Веќе подолго верме весникот Време има фељтон – кој се бави со прашањето на Мафијашките структури во Македонија и посебно се осврнува на Албанската Мафија вооопшто со посебен осврт на Македонската Албанска Мафија.
Ке пробам да извлечам некои делови од фељтонот и тука да синтетизирам што сакал да каже писателот.
Зборот Мафија прфпат е употребен како термин во Сицилија. Со зборот Мафија се означува организацијата “Коза Ностра“ – која во превод значи – Наша Работа. Организацијата датира од средината на 19-ти век во Сицилија – а некои велат дека влече корени уште далечната 1282 година.
Со зборот Мафија се означуваат криминалните организации, по светот. Во поново време аналитичарите кои ја проучуваат мафијата – велат дека е тоа една организација на моќ – чии цели на интерес не се веќе само криминалните активности туку прераснува во тесна поврзаност со функционерите на државата во која делуваат.
Па така во фељтонот на Време ке најдете напишано дека Македонија има организирано подземје - мафија со мафијашка структура „војници“ и „босови“, но и со силни врски со центрите на државната и политичката моќ.
Понатака се вели дека досегашната власт – воглавном се потпира на четири постулати на моќ:
- политичко-економската олигархија;
- репресивниот апарат, пред се, полицијата и тајните служби;
- организиран криминал односно подземје; и
- државните медиуми и пропагандните институции.
Во едн од насловите на серијалот “ Мафијата стана државна, односно режимско-партиска“ – весникот обвинува дека, кај нас мафијата на перфиден начин е „легализирана“ и „де факто“ станала државна односно режимско-партиска мафија.
Не треба да не чуди кога ќе слушнеме дека секоја држава во светот има своја мафија и си ја контролира - само албанско-македонската мафија има своја држава што си ја контролира. Овој слој го сочинуваат од 5.000 до 10.000 луѓе. Меѓу нив значаен е бројот на оние од правосудните институции, царината, инспекциските служби...
Македонските криминалци се измеќари и работат како наемници кај наркотрафикантите на различни албански фисови (при формирањето на албанските криминални групи се присутни основите на национален, семеен, клановски и земјачки план).
Приватизацијата на фирмите во Република Македонија, спроведена преку криминализацијата на власта, беше екстремен пример на бруталната првобитна акумулација.
Довчерашните комунистички лидери, социјалистите на самоуправниот систем и нивните елитни синови и ќерки, кои растеа во здружениот труд, школувани на приватните универзитети на Запад, помогнати од центрите на меѓународното организирано злосторство во името на демократијата, плурализмот, човековите права и ред други заблудувања на хуманитарното разбојништво, го распределија сиот државен капитал меѓу себе според принципот тебе-мене и грабни што можеш повеќе.
Го уништија целото македонско стопанство, а граѓаните ги преведоа во технолошки вишоци, стечајни работници, односно социјални случаи. Цели семејства беа разорени, а болестите на социјалната беда го зголемија општиот хаос во „правната држава“ на патот кон хуманите демократски општества?
Беше воспоставена неприродната коалиција помеѓу најлутите ривали во борбата за власт и поделбата на рекетот во Македонија.
Владејачките структури, во периодот од 14 години, од осамостојувањето на Република Македонија, формирале „корпоративна мафија“, која се темелела врз моќта на не повеќе од стотина приврзаници на двете македонски владејачки партии и партиите на Албанците, кои привидно ротираат во власта, а всушност перманентно владеат со македонската држава.
И по Бранко, и по Љубчо, со партнерите од албанскиот корпус не беше разорена номенклатурата на босовите така што никогаш и не дошло до вистинско и темелно разграничување на власта од подземјето. Се уште криминалците ги командуваат политичарите, што е вистински нон сенс на светско ниво.
Во тој период, преку огромните финансиски средства и недвижности, обезбедени на најбрутален начин, со продажба на дрога, оружје, перење пари, трговија со луѓе и човечки органи, албанската криминална структура израснува во водечка и респективна сила во државата.
Кај нас само неспособните политичари се делат врз национална и верска припадност. Наркомафијашите, напротив, се определуваат според интересите на бизнисот. Војната и хаосот во државата се особено погодни можности за остварување на профитот на организираните криминални братства со мултиетнички состав.
No comments:
Post a Comment