Пред некој ден на ТВ слушнав дека МПЦ и продава имот на Цементарницата "Усје" - кој се состои од црквата "Св. Трипун" со земјиште од 17.366 квадратни метри на кое има шест манастири, за 204.516 евра.
Уредникот го стави во рублика Скандал. И со право.
Црквата "Св Трипун" и се наоѓа во атарот на селото Говрлево, Општина Сопиште, на 30-ина километри од Скопје.
Веста ја пренесува и денешен Вест. Повеќе тука.
“..Во атарот на централната црква "Св. Трипун" има уште 6 манастири или капели, како што ги викаат селаните. За нив е ова свето место оти постои веќе 600 години. Во 1930 година црквата била обновена..
.. Во купопродажниот договор стои дека црквата "Св. Трипун" од селото Говрлево, не е споменик на културата и не била запишана во централниот регистар на недвижни споменици на културата.
Мештаните се разочарани дека целото ова свето место ќе се срамни со земја за потребите на "Усје". Тие жалат по главната црква, како и по манастирите "Св.Троица", "Св. Павле и Петар", "Св. Недела", Св. Петка", " Св. Ерина" и "Св. Марина"..“
Само тука во написот на Вечер не гледам каква е судбината на Археолошкиот локалитет Говрлево !?
Ако со ова е зафатен и Археолошкиот локалитет Говрлево тоа навистина е мегаскандал.
Заради Значението на Говрлево ке ви пренесам некои написи за Археолошкоиот локалитет Говрлево.
Адам од Говрлево предвесник на Библијата
“..Машкото торзо, пронајдено на неолитското наоѓалиште Говрлево - Скопско, на неодамнешниот меѓународен конгрес во Пула беше оценето како едно од 10- те најголеми откритија во светот..Поради тоа, оваа керамичка машка фигура наречена Адам од Говрлево, која веднаш по откривањето го доби и атрибутот - милениумско откритие
.. На петнаесетина километри од центарот на Скопје, затскриено зад јужните падини на Водно, се наоѓа неолитското наоѓалиште Говрлево. Местото е, велат оние што го посетиле, чудесно. Во себе едновремено крие и прекрасен мир и некаква пријатна возбуда. Распространет на 4 хектари плодно земјиште, локалитетот потсетува на голем природен амфитеатар. Од двете страни е ограничен со потоци, на чија утока е силен извор. Легендите велат, таа вода била лековита. "Тука се излечил еден голем цар", зборува една од нив, а царот бил никој друг туку Јустинијан Први, големиот антички император роден во непосредна близина, во антички Таорисиум, денешен Таор. Локалитетот , пак, Говрлево во себе чува илјадагодишни тајни..“
Откриен првиот човечки портрет стар 5000 години
“..На локалитет Говрлево во близина на Скопје, со годинашните археолошки истражувања пронајдена е ексклузивен наод на човечки портрет што датира од неолитот, околу 3000 години п.н.е., што значи до денес, портретот е стар 5.000 години. Ова е прв толку стар портрет, со изработени индивидуални карактерни особини, досега непознат во науката не само во Македонија туку и во Европа. Како втор ексклузивитет се пронајдените зрна од жито, изработени од керамика во природна големина..
..Ова е прв случај во историјата на уметноста да се пронајде вистински човечки портрет од неолитот, време за кое досега имавме сознанија дека се изработувале само архаични фигури со назначени црти на лицата. Портретот што го пронајдовме со полно право може да се нарече уметност зашто не се работи за архаична претстава туку за конкретна личност со сите карактерни црти што може да се сретнат кај најпознатите ренесансни портрети. Со пронаоѓањето на овој портрет кој се надоврзува на милениумскиот наод, машкото торзо наречено Адам, од истиов локалитет, не е претенциозно ако се каже дека од овие македонски простори потекнува и идејата за човекот како духовно битие, односно она што го издигнува над животинскиот свет...“
No comments:
Post a Comment