Иако веројатно имале голема потреба за тоа - јас никојпат нема да им простам на Амриканската политика за фрлањето на двете Атомски бомби на Хирошима и Нагасаки.
До ден денешен ниеден Американски председател се нема извинето за бомбите на Јапонија и се нема поклонето на жртвите на Хирошима и Нагасаки. Америка дејствува со демонстрирање на сила пред се .... а аргументите и Демократската борба се во позадина...
Дел од принципите на дивиот тексас се уште во игра...
Дневник ни носи напис за:
Молитви од Хирошима за свет без атомски бомби
Десетици илјади луѓе се помолија за мир во јапонскиот град Хирошима, кој пред точно 61 година беше првата жртва на напад со атомска бомба.
На ритуалот кај споменикот „Граунд зиро“, илјадници Јапонци и гости од целиот свет им изразија почит на 247.787 луѓе што загинаа од атомската бомба. Големата камбана почна да бие во 8 часот и 15минути, точно во моментот кога американскиот бомбардер „Б-29 енола геј“ исфрли бомба со 5 тони ураниум-235 врз Хирошима на 6 август 1945 година. Бомбата „литл бој“ експлодираше 600 метри над центарот на градот, ослободувајќи температура од 4.000 Целзиусови степени во радиус од 4,5 километри.
Три дена подоцна, во 11.02 часот на 9 август, Американците фрлија атомска бомба со плутониум-239 и врз јапонскиот град Нагасаки. Бомбата „фет мен“ експлодираше 500 метри над земјата и веднаш уби 27.000 луѓе. Јапонија капитулираше на 15 август 1945 година.
- Јапонија, единствената земја во светот што страдала од атомски бомби, има одговорност да ја потсетува меѓународната заедница за своето трагично искуство. Со решеност да не дозволиме да се повторат трагедиите од Хирошима и Нагасаки каде било во светот, Јапонија 61 години го почитува ветувањето дека повеќе нема да војува - истакна Коиѕуми.
Атомската бомба фрлена на 6 август 1945 година в миг уби 78.000 од вкупно 350.000 жители на Хирошима. До крајот на 1945 година бројот на жртвите стигна до 140.000. Уште околу 90.000 починаа од разни болести како последица од нуклеарниот удар. На списокот жртви неодамна беа допишани уште 5.350 имиња. Бомбата во Нагасаки веднаш уби 27.000 луѓе, до крајот на годината загинаа уште 43.000, а до денес се евидентирани 137.313 жртви.
Search This Blog
Monday, August 07, 2006
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
Blog Archive
-
▼
2006
(586)
-
▼
August
(40)
- ГИНОВЦИ - Горан Стојковски
- БУГАРСКО – МАКЕДОНСКИ (односи-релации)
- МАФИЈА – која си има своја држава.
- ХИДРОСИСТЕМИ - Злетовица
- ХАШКИ ТРИБУНАЛ
- МАСОН/И
- КРВНА ОДМАЗДА
- ДАРКО ПАНЧЕВ - Македонски бренд
- БУГАРСКИ ПАСОШИ
- Државата контре МТ !!
- МПЦ продала имотот во Лешочкиот Манастир
- Метеорска бура над Скопје
- БЛОКИРАЊЕ
- САМОУБИСТВО
- ПАРК НА МУЗИКАТА
- Кој каде - ресор
- св. Климент Охридски и Македонски
- Старата чаршија - Бункер
- Св. Петка
- Донираш и профитираш ?!
- Апче против глупавост
- ЕВН исклучува струја на Државни Имституции
- Карпалак - „БУРА“
- Хирошима
- Рашче - загрозено !!
- Македонија - „Тајмс“
- Нов Александар Македонски
- Никола Поповски
- Боровинки
- Црковно-Археолошки туризам
- РТВ-претплатата
- МОРОДВИС
- Книжни Икони
- Планот на ДУИ
- ГОВРЛЕВО - на продажба !?
- Воен музеј на Македонија
- Св.Ѓорѓи – Кучково
- Селска аутобуска
- Илинденци
- Паркот во Скопје - „работи“
-
▼
August
(40)
No comments:
Post a Comment