Search This Blog

Monday, August 07, 2006

Карпалак - „БУРА“

На годишнината на чествувањето на Македонските жртви во Карпалак (Нане, Сашо, Бранко, Горан, Ердован, Љубе, Дарко, Пецо, Веби, Марко, десеттемина резервисти од прилепската единица на АРМ), се појавија Снимка од убивање српски заробеници и цивили во акцијата „БУРА“ - изведени од припадници на хрватската паравоена единица „Црни мамби“ и на бошњачката единица „Хамза“.

Снимката деновиве ја објави
Српската телевизија Б92, на која се гледа како хрватски паравојници и бошњачки војници убиваат хрватски Срби што биле протерани во операцијата „Бура“ во 1995 година.

Снимките биле испратени до телевизијата Б92 на единаесетгодишнината од војната, слично како што пред десетгодишнината од масакрот во Сребреница беа објавени снимки на кои се гледа како српски полицајци од единицата „Скорпиони“ убиваат цивили-Бошњаци.

Изворно тука...

Сите мајки подеднакво жално плачат за изгубените чеда во воените судири - без разлика на нивната верска и национална припадност.

За жал воените судири се присутни од почетокот на светот и векот - и се некаква неминовност на човековата природа како живо битие ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter