Вечер во денешниот напис - ЗАБОРАВЕНА ПРИРОДНА И КУЛТУРНА УБАВИНА "Св.Ѓорѓија" може да привлекува бројни гости – не подсетува за подзаборавениот споменик на културата и верата во Македонија.
“..Манастирот "Св.Ѓоргија" сместен на рид во подножјето на Шар Планина датира уште од 14 век. Настанал во времето кога постоела населбата Перјат, по што настанале Кучково и околните села.
Долги години од минатиот век во времето на едноумието бил запоставуван. Од 1986 до 1990 година бил обновен со средства од манастирот. Тогаш е изградена новата камбанарија, библиотеката, а започнат е и нов комплекс за сместување. Засега конаците се користат само за престој на верски лица, додека услови за надворешни гости се уште нема. Во "Св. Ѓоргија" повеќе од 20 години живее отец Наум. - Овој духовен храм е карактеристичен по старите икони Чиновите на светите апостоли од 15 век, "Св.Богродица" и "Св.Јован" од 16-17 век, кои биле изложувани на изложби во Париз и Лондон..“
Направив мало истражување на Интернет за Манастирот и еве што добив:
02.05.2006 г.- манастир Св. Ѓорѓи, с.Кучково (Ден на крстот)
Одличен напис а поготово фотки за манастирот – на порталот Премин. Преубава природа. Не случајно отец Наум го избрал за сое пребивалиште.
1 comment:
Napisete nesto poveke za istorijatot na manastirot Sv.Gorgi-Kuckovo i za podvigot na otec Naum.
Post a Comment