Search This Blog

Thursday, August 10, 2006

ПАРК НА МУЗИКАТА


Пред пет години музичарот Кире Ристевски од населбата Ново Лисиче каде што и самиот живеам го создал уникатниот “Парк на музиката“.

Воден од својот уметнички дух, почнувајки најпрвин од својот двор, Кире почнал да поставува музички инструменти кои самиот рачно ги изработувал. Но бидејки неговиот двор е само 200 квадратни метри - бил премал да се постават сите инструменти кои ги познава музиката – се родила идеја музичките инсрументи да се постоват во околното зеленило меѓу зградите.

Со помош на својот пријател и сосед Ѓоко и со уште неколкумина други соседи, веќе пет години успешно го ствара и одржува уникатниот “Парк на музиката“. На дел од експонатите има усмерено и амбиентално светло – па “Паркот на музиката“ и во вечерните часови посебно плени.

Особено беше убав во пролетните денови, кога се гледаше убаво обликованата трева и воопшто хортикултурата околу инструментите.

Секој минувач не останува рамнодушен – подзастанува и ги плакни очите во хармонијата на паркот. Пијаното, гитарата, виолончелото, флејтата, дел од другите дувачките инструменти – се направени во природна големина, а покрај нив се наоѓаат и човечки фигури во скулптурна изведба од метал – така што сите се поставени на шахтите кои сега служат како паноа за скулптурите и инструментите.

Уметникот Кире (инаку познат клавирштимер) сам, а понекојпат со помош на соседот Ѓоко го одржува и чува овој парк на музиката – познат уште и како “Парк на пијаното“. Тој сам ја коси тревата, ја полева, на свој трошок купува машини за одржување на тревата и сам ги прави неверојатно инспиративните скулптури и инструменти.

Пред две години – токму во овој парк се одржал целовечерен инструментален концерт со познатите имиња од Македонската музичка сцена – Јасминка Чакар, Милка Ефтимова, Горан Нацевски и други млади таленти – кои инспирирани од просторот музицирале во паркот на музиката.

Секоја чест за торецот на овој уникатен парк, кој со овој пример го покажува начинот како сите треба да се грижиме за природната околина.

Blog Archive

Site Meter