)??? Бомбончиња да не му даваа на младите албанчиња???Или го надгледуваа теренот па слегоа на кафенце...баш во Дреновец???...Не...Челинџер хеликоптерите се исклучиво транспортно средство за контењери (во армијата за логистика,оружје и муниција)....
Има уште многу неодговорени нелогичности,кои секако влијаат врз моето видување за заговорот
(sting EYE 22 Август, 2006 - 21:48 | избриши | одговори)
#
Многу појасно се ке ви стане ако потрошите малку време листајки го доленаведениот сајт - навистина е на србско хрватски јазик - се надевам дека го разбирате:
http://www.projuris.org/tribunal.htm
Spisak optuzenika Haskog tribunala i njihov status
Statut Tribunala
Pravilnik o pritvoru lica koja cekaju na sudjenje ili zalbeni postupak pred Medjunarodnim sudom
ili su iz nekog drugog razloga pritvorena po ovlascenju tog sud
Eticki kodeks tumaca
Kucni red za pritvorenike
Pravila disciplinskog postupka
Pravila zalbenog postupka
Pravilnik o postupku i dokazivanju - 19.maj 2003 - (PDF)
(integralni tekst sa ugradjenim izmenama i dopunama:
5.maj 1994 ; 4.oktobar 1994; 30.januar 1995; 3.maj 1995; 15.jun 1995;
6.oktobar 1995; 18.januar 1996; 23.april 1996; 25.jun 1996; 5.jul 1996;
3.decembar 1996; 25.jul 1997; 20.oktobar 1997; 12.novembar 1997;
9-10.jul 1998; 10.decembar 1998; 11.mart 1999; 15. jul 1999; 30. novembar 1999,
26. jul 2000, 19. januar 2001, 27. april 2001. 16. jul 2001, 13. decembar 2001,
1. maj 2002, 29. jul 2002, 10. oktobar 2002. i 12. decembar 2002)
Uputstvo o dodeli branioca po sluzbenoj duznosti
Zakon o saradnji SR Jugoslavije sa Medjunarodnim tribunalom (april 2002)
Medjunarodni krivicni sud osnovan Rimskim statutom 1998
(волан 22 Август, 2006 - 21:52 | избриши | измени | одговори)
#
За жал на Македонскиот дел на Википедија нема ништо за хашкиот трибунал.
Српската википедија дава неколку интересни написи:
Хашки трибунал
Линк
# тука
Међународни кривични суд за бившу Југославију
Линк
# тука
(волан 22 Август, 2006 - 22:02 | избриши | измени | одговори)
#
Доста богат сајт кој се бави со теми поврзани со Хашкиот трибунал како на пример:
Ратови
* Рат у Словенији
* Рат у Хрватској
* Рат у БиХ
* Косовски рат
Мањи сукоби
* Прешевска долина
* Сукоби у Македонији
Специфични чланци
* Распад СФРЈ
* Етничко чишћење на територији бивше Југославије
* Бошњачко-хрватски сукоб
* Ратни злочини
* Хашки трибунал
* Нико не сме да вас бије!
* Борба за отцепљење Косова и Метохије од Србије
* Погром на Косову и Метохији
* Велика Хрватска
* Ел Муџахедин
* Велика Албанија
* Велика Србија
* Србофобија
Види још
* ВикиПројекат: Ратови у Југославији
1990
• Балван револуција
1991
• Плитвички Крвави Ускрс
• Инцидент у Боровом Селу
• Масакр војника ЈНА
• Масакр у Госпићу
• Битка за Вуковар
• Масакр у Шкабрњама
1992
• Масакри у Западној Славонији
• Агресија на Миљевачки плато
1993
• Масакр у Кравици
• Агресија на Равне котаре
• Масакр у Зеници
• Напад на ЈНА у Сарајеву
• Масакр у Будаковићима
• Операција Медачки џеп
• Крвави септембар у Лици
• Опсада Сарајева
1995
• Операција Бљесак
• Масакр на Капији
• Масакр у Сребреници
• Операција Олуја
• Масакр на Маркалама
• Операција Намерна сила
• Дејтонски споразум
1999
• Масакр у Рачку
• НАТО бомбардовање СРЈ
ке најдете на линкот
# тука
(волан 22 Август, 2006 - 22:07 | избриши | измени | одговори)
#
Најнезадоволни од начинот како се водат процесите и поради тоа што се по нивно мислење
“...има нееднаквост дури и пристрасност на Хашката обвинителка Карла дел Понте, која води селективна правда...“
е Српската страна.
Тие најпрвин тврдеа и сеуште тврдат дека Хашкиот трибунал е нелегален...
“..На састанку који су Уједињене нације организовале уочи усвајања Статута, односно формалног оснивања трибунала, учествовали су експерти из 87 земаља, међу којима и проф. др Смиља Аврамов.
Ни један од ових експерата није се изјаснио у прилог нове творевине.
Ипак, резолуција 827 Савета безбедности усвојена је једногласно 25. маја 1993. године. Иницијативу за усвајање ове резолуције поднела је Француска..“
Имено многу светски правници од тоа време беа на мислење дека нема потреба од оснивање на специјален адхог суд - туку дека работата треба да се поведе пред редовниот - Меѓународен кривичен суд (чија надлежност не ја признава ни УСА па ни Русија..)
Понатака Србската страна тврди дека Хашкиот трибунал всушност представува политички суд на појаките и помоќните ...
Понатака тврдат дека Хашкиот трибунал ги крши човековите права ...
Сето ова го темелат на статистиката која вели дека
-против Срба је подигнуто 45 оптужница,
-против Хрвата - 12,
-против муслимана - 5,
-против Албанаца једна, а
-против Американаца и њихових НАТО савезника – ниједна.
Осуђено је 13 Срба, четири Хрвата и три муслимана. Оптужби су ослобођена три Хрвата и два муслимана. Већ ова статистика говори о пристрасности и политичком карактеру трибунала.
Изворно и повеќе
# тука
(волан 22 Август, 2006 - 22:52 | избриши | измени | одговори)
#
Истражувајки по Интернетов сосема случајно наидов на линк кој ја дава изворно и целосно оптужницата против Бошковки и Тарчуловски:
Изворно и целосно
# тука
(волан 22 Август, 2006 - 23:14 | избриши | измени | одговори)
Линковите кои тука ги нема - побарајте ги во паралелниот блог - на блогерај на долниот линк
http://volanskopje.blog.com.mk/node/40320#comment
Коментарите 1 и овој се всушност - продолжување на темата...
Линковите кои не можете да ги отворите тука ке - за да ги отворите одете на паралелниот блоб на Блогерај
http://volanskopje.blog.com.mk/node/40320#new
#
Сајтови кои се интересни за да се разбере работата на Хашкиот трибунал се и подолу наведените:
Европски суд за људска права
Савјет Европе, Стразбур
www.echr.coe.int
Комисија за демократију путем права
(Венецијанска комисија)
Савјет Европе, Стразбур
www.venice.coe.int
Конференција европских уставних судова
www.confcoconsteu.org
Међународни кривични суд
за бившу Југославију
http://www.un.org/icty/
Европски суд правде
Европска унија, Ден Хаг
europa.eu.int/cj/en/index.htm
http://curia.eu.int/
Међународни суд правде
http://www.icj-cij.org/
Међународни кривични суд
http://www.icc-cpi.int/
Асоцијација уставних судова
који користе француски језик
http://www.accpuf.org/
Организација америчких држава
Међуамерички суд за људска права
http://www.corteidh.or.cr/
Међународни кривични суд за Руанду
http://www.ictr.org
Посебни суд за Сијера Леоне
http://www.sc-sl.org/
Ujedinjene Nacije - polazna stranica (http://www.un.org)
Ujedinjene Nacije - međunarodno pravo (http://www.un.org/law/index.html)
Međunarodni sudovi:
Međunarodni krivični sud - International Criminal Court (ICC) (http://www.icc-cpi.int)
Međunarodni sud pravde - International Court of Justice (ICJ) (http://www.icj-cij.org)
Međunarodni krivični sud za Ruandu (ICTR) (http://www.ictr.org)
Evropski sud za ljudska prava - European Court of Human Rights (http://www.dhcour.coe.fr)
Strukovna udruženja:
Međunarodno udruženje tužilaca - International Association of Prosecutors (http://www.iap.nl.com)
Udruženje advokata odbrane - Association of Defence Counsel (http://www.adcicty.com)
Nevladine organizacije:
Međunarodni komitet Crvenog krsta (http://www.icrc.org)
Coalition For International Justice (http://www.cij.org)
International Center for Transitional Justice (http://www.ictj.org)
Amnesty International (http://www.amnesty.org)
Human Rights Watch (http://www.hrw.org)
No Peace without Justice (http://www.npwj.org)
IKV (http://www.ikv.nl)
Pax Christi (http://www.paxchristi.net)
VNG International (http://www.vng-international.nl)
The American Bar Association - Central and East European Law Initiative (ABA CEELI) (http://www.abanet.org/ceeli/home.html)
The Netherlands Helsinki Committee (http://www.nhc.nl)
Medica Mondiale (http://www.medicamondiale.org)
Swedish International Development Agency (SIDA) (http://www.sida.se)
Canadian International Development Agency (CIDA) (http://www.acdi-cida.gc.ca)
International Research and Exchanges Board (IREX) (http://www.irex.org)
Lawyers Committee for Human Rights (LCHR) (http://www.lchr.org)
Informacije o suđenjima na Internetu:
Domovina Net (http://www.domovina.net)
Free Serbia - Tribunal (http://tribunal.freeserbia.com)
Coalition for International Justice (http://www.cij.org)
IWPR (http://www.iwpr.net)
Video arhiva suđenja Slobodanu Miloševiću (http://hague.bard.edu)
Međunarodne snage u bivšoj Jugoslaviji:
SFOR (http://www.nato.int/sfor)
KFOR (http://www.kforonline.com)
(волан 23 Август, 2006 - 00:21 | избриши | измени | одговори)
#
МЕЃУНАРОДЕН КРИВИЧЕН СУД ЗА ПОРАНЕШНА ЈУГОСЛАВИЈА - ОБВИНИТЕЛОТ НА СУДОТ ПРОТИВ ЉУБЕ БОШКОСКИ И ЈОХАН ТАРЧУЛОВСКИ
ОБВИНЕНИЕ
Обвинителот на Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија, во согласност со своите овластувања според Член 18 од Статутот на Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија (понатаму во текстот: Статутот на Судот), ги обвинува: ЉУБЕ БОШКОСКИ ЈОХАН ТАРЧУЛОВСКИ за КРШЕЊЕ НА ЗАКОНИТЕ ИЛИ ОБИЧАИТЕ НА ВОЈУВАЊЕ, како што следи:
http://star.dnevnik.com.mk/?pBroj=2709&stID=51091
Дневник од 18,Март 2006 година во бројот 2709 ги објави обвиненијата на Хашкиот трибунал против Бошковски и Тарчуловски.
Значи тие не се веќе тајна ...
(волан 23 Август, 2006 - 00:31 | избриши | измени | одговори)
#
Еве подолу уште еден линк кој го објавува целосниот акт за
ОБВИНИТЕЛОТ НА СУДОТ
ПРОТИВ
ЉУБЕ БОШКОСКИ
ЈОХАН ТАРЧУЛОВСКИ
http://www.bratlube.com/obvinenie.htm
(волан 23 Август, 2006 - 00:45 | избриши | измени | одговори)
#
Овој сајт од подолниот линк би требало да е официјалниот сајт на Хашкиот трибунал на Српскохрватски јазик
http://www.un.org/icty/bhs/frames/tribunal.htm
PORIJEKLO:
Međunarodni krivični sud za bivšu Jugoslaviju (MKSJ) osnovan je Rezolucijom 827 Savjeta bezbjednosti Ujedinjenih nacija. Ova rezolucija donesena je 25. maja 1993. godine u vrijeme teških kršenja međunarodnog humanitarnog prava počinjenih na području bivše Jugoslavije od 1991. godine, a na osnovu izvještaja generalnog sekretara UN-a. Ovo je takođe bila i reakcija na prijetnju međunarodnom miru i sigurnosti koju su izazvala ova teška kršenja humanitarnog prava.
SJEDIŠTE:
CILJEVI:
NADLEŽNOST:
1. Stvarna:
Sud ima nadležnost za sljedeće zločine:
* Teške povrede Ženevskih konvencija,
* Kršenje zakona I običaja ratovanja,
* Genocid,
* Zločini protov čovječnosti.
2. Geografska i vremenska:
3. Personalna:
4. U odnosu na domaće pravosuđe:
SUDSKA VIJEĆA:
TUŽILAŠTVO:
SEKRETARIJAT:
POSTUPCI PRED TRIBUNALOM:
PRITVOR I KAZNE:
SARADNJA SA TRIBUNALOM:
RAZVOJ SUDSKE PRAKSE:
KAKO MOŽETE PRATITI ZBIVANJA NA TRIBUNALU:
OSOBLJE MEĐUNARODNOG SUDA:
OSNOVNI BUDŽET (u USD):
Навистина сеоппфатен сајт - можеби требаше да упатам линк веднаш до него но покасно го пронајдов.
(волан 23 Август, 2006 - 01:01 | избриши | измени | одговори)
#
ОБВИНИТЕЛСТВО
Се гради специјална судница за хашките предмети
Треба да биде договорено кога и со какво темпо ќе почне враќањето на предметите, кога ќе се разгледуваат и какви дејства биле преземени
**Изградба на специјална судница и целосна примена на Законот за заштита на сведоци ќе бидат меѓу условите што ќе ги постави Хаг за враќање на четирите предмети во Македонија кон крајот на годинава, ако до тогаш завршат реформите во судството.
**Законот за заштита на сведоци е во сила од први јануари годинава, а во специјалната судница се во тек градежни работи.
**Новата тура преговори меѓу македонските и хашките обвинители за почетокот и начинот на враќање на четирите хашки предмети, за кои Хаг не поведе постапка, ќе се одржи во септември.
**Македонија во 2002 година на Хаг му предаде пет веќе почнати предмети од конфликтот во 2001 година.
Хашкото обвинителство покрена обвинение само за случајот Љуботен, во кој се обвинети ексминистерот за внатрешни работи, Љубе Бошковски, и полицискиот инспектор, Јохан Тарчуловски.
**Останатите предметите се против:
-водството на ОНА,
-малтретирањето на градежните работници на „Маврово“,
-затварањето на браната на Липковското езеро и
-гробницата Непроштено останаа непроцесуирани.
**Хашкото обвинителство лани реши овие предмети да и ги врати на Македонија.
Образложението на Карла дел Понте за ваквата одлука беше барањето на Советот за безбедност сите истраги за воени злосторства од просторите на поранешна СФРЈ да завршат до крајот на 2004 година.
**По февруарската средба на македонската министерка за правда и главната хашка обвинителка, тогашната портпаролка на хашкото обвинителство изјави дека било одлучено враќањето на предметите од Хаг да почне кон крајот на годинава за дотогаш да се заокружат реформите во судството и да се донесат и профункционираат сите судски инструменти за да се завршат истрагите
ОДЛИЧЕН НАПИС НА ДНЕВНИК
Линк
# тука
(волан 23 Август, 2006 - 07:42 | избриши | измени | одговори)
#
ВОДСТВОТО НА ОНА ЌЕ СВЕДОЧИ ВО ХАГ
Ахмети, Острени и Велиу против брат Љубе
Тројката од водството на ОНА се уште не добила официјални покани за да бидат сведоци на трибуналот, но имале консултации со хашките обвинители како можат да придонесат во процесот
**Лидерот на ДУИ Али Ахмети, поранешен командант на паравоената ОНА, како и пратениците Гзим Острени и Фазли Велиу, кои во 2001 година беа во командната структура на ОНА, ќе сведочат против ексминистерот за внатрешни работи Љубе Бошкоски, кого Хашкиот трибунал го обвини за воени злосторства против цивили за време на воените судири.
**За професорот по кривично право Ѓорѓе Марјановиќ воопшто не е чудно што токму водството на ОНА, против кое Трибуналот прво поведе постапка за вршени воени злосторства, а потоа одлучи да ја пренасочи во надлежност на македонските судови, ќе се појави како сведок на страната која го обвинува Бошкоски во Хаг.
"Чудно е како не се тие во затвор, друго се е очекувано.
Па нели треба да се докаже приказната која е лажна, дека во 2001 година во Македонија имаше борба за човекови права?
Тоа од почеток е оросписка работа, сега е шансата приказната на меѓународната заедница да се поткрепи", вели професор Марјановиќ.
Тој додава:"Сведоците Ахмети, Острени и Велиу се најдобрите. Бошкоски се бореше против нив, тој го чуваше поредокот. Таа прикаска треба да каже дека Македонците се крвниците, а Албанците јагнињата", завршува Марјановиќ.
НЕМАМ КОМЕНТАР НА ОНА ШТО ГО ВЕЛИ МАРЈАНОВИЌ ...
Линк
# тука
(волан 23 Август, 2006 - 07:56 | избриши | измени | одговори)
#
Непријатни квалификации за ВМРО-ДПМНЕ од Хаг
Хашкото обвинителство се сомнева дека новата влада ќе сака да соработува со Трибуналот
http://217.16.70.245/?pBroj=2160&stID=75118&pR=2
**Обвинителството предводено од Карла дел Понте, во обид да го спречи привременото ослободување на ексминистерот, резервите спрема поранешната влада прераснуваат во отпор кон идната.
**„ВМРО-ДПМНЕ практикува националистичка идеологија и не ја признава јурисдикцијата на Хашкиот трибунал", се наведува во документ на Обвинителството испратен до судот на 17 јули годинава.
**Во ВМРО-ДПМНЕ се изненадени од квалификациите на Хашкото обвинителство.
Идната владејачка партија планира во целост да соработува со Трибуналот, со Обвинителството и со одбраната на обвинетите Македонци.
„Нашата заложба не е само вербална, туку може да се прочита и во предизборната програма.
Ние сериозно размислуваме да донесеме и закон за соработка со Трибуналот и низ таа правна рамка да ги дефинираме сите видови на соработка со судот во Хаг",
**Ексминистерот Бошкоски на завчерашното рочиште уште еднаш остро го нападна Обвинителството, тврдејќи дека обвинителот Ден Саксон го малтретира.
**И неговата бранителка Едина Решидовиќ протестираше до судот поради тезите на Обвинителството со кои, според неа, се спорат дури и изборите и новата влада што е формирана во Македонија.
(волан 23 Август, 2006 - 08:05 | избриши | измени | одговори)
#
Бошкоски тврди дека го уништуваат мизантропски обвинувања!
Драматично обраќање на ексминистерот на вчерашното рочиште во Трибуналот
http://217.16.70.245/?pBroj=2159&stID=75039&pR=2
**Бошкоски, кој е обвинет од Трибуналот за воени злосторства, во јули годинава со писмо се жалеше до Судскиот совет дека е жртва на нехуман однос од страна на обвинителот Ден Саксон и дека неговата здравствена состојба е многу лоша.
Во писмото тој напиша дека Саксон постојано го навредувал, неаргументирано го напаѓал и го дискредитирал како човек.
(волан 23 Август, 2006 - 08:09 | избриши | измени | одговори)
#
Пет години од Љуботенските настани
-Како загинале селаните?
-Биле ли вооружени, биле ли дел од она?
-Легитимна ли е акцијата на полицајците предводени од Тарчуловски, или пак биле во казнена експедиција барајќи одмазда за смртта на осумте војници??
**Ова треба да го утврди трибуналот
Линк
# тука
(волан 23 Август, 2006 - 08:14 | избриши | измени | одговори)
#
ХАШКИ ТРИБУНАЛ
Речиси 1.000 години затвор за воени злосторства
**Хашкиот трибунал за 13 години вкупно изрекол 811,5 години затвор за воени злосторства извршени на територијата на поранешна Југославија,
**-38 осудени Срби добиле 590 години затвор, на
-12 Хрвати им е изречена вкупна затворска казна од 166 години,
-петмина Бошњаци добиле 42,5 години затвор, а
-еден Косовец добил 13 години затвор.
**Од 56 осудени, највисоки затворски казни од 40 години добиле Горан Јелисиќ - за убиства на Бошњаци и Хрвати во логорот Лука кај Брчко во 1992 година, и Миломир Стакиќ - за убиства на несрпско население во Приједор во 1992 година.
Линк
# тука
(волан 23 Август, 2006 - 08:19 | избриши | измени | одговори)
#
БОШКОСКИ И ТАРЧУЛОВСКИ ЖРТВИ НА МЕЃУНАРОДНИ ПОЛИТИЧКИ ИНТЕРЕСИ?
Панчевски: "Докажувам дека во Љуботен нема случај"
**"Два пати само сигнализирав, а овојпат ги објавувам фотографиите како се пресоблекуваат увезени жртви од Косово во цивилки, а потоа и се закопуваат во селото Љуботен, но од Карла дел Понте нема ни демант, ни заинтересираност за доказите".
**Овој адвокат тврди дека зад ова се кријат дебели политички интереси, но и голем бизнис.
Вели дека парите што му биле понудени да го даде арсеналот од оригиналните докази за конструкцијата на "Љуботен", отидени се на друго место и затоа Бошкоски и Тарчуловски се уште се во притвор, а обвинението како-така се држи.
Линк
# тука
(волан 23 Август, 2006 - 08:26 | избриши | измени | одговори)
#
Високи функционери на Хаг и на НАТО обучувале лажни сведоци за Љуботен
**Скопскиот адвокат Игнат Панчевски вчера презентираше видеозапис на кој анонимно лице, за кое тој тврди дека е негов клиент, изјавува дека било врбувано од високи функционери на Хаг и на НАТО лажно да сведочи за случајот „Љуботен“.
**Тој додаде дека е еден од повеќетемина врз кои се врши притисок лажно да сведочат за да се конструира случајот „Љуботен“.
**Обвинението против Бошковски е готово уште во ноември 2003 година.
Оттогаш до сега се подготвуваат лажни докази и лажни сведоци, кои ќе го оправдаат тоа.
Лица од Хаг и припадници на тајни служби од повеќе западноевропски држави не обучуваа што и како да кажеме, а за награда ни нудеа пари, промена на идентитет и преселба во странски држави.
Бидејќи сум исплашен за личната безбедност, се уште нема да го откријам идентитетот - вели лицето од видеоснимката.
На вчерашната прес-конференција адвокатот Панчевски изјави дека ако Карла Дел Понте се појави со обвинение за случајот „Љуботен“, неговите клиенти ќе го откријат идентитетот и јавно ќе проговорат.
**На еден од нив му е упатена закана со зборовите: „Ако прозбориш, ќе те дадеме на УЧК, а тие знаат што ќе ти направат“ - рече Панчевски.
Тој најави дека многу брзо ќе ги изнесе сите детали и докази дека високи функционери на Хаг и на НАТО го конструирале случајот и вршеле притисок и ги малтретирале неговите клиенти.
**Станува збор за повеќе клиенти од различна националност. Тие ќе покренат постапки против функционерите на НАТО и на Хаг и ќе бараат надомест затоа што биле малтретирани - рече Панчевски.
Линк
# тука
(волан 23 Август, 2006 - 08:34 | избриши | измени | одговори)
#
За полесно да ги пратимепроцесите кои ке треба да се одвиваат пред македонските судови - добро е да се запознаете со:
ЗАКОНОТ ЗА АМНЕСТИЈА
(“Службен весник на Република Македонија” бр.18 од 8 март 2002 год.)
**Член 1
Со овој закон се ослободуваат од гонење, се запираат кривичните постапки и потполно се ослободуваат од извршувањето на казната затвор (во натамошниот текст: амнестија), граѓани на Република Македонија, лица со законски престој, како и лица кои имаат имот или семејство во Република Македонија (во натамошниот текст: лица), за кои постои основано сомневање дека подготвиле или сториле кривични дела поврзани со конфликтот во 2001 година, заклучно со 26 септември 2001 година.
Амнестијата се однесува и на лица кои и пред 1 јануари 2001 година, подготвувале или сториле кривични дела во врска со конфликтот во 2001 година.
Со амнестијата од ставовите 1 и 2 на овој член:
- се ослободуваат од гонење за кривично дело според Кривичниот законик и друг закон на Република Македонија лицата за кои постои основано сомнение дека подготвиле или сториле кривични дела поврзани со конфликтот до 26 септември 2001 година;
- се запираат кривичните постапки за кривични дела според Кривичниот законик и друг закон на Република Македонија против лицата за кои постои основано сомнение дека подготвиле или сториле кривични дела поврзани со конфликтот до 26 септември 2001 година;
- потполно се ослободуваат од извршување на казната затвор за кривични дела според Кривичниот законик и друг закон на Република Македонија лицата кои подготвувале или извршиле кривични дела поврзани со конфликтот до 26 септември 2001 година и
- се определува бришење на осудата и се укинува правната последица на осудата заклучно со 26 септември 2001 година.
Одредбите од ставовите 1, 2 и 3 на овој член не се однесуваат на лицата кои извршиле кривични дела поврзани и во врска со конфликтот во 2001 година, кои се во надлежност и за кои Меѓународниот трибунал за гонење на лица одговорни за тешко кршење на меѓународното хуманитарно право на територијата на поранешна Југославија од 1991 година ќе поведе постапка.
Изворно и целиот текст на Законот за амнестија ке пронајдете на
Линк
# тука
(волан 23 Август, 2006 - 08:49 | избриши | измени | одговори)
#
Ахмети бара закон за амнестија
Поранешниот политички лидер на таканаречената Oслободителна национална армија, Али Ахмети побара изјавата за амнестија, што деновиве ја усвои македонската влада, да се регулира со закон, јави агенцијата „Косовалајв“.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=2868
(волан 23 Август, 2006 - 08:52 | избриши | измени | одговори)
#
Законот за Амнестија - предизвика во времето на неговото донесување - различни реакции.
Игнап Панчевски - поеде постапка за преоценување на Уставноста на законот и на долниот линк ке го најдете одговорот на
**Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија, членовите 28 и 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија ("Службен весник на Република Македонија" бр.70/1992), на седницата одржана на 19 февруари 2003 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
Текст
1. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување уставноста на Закон за амнестија ("Службен весник на Република Македонија" бр.18/2002).
2. СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување уставноста на членот 8 од Законот за амнестија.
3. Решението да се објави во "Службен весник на Република Македонија" .
Текстот на Образложението на Уставниот суд е доста долг ...
Кој има желба да се позанимава со деталите нека оди на
Линк
# тука
(волан 23 Август, 2006 - 09:01 | избриши | измени | одговори)
#
Веднаш по усвојувањето на Законот за амнестија, правните експерти во земјава тврдеа дека е тој зрел да се најде пред Уставниот суд.
Скопскиот адвокат Игнат Панчевски, кој ги
застапува семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили во Вејце, поднесе барање за оценување на уставноста на Законот за амнестија,
но истовремено побара и автентично толкување од Собранието
-за тоа на која категорија граѓани,
-за кој конфликт и за кои точно наброени кривични дела се однесува Законот?
Закон за амнестија, со вакви општи формулации и толку непрецизен, смета Панчевски, ниту некогаш бил донесен ниту пак кога и да е ќе биде усвоен во некоја земја во светот!
ИЗВОРНО И ЦЕЛОСНО ИНТЕРВЈУТО НА ЗУМ МАГАЗИН - КЕ ГО НАЈДЕТЕ НА
Линк
# тука
(волан 23 Август, 2006 - 09:09 | избриши | измени | одговори)
volanskopje.blogspot.com is very informative. The article is very professionally written. I enjoy reading volanskopje.blogspot.com every day.
fast loans
payday loans
Post a Comment