Search This Blog

Tuesday, August 01, 2006

Илинденци


Колективна фотографија на штипјани од Ново Село кои биле уапсени во 1901 година. Според броевите на фотографијата се: Хаџи Мите, син на Димитри, Стојче, син на Крсто, Јорги, син на Костадин, Димитри, син на Петре Тенчо Икономов, Коцана, ќерка на Стојан.



Осем познатите илиденци - Гоце, Даме, Карев и многумина други кои и се познати на Историската наука и на нас обичните смртници - еве се појавуваат и други кои своите животи ги завршиле по казаматите на турската империја во Солун и Цариград.

Многу од нив не се познати на досегашната наша историска мисла и еве во деновите од годишнината на славната Илинденска епопеја вреди да ги спомнеме сите кои од било кои причини биле жртви на Идееите за Македонија...

Сите тие заслужуваат едно големо Благодарам...

Македонија по 100 години ги виде славните илинденци
Драган Ѓоргиев во цариградските архиви пронајде фотографии од близу 300 уапсени македонски востаници

“...Македонската јавност досега ги знае, главно, ликовите на водачите на македонската револуционерна борба, но од пред три години се познати и некои од обичните востаници кои по поразот на востанието беа уапсени од турскиот аскер...

...списоците на повеќе од илјада имиња и два албума на фотографии на македонски заточеници, кои турската власт ги фотографирала по апсењето.Така, нашите анонимни илинденци станаа познати на пошироката јавност...

...Станува збор за четири дефтери за Македонци од затворот во Дијар Бекир, од затворите на Битолскиот вилает, од скопскиот централен затвор и од затворите на Солунскиот вилает. „Причина за нивното ослободување била општата султанска амнестија од 12 април 1904 година. Иако, во прв ред, таа била прогласена со цел да бидат ослободени оние лица што ’директно учествувале во бунтот што се случи во Румелиските султански вилаети‘ (Илинднеското востание), со неа биле пуштени на слобода и лица што извршиле политички престап во периодот 1897 - 1903 година. Всушност, оваа амнестија била резултат на притисокот на меѓународниот фактор при прифаќањето на познатите Мирцштегски реформи од октомври 1903 година"...

...Георгиев наведува дека од наведените затвори биле ослободени вкупно 1.278 лица и тоа: 204 од Дијар Бекир; 389 од затворите на Битолскиот вилает; 88 од скопскиот затвор и 597 лица од затворите на Солунскиот вилает. „Со исклучок на 85 муслимани ослободени од битолските затвори, кои биле обвинети за кражби и убиства на цивили за време на востанието, со незначителни исклучоци другите се христијани од Македонија,кои директно учествувале во самото востание, во неговите подготовки или, пак, направиле политички престап една или две години пред востанието"...


Изворно тука.

No comments:

Blog Archive

Site Meter