Скопјани не ја почитуваат минатогодишната одлука на скопскиот градоначалник Трифун Костовски со која беше воведено работно време за Градскиот парк. И покрај забраната за движење во вториот дел од паркот по 23 часот, клупите, пешачките патеки и тревниците се преполни со млади луѓе до раните утрински часови.
По цели ноќи паркот врие од народ иако Градот формираше дваесетчлена чуварска служба, која заедно со комуналната инспекција, инспекторите за животна средина и полицијата требаше да го спречува влезот во забранетата зона. Десет месеци по стапувањето на сила, одлуката на градските власти се покажа како целосно промашување.
Со одлука на Советот, режимот на движење во Градскиот парк се организира во две зони. Забраните важат за втората, поголема, зона што се протега од луна-паркот до хотелот „Александар палас“. Градските власти лани најавија дека во овој дел од паркот чуварите и полицајците засилено ќе интервенираат и ќе ги санкционираат прекршителите. За „несаканите гости“ по истекот на работно време беше предвидено да се применуваат казнените одредби од Законот за комунални дејности, како и да се пишуваат пријави за нарушување на јавниот ред и мир, според Кривичниот законик. Покрај временските ограничувања, на сила стапија забрани и за возење велосипед надвор од означените патеки и за влез во паркот со моторни возила.
Тинејџерите велат - Откако заврши училишната година во паркот доаѓаме секој ден и остануваме до кај три часот по полноќ. Одвреме-навреме поминуваат чуварите, ама досега не не' избркале. На клупите покрај езерцата не може место да се најде, затоа многу луѓе има и по тревниците. Се собираме цели друштва, зашто нема каде да се оди.
Изворно тука.
Инаку одлуката на градските власти наиде со негодување на младата популација ... и по мое скромно мислење беше преусилена.
Search This Blog
Tuesday, August 01, 2006
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
Blog Archive
-
▼
2006
(586)
-
▼
August
(40)
- ГИНОВЦИ - Горан Стојковски
- БУГАРСКО – МАКЕДОНСКИ (односи-релации)
- МАФИЈА – која си има своја држава.
- ХИДРОСИСТЕМИ - Злетовица
- ХАШКИ ТРИБУНАЛ
- МАСОН/И
- КРВНА ОДМАЗДА
- ДАРКО ПАНЧЕВ - Македонски бренд
- БУГАРСКИ ПАСОШИ
- Државата контре МТ !!
- МПЦ продала имотот во Лешочкиот Манастир
- Метеорска бура над Скопје
- БЛОКИРАЊЕ
- САМОУБИСТВО
- ПАРК НА МУЗИКАТА
- Кој каде - ресор
- св. Климент Охридски и Македонски
- Старата чаршија - Бункер
- Св. Петка
- Донираш и профитираш ?!
- Апче против глупавост
- ЕВН исклучува струја на Државни Имституции
- Карпалак - „БУРА“
- Хирошима
- Рашче - загрозено !!
- Македонија - „Тајмс“
- Нов Александар Македонски
- Никола Поповски
- Боровинки
- Црковно-Археолошки туризам
- РТВ-претплатата
- МОРОДВИС
- Книжни Икони
- Планот на ДУИ
- ГОВРЛЕВО - на продажба !?
- Воен музеј на Македонија
- Св.Ѓорѓи – Кучково
- Селска аутобуска
- Илинденци
- Паркот во Скопје - „работи“
-
▼
August
(40)
No comments:
Post a Comment