Секојпат уживам кога му ги читам колумните на Виктор Лилиќ - инаку универзитетски професор на катедрата за Археологија.
Така и последната колумна во Дневник му е супер и кој има време и желба нека ја прочита. Линк тука.
...Македонија постојано ја делеа низ вековите. Римјаните 168 година пред новата ера ја поделија на четири дела. Не толку одамна другарот Тито го трампаше македонското срце - Егејска или ако сакате Јужна Македонија за Истра. 2.160 години судбината ја одредуваа разни влади за конечно во 1991 година само Горна, Вардарска Македонија да стане независна...
..Динократ Македонецот од Александра доби доверба да проектира и да подига градови, па така изникнаа многуте Александрии на македонската цивилизација од Вардар до Инд, а меѓу нив како бисер Александрија на Нил.
Во тие времиња македонскиот народ и Динократ го имаа Александра, но, имаме ли денес таков водач, да не поведе да учиме од грешките сторени во минатото?
Да биде мудрец и визионер, да биде цивилизиран дипломат, човек-тврдина, да ги поведе партиите, та гордо исправајќи се да реализира не само ефектен четиригодишен план туку визија за македонскиот народ и повторно да не' изведе, но на патеката на нова македонска цивилизација...
...најскапо, бесценето е името Македонија, што Александар ни го остави во аманет да го чуваме и одржуваме вечно во живот на површината на светската заедница на народите, засекогаш, додека чука и последното македонско срце?...
..Навистина, како никогаш досега, потребен ни е уште еден Александар Македонски, со ум и душа да го спознае трнливиот пат на древната македонска цивилизација, поуките од нејзините растежи и падови, и да ги воздигне, библиската земја и народот македонски.
Но, прашање е сега дали тој веќе постои или можеби новиот македонски водач допрво треба да се роди?...
..Светот го тресеа врвни археолошки откритија.
Гробницата на Тутанкамон, Троја, Микена, Крит. Гробницата на Филип Втори во Ајга под Олимп. А двата неповторливи доцноархајски бронзени сада - кратери од Требениште во Македонија, во Софија и Белград.
Има ли Македонија спектакуларни откритија? Зарем златната маска од Охрид не е знак?! Фама се слуша за третиот кратер. Лани откривме раноантички град со дворец, и мислиме дека е токму мистериозната македонска престолнина Пелагонија...
..Новиот Александар ќе треба да ја воздигне македонската наука затоа што научната мисла во спрега со економијата, археолошките искуства, индустријата ќе ја заживеат Македонија. Тој сигурно нема да го отфрли проектот Античкото Кралство Македонија во Република Македонија...
Лилчиќ има и други прекрасни текстови - поготово оние кои се однесуваат за Македонскиот идентитет ...
Search This Blog
Sunday, August 06, 2006
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
Blog Archive
-
▼
2006
(586)
-
▼
August
(40)
- ГИНОВЦИ - Горан Стојковски
- БУГАРСКО – МАКЕДОНСКИ (односи-релации)
- МАФИЈА – која си има своја држава.
- ХИДРОСИСТЕМИ - Злетовица
- ХАШКИ ТРИБУНАЛ
- МАСОН/И
- КРВНА ОДМАЗДА
- ДАРКО ПАНЧЕВ - Македонски бренд
- БУГАРСКИ ПАСОШИ
- Државата контре МТ !!
- МПЦ продала имотот во Лешочкиот Манастир
- Метеорска бура над Скопје
- БЛОКИРАЊЕ
- САМОУБИСТВО
- ПАРК НА МУЗИКАТА
- Кој каде - ресор
- св. Климент Охридски и Македонски
- Старата чаршија - Бункер
- Св. Петка
- Донираш и профитираш ?!
- Апче против глупавост
- ЕВН исклучува струја на Државни Имституции
- Карпалак - „БУРА“
- Хирошима
- Рашче - загрозено !!
- Македонија - „Тајмс“
- Нов Александар Македонски
- Никола Поповски
- Боровинки
- Црковно-Археолошки туризам
- РТВ-претплатата
- МОРОДВИС
- Книжни Икони
- Планот на ДУИ
- ГОВРЛЕВО - на продажба !?
- Воен музеј на Македонија
- Св.Ѓорѓи – Кучково
- Селска аутобуска
- Илинденци
- Паркот во Скопје - „работи“
-
▼
August
(40)
No comments:
Post a Comment