...По пауза од осум години на археолошкиот локалитет Црквиште во селото Мородвис, кое му припаѓа на Општина Зрновци, десетина дена македонски и американски археолози вршеа истражно-заштитни работи. Предмет на нивното интересирање беше северозападниот дел од локалитетот, во близина на црквата која потекнува од 13 век.
Пронајдени се нови предмети и друг археолошки материјал, кои ги потврдиле претходните сознанија за начинот на живеење во стариот римски град Моробиздон.
Археолошки локалитет Мородвис
Жителите на Зрновци тврдат дека исчезнувале артефакти од поранешните истражувања. Тие велат дека недостига прстен од некој генерал од времето на Александар Македонски. Се сомневаат дека прстенот, монети и слично биле изнесени од државата. Поради ова, селаните се обратиле до Паонската лига, невладина организација од Кочани, за помош. Се обратиле и кај градоначалникот на Зрновци.
Кирил Трајковски, виш археолог во Музејот на Македонија, под чие раководство уште во 1980 година е ископана првата црква од Мородвишката епископија, за наводното исчезнување на артефакти, за спомнуваниот прстен, вели дека тоа не било точно.
- Од периодот на Александар Македонски во Мородвис нема ниту една ќерамида, а не некаков прстен кој сега го немало.
На северозападниот дел од локалитетот биле пронајдени остриги, парчиња од водопропусен малтер, три гроба, неколку бакарни монети и алки, односно сите елементи од саркофагот откриен во 1996 година, кој има археолошко значење на балканскиот простор.
Според Трајковски, ова се аргументи кои докажуваат постоење на резиденционални објекти во Мородвишката епископија како предворје, трпезарија и бања, и аргументи кои го објаснуваат погребниот ритуал во 12 и 13 век.
Моробиздон епископско седиште
Локалитетот Црквиште е составен дел на стариот римски град Моробиздон (Мородбиз), кој во средновековните пишани документи од 11 и 12 век се споменува како голем град и епископско седиште во брегалничкиот регион. Најстариот податок за Моробиздон го дава византискиот писател Јован Скилица, кој во својата “Кратка историја” пишува дека во 1018 година пратеници од градовите Пелагонија и Моробиздон го посетиле византискиот цар Василиј Втори. Подоцна, во 1019 година Василиј издал грамота, во која Моробиздон се споменува како епископско седиште.
Пронајдени 4 цркви, од 5 до16 век
Првите истражувања на Црквиште се направени во јули 1980 година. Трајковски со своите археолози досега има пронајдено остатоци од четири цркви. Најстарата датира помеѓу 5 и 6 век, а поновата од 16. Другите две цркви се од 11 и 13 век. Во 1998 година е откриено вистинско богатство од вредни предмети што им припаѓаат на различни култури, уште од времето на Јустинијан па наваму. Во Мородвишката епископија, градбата на црквите е архитектонска реткост на Балканот.
Од таму интересот кај Тексашката фондација за археологија и историја за Мородвис, кој покрај Кокино и Хераклеја, Американците го ставија во своите идни проекти. .....
Изворно тука.
Search This Blog
Saturday, August 05, 2006
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
Blog Archive
-
▼
2006
(586)
-
▼
August
(40)
- ГИНОВЦИ - Горан Стојковски
- БУГАРСКО – МАКЕДОНСКИ (односи-релации)
- МАФИЈА – која си има своја држава.
- ХИДРОСИСТЕМИ - Злетовица
- ХАШКИ ТРИБУНАЛ
- МАСОН/И
- КРВНА ОДМАЗДА
- ДАРКО ПАНЧЕВ - Македонски бренд
- БУГАРСКИ ПАСОШИ
- Државата контре МТ !!
- МПЦ продала имотот во Лешочкиот Манастир
- Метеорска бура над Скопје
- БЛОКИРАЊЕ
- САМОУБИСТВО
- ПАРК НА МУЗИКАТА
- Кој каде - ресор
- св. Климент Охридски и Македонски
- Старата чаршија - Бункер
- Св. Петка
- Донираш и профитираш ?!
- Апче против глупавост
- ЕВН исклучува струја на Државни Имституции
- Карпалак - „БУРА“
- Хирошима
- Рашче - загрозено !!
- Македонија - „Тајмс“
- Нов Александар Македонски
- Никола Поповски
- Боровинки
- Црковно-Археолошки туризам
- РТВ-претплатата
- МОРОДВИС
- Книжни Икони
- Планот на ДУИ
- ГОВРЛЕВО - на продажба !?
- Воен музеј на Македонија
- Св.Ѓорѓи – Кучково
- Селска аутобуска
- Илинденци
- Паркот во Скопје - „работи“
-
▼
August
(40)
1 comment:
e pa clen na paonska liga go pisuva ova nemalo prsten zimi da ne kazam sega zosto koga otidovme vo muzejot kiril gledase samo da ne prekara i ne pokaza ama bas nisto od artefaktite pa da ne se somneva covek i kade e kovcegot so mostite sto e najden na pocetokot na iskopuvanjata mozebi i sekako ne e prsten na aleksandar tuku da ne e na pavle kj sto ottuka go siri hristijanstvoto vo evropa a nas ne pravat nenormalni deka lupame takvi gluposti ama nie zavrsivme ostanuva faktot deka nie sme prvite vo ovaa drzava koi se pobunija protiv da ja narecam arheoloskata krazba na nasata istorija zatoa sto ne kradat samo divo kopacite
Post a Comment